Како се славеа слави

Како се славеа слави
Е порано славите поинаку се славеа. Ќе ти дојт пола град на слава ама не седеа многу луѓето. Ќе дојдат, ќе поседат и ќе си одат. Столој само неколку ќе ти стасат за да пречекаш појќе луѓе. Тогаш со колачиња, со ракија, вино и ликер. Се купујше ликер и се прајло ликер од вишни. И се служеше во малечки чафчиња, да не мојт никој да сопијанит, а не ко сега од полкило. Добро. Тој начин понапред ко што се славеле слави поарен е, појќе со душа, се идеше за чес на славата, а не за јадење. Какви се прат приеми, какви дочеци, ужаси. Немат селани, граѓани, све е исто. Што се служит, што се спремат, триста чуда. Маргаринон го имат ко посен и од него прат триста чуда. Ние не смејфме да помирисаме маргарин. Порано евентуално рипчиња, ако е посно, ситни салати и друго ништо. И со смокви прајфме. Многу е голема разлика. Ајде со оцкај чаши, ко прстоф и никој не земаше по две чаши, ќе му е страм. Сега е ужас. И ако не может дома ф куќа ако е тесен станот, ф кафана! Дома гајле немат.
Од книгата "Кичевскиот говор" од Веселинка Лаброска, Скопје 2008.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org