Јуди

Во градот Скопје мајките си ги колнат децата со зборовите: "Јудо!", "Црна Јудо", и "Јудо, ти ме изеде!".

Колку што можев да разберам од начините на употребувањето на зборот јуда во овој град тоа некако е во исто значење со зборот Самоодиви. Но, само со тоа што јудите не играат и не вечераат при дрвата и под стреите на куќите ноќно време, ниту пак ги орадисуваат луѓето како самодивите а само преку денот прават разни штети на населението. А кога ќе се земе предвид тоа значење кое врпчем е и општо мислење во Скоје, тоа не може да се прифати, како што за тоа се искажуваат некои од поучените скопјани дека зборот Јуда или Јудис е однесувал на Јуда Искариотски. Тоа е всушност случајно совпаѓање.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org