Зошто раѓа само жената

Откоа `и создал Госпо мажо и жената, `и блаосоил да раѓаваат деца и жената и мажот. При се што `и блаосоил, сполај му, за двата да раѓаваат, пак не беше уверен за мажо да роди дете, како што ќе го роди жената и како што ќе го гледат таа; арно ама, за да го обиди мажо, беше го блаосоил да роди дете и тој. (Неисе, како било докрај, веќе не ми докажа баба Цона, чунки било као страмно). Поминало некое време, и отруднеле двата. Дошол дено, ќе роди жената. Си пригодила и се зацкрила на некое место, та си родила и си го повила, та си го клала на боска да си го доит.

Мажо тоа нешто го гледал и никако не `и ја бендисуал маката од жената, што тргала со детето што го родила.

-Ах анасана- си рекол сам со себе- да и јас зер треба вакваа мака да тргам со детето што ќе го родам, раат да немам со него ни дење, ни ноќе? Санким душата во рај ќе ми ја носит детето мене, да олку да се мачам со него! Е, не сум будала како жената и јас де! Јас ќе напраам еден маривет, и нека се прикажуат. Само нека дојди саатот да родам, да ќе му кажам дете што ќе родам и ќе го гледам.

Така мислејќи си во себе мажот, поминале неколку дни, и го спојмело да роди дете. Туку ти се качил на една круша, што ја имал во дворо, и од круша родил дете и си паднало сирото наземи. "Вау!" сторило и на местото си умрело, уште бело видело не беше видело.

Ете прокопсија од маж за да роди дете!

Ете така родил маж дете еднаш, и од тој саат си го кренал дарот и блаосоот Господ од мажите да раѓаваат деца, а си блаосоил жените, и од тоа нешто сега децата викаат "Олеле, мајко!" коа да плачат, а не викаат "Олеле, татко!"

(Забележал: Марко К. Цепенков)

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org