На скржаио клучо му е у ѓаоло

Еден многу богат чоек бил скржав од мерата надвор, и не било чаре да се напие у себе каве али да руча. Секи ден одел по дуќаните и му пијел каве на дуќанџиите, и во ручек време му се курдисал при некој дуќанџија и ќе му се наручал. Ако не најдеше чаршија ручек, ќе отрчаше в поле кај што имаше аргати и тамо ќе ручаше.

Еден ден одејќи си при аргатите виде еден чоек кај што седел на еден трн, и оздола се качуала една змија да го клукни за нога. Дал вик скржаио по чоеко да си тргни ногата да (не) го клукни змијата. Видуајќи чоеко змијата, рипнал од трно и куртулисал од змијата. На тоа згора го викна богатио при себе и го помолил да оди при татка му на чоеко и му кажал оти тој је син на царо од ѓаолите, та за доброто што му го стори дар ќе му даи.

-Ништо да не земаш, пријателе,- рекол ѓаоло- од што ќе ти дава татко ми, од колку клучо да му го сакаш и страшен богат ќе бидиш.

Слушајќи тој збор скржаио, тргна по ѓаоло, и појде кај царо, та му кажал оти го куртулил од змијата. Го внесол царо во стребро и злато и бесценети камења, за да земи колку што сака, арно ама скржаио не сакал друго ништо отколку клучо. Виде- не виде царо му го дал клучо, и си ошол скржаио.
Одејќи, го гледа клучо и се пишманеше оти не зеде од златото, ами зеде еден клуч железен.

Мислејќи така, го заврте клучо во катанецо, и се отвори. Коа виде, што да види?- Целото богатство негоо што го имал и мислел оти бил сиромав- в клучо го видел!

Од тој ден на скржаио му се отворија очите и за себе и за сиромаио.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org