Прикаска за цар Соломон

Соломон бил мудар. И она врами имало породилин дом. Два жени, една жена тук, една жена там и со среќата се породили. Едната жена тешко спиела уф сан. Да кажими ка ки заспии и тешко нали, има људи малку да поминиш ќи се разбудат, има тешко спиат. И, вартејќи си, го згазила детето. Бебенцето. Ама она шо гледа другата заспала тешко, отива детето го зема а м'ртвото го става таму. На нејното масто. Коа ос'мнало, децата ги доат, ква гледа таа жената, така мајка као мајка, не е нејно дате. Значи она осетила, макар била за два три дена. и одма довава на докторо, вика тоа е нејно.
- Не! – таа вика. Мое е!
- Не е мое!
- Мое е!
- Не е мое!
На с'д, шо ки речи с'до. До Соломон. Царо тој е мудар, тој е прочут да кажи ми. Таа вика мои, онаа вика мои. И он не мож да одлучи. Од дека ки одлучи он чии е детето. И он вика на џилато:
- Донеси еден меч и детето дели го.
Значи мудар. Тва се вика мудрос. Детето на пола. Таа вика нејно, онаа вика нејно. Он го текна нали мудар, и на таа пола, на таа пола. Он сеа нема да го сечи детето, ама да испита мајкити. Чии е детето сеа. И џелато дова и двоица ногата, тва едното ножичи, на другата ножичи и да го сечи. Мајката вика:
- Немојти да го сечити, дајти и го, нека е живо.
- Е таа е истинската мајка.
Значи видиш мудар. Истинската мајка не дозволава да го сечат детето. И тога вика на неа, е сега на неа сечи га. Значи тера да уништи детето. Таа е идотка, таа не домаќинка, не мајка.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org