Од што останале клепалото и камбаната да бијат по црквите

Коа му јави Госпо на дедо Ноја да свика сичките животинки од земјата за да влезат во гемијата, оти не можел веќе да 'и трпи луѓето, за оти праеле триста лошотии. За да дојдат животинките, му рекол Госпо да земи една штица, да ја обесит на врвот од гемијата и да ја бие штицата со чекан као клепало и сите животинки ќе дојдат во гемијата. И завистина биејќи клепалото, до што беше животинка, сите си дошле и си влегле во гемијата, и се сторил потопо.
Ете од тоа останало да се бие клепало по црквите и камбана за да дојдат рисјаните в црква, као што дојдоа животинките во гемијата.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org