В рај пари немат

Си бил некој сиромашец грешен, како мене, сиот век си го поминал по вет’р, мошне ракиица му се
пиело и никаква арнотија немал напраено. Саде еднуш не зна како му се стрефило дал една пара за
Божјо име. Еден старец, дуовник, негов комшија многу пати му велел:
- Доста бре душице, остај се од тирјаќилците, покај се. Смртта ти ет зад врата лели помисли се и
за душата, напрај си некој себап да ти се најдит за на онја век, што аир виде од пиењето!“
Тој си имал адет саде да му одговорит:
- Милостив ет Господ! Знајт тој сполај му, оту ја нема што да дава за себап, сиромав су. – И пак
си терал као што си знаел (си живеал по старо).
Дошло заман, умрел сиромашецот, му ја зеле ѓаволи душата и ја однесле нагоре. И првин го поминале
пред портата рајска (така било адет), за да наѕрит и да видит што е лепо внатре, а после го
пренесуале во пеколот, за да си и чекат судните маки. И кога дошле до портата од рајот, ѓаолите го
остајле да понаѕрит малу, а тој им рекол:
- Уште троа, уште малце... да по...наѕра, - и не знам како сторил, им се откинал, се смлзнал од
рацете нивни и влегол в порта преку праг. Ѓаолите се вчудовиделе, немало што да праат, за нив
внатре не е слободно да стапат.
А анѓелот што чуал стража на рајската порта го запрел и жално му прогоорил:
- Немаш дел ти овде, душице! Твоето место не ет овде. Не си напрајл на жиото нешто добричица и
сега немат со ошто да те откупиме од ѓаолите – нивни си!
- Како не – рекол кутриот грешник. – И ја су дал за Божјо име една пара.
Поглеале в тефтерот, вистина дадено една пара.
- Не душице не! Со една пара Царство Небесно не се купуат.
- Арно – прогоорил пак кутриот одгајретисан сосе, ја ни на земи биф богат, ни на небо! Мислев оти
овде баре рушфет не се сакат. Кај ти е милоста Господи?! Оф ме фатил таксират, што ме фатил, туку
баре дајте ми ја едната парица, пак да се витросам.
- Нема што да ти дајме овде, душо, овде пари немат.
- Е коа е така, и ја не излагам, ја парицата дајте ми ја, ја оту приберете ме.
Се зачудил ангелот. Ошол да јавит Господу. Вака и вака – рекол Господи една беља ме најде со
едного грешника, дал една парта за Божјо име, пак сега вељит: „Ја парата врати ми ја, ја оту
прибери ме.“
Милостив Господ се смилил и рекол:
- Остајте го! Тој умре на милоста моја. Кога могол да се куртулиса ѓаолу од раце, пориберете го во
едно ќоше.
И го прибрале кутриот грешник, а ѓаолите си скршиле вратот и ошле вид виделица.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org