Кон житието на Св. Ј. Крстител

Си бил некој рисјанин, средна рака чоек, не мошне богат, ама и не сиромав. На разгоор еднаш со комшиите свои се отворило збор за визити.
- А бре браќа – рекол нашиов рисјанин – повелете при мене. Не памета да сте ми дошле на ракиа, имат година време. На Велигденот коа ми дојдовте веќе тујбе сторивте.
- Немаш себап, немаш, оти ние не сакаме многу канење. Си накрстил дечиња, нека ти се живи, Господ да ми ти и чуват, си и накрстил кого Петко, кого Трајан, Трпе, Ружа... а тие имиња на кој светец сет, за да ти дојдиме на ракиа некога?
- Е, коа е така – рекој тој – ако ми дајт Господ чедо годинава вие крстете го.
- Неее! Сам ти избери си од светците в црква, на кој светец милуеш, така и име клај му.
- Мошне убоо.
Му дал Господ машко чедо и тој ошол в црква и си го избрал најсиромаиот светец – Свети Јоана. Го крстиле детето Јоан. Му надошле сите на ракиа, му го честитале новото име и тој и пречекал со радос, со се срце. Не поминале три дни, ете ти ја пак истата дружина на ракија.
– Честито име, честито име – завикале и му кажале оти дента имало празник Свети Јоанов.
А двајсет пати, а појќе во годината се си чекал нашиов рисјанин ракиари за името Јоано'о. Арчои праел не малу, кутриот така што се вчудовидел – ќесето фатило да не слушат. Немало кому да се плачит сам си го сторил тоа.
Еднош коа пошол в црква му текнало да запалит свеќица Свети Јоану и да му се помолит. Зел, запалил, се прекрстил неколку пати и му се поклонил. После се запулил во образот на светецот издивнал и прогоорил:
- Оф сиромашец, затоа си ми без кошула затоа со ремен си ми опашан. Ракиари те донесле до тој ред. Сега ти веруам, зашто и ја су напарен и ја си патив истиот таксират, истата мака

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org