За толосумот

Бил некој Аврам, стар, и си одел за Гостивар. Ко се враќал дома ко сишол нагоре за Вруток било ноќе, среде полноќ. Во Равен му излегол некој волк и коњот му се допрел напата. Се станал со ѕадните ноги и коњот се допрел никако не одел за Вруток. Требало да го пуштит крајот од појасот за да тргнет коњот. И коњот тргнал и си дошол до Света Мина. Туе му излегло пред него едно јаре и тоа врескало. Тој го повабил и тоа му дошло на коња. До негде го кротил, сакал да го однесе дома, му викал: царе, царе сакал да го донесит дом,а мислел да не е јаре. Ко се приближил до Вруток чим кучината залајале, јарето скокнало побегнало. Тоа да ти бидит толосумот. После ка дошол до кеј џамијава му излегло туа прасе. Ама тој се сетил да е толосум и гизвајл ножот и извикал оздола да го поземат луите.
Од Бабин дол

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org