Баење од модрица, коскоболие и снагоболие

Ќинисала Богородица –
на среќа и модрица.
Ја праша: - Кај ќе одиш?
- Ја ќе одам в планина.
- И ја ќе те пратам,
ќе те иставам от ... (името на болниот).
Тува нема место за тебе,
тува не может измет да ти чинат тебе.
Ни да ти постелат, ни да те покријат,
таму у гора зелена
има саедумдесе невести,
седумдесе моми,
седумдесе ерѓени.
Тија таму измет ќе ти чинат.
Тија диван ќе ти чинат.
Таму песни пејат,
таму оро играат.
Таму има седумдесе апостоли,
тија ќе ти измет чинат. –
Си светци небесни.
Како што се растура собор,
така да се растури неволата.
Како шчо се растура пазар,
така да се растури неволата.
Како шчо се топи сол во вода,
така да се стопи неволата.
Запишал Гошо Бојаџиев од баба Звезда од с. Лисиче.
Од Велешко, испратил Д. Матов. СбНУ, 11. 87

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org