Баење од нави

Дванајсе сестри самовили ве поздраум јаз Ката (името на бајачката) и ве молам от старата до младата, зашто сте презела ноќеска Марија (името на леунката, родилката на која бајат).
Ка'е сте ја отнеле вјарнете ја наназаде, оти има четири деца, малечкаи, дури не – јет поминала преку друмо ваш.
Многу таја ни прегрешила
со врела вода ни попарила,
водата ја истурила,
на Бадник костење варила,
машко ни дете попарила!
Што сакате ќе ви да'е; трпеза ќе ви ста'и на ѕвезди: мет, сирење, варена пченица, чис' и јаржен леп, восчена и лоена сфеќа, сол со чубрица и чаша со ново платно покриена.
Од Прилеп, слушана од Ката П. Анева. Запишал А. П. Стоилов.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org