Баење за церма

Цермата е болест што се јавува по рацете и нозете и на болниот му се чини дека го боцкаат со игли. Може да е ревматизам.
Цермата се лекува кога гине месечината, т.е. на последната четвртина, на следниов начин: земаат три листови од капина и со првиот лист го допираат местото на болеста, така што боцките да ја допираат или закачуваат кожата на болниот.
Цермо ермо!
Гиди проклета уруспија!
Што с' си разбучала,
разбучала, разехтала,
като цер по свинките,
като бик по кравите,
като пастух по кобилите,
като в'лк по кучките,
като которок по котките,
като пител по кокошките,
като мишок по мишклите.
Ела земи тузи листо капин',
та иди у Деспатската планиона,
к'де сл'нце не изгрјава;
ела земи тузи листо капин'
та иди на Смијнишката планина,
к'де вјат'р ни дунова;
ела зими тузи листо капин',
та иди на Пирин планина,
к'де са ништо ни сврта.
Потоа истото го прават и со другите два листа, кои ги ставаат под камен под стреата на некоја куќа. Јадат и "цермово билје" чертириесет утрини.
Соопштила Катја Божикова од с. Крчово.
Од Демир-Хисарско, забележал С. Д. Божев, СбНУ, 4, 105.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org