Гускарот и ламјата

Си биле тројца брајча и си тргнале по к'смет, по работа. Одет, одет, наождет на едно место една ламја к'ј шо си го работат лозјето. Со ламјава имало и едно малко дете. Брајчата појдвет к'де неја и е опитвет али е требет измечари, а таја им велит:
Ми требет, ами како, ми требет ево лозјево да се работат требит.
И така се погождет. Е, во то време, ко зеле да работет, ова, ламјава, си наредвит довечер да имат к'смет шо да вечерет, та зела едно писменце, напишвит оту да се спремат фурната за довечер оту имет гости. Арно ама, од триве брајча најмалиов бил ногу шерет. Кога го виде писменцево мало, му го дават на детето и му велит на детето:
- Дај да го вида то шареното шо е?
Го земат, го отворат, гледат шо пишвит, а пишвит да е пригответ фурната за довечер да имет шо да вечерет. Е, се стори то. Вечерта одет, ламјава ги најадвит убо и им постелвит да спиет. Добро, ама овај, најмалиов брат, на брајчава не им кажвит шо е работава, само им велит да трмет. Легвит ама не заспиват и ко че легнит ламјата и ко че заспиет во првите соништа, тога станвит најмалиот брат, земат јорганот од к'ј ними и го фрлат на трите деца од ламјата, а нивниот го земат к'ј ними и им велит на брајча му:
- Станвите да бегаме оту работата ни е лоша!
Во то време кога станвет да бегет, на полицата виждат три јаболка, убај и златни кои биле од ламјата, ги земат и ги клават в џеб и избегвет. Бегет, бегет, дошле до к'ј една река, е префрлет и тука се застовет да се одморет малку.
Едно време ламјава станвит, 'и земат сосе јорган и креват триве нејзини деца наместо тројцата брајча, 'и фрлат во фурната и пак си легвит. Сабајлето ко станвит шо че видит. Место тројцата брајча ги наожџат испечени децата нејзини. Одма се спуштила да трчат по ними. Трчат, трчат до к'ј реката, а преку реката ги вижџат сите тројца к'ј седет, па им велит:
Шо ми напрајвте така бре, ми изгоревте децата и трите јаболка ми 'и зедовте, ама че ми падните пак в р'ци. Че видите шо че ви напра, нема да ве оста така, паметвејте добро!
Сакаше нас да не погубиш!? - е велит најмалиот брат. - Ама јас дури не ти е зема и глата не те остава!
И така, таја си сјотиде, а и тие си сјодвет по п'т, по други к'смет да барет. Одет, одет, одет, наожџет од царот дворот и к'ј царот се главјет сите тројца, едниот како гоедар, другиот како свињар, а овај, најмалиов, како гускар.
Потем неколку дена, гускарот земат да играт со едно јаболко. Го довижџат царската черка, е се бендисало јаболкото и е велит на измејчарката:
- Оди да му речиш на гускарон да ми го дајт јаболконо!
Ојт таја и му велит така и така, ми рече царскана черка да ми го дајш јаболкото шо си играл.
- Добро! - велит тој. - Ама ако е кабиљ да дојдит барем до вратана.
Измејчарката ојт таму, е кажвит на царскава черка:
- Ти го дават јаболкото, тук да дојш до врата и после да ти го предајме.
- Голема работа, нека дојт! - е дават изан таја. После неколку дена, гускарот пак земат да си играт со второто јаболко. Пак го вижџат царската черка и за то јаболко пак е пушчат слугинката.
- Одеј да му речиш да ми го дајт јаболконо!
Ојт таја и му велит оту царската черка го барат и ова јаболко. Најмалиот брат е велит:
Сака да е го да лично, со мојава р'ка
Измејчарката е кажвит на царската черка, а ова:
- Ам аку, немат нишчо и да ми го дајт. Шо се стори то? Одеј да ми го донесиш!
Ојт тој и е го дават јаболкото нејзе и се свршвит и то.
Негојте брајча е усештет таја работа и си велет оту ако усетит царот че и погубит ним. И му кровјет план како да го изгубет.
После некој ден, најмалиот земат и си играт и со третото јаболко. Во то време пак го вижџат царевата черка. Ојт по измејчарката и е пушчат пак да му речит да е го дајт јаболкото, за то било уште поубо од другите. Тој е одгорил вака:
- Е, третово јаболко можа да е го да, ама ак можа и да е баца еднушка!
Ојт измејчаркава и е кажвит на царскава черка вака и вака. Е велит оту че е го дајт јаболкото ако е бацит еднушка. Таја, од мерак по јаболкото, пак се враштат и се сложвит да е бацит, немат ништо. Најмалиот брат ојт, е го дават јаболкото и е бацвит.
Брајчава уште појче усетвет нешто и уште појче се плашет оту немат чаре, че 'и погубит царот ко че дознајт. Се мислет каква замка да му напрает за да го погубет овој чоек. Еден ден отишле к'ј царот и му велет:
Честити царе, све убо, убо, убо, ама еден јорган шо го немаш… Ето, каде ламјана каков јорган имат, да го имаш уште тој јорган како тебе овдека во дворов би немало!
Кој можит тој да го земит? - опитал царот.
- Само гускарон, друг немојт, само гускарон! - му рекле брајчата на царот.
Царот го виквит гускарот и му велит:
Ела ваму, ето к'де си имало еден јорган и си можел да го земиш ти. Ако го донесиш, олку награда че ти да. Ако не, погубен си!
Добро, честити цару! - рекол гускарот.
Една вечер ојт к'ј ламјата и токму во првото спајне е чекат да заспијат та да се качит горе да го земат јорганот, да избегат и то го направјат. И пак, от ко го земвит јорганот, ојт до к'ј реката, префрлат преку реката и се застовјат. Знајт оту ламјава че му дојт. Кога станвит ламјата сабајле, кога гледат, јорган немат и се сешчат оту тој, најмалиот брат, е го имат напраено и ова. Трчат по него и од далеку му викат:
- Ако ми падниш в р'ци да знајш оту че бидиш погубен. Децата ми изгори, јаболката ми 'и зеде и сега и јорганот ми го зеде.
- И глата че ти е зема најпосле! - викат гускарот. – Ти сакаше нас да не изгубиш, ама ја че те изгуба тебе!
Така ламјата, пошчо не можела да е префрлит реката, се вратила назад, а гускаров му го однесвит јорганот на царот.
Царот му дал голем бакшиш. Брајча му виделе шо е работава, се плашет, и му планирет нешто друго како да го погубет. После неколку дена, пак му велет на царот:
Честити цару, све убо имаш, ама уште нешто немаш. Имат еден којн к'ј ламјана. Да го имаш тој којн ко тебе би немало.
Убо, а кој мојт да го напрајт то? - велит царот.
Само гускарон, само гускарон и никој друг!
Мојт тој то да го напрајт?
Мојт, само тој мојт.
Потем царот го викнал гускарот и му велит:
- Имат еден којн к'ј ламјана. Да ми го донесиш него и че ти да дупло награда!
-Добро, и то че го напра! - велит гускарот
Една вечер се намирвит и ојт, влегвит к'ј шо е којнот.
Го фаштат којнот ама тој скокат, 'ржит и врескат. Ламјата
го сумвит.
- А, куче едно. И којнот дојде да ми го земаш. Че видиш сега шо че ти напра!
Гускарот се скривјат да не мојт да го најт никаде. Слегвит ламјата долу, барат, барат некого од чоек, ама немат никого. Барат ваму, барат таму, немат никого. Се налутвит на којнот зошто скокат толку и земат еден стап и го набивјат убо, го набивјат, го набивјат, го направјат тепсија. После ламјата сјодвит и се качвит горе да си легнит да спијат. Од ко заспивјат, овај си го фаштат којнот и пополека си го земвит, му се качвит и избегвит преку река. Стојт отаде реката и е чекат да дојт ламјата. Сабајлето, кога станвит ламјата во раното, видела дека е го немат којнот.
- А, рекла, то куче и којнот ми го зело!
И трчат, трчат по него, го наожџат преку река и му велит:
А бре, децата ми изгоре, јаболката ми зеде, јорганот ми го зеде, којнот ми го зеде, ама ак ми падниш в р'ци од тебе немат ништо да останит.
Ти казав ја! - велит гускарот. - Сакаше нас да не погубиш, ама најнајодзади и глата че ти е зема.
Ламјава си се враштат назад, немат шо да прајт, а гускарот со којнот к'ј царот и му го дават којнот.
- Ево, честити царе, ја ти го донесов и којнов. Добил уште поголема награда от првиот п'т.
Се чудет брајча му шо да прает. Како да го погубет ового. Шо да му речет тој го извршават. Најпосле им текнало оту к'ј ламјата имало едно дебело и големо дрво. То дрво било ногу големо и дебело и ногу тешко. Им текнало да му речет на царот да го зејт то дрво и да му то донесит на царот. Отишле к'ј царот и му рекле:
Честити царе, све имаш, само уште едно дрво немаш. Уште да го имаш то дрво ко твојот двор би немало!
Кој мојт да го донесит то дрво? - опитал царот.
Немат кој други освен гускарон. Други не мојт кој да го земит!
Го викнал царот гускарот и му велит:
Имат едно дрво големо, дебело, ете к'ј кого. Сака да ми го донесиш него. И ако го донесиш него, че ти е да черка ми и на царството тебе наследник те реда, заш нема друго ништо. А ако не го донесиш, че те погуба!
Добро, честити цару, ама ова работа е тешка некако!
Немат, инаку си изгубен! - му рекол царот.
Е, добро! - рекол гускарот. - Само че ми дајш све шо че ти посака јас. И то можа да го напра!
Му побарал една кола, три чифта волој, една секира од дванајс кила, една секира од шест кила, клинци од 25, од 50 и од 6 сантими, разни клинци. Царот све шо му побарал му дал. И тој тргвит, со колата и со волојте и со целата опрема, право кун ламјата, во нејзиниот двор. Е зел секирата и почнал да удират по дрвото, брам, брам. Го сумвит ламјата.
Ах, куче едно, дојде и дрвото да ми го земиш, ама сега немат каде да ми бегаш, сега че те изја! - рекла ламјата.
Море ела ваму! - е викнал гускарот. - Царот разбрал оту си имала големо и дебело дрво овдека, та ме пушти да напрајме една бочва оту фатил еден ногу бесен и лош чоек та сакат да го затворит во бочвава. Ела, поможи ми да го исечиме, да го напрајме бочва!
Аха, тој е! - си рекла ламјата. - Морат да е тој шо ми изгоре децата, шо ми го зеде којнот и јаболката.
Станала таја и ошла к'ј него. Е дал нејзе секирата од 12 кила, а тој е зел таја од 6 кила. Го исеквет дрвото, го исеквет убо и после го заковјет. Оставет само едно место да влезит ламјата. Тога гускарот е рекол:
- Сега влези ти овдека и стежни! К'ј че крцкат некаде, ја да удра со брујчава за да е сигурно!
Ламјата се изм'мила и влегла н'тре, а тој убо, убо е заковјат. Ламјата му викнала од н'тре:
А бре, сега ја од к'де че излеза?
Ами ко ти реков оту че ти е зеја и глата?! - е рекол.
Ова немаше шо да прајт. Е земат, е клават на кола и тргвит сосе кола и со бочвата со ламјата н'тре и му е однесвит на царот.
- Честити цару, ево ти е ламјата и дрвово!
Ко го виделе брајчава, немале вејче појче шо да прает.
Е! - рекол царот. - Ја ветвењето не го забора. Чим е сврши и ова работа ти е дава черка ми. То е готова работа!
Е сега че ми дајш изан да појда кун к'ј нас, к'ј мајка ми, оту си има мајка. Само едно да знајте, дур не дојда јас, не смејте вие да е отворате. Можда имаш лујџе да те кандисвет да е отвориш, ама ти да не е отвораш, з'ш ако е отвориш че напрајт пусто све! - му велит гускарот на царот
Царот му дал изан и му обејчал оту немат да гибат ништо, Овој, заедно со жена си, тргнал за дома му. Со него го зел секирчето од 6 кила. На едно место му се соспало и легнал да поспиет малку. Царската черка визџат к'де идет големи праој од далеку, нешто трчат. Кога вижџат шо че видит - овје е имале пуштено ламјата. Таја таму напрајла дрдарама, ама чоекот шо е фатил го немат, трчат таја по него сега. Царската черка е видела ламјата како трчат по ним и го разбудила м'жа си:
Стани, татко е изм'мен, е имат отворено ламјата и таја трчат по нас право!
Како мори? - се разбудил гускарот. - Ах таја работа сега. Сега шо че прајме? Ај, уште сега че стора гајрет!
И ето, мадам се наближала ламјата блиску, тој замавнал со секирата и е удрил еднушка по гла и е остат на место. Ама та уште не е доумрена и му велит:
- Удри, удри уш еднушка, удри како м'ж, јунак еднушка мат, појче пати не мат!
И ламјата тресвит од вереф. Овје чим видвет то нешто, решвет да се вратет дома, к'ј царот, да видет шо е напрено таму, сигурно таму е напрено пустош.
Така било навистина. Ко се вратиле, вижџавет оту било све пусто напраено.
Раскажал: Крсте Жупаноски (1893)

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org