Пафтен појас

Пафтен појас
Мајка ми прикажуваше за еден сон, што беше видела, кога останала тешка со мене.
Еве каков сон беше видела:
како да беше и се преставил еден стар човек пред неа и извадил од една торба
едно рало пафти сребрени, та и рекол:
„Покрени си ги рацете Маријо, малце нагоре, да ти ги опашам пафтиве".
Веднаш мајка ми си ги кренала двете раце и, и ги опашал пафтите стариот.
„Ај со здравје да си ги носиш, Маријо, и рекол стариот, и вековити да ти се".
Откога и ги опашал пафтите стариот, си ошол од пред мајка ми, а пак мајка ми,
кога се видела со нови пафти падарена, бели како снег, од радост ќе излетала и
со таа радост се разбудила и се побарала дури со раце преку половината, да не
нешто вистина да и се пафтите опашани.
Тукуречи уште од тој ден веќе се осетила оти е несама.
По некој ден дошла мајка и на гости и и го кажала сонот што го видела пред два-
три дни. Kогa чула мајка и, се изнасмеала и и рекла:
„Е, лели стар човек ти подари нови пафти, ќерко, Господ ќе те радува со машко
дете". Kогa ги чула мајка тие зборови од мајка си, наздраво веќе се уверила
оти машко дете ќе роди.
Од радост што и било на мајка ми на сите другачки им го кажала тој сон, и сите
ја радувале и ја уверувале оти машко ќе роди.
И за чудење големо на мајка ми, и се родив јас.
Ете пафтите на сон бакшиш земени на ошто и излегло на мајка ми, Бог да ми ја
прости кај починала.
Дури беше жива мајка ми, многу пати се спречкувавме за накои сонови што
видуваше таа и, откога ќе ми го кажеше сонот, ќе ми го расправеше на ошто ќе
излезе.
He верувајќи јас на сонови, и го расипував и неи го потврдував, и тогај ќе ми
го прикажеше сонот со пафтите и друзи некои сонови што и се исполниле.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org