Ѕвер

ЅВЕР И овој чудесен сон пишан е од Ар. Анастасиев, виден од Г. Еве како му прикажувал Г. на Ар. Времето било како кај пладне; како да се нашол во одајата од А. и како да стојал пред иконата од Св. Богородица. Co голем мукает ја гледал убавата икона и со многу милост се пулел во неа. Како да сакал, нешто да излезе од иконата, али да оживи, али да му проговори иконата. Co голема радост бил во тоа време Г. Тамам во истото време, беше се отворила вратата и влегла една ѕверка, како некој најголем мачор да прилегала. За триста стравови бил, да умре од страв човек од видувањето; од страшниот поглед негов, од разабената уста, од ококотените очи негови и од острите и криви кокти, кој не ќе се уплаши, да и Г. да не се плаши, макар и на сон да било. Co прво погледнување негово во Г. и Г. во него, уште тогај од страв беше се уплашил, беше се стресол, при се што бил маж, писнал да плаче и да пишти ѓоа да се избави од таа ѕверетина, ама ништо не му помогна да се уплаши дивиот мачор али да се истави од пред него, ами уште се приближувал до него и му се пулел право в очи со неговите страшни ококотени очи и почнал да го заплашува уште повеќе со отворувањето на големата и широка уста, штракањето на острите заби, како да се готвел да го грабне и да го направи на парчиња. Голем страв и трепет беше го фатило Г. тогај; при сите викотници, пискотници и плачови негови, од никаде некоја помош немал; во тоа нешто тој беше си ја ресил животта и си ја чекал смртта - да умре од една ѕверка страшна. Чудно било што од толкав голем страв да не му се вдаде да избета од одајата надвор и да куртулиса од тоа страшно ѕвере. Арно, рековме да избега од одајата, ами лели страшното ѕвере, лели му стојало помеѓу него и помеѓу вратата, ич можеше да бега од одајата надвор? Останал како здрвен сиромашкиот Г. ,ни да бега, ни да стои, чунки доста му беше да му се опулел на страшниот мачорок и Г. да се здрвел на местото кај што стоел, а не да бегал. На тој страв од дивиот мачорок готов беше се сторил Г., да го изеде, и друго ништо. Едно време беше се опулил мачорокот во иконата од Богородица и фатил да и се фали и да и чкрапа со устата и острите заби. Тогај си помислил Г. оти мачорокот го арнисал него и се нафрлил на Богородица. Колку ќе мрднел со нога Г. и ќe се опулел со едното око кај врата, тој пак ќе му се зафалел како да не го остава да излезе од одаја. Де море ал од Г., де, угоре високо, удолу длабоко, нема кај да се оди; ќе гине , битти - даваси. Само стоел и смртта со очи си ја чекал. „Ах јас сиромав, велел сам со себе, како нема некој човек од Бога, да дојде и да ме избави од овој страшен ѕвер?" На таа голема тага од Г. туку виде откај врата оти иде некој човек. Кога гледа, баба му кај иде со голема брзина, чунки беше му ги чула неговите викотници и пискотници и, влегувајќи во одајата, го видела мачорот кај туку и се канел на иконата со отворена рста и наежени нокти и со остра козина. Тамам во тие декики беше го грабнала баба му Г. веднаш како некоја веда та го изнесла надвор омалодушен и примрен. Co тоа нешто му се свршил сонот и се разбудил со истиот страв. Кога се виде оти беше било сон, се израдувал и им го раскажал на сите од дома видениот сон, како да беше му се сторил навистина а не на сон. Ги чул домашните кога си потшушнувале оти ќе паднел лошо болен од некоја лоша болест. И завистина по два дни отишол кај А. во истата одаја кај што го видел сонот и му го раскажувал на А. и на друзите што беа в куќи. На истото кажување сонот, не знам како сторил и си го удраскал вториот прст на левата рака, и другиот ден му се нафрлиле едни бели водни зрнца и по некој ден се нафрлиле по сета снага такви зрнца и од тие зрнца се отворила една рана по целата снага. Од тој саат веќе тие лоши рани ги имал по снагата токмо три години, и најповеќе му се отворале во истиот ден кога го видел сонот, и со прво лежал в постела цели три месеци; и страдал од тие рани токмо три години и можеше да страда дури е жив ако не се сетеше баба му да му даде еден лек што се излекувал некогаш нејзиниот татко, кога страдал од таква болест што го фаќало на слапеи - на слапеи, и се оздравел со истолчеи ќуќур на прав, смешан со една трета од шеќер; јадел по едно лажиче и оздравел од тој лош мајасил. МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org