The Text      

А ага и чалма не бива.
А ага и чалма не може, прво ага после чалма.
А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам.
А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија.
А јагнето блејт, а цицат.
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
Ај нему си му зборвал, ај на дрво.
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор.
Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик.
Ајдук земја не отима.
Ајдутин од ајдутин се плашит.
Ајдутин, ајдутин фашча.
Ак'л ми не даве, пари ми дај.
Ак'л ни за две пари.
Ак'ло му гледе, та му капа крој.
Ак'ло сос пари не се купува, ами се печали.
Ако ги менал рутишчата, табиетот не го менал.
Ако ги слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше.
Ако ги слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
Ако арно прајме, арно ќе остајме.
Ако баба биде моме, понапред дедо ќе биде ергенин.
Ако баба лаже, трап не лаже.
Ако бабата е умрела, лажите не е однела.
Ако бегаш од арно, че паднеш на зло.
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам.
Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам.
Ако бидеш мост, секој ќе те газе.
Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат.
Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си.
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере.
Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.
Ако го гледаш с едното око, он ќе те гледа и сос двете.
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Ако го мрса ножот да го мрса на крмник, а не на заек.
Ако го најш попот, ќе је најш и попаѓата.
Ако го пушчиш под одаро, ќе се качи на одаро.
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
Ако гости примаш и чес ќе имаш.
Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав.
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата.
Ако даиш со раце, ќе го бараш со нозе.
Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт.
Ако дојде ти да прогориш, та тој.
Ако е ајнаџија, не е аџија.
Ако е арен, одведи си го дома.
Ако е аџија, ама да не ет ајнаџија.
Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?!
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
Ако е директор, не е бог.
Ако е за фајде, доста е.
Ако е изеден зелнико, тепцијата стои.
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
Ако е јунак, нека излезит на мегдан.
Ако е колиба - наша е.
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба.
Ако е кус денот, дълга е годината.
Ако е куска нека е нова.
Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица.
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет.
Ако е мома, нека си седи дома.
Ако е мрсно, нека е свинско.
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
Ако е налутен, кој му е втесен.
Ако е некој будала, не биди му другар.
Ако е некој улав, не биди му другар.
Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко.
Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
Ако е познавач, нека познава за себе, а не за друг.
Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие.
Ако е свинско, нека е дебело.
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде.
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце.
Ако е стар, не ќе му го вариш месото.
Ако е тесно, ама нека е бесно.
Ако е тесно, не е бесно.
Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил.
Ако е цар, не е господ.
Ако е цар, не носит две глај.
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
Ако е чича ти кум, ти ќе си старек.
Ако е човек кус на панталони, ќе му и наддадеш, ама ако е кус на ак'ло, не мож да му додадеш.
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав.
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш.
Ако е чорбаџија, не е господ.
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
Ако зелќи не донесох, баре земја видох.
Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит со опашката.
Ако зимата не къснит, ќе клоцнит.
Ако зинит, ќе те гълтнит.
Ако знеш да играш фати се на оро.
Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме.
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа.
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
Ако има в кацата, ќе има и в тавата.
Ако има вадеж, ќе има и јадеж.
Ако има век, ќе има и лек.
Ако има масло, и папрата манџа бидуат.
Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде.
Ако има ув гуша, има и душа.
Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата.
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек.
Ако имаш верни пријатели, ќе имаш и пари.
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
Ако имаш вуќа владика, ќе станеш поп.
Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет.
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
Ако имаш маша, не ваќај го огно со рака.
Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка.
Ако имаш ногу пари, фати се ќефил, а ако немаш работа, оди за сведок.
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши дури е брго, оставај.
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши, дури е брго, оставај.
Ако имаше Иглика касмет, ќе земеше владика.
Ако искаш да остарееш купи си овци.
Ако ја згазиш змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат.
Ако ја менал капата, не си го менал умот.
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
Ако је мома, нека си седи дома.
Ако је служиш на парата, си најсиромав.
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна.
Ако ме мъме, те мъмам.
Ако ме неќат стреде во рај, нека ме сакаат на крај.
Ако мелеш, ќе месиш.
Ако месечината не огрее, и од ѕвездите нема фајда.
Ако мешаш мед, се ќе ги лизниш прстите.
Ако ми биеш сенката, кога не ми биеш снагата.
Ако ми бркнеш в очите, ќе ти бркна и јас.
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката.
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата.
Ако ми е крив оџако, кога ми излегуа напрао чадот.
Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш.
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа.
Ако ми попредиш, ќе ти поткам.
Ако ми стапнеш на стапката, касмето не мож да ми настапиш.
Ако мирно седела, не би чудо видела.
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај.
Ако мислиш оти просото ќе го исколфаа пилишчата, не го сеј.
Ако можеш да правиш добро, не прави лошо.
Ако можеш да трпиш, ко Бог ќе си поминиш.
Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш.
Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката.
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината.
Ако му е дујден часут - ки умре.
Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре.
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата.
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене.
Ако направиш манастир, тури му и врата.
Ако не ги арџеше чоек парите што ги вадеше, калдрма од нив ќе напраеше.
Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата.
Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја.
Ако не биде сос молба, ќе биде сос борба.
Ако не вервиш, оди број.
Ако не во тиква, нека е во црпка.
Ако не врни, барем нека капи.
Ако не врнит, барем ќе капит.
Ако не врнит, ќе капит.
Ако не дајш труд, ќе јадиш леб и лук.
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе ги фрљам в але.
Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш.
Ако не е лажа, верно е.
Ако не жнееш, нема да вееш.
Ако не заврне дожд, нека падне и град.
Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја.
Ако не знаеш да лажеш, немој ни да крадеш.
Ако не знаеш на попадија да бркнеш под фустата, ќе бркнеш на попо вов гашчите.
Ако не знаеш шчо е убаво, пите шчо е скапо.
Ако не знаеш, немој да се каеш.
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Ако не ми беа очиве да видам, можеше и да се излажам.
Ако не ми помогвиш, не одмогви ми.
Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се.
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш.
Ако не можеш еден оѓин да изгасиш, не го ни разгоруве.
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка.
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако не му беше носон, трева ќе пасеше.
Ако не носиш старо, и ново нема да носиш.
Ако не остане, нема да стигне.
Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат.
Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци.
Ако не раниш пцета, ќе раниш в'ци.
Ако не расипеше, неќе да научеше.
Ако не се истури, не мож да се нап'ни.
Ако не се учит, не мојт да се научит.
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот.
Ако не си и отвараш, друг ќе ти и отвори.
Ако не спотнеш, нема и што да голтнеш.
Ако не стапиш вов оѓине, неќеш да се изгориш.
Ако не сум личен, сум чесен.
Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш.
Ако не тече, барем да капе.
Ако не трапаш, не лапаш.
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него.
Ако нема дрва, оѓине не гори.
Ако нема јадеж, не требаше и вадеж.
Ако нема момица, арна е и довица.
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено.
Ако немат мрша, не се берет галој.
Ако немаш вов главата, ќе имаш вов петите.
Ако немаш пари, и жената не те чести.
Ако немаш пари, не барај од стари.
Ако немаше тевнина, немаше да се милува виделина.
Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила.
Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината.
Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа.
Ако нешчо не разбираш, остај го.
Ако ни го јаде месото, ќе ни ги остави коските.
Ако ногу знаеш, ќе те тепаа.
Ако ногу знаеш, ногу ќе знаеш.
Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек.
Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал.
Ако од секое дрво бива сворче, од мое куре кавал.
Ако од секое дрво свирче се правеше, од магарешкиот кур сурла ќе бидеше.
Ако оиш по мува ќе те занесит на лајно.
Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш.
Ако оџако не тегли, ти ќе теглиш.
Ако оџакот е крив, чадот ојт прау.
Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам.
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
Ако падниш, падни од мъж, а не од жена.
Ако палтото е мусо, само да не е кусо.
Ако пестиш, работиш и учиш, ќе имаш, ќе вредиш и ќе можеш.
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо.
Ако пиеш, умот да не си го пиеш.
Ако пијам, за мој пари пијам.
Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите.
Ако поможиш, ќе ти поможет.
Ако посадиш, ќе копаш.
Ако посееш, ќе жниеш.
Ако правината не ни поможи, зер кривината ќе ни поможит.
Ако правиш манастир, тури му и врата.
Ако праината не поможит, кривината никогаш.
Ако прднеш, ќе речат посрал си се.
Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот.
Ако работиш, ќе јадеш.
Ако реков, дупка на небо не се отвори.
Ако реков, не пресеков.
Ако рекол господ, да одречит.
Ако рекох, не отсекох.
Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам.
Ако сака камено, нека пука од горештина, јас ќе траам.
Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика.
Ако сакаш да го отепаат некој пес, речи оти е од бес.
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец.
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Ако сам рекол, не сам отсекол.
Ако сам селјак, не сам акмак.
Ако сам црн, не сам Циганин.
Ако се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше.
Ако се боеше дедо од прахците, момпир не ќе да садеше.
Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш.
Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш.
Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани.
Ако се забаит, ама да не се забораит.
Ако се изгоре на млекото ќе дува и на потквасо.
Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит.
Ако се јадеше, не ќе висеше.
Ако се лути нека се собуе.
Ако се лути, брго ќе се одлути.
Ако се лути, нека го лупи.
Ако се лути, нека се напие троа киселина и ќе се одлути.
Ако се мрсиш, омрси се сос сирење, а не сос урда.
Ако се налути сам, сам ќе се одлути.
Ако се налути, бестрага нека ватит.
Ако се направиш овца, секој ќе те стриже.
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш.
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено.
Ако се плаша од снего, нема да зазима.
Ако се плашам од бијол, не и од лепешката.
Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо.
Ако се плаши орачот од врапците не сее просо.
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит.
Ако се страмиш остани си гладен.
Ако си биеш жената, биеш си главата.
Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат.
Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе.
Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит.
Ако си кељав, не седи гологлав.
Ако си лоша мома, седи си дома.
Ако си мед, и глувците ќе те јадат.
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед.
Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер.
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Ако си мома, седи си дома.
Ако си мост, секој ќе те газит.
Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме.
Ако си нема немачка, не си слепа слепачка.
Ако си овца волците ќе те најдат.
Ако си овца, секој ќе те стрижит.
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
Ако си помагаме еден други, и Господ ќе ни поможит.
Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит.
Ако си постелиш, ќе легниш.
Ако си сиромав, барем не биди мрсулав.
Ако си сиромав, не биди мрсуљав.
Ако си сиромав, не токми се со богат.
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет.
Ако слушаш ќе те слушаат.
Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
Ако сме денес утре не сме.
Ако сме се скарале, очите не сме си ги извајле.
Ако снема чавки, ќе снема и кокошки.
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи.
Ако срцето за љубов ти збори, не дај му да гори.
Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот.
Ако сум парталав, сум чесен.
Ако сум помак, не сум авмак.
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
Ако сум црн, не сум Еѓуптин.
Ако те боли забот, не седи под дабот.
Ако те лажам да не осунам.
Ако те неќат в кашчи, плевната гас дава за тебе.
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос.
Ако ти даваа, зимај.
Ако ти дадох кравата, не ти дадох и Черлија.
Ако ти е арен комшијата, арен ти е и живото.
Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата.
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина.
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото.
Ако ти е мъка, држи си го в ръка.
Ако ти е пријатело мед или шеќер, не јади го сиот.
Ако ти е тебе мило, мене не ми е.
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
Ако ти ме гледаш с едното, јас тебе и сос двете.
Ако ти ме гледаш со едното око, јас ќе те гледам со двете.
Ако ти на смеја си се женил, јас на смеја не сум се омъжила.
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата.
Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана.
Ако ти се фатит за пола, ќини ја полата.
Ако тис не се почешеш, друг ќе те дрпне.
Ако трапаш, ќе имаш и да лапаш.
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата.
Ако трпиш, ко бег ќе живејш.
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам.
Ако умрам, зер векот ќе го сотрам.
Ако фатиш богати пријатели, подготви повеќе трошоци.
Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе.
Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Акот на Ѓурговден.
Акот на стопанот.
Акот си оит у стопанот.
Ак’л с’пари не се купува.
Ал да имаш, ал да немаш.
Ал има тој, што ја нема.
Ал на бојаџи.
Ал со жена, ал без жена.
Ал со неја , ал без неја.
Ал чвек да имат, ал да немат.
Алал да ти е ко млеко мајчино.
Алал да ти е млекото мајчино.
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит.
Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов.
Алвата е слатка и без леб.
Алваџија за бозаџија.
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
Али млад жени се, али млад калугери се.
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
Алија на мевот, Салија капа му крое.
Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи.
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав.
Аловито — вековито.
Амин, господи, ама ногу е.
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче.
Ана барат мана.
Ангел со опашка.
Анѓел со рогој.
Анѓелино, парај колче: ноќе везиш, дење параш.
Анета преде, а Павле меле.
Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет.
Апсаана куќа необична.
Апсаана куќа сиромашка.
Арам дупка не знаит.
Арам му носија, алал му јадење.
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода.
Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса.
Арамија арамија ваќа.
Арамија од арамија не се страмуа.
Арамија од арамија разлика има.
Арамија со арамија си живуа и на заем си дава.
Арамија со скорни низ чаршија оди.
Арамија таткото, арамија и сино.
Арамијата арамија ваќа.
Арамијата и ноќе гледа, ама и од сенката се плаши.
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава.
Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види.
Арамијата сеедно кради, а богат или тргоец не можи да биди.
Арамите со опинци ги бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес.
Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град.
Арамја да си со умот, а не со ръката.
Арамја од арамја ферк имат.
Арамја со скорни.
Арамјата арамја фашчат.
Арамјата е бериќетлија колку барутот.
Арамјата ја влечкат фортомата по себе.
Арамјата ја клал глата в торба.
Арамот секогаш си е арам.
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
Аргатот е болен, кога денот е голем.
Аргатсќи пари като ковачќи ваглење.
Аргацки пари — коачки јаглење.
Арен ак'л, ама малку пари чини.
Арен бијол, само рогојте му се кусо.
Арен глас — златен појас.
Арен грб не се плаши од самаре.
Арен е господ шчо не го држит.
Арен е господ шчо не трпи.
Арен збор — златен кључ.
Арен јунак со добра дружина.
Арен комшија и од брат поголема фара.
Арен кон и под парлав чул се познава.
Арен маж на збор не стоит.
Арен оѓин — пофална жена.
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена.
Арен си, арен ти камен на главата.
Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот.
Арен ти камен на главата.
Арен човек арно не вижџа.
Арижај ми, брате, това шчо не може.
Арјанот му е влезен.
Арна дума железни порти отвара.
Арна капа — лоша глава.
Арна капа, ама лоша глава.
Арна ќуљафка му скроиле.
Арна ле ти е жената, свадба не ти требе.
Арна мома рода нема.
Арна пролет — трева до глушчови колена.
Арна стока сама се познава.
Арната дума стига далеко, а лошата ошче подалеко.
Арната жена ет од Бога блаосовна.
Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен.
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Арната работа се забат.
Арната реч царската порта ја отварат.
Арната стока сама се продава.
Арната стока сама се продат.
Арната стока секипат си чини парата.
Арнаутче знаит и друго патче.
Арни пријателје и од братја са помили.
Арние ага и двата вола поткарува.
Арние ден се познава по ѕаранта.
Арние јунак дома не си умира.
Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино.
Арнијт ден са познаве от ѕастрата.
Арниот збор железна врата отворат.
Арниот збор и царска врата отворат.
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
Арниот јунак дома не умират.
Арниот јунак со дружина голема.
Арниот којн арен тоар носит.
Арниот коњ алал јади раната.
Арниот коњ и под лош мутав се познаат.
Арниот коњ стопана си од лошо го куртулисуат.
Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит.
Арните круши свињи ги јадет.
Арните круши свињите и јадат.
Арните рабоке по кротко се прает.
Арно братство, помило од богатство.
Арно ѓубре — арен дом.
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Арно е се да знаеш, ама не требе се да приш.
Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш.
Арно јади, ама и арно работи.
Арно каче — ама тече.
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Арно, лошо — врашча од маала.
Арното лето се познава по пролетта, арние ден по ѕаранта.
Арното на огниште, стоката на буниште.
Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око.
Арното секој го валит, ама секој не го држит.
Арното секој го фали, ама секој не го држи.
Арното секој го фалит, ама секој не го прајт.
Арното си е секаде арно, а лошото — секаде лошо.
Арс'з човек сам се окажува.
Арсланицата едно рожџат, ама арслан.
Атерџика мома - мев до заби.
Атоите кога се клоцаат, магарињата одеваат.
Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат.
Атојте се клоцет, магарињата ги јадет клоците.
Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш.
Ах за челад, оф за челад.
Ах за чељад, оф од чељад.
Аха, куга си вида тило.
Аџија лаж — ѓаол со опашка.
Баата гледаш, биволо не гледаш.
Баба баи, устата је зјаи.
Баба да ти бае, да ти по неа и ја.
Баба за круши не се лажит.
Баба за круши не се мажи.
Баба куга бае и сос уста знае.
Баба лажи - трап не лажи.
Баба мъмит, трап не мъмит.
Баба шимија носи за да скрие бели коси.
Бабата кога бае и со устата зјае.
Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата.
Бавна дума брже оди.
Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна.
Багла бегири за плотот.
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.
Бадијала киселина од мед е послатка.
Бадијала киселина поблага е од мед.
Бадијала работи, бадијала не седи.
Бадјала ќиселина поблага од мед.
Бадјала работај, бадјала не седи.
Бадјала ручег подувјат.
Бало со ѓаол не се играт.
Бањата сите и миет, а себеси не можи да се измие.
Барај го арниот пријател за да го најдиш.
Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само.
Барај го доброто и поземи и по небо.
Барај го доброто, и купи го скапо.
Барај го доброто, оти поскапо е од златото.
Барај да го најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат.
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка.
Барај късмед во работата, а не во надежта.
Барај му ги на даскал от назад парите.
Барај работа, оти ако не работиш, ќе бидиш за страмота.
Барат беља со борина.
Барат беља со пари.
Барат влакно в јајце.
Барат игла в плева.
Барат сешчо ко трудна жена.
Барат шута рогој, ќе ги загинит и ушите.
Барут в оган не трает.
Барут и оган не се клавет едно до друго.
Барут и оѓин на едно место не бива.
Бацни прачка, пиј вино.
Бачило од кокошки не се прави.
Бачило од свинки не се прајт.
Башча и крвник бива.
Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел.
Беб мака — нема ука.
Бега воло да не влези во јаремо.
Бега ле комшијата, поварке и ти.
Бегаа од дош удрија на град.
Бегај далеку од белезано нешчо.
Бегај од злото како Евреино од крсто.
Бегај од лошото додека не е дошло.
Бегај од пијан като и од улав.
Бегај од пијанио како од улаио.
Бегај од пијаницата, ниту оди му во куќата.
Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо.
Бегајте нозе, посра ве газо.
Бегајте ноѕе, ве испосра гъз.
Бегајте, нозе, оти газ ве испостра.
Бегал воло дека го дупна штркало.
Бегал од ѓаолот, паднал на врагот.
Бегат воло дека го дупит со остено воларо.
Бегат како ѓаол од темјан.
Бегат како ѓаолот од темјан и Евреинот од крстот.
Бегат како Евреин од крс и протестанец од пос.
Бегат како некој елен треќак.
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака.
Бегат како од чума.
Бегат ко ѓаол од крст.
Бегат ко Евреин од крст.
Бедна кула — една кула.
Бежаноа бело носи, а Стојанова црно.
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
Бежаноа мајка црно не носила.
Без алат нема занаат.
Без алат нема занает.
Без башча — половин сирок, без маќа — цал.
Без белачка нема живјачка.
Без Бога нема добрина.
Без Бога нема слога.
Без бога ни до прагон.
Без вода воденица не мели.
Без време ништо не зрее.
Без дури не зијанит тргоецот, не добиват.
Без дури не паѓа дете, не можи да се научи да оди.
Без дури не пати чоек, не можит да се научит.
Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш.
Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја.
Без заахмет — нама раахмет.
Без здравје немат богатство.
Без Камбера свадба не се прајт.
Без ќар ти го продам.
Без мака нема наука.
Без мака нема раат.
Без Мара не бива попара.
Без мера кој јаде, брже ќе се разболи.
Без мера којшто јади, брго ќе се поболи.
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори.
Без мера работа — брза умора.
Без мъка немат наука.
Без мъка ни песма не се испевјат.
Без неоља немат богу мољба.
Без нож ме колиш.
Без пари месо не се вари.
Без пари не можи чоек да живеи.
Без пари не се оди во кафеана.
Без пари никој не те сака.
Без пари се кон не кове — зобнико му зимаат.
Без питање само магаре одговара.
Без покана на свадба не оди.
Без пот нема род, ако садиш ќе јадиш.
Без пот немат бериќет.
Без пушка на лов се не оди.
Без работа леб немат.
Без работа, без леб; без работа, без чест.
Без слобода ко риба без вода.
Без стари не се прават пари.
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
Без труд не се ора со плуг.
Без ука нема сполука.
Без фајда овца, трн му под опашка.
Без чарк водејнца не мелит.
Беќар без девојка млада, губи љубовна нада.
Бела - дење свешча не се палит.
Бела книга, црно писмо.
Бела Неда на кур гледа и се познава.
Бела пара за црн ден.
Бела работа, не се учи човек да е.
Бела сос пари, ошче побела без пари.
Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува.
Бели пари за црн век.
Бели пари за црни дни.
Белите ръце чужџа работа барет.
Бело е момето како од котело газеро.
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
Бело му е лицето, а црно му е срцето.
Бело преде — црно носи.
Белото видело е најмило.
Белото не праи го црно кога те ваќа инато.
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
Белото црно не бидуа.
Беља чоек пари да има, беља да нема.
Бељата е во торбата.
Бељата е сирак.
Бељвица - рибица.
Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш.
Берберо ќе бричи и здраво и ќелао.
Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај.
Берберот и ќељаи ќе бричит.
Бери мъжи, тъжи.
Бериќето се раѓа кога и Господ го блаослава.
Бес си бараше, два си најде.
Бесен гъз крвав нос.
Бесна коза пресна рана.
Бесна челед в тесна кашча не бива.
Бесната кучка, сегде муцка.
Бесно куче и на чорбаџијата се фрла.
Бесот гла ѓинит.
Би брак помина.
Би го самаро да се сети магарето.
Би лага, доби, скака скакулец, доскака.
Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит.
Би свадба, помина, секој дома на попара, дури мајка не го окара.
Бидете орачје — јаште ќебапје.
Биди ербап, јади ќебап.
Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар.
Биди потрплив за секоа работа.
Биди умен и опулен.
Биди чоек, а не нечоек.
Било, да за тоа се кажуало.
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна.
Биљбиљот од јъзикот си тргат.
Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа.
Бистра вода се а пие.
Бистра водица, мирна главица.
Битисае мъмлешките, битисае и парите.
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб.
Блага дума железна врата отвара.
Блага реч железна врата отворат.
Благиот збор и железна врата отворат.
Благо секој јајт.
Благословено е пиењето — проклето е пијанството.
Благословено пиењето, проклето пијанството.
Бладзе на глувиот зашто два пати слушат.
Блазе на тој што знае да крој.
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана.
Блаѕе на вредната ръка.
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
Блаѕе си је на мајка ти.
Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит.
Блаѕе си ми кога имат кој да ме перит, тешко мене кога немат кој да ме перит.
Блаѕе си му на белјот образ.
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
Блаѕе си ти бре будала!
Блаѕе та мајка шчо го родила!
Блаосоено вино, а проклето пијанство.
Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца
Боб јади, коње кради.
Бог да бие кој многу пие.
Бог да бие таа мома што без љубов седи дома.
Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена.
Бог да не пази од сиромашија и од простотија.
Бог да не чуа од луди, млади.
Бог да не чуа од препраени светци.
Бог да не чуа од стари неразбрани.
Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари.
Бог да прости кој ме гости сношти.
Бог да прости кој остајл.
Бог да те чуа од домашен арамија.
Бог да те чува да не ти клекне мајстор в кашчи.
Бог да те чува куга слеп прогледне.
Бог да те чува од гнил мос и од прдлив гос.
Бог да те чува од домашен арамија.
Бог да те чува од закарок.
Бог да те чува од лажибогородица.
Бог да те чува од невиден жар.
Бог да те чува од пијани жени.
Бог да те чува од преправен светија.
Бог да те чува од тамавќар и од завислив.
Бог да те чува од улав пријател.
Бог да чува — цар да брани.
Бог дава, ама в кошара не накарува.
Бог давал, давал, па заборил.
Бог дал, свети Илија зел.
Бог доброто — на душмане злото.
Бог е во срцата на тие што го бараат.
Бог на никој не е оставал д'жен.
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш.
Богатие цапи парата.
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина.
Богатио чоек на секого в очи му биет.
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат.
Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат.
Богатото мамче младо се жени.
Богатство немат наситство.
Бодата спие, думата не спие.
Бодливие вол боде и без рогове.
Бодни прачка пиј вино.
Боже, чуај, брани од лоши другари.
Божик идат, со шчо ќе не најт?
Божјето око гледа на луѓето.
Божјето око гледа насекаде.
Бој се од Бога и не бој се од никого.
Болен здрав носит.
Болен ле си лежал или си болен чувал?
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади.
Болен се моли.
Болен човек душа бере, па за живот мисли.
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Болеста дооди сос товаре, а си оди сос грамове.
Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето.
Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмој.
Болеста лесно дооди, лесно не си оди.
Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица.
Боли го забо та криви.
Болна жената, болна и куќата.
Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа.
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Болници лежат, квасници врват.
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе.
Бољката оде пу нас а не пу планинта.
Бори се со злото, и викај го на помош доброто.
Борч неплатен, греф непростен.
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли.
Борчлија човек не е свој човек.
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига.
Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати.
Борџот е лош другар.
Борџот ет полош и од волкот.
Бос оди, пишчол носи.
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
Боцни пръчка, пи вино!
Браво се вика на магаре куга излезе од ажмако.
Брада му порастила, ама умот не.
Брада царска, а гла водејнчарска.
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена.
Брак и гости куќа пусти.
Бракот е добар кога нема собар
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват.
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират.
Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка.
Брасто за брасто, сирење за пари.
Брат без помош, враг се викат.
Брат брата не рани, тешко кој го нема.
Брат брата не рани, тешко му кој си нема.
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
Брат за брат мирашчија.
Брат за брат, брашното со пари.
Брат за брата, сирењето со пари.
Брат не е брат, комшијата е брат.
Брат од брат кога се помага, и Господ ќе ги даруа.
Брат од брат помогнат, појак ет од еден град.
Брат од брато помогнен, појак е од град.
Брат по брата, сите низ врата.
Брат помогнат од брат, појак е од еден град.
Брат против брат, полош е од најголем враг.
Брат само мајка рожџат.
Брате, брате, пълна уста.
Братската љубов појака е и од железно кале.
Братството за братство, брашното за пари.
Брблаица жена е како некоја празна воденица.
Брблаица жена никој не ја милуа.
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
Бргу иде, бавно си оди болеста.
Брезо магаре не е едно.
Брз е зајакот, ама побрз е 'ртот.
Брз ко ајта.
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа.
Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може.
Брза коња се стига, брза дума се не стига.
Брза кучка слепи кучиња раѓат.
Брза кучка слепи кучиња ражџа.
Брза помош — двојна помош.
Брзата вода бргу истеквит.
Брзата и силната вода и од камен мос турка.
Брзата кучка слепи ги раѓа.
Брзата кучка слепи рожџат.
Брзата работа брзо се расипвит.
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди.
Брзиот коњ и од калта те вади.
Брикова огрева — зетова привида.
Бричен, не целиван.
Бричи ле се комшијата, топи се и ти.
Бркавме вълк, излезе лисица.
Бркај го лошото дури не ти дошло.
Бродот кога броди, не избира води.
Броени денови брзо минуваат.
Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога.
Будала давал — итер јал.
Будала дал, итер зел.
Будалата ако имаше рогој, сите ќе го познаве.
Будалата и на брашно се смејт.
Будалата лесно се прелажуа.
Будалата немат рогој.
Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата.
Будалата се смејт и кога не е за смеење.
Будалијо му прај п'т на пијанијо.
Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки.
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит.
Бутарино ет удрен од тланико.
В арман не се чита ферман.
В битка куршум не са дава на заем.
В брзата вода човек не се дави, в тијата ќе се удави.
В ѓол влази, сух излази.
В една тиква прдет.
В една уста пљувет.
В едното уше влезе, в другото излезе.
В која кашча нема мачка, глувците оро водат.
В кревет работа не свршуваш.
В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва.
В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат.
В лозје пошол тамавќарот и грозје не зобнал.
В море на дно влезе и пак сув излезе.
В ново грне шчо прво ќе ставиш, на това ќе мериса.
В орман кадија не судит.
В орман ферман не се пејт.
В пазва би го клал да е кабиљ.
В решчо вода не се носи.
В секое село требе да имаш по еден пријател.
В село не го прибирет а тој опитвит ке седит попот.
В стара кашча ред не туре.
В устата ти мед.
В царова уста има и оѓин и вода.
В Чифлико овца да не си.
В чужџа манџа не туре сол.
В'к баница не јаде.
В'к в магла дави.
В'к в'к не јаде.
В'к домазл'к не бива.
В'к од добро не разбира. В'к од овча кожа не се плаши.
В'к сермија не чува.
В'ко влакното мени, табието не меми.
В'ко дека лежи не дави.
В'ко дека се кучи там лови.
В'ко и броено не признава.
В'ко куга краде, не гледа ни бела ни црна, само да е подебела.
В'ко куче не станува.
В'ко на пазар не оди.
В'ко не чека да го викаа — сам си дооди.
В'ко се на магла радува.
В'ко се од кучето не плаши, туку од лао.
Вади си вода од новиот бунар, но не плукај по стариот.
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
Ваќај пријатели арни и чесни за да ти се најдат во лоши саати.
Ваќај пријатели арни и чесни, да ако сет и троа сиромаси.
Валбата е краста: чунки кој се вали, не пали.
Валени јаготки, празни кошници.
Валеното девојче ќе земи полошо момче.
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
Вали ме, усто, оти ќе те раскинам.
Валкан човек, нема долг век.
Вало-прдло наш Неделко се повали настред село.
Варвара вари, боксава брка, Никола срка.
Вардењето не е страх.
Варди го попот, за да е мирно селото.
Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш.
Варди дури не се затркаљало клопчето.
Варди се да не се поболиш, оти мачно можиш да оздравиш.
Варди се да не ти речат бисерко.
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
Варди се и господ да те вардит.
Варди се од злото дури не ти дошло.
Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади.
Варди се од мътна вода!
Варди се од слеп да не прогледне.
Варди се од терзија арамија.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Варен, варен, та дур печен.
Варена пченица ич никнуат?
Варена пченица не никнува.
Варена та печена.
Варено печено, кому му е речено.
Варено, печено нам ни било речено.
Вари го, печи го, гајда си е гајда.
Вати го слепецо, извај му очите.
Вати да си оди коњо по пато, ама откоа го изеде грбачо.
Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката.
Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго.
Вати пријател поп, да ако сакаш да му го раниш коњо со зоб.
Вати пустина и бестрага.
Вати се да се држиш за даб, а не за шип.
Вати, трати, и ич не есапи.
Ваши деца, ваши судии.
Ве боли на вашето, па удри на туѓото.
Ведра ноќ ко рибино око.
Веков е колце — се вртит.
Веков е скала: еден качи се, други слези
Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат.
Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај.
Векот на младите останува.
Вели му ти на чоека арно, да ако тој ти речи лошо.
Велигденои пости многу сет долзи.
Велиден е еднаш в годината.
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш.
Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
Вера имало од века и ќе има довека.
Вера планини поместува.
Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа.
Вера сос пари кој купува, брже а остава.
Верата е стара и млада.
Верата и планини подмрдвит.
Верата ни се ваќа, ни се гледа; ни се јади, ни се мириса.
Верата од Бога е остаена.
Верата планиње преместуа.
Верата си е вера, законот си е закон.
Верата со пари не се купуа.
Верата Христоа го омекнуа чоека.
Верви му на момокот, ама и на окото.
Верен измеќар, цел стопан.
Верен слуга — здрав кључ.
Вересија кој дава, непара ќе напредуа.
Вересија потресија.
Вересија — гола шија.
Вересија — истресија.
Вересија — реси ја.
Вересија, потресија, дај со раце, барај со нозе.
Весело срце кадел'а преде.
Весело срце къдељка предит.
Ветар го вејт на бела кобила.
Ветар дупка не пълнит.
Ветар му вејт низ ушине.
Ветар терат со капата.
Ветер вати, ветер пушти.
Ветро крпи, конци губи; старо љуби, ноќ си губи.
Ветро што ќе донесит, ѓаолот ќе однесит.
Ветрот дебелите дрвја ги уриват, а слабите ги виткат.
Ветрот е најсилен пред да тивнит.
Ветрот коа да веит, од никого не се боит.
Ветрот ќе повеит, песокта ќе останит.
Ветрот ќе поминит, и плевата ќе одвеит.
Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи.
Вехто крпи, конци губи; старо љуби, дни си губи.
Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет.
Видел манго масло, па си намажал и газо.
Видел на кур урда, помислил си бачија е.
Видела жаба дека се коне кове, и она придигала нога.
Видела жабата ке се коет коњите, та и та је кренала ногата.
Видела камилата уши, побарала рогои.
Видела шута рогове, притерала и уши.
Види го прво дрвото, да после седни под него.
Види гъзе новина, не дочекај година.
Види му ги опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
Види му главата, па му а крој капата.
Види му го умот, крој му капа.
Види му го умот, купи му ја стоката.
Види му го умот, суди му за дома.
Види му и другарето, па го есапи каков е.
Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е.
Види му умо, да после есапи го домаќино.
Види му умот крои му капа.
Види поп, јади боб.
Види си в кесе, да после купи си прасе.
Видиш ле луд, не стануве друг.
Видиш ле матна вода, не гази.
Видов, не видов, чув, не чув, држ'ја еврејската.
Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа.
Виж му рацете, та па главата.
Виж се сам, па наоди маана на другите.
Викај ме грне, само не крши ме.
Викај по в'ко додека не влегол в трлата.
Викај по волкот дури не влегол во булукот.
Викај по вълкот дури не влегол в трло.
Викај си по волко откоа ќе влези во булукот.
Вике по в'ко додека не е однел јагнето.
Викнала баба гости, а та седнала да се пошчит.
Викни го волкот да ти варди булукот.
Вино носи, вода пиј.
Вино носит, вода пиет.
Виното в чаша мирно седи, а во главата чуда реди.
Виното го праи чоека еднипати везир, а еднипати резил.
Виното го прајт чвека и везир и резиљ.
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Виното и умниот го збудаљвит.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Виното кој го препива, челадта и куќата си ја слечуа.
Виното кој препива, кашчата си растура.
Виното не седит во глата мадро како во шишето.
Високите планиње си носат својте тежиње.
Високо дрво плод нема.
Високо дрво страчките го серат.
Високо литаа орлите, па затова и надалеко гледаа.
Високо небо крај немат, длабоко море брод немат.
Високо орело лета, затоа далеку гледа.
Високото дрво и чавките го серат.
Вистина на чистина.
Вистината боцкат.
Вистината е како пипер в очи.
Вистинскиот пријатељ е помил од се.
Виш му другаро та есапи кој е.
Више вреди човек да е умовит, отколку имовит.
Вјаај ме, желко, од горнега.
Вјавај ме, жељко, дури летат орелон над мене.
Вјајме желко, оти ево го орелот над мене.
Вјасај за брго да втасаш, ама глеај да не се препниш.
Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк.
Владика Турчин не станува.
Влакното го цепит.
Влакното кабул не го чини, камоли руного.
Влакното се ќине дека е тенко.
Влегвит како в ан.
Влегол во ќелеш дефтер.
Влечкај стапот, земај акот.
Внучето е помило од детето.
Внучето е помило од сино.
Во Бруса по мајмуни.
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
Во голема вода големи риби се лоет.
Во еврејско село црква не се прајт.
Во една врчва мед, една олџица лајна.
Во една гемија кај што имат многу капидани, таа можи и да пропадни.
Во една каца мед, една ока лајна.
Во затворена уста мува не влегува.
Во здрава нога, трн не се клат.
Во јазико мед носи пчелата, а на газо отруачка.
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
Во куќа празна не треба сказна.
Во куќата на обесен не зборви за јъже.
Во куче ако имат чвештина, та во него.
Во ќесе празно, не барај азно.
Во лагата се куси нозете.
Во лете спечали си, во зиме јади си.
Во лето имат на секое трнче и лепче.
Во лошото чвек се познат каков е.
Во маката радост, во радоста мака.
Во мала вода јъдра риба не живејт.
Во мало село многу кучиња.
Во малоо село честа ангарија.
Во меана кој влегуа начесто, не излегуа трезен.
Во меаните се арџат пари со пот неспечалени.
Во морето дупка.
Во морето со олџица притурвит.
Во мъката рат не те оставет.
Во мъката чвек не се познат.
Во мътна вода не се лојт.
Во мътна вода ракој — мекачи.
Во неоља и песот бълви јајт.
Во неоља не се плачит, ами чаре се барат.
Во неоља чаша отрув е поблага од печено јагне.
Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме.
Во ново грне што ќе туриш сопрво, на тоа ќе мириса.
Во поголем град — поголем глад.
Во празен амбар глувците не влегуваат.
Во празен амбар ни глуфци не живеет.
Во празен кош, не барај грош.
Во празна плевна арамија не влегуа; и да влези, зијан не сторуа.
Во празни трло и волкот не влегува.
Во Прилеп мајмун не играт.
Во решето вода не носи.
Во решето вода не се носи.
Во секое брашно имат трици.
Во секое жито има и какол.
Во секое жито имат граор.
Во секое село и град башка адет.
Во секоја манџа - мирудија.
Во секоја манџа мироѓија.
Во секоја манџа пипер не влегви.
Во село без пци — и без стап се оди.
Во старо село нов адет не прај.
Во сто ореј здрави, еден лош не се познат.
Во тебе е ореот, во тебе е каменот.
Во тенџерето вари, во капакот јади.
Во тивка вода повисоко кревај ги полите.
Во устата од царо има и огон и вода.
Во фети меој младо вино не се туриват.
Во царско азно влезе, и пак празен си излезе.
Во чуждото око ја гљаш раската, а во своето гредата не.Гладна кокошка просо сонуат.
Во чуждото око је гљат раската, а во своето гредата не.
Во чужџа манџа не клај сољ.
Вов воденица се по двапати повтара.
Вов селото не го пушчаа, а он поповата шчерка тера.
Вода в речина не се носит.
Вода в речина се вртит. (Речина - решето со кое сејат пченица. Разликуваат решета: тагар - кожата му
Вода гази — жеден оди.
Вода газит, жеден ојт.
Вода донела — вода однела.
Вода донесла, вода однесла.
Вода мие — оѓин не мие.
Вода на врло не оди.
Вода со трње не се кршчат, туку со босиљок.
Водата е посилна и од огно.
Водата е посилна од оѓине.
Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
Водата ќе протечит, песокта ќе останит.
Водата не знъјт ни кумство, ни пријатељство.
Водата се мати и од изворо.
Водата се мијат, само јъзикот не го мијат.
Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат.
Водата се мијат.
Водата се може да измие, само лошио јазик не може.
Водата се носит, само страмотата не ја однесвит.
Водата спие, душмано не спие.
Водата спијат, душманот не спијат.
Водата спијат, љуѓето не спијет.
Водата спијат, рајата не спијат.
Водата течит, песокта останвит.
Водејнци и ваљајци гајда не се слушат.
Воден газ јадит риби.
Воден од дожд не се плашит.
Водени гаќи јадат риби, а суи јадат пиперки.
Воденица многу зборои се праат.
Воденица на ред меле.
Воденица неклепана и жена нетепана нема.
Воденица неклепана и жена нетепана — не оди.
Воденицата на ред меле.
Воденицата неклепана брашно не мели.
Воденичаре волк ти под колце, а лисица на огниште.
Води го, буцат, терај го, клоцат.
Војдана ни вчера чиста витка ни денеска.
Војната не е добра, ниту за тој што ја одбра.
Војникот пушка носи, без да мисли кого коси.
Војска дека мине, град не требе да к'ца.
Волк пастрма не чуа.
Волк руно менува, но со јагне го заменува.
Волко ако го клаиш да ти паси овци, тој сите ќе ти и издави.
Волко го гледат и трагата му ја барат.
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија.
Волко го прашале кога му студело поеќе, тој рекол: во сонце огревање.
Волко дави не дави, секој што да го види, ќе го гони.
Волко длаката ја менуат, ама ќудта не ја менуат.
Волко е побудала од лисицата.
Волко магла барат да дави овци.
Волко на пазар не оди.
Волко на синоро не дави.
Волко пастрма не држи.
Волко секоаш раѓа волчина, а не јагниња.
Волкот ако не си ја врши работата сам тешко нему.
Волкот влаконото го менува, ама ќудта не ја менува.
Волкот домаќин и Манго ученик.
Волкот пастрма не држи, нема кој да му ја пржи.
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
Волкот си го менува влакното, но не и навиката.
Воло рие прахта му пада по грбо.
Воло рие прста на грбо си ја фрла.
Воло се врсува за роговето, а човеко за јазико.
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
Волот без ширкол не штрклее.
Волот коа да копат земјата на себеси ја фрлат.
Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик.
Волците нито и колат, нито и јадат и пак набулуци и немат.
Вонка од орото ного песни знае.
Воред слепи и ќоравие е цар.
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
Воукот ко го крштеваа му велеја да речит вангеле, нему јжзикот му велеше: јагнеле.
Воукот од влаконото се менвит, од умот не се менвит.
Воукот те секнал. (Велат на вампир кога ќе видат на коњот дека се плаши од некое лошо суштество и на
Враго ти е влезен.
Врана на врана не колве очи.
Врана на врана очи не копа.
Врана на врана очи не копат.
Врана на врана очи не си вади.
Врапците буот го бркаат, ама сами в уста му влегуаат.
Врба дрео, зет фара и магаре стока не се.
Врба низ гъзот ќе му порастит.
Врба огрја, зетва накрепа.
Врбова огрева — зетова привидија.
Врви си по патот чоечки, за секој да ти заблазнит.
Врви си со арџот со поевтино за да си платиш царското.
Вреват в црква како во авра еврејска.
Вреден ко долниот камен од водејнца
Вредни раце чуда чинат.
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит.
Вреќа скината што клај, ќе истечит.
Времато си оди като сос крила.
Време бреме продат.
Време време докарува.
Време градит, време разградвит.
Време доноси — време односи.
Време купвит, време продат.
Време лошо ама друм врви.
Време носит бреме.
Време течит, пљаги лечит.
Времето е пари за секого, кој што го есапи.
Времето понекогаш е мајка, а понекогаш мъшчја.
Времето се лечит.
Времето си врви, нам ни се куси.
Времето си лета како со крилја.
Времето сламата арчи.
Времето шчо поминало назад не се врашчат.
Врзан загар зајаци не лови.
Врзан поп, мирно село.
Врзан р’т зајаци не лови.
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол.
Врзи попо да е мирно селото.
Врзи прс и тере лек, па да ти бае секоа баба като шчо знае.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Врзи прст, барај лек.
Врзи си црвен конец на прстот.
Врни, грми, патот си врви.
Врнит, грмит, пътот врвит.
Врти като црвјк в дрво.
Врти куќа без леб.
Вртит ко лисица околу стъпица.
Вудве и вутри му одит арџот на скржаиот и тамавќарот.
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена.
Вълк на вълк ни в планина не удират.
Вълк пастрма не чуват.
Вълко пастрма не држи.
Вълкот влакното го менвит, ама уќот не го менвит.
Вълкот во врешче не влегвит.
Вълкот вълчња рожџат.
Вълкот и од броените јајт.
Вълкот плачит за мъгла.
Вълкот по поръчано не идат.
Вълкот сакат млади јагниња.
Вълци, врани стоката ќе му је јадет.
В’к дамазл’к не чува.
В’к од овча кожа не се плаши.
В’ко и од броените дави.
В’ко козината мени, ќудта не мени.
Гавран на гавран очи не вади.
Гавран со гавран, а сокол со сокол.
Гаду очи.
Газ знае и две и двеста.
Газ и нос не знаат чес.
Газ мараз не фата.
Газ место прави.
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере.
Гази ми на стапалката, ама не гази ми на работата.
Гајлето го јаде човека ко 'рѓата железото.
Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата.
Гајлето го јаде човекот како 'рѓата железото.
Гајрет на болниот, дури да му излези душата.
Гал одлета, сокол долета.
Гален поп и в црква карат.
Гален поп и в црква прди.
Галената жена не преди со урка.
Галената невеста, не ја риза свекрвата.
Галените деца се качуаат на трпеза.
Галеното дете е како ѓупцото теле.
Галеното дете е како магарешко прле.
Галон колку старејт, толку црнејт.
Гара сос гора се состанува, а камох ле човек сос човек.
Гарван на гарван очи си не вади.
Гарван, гарвану очи не ваѓа.
Гарвано грачи, зима да донеси.
Гемија по суо ако можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш.
Гемија по суо да тераш не можиш, нити со жена на војска да одиш.
Ги барат Маркојте конаци.
Ги врлил плочите.
Ги остајле мечките да ги вардет дренките.
Ги рашчепил вилиците ко бесно куче.
Ги сплетка конците.
Ги удри петиците в гъз.
Ги фрлил плочите.
Глава прави — глава тегли.
Глад се не трпи.
Гладен 'рт и дивјачки јајт.
Гладен вълк постред село ојт.
Гладен ќе заминеш през девет села, а гол ни през едно.
Гладен од Бъдник до Божик.
Гладен петел на бунишче не пое.
Гладен рт и дивјачки јајт.
Гладен рт на лоф не ојт.
Гладна врана зајаци не носи.
Гладна кокошка куга се најаде излази на вр'о секој да а види.
Гладна кокошка просо сонвит.
Гладна мачка оро не игра, или сита мачка стопан не припознаа.
Гладна мечка оро не играт.
Гладната кокошка просо сонуа.
Гладни очи не спијат.
Гладно куче кога се најаде не знае шчо прави.
Гладот е најглема сила.
Гладот е најголема неоља.
Гладот очи нема.
Гласот е побрз од ветар.
Глата в ношви, ръцете на тилот.
Глата динамит не му је цепит.
Глата мојт да соберит појќе од морено.
Глата му обелела, умот не му дошол.
Глата прајт, глата тргат.
Глата прајт, ноѕете тргет.
Глата ти је кршам, атарот не ти го кршам.
Гледај го коњо во одот, да после влегуј во пазаро.
Гледај го коњо, не гледај му огламнико.
Гледај го пијаницата, пожалај му децата.
Гледај да имаш пари, да ако даваш по сиромаси.
Гледај да не купуаш тоа што не ти треба, оти да не продааш тоа што ти треба.
Гледај дури не ти летнало врапчето од рака, оти после мачно се ваќа.
Гледај му главата крој му капата.
Гледај му главата — крој му капата.
Гледај се себе каков си, да после да гледаш светските кусури.
Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.
Гледе го пијаницата — пожали му децата.
Гледе му дузене, та му цени работата.
Гледе му коне, не му гледе оглавта.
Гледе напред, ама обршче се и назад.
Глен поп и ф црква прди.
Глоби сирота и погледај на Бога.
Глобок збор: езеро, море.
Глобока вода брод немат, убао моме род немат.
Глобока вода брод немат.
Глув слуша, слеп гледа.
Глувците први го напуштаат бродот што тоне.
Глушецот отишол у глуфците.
Гљај го пијаницата, пожаљај му ги децата.
Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
Гљајте слепи, слушајте глуви!
Го бацил татка си в гъз.
Го болеше за неговото, па маваше по туѓото.
Го боцкет паричките.
Го вапца.
Го ватил ѓаолот за врат, та го зауздал пијаниот.
Го врте јазикот кај што го боле забот.
Го гребала нестата котлето.
Го држит за перчин.
Го дупнала Марта во гъзот.
Го жаљаш ко мајка ти да го родила.
Го зајаде левата рака.
Го зела матната лели се сторил пијаница.
Го зела мътната.
Го извлекол подебелиот крај.
Го изел бијолот, се удајл со опашката.
Го јадет плешчине за дрео.
Го јајт грбон за стап.
Го клала нестата прстот на зелникот.
Го клукнала и волкот змија.
Го најде мајсторот.
Го најде попот, ја најде и попаѓата.
Го намамил на гнила шчица.
Го намамил на слаб мраз.
Го направи вратот како питачко магаре.
Го напраи грошо золота.
Го обравме бостанот.
Го остајл ѓаолот, се нашол со врагот.
Го остајл стадото на вълк.
Го остајл доброто утро на врата.
Го остајле питомјот, го барет дивјот.
Го перит, а не го остат да плачит.
Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
Го полазила чужџа вошка.
Го превртил листот.
Го препливал морето, се удајл на крајот.
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш.
Го престрел зајак, затоа ал'швериш не напраил.
Го префрлил жеден преку вода.
Го пушчив да чукат со ушите круши.
Го сакат ко куче стап.
Го стискат гъзот, дури влакно ќинит.
Го фатија Господа за очи. (Не мислат веќе за Бога во делата си.)
Го фатил волот за рогој.
Го фатил кокошкин съмрак.
Го фатил шчркољот.
Го фатила чумата за врат.
Говорам ти (наговарам ти), шчерко, дошикај се снао.
Говорам ти ќерко, дошикај се снао.
Годините и гајлињата не может да се сткријет.
Гол ко од мајка роден.
Гол чвек за на бана.
Гол чоек на бања го прилега.
Гола е како змија на трн.
Гола коска ни куче не сакат.
Гола сиромашчија, готва болест.
Голем амбар со кутле не се пълнит.
Голем град, мали гробишча.
Голем залак голтни, голем реч не речи.
Голем залак голтни, голема реч не речи.
Голем залак г’тни, гулема дума не продумвај.
Голем залак касни, голем збор не речи.
Голем збор: мечка, планина.
Голем та несолен.
Голема гла голема капа носит.
Голема сенка — гладна дупка. Голема сенка — голема треска.
Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце.
Големата лакомија чоека поболуа.
Големата риба во мала вода не живејт.
Големата риба голема вода барат .
Големата риба голема вода сака.
Големата риба је јајт помалата,
Големата риба помалата ја изедвит.
Голи нозе под синија, цело прасе над синија не бидуа.
Голи се раѓаме, облечени се испраќаме.
Голи се родивме, голи вземи ќе влезиме.
Голо здравје не е здравје.
Голо здравје — готоа треска.
Голо здравје, готва болест.
Гологлај работале, бунџоглај ќердосале.
Гони го ѓаолот, ама не барај му трагот.
Гоопод велит: поможи си сам, да и јас да ти поможам.
Гора со гора се ставуа, камули чоек со чоека.
Гора сос гора не се сришча, свет сос свет се сришчаа.
Гора фали — поле зимај.
Гори ле на комшијата кашчата, трчи да гасиш твоата.
Горниот да му дојт до ак.
Гос дојде, јајце снесе.
Гос е мил до три дена.
Гос сос една нога бос.
Госпад е и горе и доле, и на небото и на земјата.
Господ бој му дал, ама ум не му дал.
Господ борч не плаќа.
Господ високу, а царот далеку.
Господ грев да не ми клајт.
Господ грев ќе ти пишит.
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
Господ да те бранит од гладна вошка.
Господ да те бранит од голи дебрани,
Господ да те бранит од голи фодули.
Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани.
Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
Господ да те бранит од крстен ѓаол.
Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат.
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
Господ да те бранит од нов чорбаџија,
Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
Господ да те бранит од покондурен опинок.
Господ да те бранит од полошо.
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Господ да те бранит од учени луѓе.
Господ да те запази од лесици клеветници и од в'ци мурафетл'ци.
Господ да те чуа од гол та фодул.
Господ да те чуа од дива свиња в планина и од лоша дружина.
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш.
Господ да чуа од долзи стапој и од ниски одаи.
Господ дава, ама в кошара не накарува.
Господ дава, Господ зема.
Господ дават, ама в амбар не ти тура.
Господ дал на земјава се што му треба на чоека.
Господ дал, господ зел.
Господ дат, ама низ опак не пушчат.
Господ душа сакат.
Господ е еден и за богат и за беден.
Господ ет на небеси и наземи.
Господ забаат, ама не забораат.
Господ забавја, ама не заборавја.
Господ знае и за стари жени.
Господ знаи кому што праит.
Господ и на шега дат.
Господ ич не спиет.
Господ ка е, никој не е.
Господ кога да сакат и од амбар житото ти го земат.
Господ кога да сакат и од пазуа ти го земат.
Господ кого чуа, куршум не го ваќат.
Господ когого милуа, и го накажуа.
Господ љубовта да им ја артерисат.
Господ мене со вреште, јас тебе со торба.
Господ милоста да им ја умножит.
Господ на заем не земат.
Господ не гледа на лице, ами на срце.
Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
Господ не е мачка да те драпнит одеднош.
Господ не одбират, а собират.
Господ ни куцата овца не ја остат.
Господ од луѓе скали прави.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Господ се распасал.
Господ секому не можит како што сакат да му угодит.
Господ чвека без пријатељ да не го остајт.
Господи брани од будали луѓе.
Господи брани од голи дебрани.
Господи брани од женска беља.
Господи брани слепо да прогљат.
Гостинот и рибата по третиод ден смрдат.
Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат.
Госто и прди и не, ама домаќине не сопира.
Готва стока — готој пари.
Готој пари и печен леб лесно се јадет.
Грабено — кълнато.
Град бие до бразда.
Град глад не прави.
Град глад не праит, ама тешко кого ќе наит.
Град к'ца и в ношвите.
Град фали в село живеј.
Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит.
Градска крава млеко не дава.
Грба не се исправјат.
Грбата в гроб се правит.
Грбата ни в гроб не се исправјат.
Грбата само в гроб се исправјат.
Грда е жената на онцица, ама работна и е раката.
Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата.
Грдата жена берит куќа, а личната берит панаѓур.
Грди му се дните на слепците што просат по сокаците.
Грејт сънце в але.
Грео не ет нешто живо, ами пак го мачит чоекот.
Греот во меот, душата на круша.
Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш.
Грешен чоек жив ет во гроб закопан.
Грешит поп во книга, а не магаре во нива.
Грешка оро игра, уготка дома си седи.
Грешките се по инсанот.
Грмавица без светкавица не бива.
Грми ле ногу, не врне.
Грми, врни, пато врви.
Грмит не врнит.
Грнчаре ти тура рачката на грнето од коа си страна иска.
Грнчаро кај сака, таму рачка клаа на грнето.
Грнчарот во ветво грне манџа јадит.
Грнчарот во ветво грне си вари на огниште.
Гробишча од глад немат.
Гробу на врата.
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш
Гром в коприва не удара.
Грош години се сторил.
Грош пара кашча не обара.
Грош петел, шеесе пари крчма.
Грош по грош, се полни кош.
Гугучката кога на брго гуга, пролвт наближуа.
Гузен негонен бега.
Гузрава жена е црн данок на кашчата.
Гулаби рани, работа губи.
Гулем залаг апни, гулема дума не кажи.
Гулем кур и през гашчи се познава.
Гулема рана здравее, ама лоша дума се павни.
Гулема снага зашчо ти е куга немаш здраво срце.
Гъз за гъз, поарно својот.
Гъз и гашчи.
Гъз и нос не знъјет за чест.
Гъз преку гла.
Гъз пукат.
Гъз точит коприна.
Гъзот земјојна ти мирисат.
Гъзот не велит ејвала.
Гъзот не си го помрдвит.
Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето.
Д'га година — крапа градина.
Д'гокоса — крапоума.
Да ги купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе ги пасит.
Да бев ти рекол така да речиш, не ќе речеше.
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
Да беше арно, и господ брат ќе имаше.
Да би мирно седело, не би чудо видело.
Да бидам неста, колку да поминам на редот.
Да видам и да не вервам.
Да видиш и да не вервиш.
Да врлиш капата и да бегаш од лоша жена.
Да ги продадеме кожите поскапо.
Да го дуниш, ќе паднит
Да го заколеше, крв не ќе притечеше.
Да го маш, ќе плачит, остај го ќе ти се смејт.
Да го насолам да не се смрдит.
Да го немат носон, трева ќе пасеше.
Да го облеквиш, да не го раниш.
Да го помирисаш, носот ќе ти паднит.
Да го раниш, да не го облеквиш.
Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата.
Да е арна работата и владиката ќе работи.
Да е арна работата, и владиката ќе оре.
Да е глува земја.
Да е жив калемот!
Да е имал кушо касмет, неќе да е имал куса опашка.
Да е имала касмет Марика, ќе а е оженил владика.
Да е кабил душата ќе му извади.
Да е кабиљ и в пазва би ме клал.
Да е мирно седела, не би чудо видела.
Да земиш жена сиромашка, ама да не е лижи-саавка.
Да зинит, ќе те гълтнит.
Да зинит, ќе те измъмит.
Да знаеш ка се прди пред оџова кашча.
Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
Да знъјш не е марифет, марифет е да умејш.
Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан.
Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата.
Да има црна овца касмет, та и јас да сам касметлија.
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види.
Да имам касмет, неќе владиката да ми ебе жената.
Да имаш два гъза, та еднјот да го рашчиниш.
Да имаш не е марифет, марифет е да знъјш да чуваш.
Да имаше баба мустаќи, не ќе предеше.
Да имаше брашно и мас, и баба ќе посучеше преснеѕ.
Да имаше сиромајот к'смет, не ќе беше сиромав.
Да лижнеш, па ќе ти е арам на душата.
Да лижнеш, па ќе ти е ногу.
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот.
Да ми е жив соколон, еребици доста.
Да ми е овој ум, а она младост.
Да ми е село весело, фурката да си допреда.
Да може сека муа да бере мед бумбаро највеќе ќе собере.
Да може секоа муа мед да бере, бумбаро ќе збере највеќе.
Да му ги извајш очине, пак ќе прогљат.
Да му е жив калемот!
Да му е жив на мъжа ми калемот.
Да му паднит носон, не се навеждат да си го зејт.
Да му речет: Летат магаре, тој ќе излезит да го видит.
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
Да му цутит јъзикот.
Да не бегаа жените, а момите нека одат.
Да не би било не би се думало.
Да не го знъјш, скъпо би го платил.
Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е.
Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.
Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже.
Да не зинит, та да не те измъмит.
Да не му беше носон, трева ќе пасеше.
Да не не носат светот од пазар на пазар.
Да не речат за кучето дека е бесно, и да не е ќе побеснее.
Да не ти врнит на свадбата.
Да не чуете лага.
Да не чујат лошото.
Да немаше темница не ќе ни беше мила светлината.
Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава.
Да немаше темница, не ќе ни беше мила светлината.
Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит.
Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
Да прашаш не е грешно, ако луташ е смешно.
Да прднам, ќе умриш.
Да растураш е лесно, ама да направиш е тешко.
Да сам ошче еднаш невеста, знам ка да се кланам.
Да се баре, не ќе се наје.
Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е.
Да се живи живите да ги споменвет умрените.
Да се живи предните зъби.
Да се нает за какан-ден.
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
Да се чуа чоек од лошо дури не му дошло.
Да се чудиш и да се древиш.
Да си клајш убетка на уше.
Да си мирно седело, не би чудо видело.
Да сме живи и здрави па...(се ќе биде).
Да сме живи, да видиме.
Да сте кучки триста бачии ќе браните.
Да сте кучќи, триста бачии ќе браните.
Да сум в рај, макар и на крај.
Да сум паша, ако со опинци.
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
Да те ритне ат, да не те е јад, а оно магаре.
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Да ти е алал на граот.
Да ти е арам лебот шчо го јајш.
Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам.
Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
Да ти е жив коњот.
Да ти имам младоста, (а) да ти немам срцето.
Да ти ја имам младоста, да не ти го имам срцето.
Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град.
Да ти неје уд око!- се вели кога некој ќе се поправи.
Да фатит вол з' опашка, ќе му останит опашката в ръце.
Давај с раце, зимај с нозе.
Давај си на царо даноко и на попо колако.
Давај со раце, барај со нозе.
Давала баба пара да се фане, две давала да се пушчи.
Дават ле ти зимај, гонат ле те бегај.
Дават ли ти - зиме, гонат ле те, беге.
Дават скржаиот една маслинка да земит мев масло.
Давенико и за сламката се фашча.
Давенико и сенќата лови.
Давеникот се фаќа за сламка
Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
Дадена ръка, спасена душа.
Дај Боже, да сме сите во рај, да ако сме на крај.
Дај вересија, ама на мразо пиши ја.
Дај ми ги очите да те видам.
Дај ми ги очите да те водам.
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
Дај милостина за греоите да ти се простат.
Дај милостина лебец и чаша студена водица, за поеќе греои да ти се простат.
Дај му влас да му видиш ак'ло.
Дај му власт на човека, па ќе видиш каков е.
Дај му милостиња на сиромав, ако е сакат.
Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец.
Дај му на будалата стап, за да ти е скршит глата.
Дај му на жена узда, ако сакаш да ти запусти куќата.
Дај му на коњо зоб и сено за да ти носи тоарот.
Дај му на магарето зоб, да ти носи самаре.
Дај му на пијаница милостиња за да се бие шега.
Дај му на слеп очи, и пак да и неќи.
Дај му на човек власт и ќе видиш колку вреди.
Дај му пари, а не ак'л.
Дај на Еѓупка, за да ти се истаи од врата.
Дај на питач, на бога му даш.
Дај на поп, а не сакај.
Дај на сиромав милостиња и не чекај да ти ја враќа.
Дај на Циганката, да ти бега од вратата.
Дај нож да се закољам.
Дај садака, на господа заем му даш.
Дај си мажу жената ти оди во трњето.
Дај си нивата наполу — зиме на третјо.
Дај си, мажу, жената, да ти барај друга.
Дај со раце, барај со ноѕе.
Дај сос раце — тере сос нозе.
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
Далеку од очите, далеку од срцето.
Далеку оди, ама и за дома мисли.
Дан ти се уборит бисерот.
Даруј на Еѓупка леб, ако сакаш да те вати некој грев.
Даруш магаруш и не даруш па магаруш.
Даскалска гла — празна.
Два гроша — петел, три гроша — крчма.
Два гъза в едно рало гашчи.
Два дни во зиме браќа не сет.
Два душмана лежет в една постеља.
Два зајака с еден патрон не прават.
Два камена лути не мелат брашно.
Два камења љути не мелат брашно.
Два камења љути не мељат брашно.
Два камна лути не мелат брашно.
Два карпуза под една мишка не се носет.
Два ќотега се карет, ама не и два ручега.
Два лешника еден орев го кршат.
Два лешника еден орев надвивјет.
Два љути камена брашно не мелет.
Два пати мери еднаш сечи.
Два пати помисли еднас кажи.
Два пати помисли, еднаш прозбори.
Два пати речи оп па скокни.
Два петла на едно буниште не можат да пеат.
Два петла на едно бунишче не пејет.
Два петла на едно лајно не клофаа.
Два ручега не се карет, а два ќотега.
Двајца без душа, третјот без гла.
Двајца голи на бања и прилега.
Двајца кога се караат, кој поеќе викат, нему правото му го дават.
Двамина аги в една постела не може.
Двапати мери, еднаш сечи.
Двапъти в стъпица не падинат лисица.
Двапъти водејнци се зборвит.
Двапъти водејнци, трипъти ваљајци се кажвит.
Двапъти мери, еднош сечи.
Двапъти по очите, еднош по носот, образ и немат.
Двапъти удри еднош број.
Дваш магаре на дрва и има време да се истркала.
Дваш помисли — еднаш сечи.
Дваш се човек не излаже.
Две глави секогаш мислат подобро од една.
Две гнезда една квачка не може да квачи
Две гнезда една квачка не може да квачи.
Две добра на една перница не лежет.
Две жени води без гашчи оди.
Две жени пазар, три жени панаѓир.
Две и две секугаш не са четири.
Две и две четири праат.
Две кучиња на едно копанче не јадет.
Две лубеници под една мишка не се носат.
Две нозе во еден чевел не влегуваат.
Две раце една уста ранат.
Две раце за една глава.
Две раце за една уста.
Две риби на една скара се печеле и една на другата не си вервеле.
Две риби на една скара се печет.
Две риби се пекли на еден оѓин — една друга не си верували.
Две ръце една уста ранет.
Две умирања нема, без едно не се може.
Двесте овчички, двесте сълзички, триста пенушки, триста песмички.
Двете ноѕе в еден опинок.
Двете се поеќе, а едното е помалку.
Двујца се пречкаа, третие добива.
Дебела кокошка јајца не носит.
Девеесет и девет умој слушај, пак на својот остани.
Девет варени и девет печени изедов и пак арно не се најадов.
Девет вели, десет не вели.
Девет сина за фаљба, еден за рана.
Деветпъти мери, еднош крој.
Девојката млада се љуби, после и нада губи.
Дедо води баба, оти не му даваа млада.
Дека акшам — там сабам.
Дека гарван грака, петел не пое.
Дека го не сееш, там ничи.
Дека го не тераш, там ќе го најдеш.
Дека дим, тамо свадба.
Дека дум — тамо кум.
Дека дума не помага и тојага не помага.
Дека е едно, оно е без дно.
Дека е едно, оно е двамина.
Дека е мајсторо, чирако не е.
Дека е медот благ, тики прстите да си изееме?
Дека е нишката тенка, тамо се преќинува.
Дека е одила козата и јарето ќе оди.
Дека е скакала козата, там ќе скака и јарето.
Дека е текла водата, па ќе тече.
Дека е тенко таму се кине.
Дека жената повела, там кокошка пое.
Дека има квачка тамо има и пилиња.
Дека има ногу ерѓење дрва цепени нема.
Дека има ногу ерѓење, дрва цапени не тере.
Дека има ногу моми, вода не тере.
Дека има слога, има и бога.
Дека јали и пили, там в'пите вили.
Дека кокошка пое, там арно не тере.
Дека ќе умрам, да векот не ќе го сотрам.
Дека нема слога, нема ни бога.
Дека пое балтија, не расте корија.
Дека се е тресло, па ќе се тресе.
Дека се окучило, там се и научило.
Дека се убаво јадење спрема, за маже и место нема.
Дека сеал, там и жнал.
Дека село плувне, там река тече.
Дека сите Турци одат, там и гол Асан.
Дека старио вол потргне, младие не може.
Дека сум црн, да не сум Арап.
Дека сум црн, да не сум Еѓуптин.
Дека сум црн, не сум биол.
Дека те срби, друг не може да те почеше.
Дека шиеш, там се провирам.
Делени круши, спокојни зъби.
Дело на видело и секој ќе верува.
Дељми ми цојса коњот, сега и трева до колена нека растит ако сакат.
Дељми си магаре, самари ќе се нает.
Ден до ден, ноќ до ноќ, поблизу чоекот до гроб.
Ден и комат.
Ден и нож.
Ден орање — година јадење.
Ден работи, ден седи, не треба чоек да праи.
Денеска бил богат, утре осиромашел.
Денеска бил жив, утре си умрел.
Денеска бил сиромав, утре обогател.
Денеска везир, утре резиљ.
Денеска гълтај, утре џвакај.
Денеска за денеска.
Денеска о-хо-хо, утре ох и ох.
Денеска ов, ов, утре в гроб.
Денеска свирам, утре глас ќе се чуе.
Денеска сме, утре не сме.
Денеска со пари утре без пари.
Денеска со пари, утре вересија.
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори.
Денешната работа не остај ја за утре.
Дено се од ѕаранта познава.
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера.
Дено што носи годината не носи.
Деновето си минат като сос крила.
Денот по утрото се познат.
Денот се познава по утрото.
Денот треба да го купиме, та да живејме.
Денот што донесуат, годината не носит.
Дења измиќар — ношја господар.
Деребан, доробан калеми ѓирмес.
Дери газ — крпи образ.
Дери го, печи го, па си е тај.
Десет јајца таман манџа.
Десетпъти срквите, попара не прајте.
Дете ако не плачи, маќа му го не тера.
Дете брго се лути и брго ќе се одлути.
Дете во мајка се тресит. (Многу страв).
Дете да милуаш поеќе со срце, од што со лице.
Дете дури е помало, е помило.
Дете знае и две и двесте.
Дете мало ет како кучето и мачето.
Дете не сум, да ќе плачам.
Дете поризливо секому му е мило.
Дете при машчаа и народ под друга држава потиснен.
Дете смеа не знаи, та затоа за ништо се лути.
Детео се научува да оди от куга почне да пада.
Детето дури е мало, е безгрешно.
Детето и милувај го, ама и потепнувај го.
Детето и милуј го и негде накажуј го.
Детето кога вели кaкa, кaка, и ќе се покака.
Детето куга се роди, името треба да му се тури.
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно.
Детето нека ти е мило на срцето, та и да не е на устата.
Детето повеќе милуве го сос раце отколку сос лице.
Детето се тепа пред да оди на вода.
Детето се чува додека е малечко.
Детето со многу татковци без капа оди.
Децата гајле не берат, затоа и брго растат.
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите.
Децата е поарно да ти се мили на срцето од шчо на устата.
Децата јъже на гуша ти клавет.
Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат.
Децата напрајле, татковците ќе тргаат.
Децата поеќе ја милуаат играчката од јадачката.
Децата са като роса: сега и има, сега и нема.
Децата се дар од Бога на татка си и на мајка си.
Децата се ко роса: сега ги имат, сега ги немат.
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка.
Диви волци виеја кај што вино пиеја.
Диви волци виеја кај што пијаници играа.
Диви волци виеја кај што свадба праеја.
Дигнал глава като бивол в просо.
Дин-душман не биди на брата ти.
Длабоките мисли немаат дно.
Длабоките реки тивко течат.
Дни ко црви, сати ко плева.
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.
Дните врват и нам ни се кусат.
Дните му са набрујани.
Дните не ќе се сосаат, а ние ќе се сосаме.
Дните откоа се создал векот, се тие сет.
Дните праат годиње.
Дните се праат од декики.
Дните си врват како вода.
Дните си летаат како со крила.
Дните си летаат како стрела.
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама.
До Богоројца праој, од Богоројца калој.
До ке одит вълче, се камен го тълчит.
До ке шчо ојт врана, се е пострано.
До очи радост, до зъби сладост.
До очи — свет, до заби — старост.
До св. Дув не оди без кожув.
Добар ко добар ден.
Добрата жена куќата отвора, а лошата - за твора.
Добрата работа сама се пофалуа.
Добрата работа чоека обогатуа.
Добрата реч оит надалеку, а лошата уште понадалеку.
Добре дошла, неољо, ако си сама дошла.
Добри јунаци — добри коње вјааа.
Добри пријатели од браќа се помили.
Добри пријатели тесно помеѓу себе врзани.
Добри пријатели, ама и добри есапи треба да имаат.
Добри пријателје и од братја са помили.
Добрината брго се забораа, а лошотијата не се забораа.
Добрината со добрина се враќа.
Добрината со добрина се плаќа.
Добрио владика за светец сам не се слага.
Добрио владика и поп црква проповедуа.
Добрио владика на сиромаси помага.
Добрио владика народот со двете очи го гледат.
Добрио владика не гледа од народот пари да граба.
Добрио владика не се големеит в црква.
Добрио владика откоа ќе умрит, ќе се паметуат.
Добрио лаф железни врати отворва.
Добриот глас надалеку се слуша.
Добриот другар во неволја се познава.
Добриот збор, железна врата отвора.
Добрите луѓе се неќат од лошите, така и лошите од добрите.
Добро веднаш не иди, а лошо иди.
Добро вечер свекрво, дали праеш макало. Макало е каша која се прави од брашно
Добро утро му реков, беља си најдов.
Добро утро! — Фашчам рипчиња!
Доброто лесно се заборавјат, а лошото никогаш.
Доброто се дели като зејтине вов вода.
Доброто со пари не се плашчат.
Договор куќа не уриват.
Додака те не подлази чужџа вошка, нема да се почешеш.
Додека детето не заплаче, маќа му не го дига.
Додека дое пашата, одева ти душата.
Додека думаш, до там знај.
Додека душа к'ца, ќе гнета.
Додека е млад, оди сос две, после сос три и на крае сос четири.
Додека е млад, секуј го иска, остаре ле, нико го неќе.
Додека има брашно, не е страшно.
Додека има гуски, ќе има и подварок.
Додека има сол, за кат'к нема да умреме.
Додека кучката не дигае опашката, кучињата не трчат по неа.
Додека кучката не дигне опашката кучињата не трчат по неа.
Додека не го видиш дрвото, не седнуве под него.
Додека не дувни ветро, лисјата не паднуваат.
Додека не лишнеш, нема да засмрди.
Додека не паднеш, не можеш да станеш.
Додека не рипнеш, не вике оп.
Додека не строшиш орео, не мож да изадеш јатката.
Додека си жив, да си здрав, та ако си сиромах.
Додека те не заболи, не викаш: ох.
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш.
Дож врнало, грмело, ти оди си по пате.
Дож врне, друм врви.
Доигра орото, се шчина гајдата.
Дојде Алија в џамија.
Дојде гос, расипа пос.
Дојде коса до камен.
Дојде коса до камена: ја косата ќе се крши, ја камено ќе се кршит.
Дојде ле косење, дојде и пички просење.
Дојде ли Митроен, чекај си Ѓурѓевден.
Дојде му умо, куга си ојде кумо.
Дојде Танас, дојде лето у нас.
Дојди, бре зло, оти без тебе уште позло.
Дојдоа дивите ги нападија питомите.
Дојдоа дивите, искараа питомите.
Дојдое дивите, ги истерае питомите.
Доќина ѓаволо опинците.
Дома и стреите помагаат.
Дома кукла надвор панукла е. (Лицемер).
Дома панукла, надвор кукла.
Дома седам, ама Стамбол шетам.
Домазет — црн гал.
Домаќинката го носит домаќинот на лицето.
Домаќинката се познат по лицето на домаќинот.
Домаќинот је носит домаќинката, а таја него.
Домашарско куче овци не чува.
Домашние есап не излази на пазаре.
Домашниот есап на пазар не излегува.
Домашниот есап чаршија не излегвит.
Домашното куче овци не паси.
Домозет е црн гарван.
Домозет, борчлија и трескалија не мож да и познаеш кој шчо е.
Донеси му на попо пагуро за да даит блаосоот.
Досега ручал и тој шчо ги загинал сите кози.
Досољникот на софра, пресољникот по плешчи.
Доцкна женидба, рани сираци.
Доцна е да стегаш откоа ќе немаш.
Дочекуве по капата, испрашче по ак'ло.
Дошла краста при шуга.
Дошло време да се рои пчелата, ќе излева од кошарот.
Дошло му е јајцето на газо.
Дошло си од туѓина, сакат да му платат киријата.
Дошол акот на стопанот.
Дошол гост на гола кост.
Дошол гост, расипал пост.
Дошол гробу на врата, и пак од лошо не се остаат.
Дошол невикан, отишол напран.
Дошол нож до коска.
Драм памет вреди, него ока сила.
Дрва што берат, непара се обогатуат.
Дрвен господ секој оправува.
Дрвената маша оган не носи.
Дрвјата растат на земјава за доброто на чоештината.
Дрво се вие додека е зелено.
Дрво се потпира на дрво, а човек на човек.
Дрвото дури е зелено се виет.
Дреми како млада невеста.
Дрено се витка дури е зелен.
Дрео и камен да седит, тој не седит.
Дрео на дрео се накрепвит, а чвек на чвека.
Дреоно се виткат дури е младо.
Дреото од рај излегло.
Држ' пријатело чесно и верно за да не го изгубиш брго.
Држ'ми копилето, да се посмеам на ороспијата.
Држи се да не падниш.
Држи се дури не си паднат.
Држи се за новите пътишча и старите пријатели.
Држи се като слепец за тојага.
Држи си го в р'ъка, да не ти е мъка.
Дрндест гъз, крвав нос.
Дрнкало ле е ралото, и српо ќе дрнка.
Друг збира стока со мака, друг ќе јади без мака.
Друг збира, друг ќе јадит што не спечалил.
Друг зина, друг се причести.
Друг јади јагуридата, друг тргат оскомината.
Друг јајцата и изеде, другему останаа лупешките.
Друг сади дрвото, друг јади плодо.
Другему било како било, мене ми се збило.
Други ги пасит овците, други је стрижит вълната.
Други јајт сливи, други фашчат оскомина.
Други ти кројт капа.
Друго време, други ум.
Друго кројат глувците, друго мачорот.
Друго мисли кираџијата, друго анџијата.
Друго мислит, друго ти зборуат.
Дружба си е дружба, служба си е служба.
Дуват и на мъшчејнцата.
Дувни си и плукни си пазуа за да немаш пијаница в куќа.
Дуј, не ломоти.
Дуќан на ќоше не збира муштерии, ами ќошето збира.
Дуќанот сакат скршена нога.
Дума дупка не отвара.
Дума дупка не прави, ама ритканица прави.
Дума дупка не прави.
Думам ти, сине — сети се зете.
Думам, ти, шчерко — сети се снао.
Думичка дума ствара.
Дупит, та врвит.
Дупната торба никогаш не се пълнит.
Дупни дупче, клај коренче, скокни, мокни, повади го.
Дур идеш до пашата, одева ти душата.
Дури да бидит есенеска, нека бидит денеска.
Дури да му дојт на богатиот ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата.
Дури да речиш круша другиот ја чукнал.
Дури да речиш ќиселина, речи мед.
Дури да се страмам одоѕади, поарно да се страмам оцпреди.
Дури да се умат умните палајте ќе го поминат векот.
Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот.
Дури е здрав чвек и водата му е блага.
Дури е млада жената, пули је се во ноѕете и во гръдите, ко ќе остарит, пули је се во ръцете.
Дури е младо детето, се учи.
Дури е младо дрвото се вие.
Дури е чоеко жив, барем да е здрав, да ако е и троа сиромав.
Дури еднему не му се стемнит, другему не му се разденвит.
Дури и лајната во гъзот му варет.
Дури има волој, ќе има и јареми.
Дури имат волој, ќе имат и јареми.
Дури имат коњи, ќе имат и амути.
Дури имат магариња, ќе имат и самари.
Дури ја имаш парата стискај ја.
Дури не видиш реката, не собуај гаќите.
Дури не викнале по песо дујда, да веднаш ќе си свие в газ опашката и ќе бега.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
Дури не врлиш во нива семе, не никнуа, а за трње си растат несеани.
Дури не врлиш рипче, не наоѓаш крапче.
Дури не даиш девет, не земаш десет.
Дури не заплачит детено, мајка му не му дат да цицат.
Дури не и згазиш на змијата на опашката, не те клукнуа за ногата.
Дури не ја стапниш змијата на опашката не те каснува.
Дури не је кренит кучкана опашката, не трчет кучиња по неја.
Дури не је опериш мечката, не продај је кожата.
Дури не къснит рисјанин лајна, Турчин не късвит алва.
Дури не мрдни кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа.
Дури не мрдни кучката со опашката, не трчаат кучињата по неја.
Дури не мрднит кучката со опашката , не трчаат кучињата по неа.
Дури не му дојди времето, не пукнуат грнето.
Дури не плачи детето, не му даат мајка му цицето.
Дури не посеиш, нема што да жниеш.
Дури не прдниш, не посмрдвит.
Дури не пукнит, не се слушат.
Дури не речиш едно две не се велат.
Дури не се излажиш, не можиш да се научиш.
Дури не се изматит водата, не се ваќат риби многу.
Дури не се истушит, не се празнит,
Дури не се ишчинит, не се крпит.
Дури не се намъчиш, не се најадвиш.
Дури не се расипит, не се прајт.
Дури не те полазит чужџа вошка, немаш свој.
Дури не ти се посерит чужно куче во ќесето, не се прајш богат.
Дури се думет умните, будалите си го врвет веков.
Дури си мал, оди на даскал.
Дури сме живи, се пари сме.
Дури срце не заболит, око не заплаквит.
Дури сум жив и здрав, се пари сум.
Дури те честат светот, чести се и ти.
Дури те честат, чести се.
Дури чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
Духна ле му под опашката.
Душа нека строи ки да здраве, ако не за дан а оно утре.
Душа носиме, душа не поелвиме.
Душа од мрша лесно не се делит.
Душата во носот си је носит.
Душата да му излезит чоеку, лошо име да не му излезит - окото да му излезит чоеку лошо име да не му
Душата ѕвонец не носит.
Дълга болест полоша од смрт.
Дългокоси — кусоумни.
Ѓаволо ќине гашчите.
Ѓаволо ни оре ни копа, ни работа си има.
Ѓаволо се посира и в новите гашчи.
Ѓаволо си немал работа па си ебе децата.
Ѓаволо стига насекаде.
Ѓаволот е многу јак, шета по ден и мрак.
Ѓаволот не се смее, ниту сонце кога грее.
Ѓаволот ни ора ни копа, каде ќе стаса таму ропа.
Ѓаволот ниту ора ниту копа.
Ѓаволот пријател нема, ако се добериш друго ти спрема.
Ѓаконот е верски слуга, не оди во црква туѓа.
Ѓаолот во трска го затворат итриот.
Ѓаолот и во чоек се препраат коа да сакат.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, ја нишат вратата.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, правит влакна.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, си и перит децата.
Ѓаолот не спијат.
Ѓаолот ни ора ни копа со луѓето џумбуш прави.
Ѓаолот ни орат ни копат.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само гљат пакост да ти напрајт.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само и учи луѓето да се неќат.
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит.
Ѓаолот од темјан бегат, затоа в црква кадат.
Ѓаолот се сакал да бидит, само чирак и војник не.
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат.
Ѓаолската кожа и за тъпан не чинит.
Ѓаури глата кренале.
Ѓаурска пушка не пукат.
Ѓаурска сабја не сечит.
Ѓаурски глај како тикви.
Ѓон имат на образон.
Ебењето у газ и двајцата ги боли.
Евангелието кој го слушат и го веруат, тој се спасуат.
Евангелието кој не го слуша, нема добра душа.
Еве је татко в торба, се најде украдената капа.
Евтините круши многу се поскапи.
Евтините круши са ногу поскапи.
Евтиното месо ни кучиња не го јадет.
Ега се посереш од варена лешча.
Ега си дома не умреме да си плашим децата.
Ега си клекав на ѕадните нозе.
Ега те главна р'гне та да светиш като камион.
Ега те с борна терам.
Еден ак'л за дека да е понапред.
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
Еден в клинец, друг в плоча.
Еден вълк на едно стадо му е доста.
Еден гљат клечка, а другиот мечка.
Еден го бијат тъпанот, други ги собират парите.
Еден гроб е и за богат и за сиромав.
Еден дирек две кшти не може да допира.
Еден драм милос да има чоеко, одошто ока алт'ни да дават в црква.
Еден дробит, други сркат.
Еден душа бере, друг кур топори.
Еден е Аџе шчо го држит султан Амида под гъз.
Еден за душа, друг за гуша.
Еден за сите, сите за еден.
Еден знае едно, друг друго.
Еден јајт ќисело, други фашчат оскомина.
Еден је сакат попаѓата, други попската ќерка.
Еден јъзик, а две очи чвек имат.
Еден јъзик, а две уши чвек имат.
Еден комита, двајца шпиони.
Еден мажи, друг жени.
Еден мајката ја милуа, друг ќерката.
Еден по пътот, други крај пътот.
Еден по пътот, другиот в трње.
Еден прајт, мноѕина тргет.
Еден работи — ногу јадат.
Еден свадба, друг брадва.
Еден се родил да сејт, а други да пејт.
Еден си е памет — дали за зиме или за лете.
Еден син да има чоек и прокопсан, вредит за десет.
Еден тупа тапане, друг собира брашното.
Еден ум имам: дали за лете, дали за зиме.
Еден ум чвек имат.
Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме.
Еден умира, друт го навира.
Еден чвек не мојт се да знъјт.
Еден чоек плачит, а друг се радуа.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Една беља да е, со шеќер да је јајш.
Една беља не е беља, сто бели се беља.
Една врана ќе дрисне, се ќе посере.
Една гла две капи не носит.
Една гла — една капа.
Една гла — една шија.
Една гора се дига, друга се слага.
Една грешка — вечна мака.
Една душа што ќе излегуат утре, нека излезит денеска.
Една душичка опште стое - кога некој многу ќе се разболи.
Една камбана за две села не чука.
Една кашча не прави село.
Една краста коза цело стадо ќе го окрастајт.
Една ластовица не прави пролет.
Една ластовичка не ја чини пролетта.
Една ластојца не прајт пролет.
Една лоставица не чини пролет.
Една нула — една кула.
Една овца не бива бачија.
Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеит волкот.
Една пара работа му свршил, а сто гроша штета му сторил.
Една пара — мала стока, а за голема дужбина.
Една прачка лесно се крши, ногу прачки не се кршат.
Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно.
Една суроица една кола грнци искршуат.
Една та вредна, ногу та ништо.
Една уста, а две ръце чвек имат.
Една уста, аљ' за смеење, аљ' за плачење.
Една штета сто гревови.
Едната нога за земја, другата на узенгија. (Се готви за на туѓина).
Едната рака другата ја мие, а обете лицето.
Едната ръка је мијат другата, а двете лицето.
Едната ръка је мијат другата, за да се и двете бели.
Едната ръка је мијат другата.
Еднаш излажи — повеќе не требе.
Еднаш ќорав од брег рипа.
Еднаш прогоори, дваш слушни.
Еднаш се водата одбива.
Еднаш се пиле на рамо ставува.
Еднаш се раѓа, еднаш умира чоек.
Еднаш се ражџа — еднаш се умира.
Еднаш се сее — еднаш се жние.
Еднаш се уврат растура.
Еднаш човек излаже.
Еднему мајка, а другему маштеа не биди.
Еднему мајка, другему мъшчја.
Еднему со лајца, другему со пајнца.
Еднему татко, другему очув не биди.
Едни луѓе збеснеле од јадење и од пиење.
Едни луѓе остареле и пак не се одлошиле.
Едни неќаат да работат, ами сакаат да се обогатат.
Едни очи, аљ' за радвење, аљ' за плачење.
Едни плачет, други се смејет.
Еднио едно рекол, друг друго — и се погодиле.
Еднио едно, рекол и другио илјадо и се погодиле.
Еднио умира од глад, а другио го прашал што ручал.
Едниот в клинецот, другиот в плочата.
Едниот викат, другиот не слушат. (Лошо извршена работа).
Едниот го бараш, другиот го нема.
Едниот ќор, а другјот слеп.
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види.
Едно дете — не е дете.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот.
Едно зло никогаш не доаѓа само.
Едно кроат глувците, а друго мачќите.
Едно магаре брезо не е.
Едно магаре вода не знъјт да напијат.
Едно магаре на сто в'ци нишчо не е.
Едно мислет глуфците, а друго мачката.
Едно мисли — друго прави.
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
Едно мислит, друго зборвит.
Едно на срце, а друго на јъзик.
Едно на срце, а друго на лице.
Едно на срцето — друго на јазико.
Едно на срцето, друго на јазикот.
Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик.
Едно на ум, друго на срце.
Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста.
Едно око домакинско свршвит појќе работа, отколку два ръце измеќарски.
Едно око, едно кале. (Многу красна мома или жена).
Едно прсте — едно газе.
Едно сери, друго бери.
Едно чвек кројт, друго господ прајт.
Еднош се зафашчат.
Еднош се умират.
Еднош чвек се рожџат, еднош умират.
Еднош чвек се рожџат.
Еѓупка не белејт.
Еѓупката и царица да бидит, пак ќе просит.
Еѓупката је клале царица, а таја ќинисала да питат.
Еѓупката не умрела од шегата.
Еѓупката си го носи детето в торба.
Еѓупката со стапо ја рани куќата.
Еѓупката страм нема, затоа си пита.
Еѓупска сила, трње вршила.
Еѓупска торба без дно.
Еѓуптино и маша да има, па огно со рака го ваќа, на лулето да клава.
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: Шчо ќе прам за леб?
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
Еѓуптинот кога имат пекмез, не заспивјат дури не го изејт.
Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит.
Еѓуптинот не умира за јадење, оти ако не му донесит Еѓупката, тој сам ќе си пропитат.
Еѓуптинот под черга лежит, а Еѓупката по село пита.
Еѓуптинот стока не збира, оти парите си и пие на меана.
Еѓупците и пари да имаат, пак чес немаат, оти сами не се честат.
Еѓупците кога имаат пари, цел ден си пијат по меани.
Еѓупшчината е без пари.
Ее, душа не излеве сус кулај.
Ежоа трева мнозина бараат за азно да отворат.
Ежут гу тержт уф копринжте, он беѓе ф капинжта.
Езеро со лопата не се лејт.
Езероно млеко да се сторит, за него ќе немат олџица.
Езико коски нема, ама коски крши.
Еќим душа не дава, ама болние полесно оздравува.
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.
Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше.
Ела зло без тебе дабетер.
Ела зло, зашчо без тебе ушче позло.
Ела лебу, да те јадам.
Еле сме си ние, лесно е.
Ем ага, ем чалма не бива.
Ем боли, ем срби.
Ем волкот сит, ем овците на број.
Ем врзан — ем сопнен.
Ем втесен, ем бесен.
Ем гол, ем зол.
Ем крив, ем див.
Ем криво, ем ритливо.
Ем курвува, ем џуап дава.
Ем му се иска, ем не му стиска.
Ем не можи, ем не оди.
Ем некадро, ем немадро.
Ем стрижена, ем бричена.
Ем трчи, ем фрчи.
Ем фтесин, ем бесин.
Ем шуто, ем бодливо.
Ем шуто, ем буцат.
енулка — црнулка.
Ер шчо да зафатиш помисли каков ќе му бидит крајот.
Ергенл'к везирл'к.
Ерѓен везир, женат резиљ.
Есап вижџање — половин плашчање.
Есап китап — торба и стап.
Есап па касап.
Есап прво стори, да после касап.
Есап, касап, торба и стап.
Есен богата, зима рогата.
Ето ја сабјата, ето го наквалното.
Етрва на етрва зелен венец не вие.
Ефтиното месо и кучињата не го јадат.Жаба на суо не крекат.
Ефтиното месо ни пцетата с масло го неќат.
Жeната моја детето туѓо.
Жаба да се помочат не се излегвит од кал. (Местото многу е кално).
Жаба на суво не кркат.
Жаба на суво не крчит. (Без поткуп не го бива).
Жаба не е риба.
Жабата видела како коват, и она си подала ногата.
Жабине се плашет од шчркој, а женине од старост.
Жабите се плашат и од зајаците.
Жаден кон вода не пробира.
Жаден коњ матна вода не гледа.
Жал и радос од кај му се раѓа на чоекот, никој уште не знаит.
Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат.
Жалта, радоста се познаа во лицето од чоеко.
Жар на меот да си клајш, пак не те вервам.
Жеден коњ матна вода не гледа.
Жеден коњ мътна вода не одбират.
Жеден преку вода те (го) поминал.
Жеден преку вода те поминал.
Жедна магарица извор вода сонува.
Жедна мечка и роса лижит.
Желба греа нема.
Железоно се којт дури е џешко.
Железото дури е топло, се чукат.
Железото железо трие, а збороите умо.
Железото и дрво и камен сечит, ама и него 'рѓата го јадит.
Железото се кове додека е жешко.
Железото се чука додека е вруќо.
Жена ако а не биеш, ќе ти се качи на врато.
Жена без маж и маж без жена — за кауѓери и прилега.
Жена вера немат.
Жена години и мъж пари никојпът не кажвет.
Жена долгокоса плиткоума.
Жена доугокоса, краткоумна е.
Жена е зло без кое не се може.
Жена и змија едно се.
Жена и змија не се за вервање.
Жена и мачка едно се: ти је мазниш, та ќе те драпнит.
Жена и мачка мъчно умирет.
Жена и мачка се со по девет души.
Жена и пушка другему не се давет.
Жена и свиња од село не зимај.
Жена кавгаџија прилега на змија лутица.
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа.
Жена лоша — вечна мака.
Жена миразлика дека иска мажо ќе си го води.
Жена млада и вино старо земај.
Жена мрзелива мезе на вошките бидуа.
Жена му му је носит капата.
Жена недугаа оди расплетена.
Жена пијана ет како улаа свиња.
Жена по модата и маж по водата.
Жена прокопсана куќата ја отворат.
Жена работница ноќе је свети куќата.
Жена работница одит засукана.
Жена синор нема.
Жена со пари се купуа, ама по селата.
Жена сос пари не се купува.
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.
Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.
Жена што лиже тис не лижеш.
Жена што се боит од Бога секој ја милуа.
Жена што шета по комши, дома здрава не си иди.
Жена, коњ, пушка — не се даат на туѓа рака.
Жената - рај, жената - пекол.
Жената го носит мъжот на лицето, а мъжот жената на рутишчата.
Жената го прајт мъжот и домаќин и недомаќин.
Жената е како патка, трајт и на студено.
Жената е како тирен чараб — се тегнит.
Жената е ко врба — ке да је посадиш, таму растит.
Жената е ноќно кукајче.
Жената е ношен даскал.
Жената е рај за мажот ко ќе је арна.
Жената Ева сопрво згреши, а после мажо.
Жената ет долгокоса, а краткоума.
Жената знъјт за дај мъжу, а не за дај боже.
Жената има девеесет и девет дупки, а иска сто три полупки.
Жената имат за секого пълна торба сълзи.
Жената колку е блага, толку е горчлива.
Жената му вели на мажа си донеси, да кај сака нека си најдит.
Жената не го кажвит само то шчо не го знъјт, а од то шчо знъјт само годињето.
Жената не е цвеќе да го помирисаш, за да знъјш какво е.
Жената од Бога е блаосоена да му бидит на мажо помошница.
Жената се смејт ко ќе мојт, а плачит ко ќе сакат.
Жената што шета по комшии дома здрава не си оди.
Жената — рај, жената — пекол.
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.
Жени се млад, рано е; жени се стар, доцкна е.
Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати.
Женило — црнило.
Жените в црква вреват, а мажите муабет си чинат.
Жените во полки кадифени, а мажите во сенети борчлии потпишани.
Жените му баат на болните, ама и му пеат со попоите.
Жените непара се благодарни од мажите.
Жените одат на бања, ако мажите му лежат апсаана.
Жените поеќе од мажите и веруаат маѓиите.
Жените проносија шаторчина, а на мажите му излегло перчето низ капата.
Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата.
Жените се плачат од мажите, а мажите од жените.
Жените сега и повелаат мажите и си играат со нив како мачките со глувците.
Жените сет пофодули од мажите.
Жените си стојат по портите во празниците, а мажите му си пијат по меаните.
Жените сиромашки се облекле во кондури сан'клии, ако се со борч од кондураџии се купени.
Жените со ластики, мажите без парички.
Жените со пари си ги купуаат мажите, ама во градоите.
Жените со ф'стањето копринени, мажите со бечвите искинати.
Женичка душичка.
Женски гроб немат в поле.
Женските сълзи се солени.
Женско куга се роди и стреите плача.
Женско срце — тирен чораб, се ширит.
Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои.
Женцките ѓаолштини и ѓаоло не и знаи сите.За брада е мака, а за чешли колку ти душа сака.
Женцките ѓаолштини и ѓаолот не ги знаи сите.
Жетвар без срп не бива.
Жетвар без срп не може да биди.
Жив в земи не се влегвит.
Жив во земја не се влегува.
Жив земја влази ле се?
Жив та клет.
Жива душа без грех не оди.
Живеет ко золва и сна.
Живеет ко куче и маче.
Живеет ко сна и свекрва.
Живејт ко бубрег во лој.
Живејт ко гајдаџија.
Живејт ко зъјак в трње.
Живејт ко куче под стрја.
Живејт ко пците на Василица.
Живејт ко скрежец.
Живејт колку да имат љуѓе на веков.
Живот и здравје и добра мисла кога да има у чоека, не му треба многу стока.
Живот по сосила. (Мачно живее от болест или од бедност).
Живот со пари не се купуат, оти дар од Бога се дават.
Животот од чоека ет помил од стоката.
Жиот без стега не е жиот.
Жиотот му го гљат, мъката не му је гљат.
Жито без гадл'к не бива.
Жито се мелит, брашно не падинат.
Житото на снопо дооди.
Житото пукнало од просото.
За алкот мрсуљ, за мене сокол.
За арап се омажив.
За арчење пари колај, ама за печалење е тешко.
За атар и печена кокошка се јајт.
За атар лајна не се јадет.
За бадијала будалата ја гази земјата.
За бадјала и мама на тате не му дат.
За бадјала работај, забадјала не седи.
За биол слама, а за мачка риба.
За брада е мака, а да за чешли колку ти душа сака.
За брата до море, за љубе преку море.
За бълвата јорган горит.
За в'ко думе, в'к ќе дојде.
За вълкот броено немат.
За вълкот зборвиме, а тој зад врата шчутел.
За гаска маска. (Скапо ќе ти се фане).
За глобавање ќе те глобат, капа нема да ти купат.
За голема гла, голема капа требит.
За грош петел, за грош пејт.
За гуска ојт маска.
За гуска — мъска.
За да го запознаеш човеко, ќе излижеш сто ока сол.
За да има чоек многу пари, треба ноќе-дење да работи.
За дељвачот оптегачот.
За думање многу, за пиење нишчо.
За Ѓурѓа и Ѓурѓовден.
За Ѓурѓовден јагниња се колет, а не овци.
За една болва не гори ја целата черга.
За една кола грнци една ластварка е доста.
За една лајца пилаф дури на Ѕвезда.
За една олџица ошмара дури Ѕвезда.
За една олџица пиљав дур на Пиљав Тепе.
За една пара не го веруаат тој што не си плаќат.
За една пара се неќи лошото от никого.
За една пара се обесуа.
За една рака урда ошол дури на Бистра.
За едни луѓе бричењето му е скапо, а пиењето му е евтино.
За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта.
За едно зрно чејнца рапчено се фашчат в стъпица.
За едно јаболко ошол дури на Тетоо.
За жалење сет и тие што даваат на пијаниците пиење.
За жалење сет пијаниците, оти губат дните и парите.
За жената јуда е парата, а за мъжот јуда е жената.
За жените и ѓаолот е бел.
За инет и врешче сољ се јајт.
За инет и Марко Крале би се потурчил.
За инет се потурчвит.
За кого е речено не е печено.
За ќефот твој не си го пукам меот мој.
За лајна да го мениш, пак на зијан ќе си.
За лисица(та) кокошка, за ергенче девојка.
За лисицата кокошка, за ергенче девојка.
За љуле тутун и млекото мајчино си го исказа.
За магаре пите, кон тере.
За магаре сено, та за него збор.
За мал подарок си ја загубил работата.
За мала печалба човек затанува.
За Марка вила немат.
За мене враните се думаа.
За младите е веков, а за старите катот.
За мъмејнца ѓумрук не се земат.
За на свадба чекај да те канат двапати, а за на умрен сам појди.
За навјано нагнетено.
За најадок у сиромао — за работа у богатие.
За негва душа, за моја гуша.
За неразбранјот и тъпан да бијет не е доста.
За никого не е арна кавгата.
За обидок се пари не дава.
За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
За печена кокошка вера не се продат.
За победителот нема суд.
За пола ако ти се фатит, шчини ја полата.
За поп викет доктур, а за доктур викет поп.
За пред попо не остана ништо.
За работа и фети рутишча не кажви ми.
За разбранјот и ајпида да збрчит, доста е.
За Рајка немат капа.
За свадба парите в долапо.
За свето кој плачи, без очи ќе си останит.
За се имат лек, ако имат век.
За секое грнче има капаче.
За село шчо се гљат, не требит калауз.
За селсќи говеда не збире слама.
За сешчо имат биљка, само ако ја знъјш.
За стап плачит.
За стар мачорок младо глувче требит.
За стари дни клај на стрна.
За старо лек — мътика и лопата.
За тебе збор, за магаре оро.
За торба урда вера не се менвит.
За Трајка капа не требит.
За три лешници девет трешници.
За туѓо леле не треби плачење.
За умрелие само арно.
Забадјала мъката, ако немат ред.
Забадјала шчо учит.
Забаено, ама не забораено.
Забандало ле се е, ќе се избанда.
Заборајл како го викет.
Забрал гајле ко вълк за овци.
Завиди, не жали.
Зависта очи изват.
Заврна ко поп со киска.
Заврнаа снегои, покрија траги.
Загради си го твоето лозје, а за чужџото не бери гајле.
Загуби и ума и дума.
Зад грбо и царо се псуа.
Задоени во ушите.
Задрогазе дете ќе има крваво носе.
Заигра дури и дрвен Господ.
Зајадена пиперка и остаена жена не земај!
Зајако в гората, а он режен прави.
Зајако воз рид бега.
Зајакот ет брз за бегање, ама 'ртот уште побрз.
Зајакот и кога спие, отворени му се очите од пусти страои.
Закачила се капина за дупина.
Закон нужџа мени.
Законо Божи и царски треба секој да го чести и држи.
Залудо да имаш кога не знаиш да си поминиш
Залудо работи, залудо не седи.
Залудо чоек се трудит кога нема што да работит.
Заљудо да имаш, кога не знаиш да си поминиш.
Замира ле, не умира.
Занаато чоека нито го умира, нито го оживуа.
Занает никој не ти продат, ако не го зејш сам.
Занает — канает.
Занаетот е златен.
Занаетот не се дат, туку се земат.
Занаетот се учит со крадење.
Занаетчијата работата го фалит.
Заошто да јадам врапче кога има прасе?
Заошто му е брада кога нема глава?
Заошто му е глаа кога му е празна?
Запали му и на ѓаолот свешча, за помалку пакост да ти прајт.
Запивјат за здавје, допивјат за бог да прости.
Заради босиљокот и шчирот го вадит.
Заради Никола и св. Никола.
Заради сувото и сурото горит.
Затвори ја вратата однадвор.
Затркалало се е тенџерето, нашло си капако.
Зачувај денеска да ти се најт за утре.
Заш' та љубам, ти кажвам.
Зашчо бараме многу, сме сиромаси.
Зашчо му е брада куга нема глава.
Збеснел како мачка во сечка.
Збеснел како некој бесен пес.
Збирај на младос, да имаш на старос.
Збогум сиромашчијо, појли питачлак.
Збор збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит.
Зборвењето е стребро, а малчењето злато.
Зборви прау, оди ке ти драго.
Зборви си, ако си имаш време.
Зборви усто, да не бидиш пуста.
Зборвит ко празна водејнца.
Зборвиш по ветар.
Зборлив човек е писмо без адреса.
Зборливио чоек ет писмо без муур.
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Зборојте се мерет, не се броет.
Зборојте сет како цреши: една вати, сите ќе се кренат.
Зборот два не ти го прајт.
Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа.
Зборот дупка не отворат, ама рана отворат.
Зборот дупка не отворат, ама се паметвит.
Зборот дупка не отворат.
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.
Зборот збор отворат.
Зборот зборче отворат.
Зборот како коа крава јазикот да му го изел.
Зборот не е врапче. Ако летне не се фаќа.
Зборот не е стрела, ама полошо од стрела устрељвит.
Зборот разговор отворат.
Зборот рани отворат.
Зборуав, зборуав, устата ме доболе, и пак не ме разбра.
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
Зборуат како празна воденица.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Згазнал на гнила шчица.
Зговорна дружина планина подмествит.
Згора мазно, здола азно.
Згрешил ко дива гуска во мъгла.
Згузен негонен бега.
Здиот мајчин и татков фашчат, а камоли клетвата.
Здрав болен не верува.
Здрав болен носит.
Здрав да сум, да ако сум и троа сиромав.
Здрав иди — болен дојди.
Здрав ле е човек, се има.
Здрав не се опитвит, туку болен.
Здрав чувек секој пот пари чине.
Здрава нога в трн не клавај си.
Здрава нога — трн не ставе.
Здраве не са купуве - трабуве да са чуве.
Здрави да бидиме да ако бакрданик јадиме.
Здрави заби, здрав корем, д'г живот.
Здрави ли ти се гнили јајца?
Здравје без пари, готва болест.
Здравје и добро и од комиње вода.
Здравје и топли сомуни, од комиње вода.
Здравје јајт, здравје пијат.
Здравје, жиот и убо време секогаш се мили.
Здравје, здравје да имаме, да Господ ќе ни дајт, ако сега немаме.
Здравјето е за чоеко најголемо богатство.
Здравјето е најголемо богатство.
Здравјето не се цени додека се не изгуби.
Здравјето низ уста влегвит.
Здравјето со пари не се купвит.
Здравјето, парите и слободата се барет ко ќе немаш.
Здравјот е појунак и од ламја.
Здрелата круша сама падинат.
Здрелите круши диви свињи ги јадет.
Зеј го едното, удри по другото.
Зеј го пилето, посери се во седелото.
Зеј го Трајка за унер.
Зеј гребени да влачиме вълна за дарој, рекла ќерката на мајка си, а сватојте дошле во двор да је зем
Зеј жена од сој, а куче од копанче.
Зеј ме ко ќе ме најш, за да ме имаш ко ќе ти требам.
Зејте ги очиве мој и опулете је се.
Зелен зелник копривалник.
Зелената трева е на очите мила.
Зелени гушчери бъљват.
Зелени черешни по зелени черешни одет.
Земан слама продава.
Земи си парите и истај ми се од пред мене.
Земјата арамја не е.
Земјата е фесътчија.
Земјата од век раѓала бериќет и довек ќе раѓа.
Земјата што раѓа, ретко бидуа скапија.
Зер волко не бара магла за да нападни овчките стада?
Зер и катран бъљват.
Зер и од врба чекаш да роди маслинки?
Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка?
Зер му испила чавка умот, да неканет на гости ќе одит?
Зер му течит од устана.
Зер неќи мачка риба и Турчин кокошка пржена?
Зер ноќеска мачките си ги дојал, да што туку викаш: ми се јадит?
Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол?
Зер сум го канил со карта што ми дошол на врата?
Зер тој ет со две глави, да што ќе му се бојам?
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел?
Зет е мил като брикови сачки.
Зет ко мед, син ко пелин.
Зет мед, син пелин.
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е.
Зет фара, врба дрео и магаре стока не се.
Зетова привидија — сачкина огрева.
Зетоо погледиште, врбоо огреиште.
Зетот се рани со петле непропеано.
Зетот се ранит со пржени јајца.
Зиме да врни снег — го прилега, ама во лете е за страмота.
Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот.
Зиме маж е конска шчета.
Зиме расол и сланина — лете крава и градина.
Зиме, лете треби да се работи, оти сака да се јади.
Зимното време е ко дете: час плачит, час се смејт.
Зинал да лапнит бијол, та лапнал ајпида.
Зинал како пес во горештина.
Зинале тамавќарите да ги голтнат живи сиромасите.
Зини, земјо, лапни!
Зини, муцко, фали ме.
Зини, усто, лапни море — не бидуа.
Зла кучка девет бачии брани.
Зла пастра гутова штета.
Зла супраа — готоа штета.
Злато неброено да имаш послано, не ѓибат.
Златото 'рѓа не го јади, нито глушец го гризит.
Златото в оган се калит.
Златото не 'рѓосвит.
Златото не фашчат 'рга.
Златото ни ражџа го јаде, ни па глувци го глодаа.
Златото се калит в оган, а чвек во неоља.
Златото се познава во оѓине, а човеко вов зло.
Зло за добро не идет.
Зло куче ни коската је гризит, ни другему је дат.
Злото многу лесно дојдуат, а доброто мачно.
Злото не пробира.
Злото се слушат подалеку од доброто.
Змија в пазва.
Змија голаб не рожџат.
Змија и жена вера немет.
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето.
Змија му влегла в ќесе, што неќи да си плати.
Змија му влегла в ќесе.
Змија нога и жена години не кажвет.
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит.
Змија нога кажвит?
Змија нога не кажвит.
Змија нога, жена години и мъж пари не кажвет.
Змија од него да къснит, ќе се отрујат.
Змија со гола ръка не се фашчат.
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит.
Змијата рекла: Ако ми згазниш на опашкава, ќе се евртам и ќе те къснам.
Змијата сама си је јајт опашката.
Змиска коска не се јајт.
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата.
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило.
Знам оти не сам царова шчерка.
Знъењето е најголемо богатство.
Знъењето е право богатство.
Знъењето остај го овде, а тајната прибери си ја в гроб.
Знъјт господ чије масло горит во кандилото.
Знъјт Петко да копат лозје.
Знъјт Петко да плашит деца.
Знъјт Петко ке презимвет ракојне.
Знъјт Петко шчо имат во торбата.
Знъјт свиња шчо е диња.
Знъм шчо го болит, ама не можам да му поможам.
Зобница којнска, самарче магарешко.
Зобницата трчат, а не ајванот.
Зобницата трчат.
Зобниче магарешко, а самар коњски.
Зобта го кара коне, а не камшијата.
Зобта трчат, а не коњот.
Зол трн — зла копачка.
Зол трн, зла копачка.
Зорле арнина не бива.
Зорле на човека можеш да му земеш, не можеш да му дадеш.
Зорт голем му дадов, да така парите му ги зедов.
Зошчо ми е златен леген кога крв ќе пљувам во него.
Зошчо ми е устава, ако не за фалење.
Зошчо ми си во радост, кога те немат во јадост.
Зошчо ми си на волја, ко те немат во неоља.
Зошчо му е брадана ко немат во глана.
Зрелите круши свињите ги јадат, и убаите моми лоши момчиња ги водат.
Зрно по зрно — погача.
Зулум додека не стане, царство не ѓине.
Зулум дури не биди, царсто не гинит.
Зулумќар чоек што се стори, бре!
Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки.
Зъјакон трпит да го вјат жељка, зашчо орелон е над него.
Зъјакот в планина, а тој ръжен готвит.
Зъјакот и спијат и гљат.
Зъјакот је рекол на жељката; Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене.
Зъјакот трпит зашчо, орелон е над него.
Зъјакот умират на седелото.
Ѕвиздјам ко капкана под стрјана.
Ѕвонец лесно не се носит.
Ѕвонец на свиња не се бесит.
Ѕвонецот оддалеку се слушат.
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ врат.
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ овен.
Ѕид без малечки камчиња не стои.
Ѕид се с глава не бута.
Ѕизд со гла не се рушвит.
Ѕиздат кули под облаци.
Ѕиздот без малечки камчиња не стојт.
Ѕиздот имат и очи и уши.
Ѕиздот уши имат, плотот очи имат.
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет.
И арамијата знаит оти од тоа што го крадит аир не ќе видит.
И арен и лош, за себе си е.
И баба знае да меси баница куга има месило.
И баба меси шарен зелник куга има шарило.
И без петел ќе се разденит.
И без петел савнува.
И без поп го закопавме.
И без поп се закопвит.
И без страшило си страшен.
И без такви шила не бидува.
И без темјан се отпевјат.
И бијолицана бело млеко дат
И бълвана имат жълчка.
И в амбар со мера се фрљат.
И в село без кучиња с тојага се оди.
И в'ко да е сит, и овците да се на број.
И верава наша била полу тикви, полу чупки.
И владика мојт да пречекат.
И влакното го цепит.
И во јајцето влакно би нашол.
И водана имат зъби.
И водана имат срце.
И водана имат уши.
И водана късат.
И вълкот сит, и овците на број.
И глувјот да те чујат.
И глушецот мојт понекогаш да му поможит на арсланот.
И господ се смејт кога арамја на арамја ќе му украдит.
И грозјето е црно ама е слатко.
И гулема и маленка невеста еден мастраф.
И гъзов е мој, ама ми смрдит.
И гъзот ти смрдит, ама го носиш.
И да видам, не вервам.
И да стисниш и да прдниш, не се мојт.
И даруле магаруле, и недаруле магаруле.
И дедо знаи да ми ти баи за да ми ти понеаи.
И дремоне срце има.
И ѓаолот го потковјат.
И ѓаолот знъјт шчо е арно, ама не прајт.
И ѓаолот преку вода жеден го поминвит.
И ѓаолот пукнал од Влаот.
И жена си за пари би је продал.
И живи и умрени во една.
И за господа ако е, многу е.
И за кучето опитвет од каков сој е.
И за малата неста и за големата неста требет сватој.
И за најмилиот гостин три дни се доста.
И зелник се лесно не јаде.
И змија да е, од срце да е.
И ѕидот има уши.
И ѕиздојне имет уши.
И изметкале конците.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
И јас мога, и кон може, ама господ не поможе.
И јасиката је висока, ама ја серет чафките.
И јъсикана е висока, ама сенка немат.
И јъсикана е висока, ама чавки је серет.
И калта од под ноктите си је даде.
И калуѓерот срце имат.
И камено срце има.
И каменон би го расплакал.
И кафено е црно, ама бегој го пијет.
И кладоте главите во торбите.
И кога си пријатељ со кучето, не пушчај го стапот.
И козата има брада, ама коза е.
И кокошка без петел не носи ајајца.
И кокошката го чепка гнојот, за да си најди некое зрно.
И кокошката кога пиет вода, се пулит на Бога.
И коњо познава што чоек го вјават.
И коњот познат кој го вјат.
И кошуљата од плешчите би си ја дал.
И кучето се од сој тера.
И ќората кокошка мојт да најт зрно.
И лебон плачит ко се јајт забадјала.
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема.
И мајка ми да беше момичка, ќе је речев моме а не мамо.
И малата и големата неста сакет сватој.
И малото камче можит кола да превртит.
И мачкана би фашчала рипчиња, ама не сакат даси ги квасит нозете.
И мачорокон имат мустаќи.
И медот е благ, ама прстите не се јадет.
И моата кучка ќе фане зајак.
И моето петле ќе пропејт.
И мојот 'рт ќе фатит зъјак.
И мъмејнца едни пъти поможвит.
И на газо требе очи да имаш.
И на ѓаолот легалото му го знъјт.
И на ѓаолот опинци му обувјат.
И на магарето ќе му речиш вујко, дури да го поминит мостот.
И на прдежот појли му велит.
И на шега Бог помага.
И најарнијот пливач мојт да се удајт.
И нашите петли црвени јајца носет.
И невеста мазна има.
И него го огрјало сънце.
И ние леб јадеме, трева не пасеме.
И нов излак копе, и в старие не плуве.
И ноќта ден је прајт.
И ова ќе поминит, ама тръга ќе остајт.
И ова ќе поминит.
И од господа ако е, многу е.
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат.
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат.
И од сенката се плашит.
И опинциве би ги изел.
И опулил очите како некој мачор.
И ореот и каменот му се в ръце.
И остаиле мечките да вардат киселачките.
И отспреди и одзади поп.
И очите во глата би ги скарал.
И пенот е убав ко да е променат и наситен, ама пак си е пен.
И пердув да си клајт на капана, пак попустина.
И пес од сој се барат, камоли чоек.
И песо коската не ја гризи, ако нема месо.
И петлите јајца му носет.
И пијаниот бега од будалата.
И пилето в гората тера ватан.
И пилето е маленко, ама седело си прави.
И пилето очи има.
И плевната изгоре, ама и глувците.
И по капата се гледа.
И под волот теле не се барат.
И под дрео и под камен да си, ќе те најт.
И под дрео и под камен ќе најт.
И пој, попе, и ори.
И помоканите черешни се јадет.
И поп попове има.
И попадија маана има.
И прстите не се еднакви.
И прчон брада носит.
И пчелана е малечка, ама мед берит.
И пчелана по убото цвеќе летат.
И пъјакон плетит пъјачина, за да се ранит.
И решетоно имат срце.
И решчето срце има.
И светците грешеле , ама се посветиле.
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале.
И снцето не мош насекаде да огрее, та јас ле.
И та бабина, и та бабина.
И татка си за пари би го продал.
И тоа што ми го даде, низ нос ми го изваде.
И тополана е висока, ама чавки је серет.
И тука имат негво масло.
И улаиот бега од пијаниот, камоли умнио да не бега.
И умрен да е, ако чујат за пари, би станал.
И утре имат ден.
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен.
И царската рана се свршвит.
И царското азно се битисвит.
И црната крава бело млеко дат.
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит.
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија.
Иверо не пада далеко од корено.
Игла да посејш, ќушчија ќе изникнит.
Игла немат ке да фрлиш.
Игнетја — пригнетја.
Игра ле мечката у комшијата, ќе дојде и у тебе.
Игра маќа за комат.
Играјнца — плакајнца.
Играјте, деца, оти местото е свирено.
Играт попот од бељата.
Играчка плачка праат децата.
Играчките за децата, а за мажите работата.
Идат време продат бреме.
Идат време, носит бреме.
Идат Голе.
Иди коло на тркало.
Иди му тупе, иди му свири.
Избирачот неженат останвит.
Извај капата, удри ме.
Извај од зъбот, фрли на гъзот.
Извај си ја капата, удри ме.
Изгорел амбарот, изгореле и глувците.
Изел нога од кокошка, та му преткат во меон.
Измеќар верен — прав стопан.
Измери, па крај.
Измешај се со трици, ќе те изејет свињи.
Икономијата е душман на сиромашчијата.
Икономијата е мајка на богатството.
Иктиза продат, иктиза купвит.
Или биди мос да те газат сите, или биди орел та секој да клофаш.
Или свет или света фани.
Или со мене или против мене.
Илјада гледај коа да купуаш нешго, и едно земај.
Илјада игли за една пара.
Иљјаџија — бељаџија.
Им влегол Ѓаволот под капа.
Има лошо што донесуа арно.
Има лошо, има и полошо.
Има луѓе што знаат и прашаат.
Има нешчо та се вика Џоревата чешма.
Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
Има умирачка за нестреќа и за стреќа.
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит.
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат.
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи.
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си.
Имај веричка во себе и во својето магаренце.
Имај мислата при Бога за да ти помага.
Имај си брада, да за чешли колку ти душа сака.
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.
Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата.
Имај си кротко срце, ако сакаш да живеиш поеќе годиње.
Имај си пари, да ако си сиромав.
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Имам во што, немам со што.
Имам да давам, немам да зимам.
Имам со што, немам зашто.
Имам стока за продавање, ама немат нога.
Имањето нема ситост.
Имат пари, Ристос воскресе; немат пари, смертију смерт.
Имат век, имат лек.
Имат век, имат лек; немат век, немат лек.
Имат Господ и за нас.
Имат кучешки нос.
Имат луѓе, ем не знаат, ем не прашаат.
Имат Мара појља.
Имат трески за делкање.
Имат ука, ама имат и одука.
Имат Шарко лој.
Имаш ле вуќа владика, поп ќе бидеш.
Имаш ле грб, самаре триста.
Имаш ле лев в раце, арен си.
Имаш ле магаре, не си магаре.
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите.
Имаш мустаќи да прогориш.
Имаш образ да прогориш.
Имаш пари имаш чест, немаш пари немаш чест.
Имаш пари — везир, немаш пари — резиљ.
Имаш пари, имаш фара.
Имаш пари, имаш фара; немаш пари, немаш фара.
Имаш пари, имаш чест.
Имаш стреш во глата!
Имаш ум во глата!
Имаш ум во глата, аљ во петиците?
Името од бота е поголемо од се.
Инат глава ќине.
Инат праит како магаре на мос.
Инато вади око.
Инато е поблаг от медо.
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.
Инетот е поблаг од мед.
Инетот е поблаг од се, затва поскъпо се плашчат.
Инетот коски немат, ама коски кршит.
Искај го платното, клоцни го кроеното.
Искарали пилци, накарали опинци.
Ископал гроб за други, сам паднал во него.
Испечи, па речи.
Исповедан грев не ет грев.
Испод мира — триста вира.
Исправен како пушка.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Исправен како свеќа.
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш.
Истрчал ко ждребе пред руда.
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш.
Ит'р како некој ѓаол.
Ит'р се лажи, глупав се рани.
Итер бил, та зимал, улав бил, та давал.
Итра була в празна кула не бива.
Итра була в празна кула.
Итра лесица — пада в стапица.
Итра Митра за комат, за работа никој пат.
Итрата лисица стреде стапица.
Их, што бричена глаа имат!
Их, што му сечи умо глаата!
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат!
Ишчав се отворат со јадењето.
Ја бафт ја тафт.
Ја брз терзија да бидиш, ја брз питач, ја брз арамија.
Ја врзавме работата со бубаќерен конец.
Ја донесе работата варангуца.
Ја зареза куќата како на рабуш.
Ја затрни куќата, је кладе трн под опачка.
Ја збират парата како гнојот раната.
Ја збират парата како песо болвите.
Ја збират парата како пчелата медот.
Ја збират парата како чумата децата.
Ја има некаде обесено пушката. (За некој што се заљубил).
Ја клава главата в торба.
Ја млад жени се, ја млад калугери се.
Ја му викам стрижено е, он ми вика бричено е.
Ја накрена лејката.
Ја напади таа ороспија сиромаштијата.
Ја од устата, ја од работата.
Ја рано жени се ја рано кауѓери се.
Ја растурила жената куќата како табаана.
Ја си и отваре, ја ќе ти и отвора.
Ја срмени елеци, ја глобоки ендеци.
Ја супраи куќата откога ја искрши посатката.
Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.
Ја ум на улаите ја на Свети Наум.
Ја ум, ја св. Наум.
Ја шарата, ја шараџијата.
Ја шири, па чакај, ја стисни, па бегај.
Јабанџијата не е мил.
Јаболконо го гљаш однадвор црвено, ама внътре гнило.
Јавај го дури те носит.
Јагне се познава по опашката, а јаре по градите.
Јагуридата полека-лека мед бидуат.
Јад го фатил, та ќе умрит.
Јадење, пиење — братсќи, пазарл'к абанџисќи.
Јади боб, кради кон.
Јади, Маро, сирење зашчо овчар сакаше.
Јади, пи, весели се и во жиотот посери се.
Јади, пиј, гладан легни, спиј.
Јадиш, пиш, лениш, спи — така си праат мрзливите жени.
Јазел со рака не се одврзуат, а со сабја се пресечуат.
Јазик праит добро, јазик праит лошо.
Јазико кокалје нема, кокалје крши.
Јазико коски нема, ама коски кршит.
Јазиќут нема коски, са врте насекжде.
Јајт ко мечка, а работат ко мравка.
Јајт ко мравка, а работат ко мечка.
Јајт ко од глад да побегнал.
Јајт леб со сълѕи.
Јајт, пијат баба и деда не го заборат.
Јајце да зејш од него без жълток ќе бидит.
Јајце на глава ми се печит.
Јајце на гъзон му се печит.
Јајцено е мало, ама големо пиле излегвит
Јајцето стриже, влакното цапи.
Јајш, куме, печено прасе?
Јака вера планини премествит.
Јака вера — страчкин мозок.
Јаки очи сакет, појаки не давет.
Јако е магарето.
Јал не јал, брои ти се.
Јал не јал, три и пол.
Јаре од стара коза.
Јаребица му паднала на соколот в раце.
Јас го викам бисерко, а он мене посерко.
Јас го кршчам, тој прдит.
Јас го терам по небото, а оно е по земјата.
Јас да имам пари, да ако сум сиромав.
Јас да мисљам оту ојш, ти да идаш.
Јас дека ќе умрам, зер векот ќе го сотрам?
Јас дека реков не пресеков.
Јас душата си ја давам за пријателот.
Јас жив заклан сум за пријателот.
Јас ја бија матеницата, а он крка маслото.
Јас кат на братец, ти кат на свирец.
Јас куга и тогај ќе те кача на моата кола.
Јас кучето го извам од бунар, а то ме късат.
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел.
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш?
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои?
Јас не сум лош како Петка ваш, Петко се со нож, а јас се со грош.
Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва.
Јас пијам, друг се опиват.
Јас сам последната дупка на свиралото.
Јас си го вардам како очите детето.
Јас те пушчам дома, а ти се качуваш и на полицата.
Јас тропам тапане, друт го збира брашното.
Јасно небо — голем студ.
Је барат татква си венчанина.
Је држит жена си за перчин.
Је кренала кучката опашката.
Је остајл мачката да је вардит рибата.
Је отворивме вратата голема, сега не се смаљвит.
Је скрши мътиката.
Је стежнала фурката.
Је удри мътиката.
Јован за рода, магаре за стока.
Јунак без пари рана не прајт.
Јунак без рана не бива.
Јунак вера немат, момичка страм немат.
Јунак голем со дружина добра.
Јунак лозје копа, мајсторија кози пасе.
Јунак непљагосан немат.
Јунак со дружина бидвит.
Јунаци корења копет.
Јъгуља со голи ръце не се фашчат.
Јъзикот е поостар од сабја.
Јъзикот коски немат, ама коски кршит.
Јъзикот сечит поостро од сабја.
Јъчменот трчат, а не коњот.
Ка башчата и сино.
Ка викнеш така ќе ти озоват.
Ка е господ, никој не е.
Ка ме гледаш, така ќе ме пишаш.
Ка си надробиш, така и ќе си сркаш.
Ка си постелеш, така ќе си легнеш.
Ка си солиш, така ќе си сркаш.
Ка старее, магарее.
Ка ти викнат, така и ќе се јавиш.
Ка ти е ато, така ти е и саато.
Ка ти свират, така и ќе играш.
Кабетлијата е помал од бълва.
Кабетот е сирак.
Кавга без човеци не бива.
Кавгата е секугаш за метрото, за нивата не е.
Кавгата за никого не е арна.
Кавгаџија татко, кавгаџија и сино.
Каде го тераш, там го наодиш.
Каде дума не помага, тојагата помага.
Каде е Господ никој не е.
Каде е овцата газила, ќе гази и јагнето.
Каде е текла водата, па ќе тече.
Каде има сила, нема правдина.
Каде нагази, трава на расте.
Каде пеат многу петли, подоцна осамнува.
Каде сите Турци, таму и ќоравиот Асан.
Каде среќа таму и несраќа.
Каде треба мотика, не треба молитва.
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата.
Кадија лаже, ѓубре не лаже.
Кадија те тужи, кадија те суди.
Кажан грех не е грех.
Кажи је на капана.
Кажи ми ги пријателите за да ти кажам каков си.
Кажи ми со кого ојш, да ти кажам каков си.
Кажи ми, да ти кажам.
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого.
Кај двајца, тој тројца.
Кај е сила нема правдина.
Кај збор не помага, тамо стап помага.
Кај најди, јади; кај не најди, не јади.
Кај не го сеиш, тамо никнуа.
Кај оди, оди волче, се камен го толче.
Кај оди, оди куче, се намен го толче.
Кај ти што си шиел векот се провирале.
Кај тум и бум, тој ти бидуа кум.
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот.
Кај што ѕвонат големите ѕвона, малите не се слушаат.
Кај што излегуа збор, — и душа.
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи.
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче.
Кај што има двајца, тројца не бидуа.
Кај што има овци, има и бачило.
Кај што има овци, ќе има и колци.
Кај што има овци, ќе има и спорци.
Кај што има сила, има и правина.
Кај што има сила, нема правдина.
Кај што има, има; кај што нема, нема.
Кај што ќе појдит јунчето, тамо и порожето.
Кај што летаат чавки, има нешто.
Кај што мавна, трева не никна.
Кај што мотика не копа, грозје не се раѓа.
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага.
Кај што нема вода, тамо село не бидуа.
Кај што немат мачка, глувците барат пљачка.
Кај што паѓа чоек, таму и стануа.
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната.
Кај што плука чоек, треба да не лижи.
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја.
Кај што сите криват, и ти криви.
Кај што стапи, трева не порасна.
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат.
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај.
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата.
Кај што треба молитва, не треба мотика.
Кај што треба мотика, не треба молитва.
Кај што чади, тамо се јадит.
Какараска од кол на кол — на остар кол.
Каква брада, таков брич.
Каква врата — таков клуч.
Каква врба, таков клин.
Каква гла, таков брич.
Каква глава, таква капа.
Каква домаќинката, таква и куќата.
Каква коза, такво јаре.
Каква куќата, таква домаќинката.
Каква лељајка го залељала, таква мътика го закопала.
Каква мајка, таква ќерка.
Каква маќа — таква шчерка.
Каква му гла, таква му капа.
Каква рачичка преда, таква газичка носила.
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата.
Каква чаршија — таков аршин.
Какви сме, свој си сме.
Какво дрво — таков прат.
Какво насадиш, такво ќе сркаш.
Какво печење — такво решение.
Какво посееш — такво ќе сркаш.
Какво семе, таква жетва.
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш.
Како алтани да имат во устана.
Како в бунар да си го фрлил.
Како ве остајв, така ве најдов.
Како викнато, така оѕвано.
Како вода донесло, така и однесло.
Како го крошни залулале, така го мотика закопала.
Како го купив, така ти го продам.
Како Господ што рекол.
Како да зина земја и го голтна.
Како да не јајт леб секој ден.
Како да не јајт солено.
Како дошло, така пошло.
Како дробиш, така јадиш.
Како змија да го къснала.
Како играш, така ќе ти свират.
Како костени да имат во устана.
Како крава кога а лизнало. (Кога е замазнет).
Како ќе дробиш така ќе сркаш.
Како ќе ја бркаш работата, така ќе ти ојт.
Како ќе си дробат така ќе си сркаат.
Како ќе си постелат така ќе си легнат.
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш.
Како ќе ти свират, така ќе играш.
Како лук в очи.
Како магарето, и прлето.
Како мачка на сланина.
Како му стори умо, нека му трга глаата.
Како на чвек ти благодарам.
Како на чвек ти зборвам.
Како од камен го вадит сиромајот лебот.
Како од татква си стока да дат.
Како од таткво си ќесе да плашчат.
Како памбук да имат во ушине.
Како пошол, така дошол.
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот.
Како предит мајката, така ткајт ќерката.
Како се задојл, така се ишчинал.
Како се заткало, така и се доткало.
Како се скројло, така ќе се ишчинит.
Како семката, и ластунката.
Како си дробил, така ќе сркаш,
Како си послал, така ќе легниш.
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.
Како срце болело, така и очи плакале.
Како срцето болело, така очите плакале.
Како Струга немат друга.
Како ти свирет, така ќе играш.
Како чвек ти благодарам.
Како чвек ти зборвам.
Како што викнало, така му се оѕвело.
Како што дошло, така и си иошло.
Како што дробил, така нека срка.
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат.
Како што земаш пари, така и ќе даваш.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните.
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ.
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата.
Како шчо праеше, арно помина,
Како шчо праеше, си најде.
Каков башча, таков син.
Каков беше Петруш, таков е и Петро.
Каков е чвекот, таков е и зборот.
Каков е, таков е, не се менвит.
Каков јунак, таков калпак.
Каков клин, таков син.
Каков ќе си бидит чоек до ручек, таков и до вечер.
Каков му ет умот, таков му ет и домот.
Каков поздрав, таков отпоздрав.
Каков самар, таков товар.
Каков светец, таков венец.
Каков светец, таков и тропар.
Каков сурат, таков ќенеф.
Каков татко, таков син.
Каков ти е ак'ло, такав ти е и домо.
Каков ти е ато, таков ти е пато.
Каков ти е атот, таков ти е и патот.
Каков ти е дома, таков ти е на улица.
Каков ти е на оџако, таков ти е на сокако.
Каков што е таткото, таков е сино.
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот.
Какол и пченица си го мелит воденица.
Калај без нишадар не фашчат.
Кално орај, кално сеј.
Калугер девер и Турчин побратим не се фашчат.
Калугер и мъска за атар не знъет.
Камен ако прогорит, та тој.
Камен през камен — ѕид.
Камен ти ги потфатил ноѕете.
Камен што се тркала, тој трева не ваќа.
Камен шчо се тркаљат нигде место не фашчат.
Камен шчо се тркаљат, мов не фашчат.
Камено е тежок додека е на местото.
Каменот на местото си тежит.
Камење се не жнијат.
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки.
Камила гајтан не преде.
Камилата е за аспра, ама аспра нема.
Камилата за една аспра била, арно туку немало кој да ја купи и за аспра.
Камилата не е паднала од товаре, паднала е од јајцето.
Камиља гајтан не предит.
Камо бради та за чешли колку сакаш.
Камо ти, Маро, гајтани?
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение.
Као црв во дрво се вие сиромаио.
Капа се купвит, ама ум не.
Капка по капка вирче
Капка по капка ѓол станува.
Капка по капка ќе протечи бразда.
Капка по капка се праи река.
Капка по капка — вирче.
Капкана и во камен дупка отворат.
Капкана и каменон го здлабит.
Карај се — барај се.
Карам, тепам, маж се бројам.
Караш ле магарето, ќе му трпиш и прдежо.
Карванот си врвит, кучињата лает.
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине.
Каре и зијане са братја.
Кари лудо по лудо.
Касна женидба, млади сираци.
Ката ден Велигден не бидуат.
Ката ден газда, на Велигден парталеста.
Катаден зелник, на Велигден попарник.
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида.
Катадешен гост, ко ќисел грозд.
Катинарот е за арните љуѓе, а за лошите ни ѕизд не помогвит.
Като си прост, ќе те вјаа и низ рид и воз рид.
Като шчо е мирна в буре, така не е мирна в човека.
Като шчо ќе ти свират, така и ќе играш.
Като шчо си е дробил, така нека си срка.
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив.
Катран му капит од брадана.
Катран му течит од устана.
Кауѓер да има жена, не го прилега.
Кауѓер кој се сторил, на татка си и на мајка си не му пожалал.
Кауѓер стори се, од работа мачна откини се.
Кауѓерите многу пари зеле од мирјаните.
Кауѓерите си седат по манастирите и ич не бераат гајле за мирјаните.
Кауѓерите си седат по манастирите и си чекаат мирни на поклонение, та да му даруаат пари за јадење.
Кауѓерица — светотелица: во црква отишла, дете си родила.
Каури глава кренале!
Каурските имиња сите биле пиши, пиши.
Качи се на едното магаре, број девет, слези — број десет.
Кашлица, краста и љубов на может да се скријет.
Кашча без жена и маж без пари, лошо е.
Кашча без жена, не е кашча.
Кашча пари не врашча.
Кашча тесна — челед бесна.
Кашча тесна, ама срце нека е широко.
Кашчата не е кашча — жената е кашча.
Кашчата не стои на земјата, туку на жената.
Ке врвит будалшчина, не требит ум.
Ке врвит мъмејнца, не требит вистина.
Ке да појт, куќа собират.
Ке двајца, тој тројца.
Ке е кночко се ќинит.
Ке е сила не е праина.
Ке имат радост, имат и жаљост.
Ке јас со око, тој скокум.
Ке кумот без уем, од кумот два уема.
Ке ќе паднит огнот, таму горит.
Ке ќе пљуниш, не лижи.
Ке лежала пак да лежит.
Ке ми гљавет очиве.
Ке не се честет старите, немат бериќет.
Ке немат жена, немат ни кујќа.
Ке немат мачка, глуфците оро игрет.
Ке немат оган, не чадит.
Ке немат пот, имат глад; ке имат пот немат глад.
Ке ојш малу? — При многуто!
Ке ојш ти, јас се врашчам.
Ке ошол коњот ојт и огламникот.
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома.
Ке ручат не вечерат.
Ке се карет двајца, не влегви.
Ке си ручал да вечераш.
Ке си Турци и Асан.
Ке скокат козана и јарето по неја.
Ке ти очи, таму ти и гла.
Ке тонит, не гази!
Ке тум, тој кум.
Ке шчо го болит зъбот, таму му ојт и јъзикот.
Ке шчо грмит не врнит, ке шчо врнит не грмит.
Ке шчо ѓаолот не можит, ја викат баба да му поможит.
Ке шчо излегвит збор и душа излегвит.
Ке шчо имат квачка, имат и пилиња.
Ке шчо имат момичиња, ќе имат и момчиња.
Ке шчо имат момчиња, ќе имат и момичиња.
Ке шчо имат се туриват, ке шчо немат не се туриват.
Ке шчо имат слога и куршумот над вода пливат.
Ке шчо имат, се туриват.
Ке шчо мат трева не никнит.
Ке шчо не помогвит збор, ќе поможит стап.
Ке шчо немат слога и чупките пропадвет.
Ке шчо петли не пеет.
Ке шчо плачет и ти плачи, ке шчо се смеет, смеј се.
Ке шчо плачет не смеј се.
Ке шчо чадит имат и оган.
Ке шчо чешат своја ръка, чужџа не мојт.
Кинисај по пат и не туку враќај се назад.
Кинисало за назад, Господ да те чуат.
Кинисало море во река да се давит.
Кираџијата не ја носи вастегарката за црни очи, ами за да си потприт.
Кирие не вели му кога му е кирилисан врато.
Киселината лута на садот свој си носи штета.
Кисело винце — радосна срце.
Кисело не бидуа благо.
Клај го волко да ти ги пасит овците, ако сакаш да ти ги издави сите.
Клапка без јазик не дрнка.
Клекни роди го, стани пови го.
Клета кучка девет бачии ќе брани.
Клин дрво цапи, кур кашча врти.
Клин со клин се истервит.
Клин сос клин се вади.
Клукај да ти отворат, сакај да ти даат.
Книгана трпит се.
Книгата дно нема.
Кночко, ама дълго.
Ко бев млад, малчи не знъјш, ко остарев, си се сматуфил!
Ко беше вълкот куче.
Ко волот за сламата.
Ко да мъмиш, ке се пулиш.
Ко да не јајш солено.
Ко да се родит женско, и стрејне плачет.
Ко да спијат, леб не јајт.
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
Ко имат леб, немат сољ.
Ко имат самар, зош' да вјат наголо.
Ко имат сољ, немат леб.
Ко имаш дај, ко немаш барај.
Ко јаболко да си преполојл.
Ко кравата на домълѕокот.
Ко ќе го стретиш ѓаолот, прекрсти се и бегај.
Ко ќе дојт лошото отвори му и враќето.
Ко ќе дојт св. Тома, секој да си ојт дома.
Ко ќе дојт умот, ќе сјојт кумот.
Ко ќе ја видиш чумата, си разја и на треска.
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба.
Ко ќе му порастет на ќосето мустаќи.
Ко ќе ојш у вълкот на гости, зеј го и стапот.
Ко ќе прогљат ќора кокошка и петелот ќе сакат да го јавнит.
Ко ќе се женит сиромајот секој му ојт на свадба.
Ко ќе се најајт прасето ќе го превртит копанчето.
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу.
Ко ќе се родит женско, и стрејне плачет.
Ко ќе се фатит сиромајот, ќе се шчинит тъпанот.
Ко ќе си го видиш тилот.
Ко ќе стечит суводолица, тргни се понастрна.
Ко ќе стечит сувоцолица, се ќе однесит.
Ко магаре меѓу пастујте.
Ко нашол Еѓуптинот појќе мас, го намачкал гъзот да му светит.
Ко нема карван, и на празно може да се лае.
Ко од таткво му ќесе да дат.
Ко се јајт и пијат, пријатели доста.
Ко си ни дошол во селово, ќе поиграш и на орово.
Ко Тотот со шапката.
Ко шчо се надеев, арно се омъжив.
Ко шчо чешат своја ръка, чужџа не чешат.
Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот.
Коа се родив, не знам и коа ќе умрам, па не знам.
Коа страчка без пашка, та и ти без момче.
Коа страчка без пашка. та и ние без чупе.
Кога би знъел чвек ке ќе го скрши вратот, никогаш там би ошол.
Кога брашно даве Господ, вреќата а зима ѓаволoт.
Кога го намачка гъзот со јъглења, кога се стори квач.
Кога го отепал Господ, не треба ти да го тепаш.
Кога градина се копала, тогај баба се чешлала.
Кога да врни, за кокошките вода не требит.
Кога да ја нема дома мачката, глувците оро си играат.
Кога да ја нема дома мачката, глувците се што ќе најдат, ќе изгризаат.
Кога даваш со мера права, секој те веруат.
Кога двајца се карет, третиот го јајт ќотегот.
Кога е за доктур, викет поп, а кога е за поп, викет доктур.
Кога е чвек гладен, свирка во меот му свирит.
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет.
Кога зглежџаш момичка, фрли опуљ и на мајката.
Кога игра десно - на арно е“.
Кога имаш маша, не ваќај го огно со рака, оти ќе те изгорит.
Кога кобила ќе ватат, таа ќе вршит.
Кога кокошка многу грачи, помалку јајца снесуа.
Кога кукумавка куке, знај оти болес ного ки има.
Кога ќе ги ишчиниш тие опинци, ќе ти купам други.
Кога ќе видам, ќе повервам.
Кога ќе влегуаш кај судот, портата ти се гледат многу широка; а кога ќе излегуаш — тесна.
Кога ќе дојт чвек до питачки стап, секој бегат ад него.
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш.
Кога ќе и доит на кокошката јајцето на газо, тогај барат седело.
Кога ќе је дојт за носење, кокошката сама ќе си најт седело.
Кога ќе ми никни коса на дланката, тогај аир да имаш во куќата.
Кога ќе му дојт јајцето на гъзот, барат седело.
Кога ќе му порасти на коњо рогои, тогај и на ќос мустаќи.
Кога ќе те турнит Господ, и вредно и невредно ќе те туркат.
Кога ќе ти врзам една трешница, обете очи ќе ти светнат.
Кога ќе ти платит, и мене да ми кажит.
Кога лажиш, кај се пулиш?
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав.
Кога мечка не ти гази лозјето, не викај по неа.
Кога мечката игра во соседниот двор, очекувај да пристигне и кај вас.
Кога многу грмит, малку врнит.
Кога многу грмит, малу дожд врнит.
Кога многу грмит, многу врнит.
Кога не те закача мечката, и ти неа немуј.
Кога не те прашаат, не треба да кажуаш.
Кога некој ќе добие мали чирчиња велат: на здраве е“.
Кога некој ќе се изгорит, тогаш скокат.
Кога некој се дави, и за сламка се фаќа.
Кога нема ѓаолот работа, си ги ебе децата.
Кога нема ѓаолот работа, си ги тепа децата.
Кога немат век, немат лек.
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости.
Кога немат пиле, арна е и страчка.
Кога немаш пари никој чест не ти прајт, дури ни жената.
Кога од несакање ќе се згреши, и Господ ќе прости.
Кога петлите често пеат, брго ќе се разденит.
Кога пијам кр, кр, кр, а кога плаќам тр, тр, тр.
Кога прајш црква, напрај и камбанарија.
Кога прајш џамија, напрај и минаре.
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ.
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот.
Кога се вълците гладни, јагнињата се криви.
Кога се давит чвек, и за змија се фашчат.
Кога се давит чвек, и за усвитено железо се фашчат.
Кога се карет двајца, третјот печалит.
Кога се криеш, не кашлај.
Кога се потурчи, кога свитка чалма.
Кога се раѓа женско и стреите плачат.
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил.
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
Кога си се фатил на оро, требит да играш.
Кога сме се собрале, да се слушаме.
Кога та се тљат лисицана најкротка, најмног варди ги кокошките.
Кога ти игра лево око ќе се разболеш.
Кога ти одеше таму, јас се врашчав отаде.
Кога ти се фатил ѓаолот за пола, ќини ја полата.
Кого гледаш со брада и чалма, татко не ти бидуат.
Кого го болит, тој плачит.
Кого го вардит господ, пушка не го бијат.
Кого къде го јајт, таму се чешат.
Кого милуат Господ, и го накажуат.
Кого туѓа вошка не го полаза, не може да сети што е јадеж.
Код не седит мадро, ќе носит модро.
Коде слушаш много круши с мала торба оди.
Кое куче ме залајало, избесело.
Кое куче од далеко лае, не апе.
Кое лето без горештина.
Кожа в'к не плаши. Кожето белее, бабата лудува.
Кожа и коски останал, - се вели кога некој многу ќе ослаби.
Кожата на образон му е бијолска.
Кожата на петар.
Кожата од грбот ќе му ја одерат.
Козата грат а колке, она с пашката нагоре.
Козата е мајстор што праи со газо петлици.
Козата мъмит, рогот не мъмит.
Кози и кожи не живеат на едно место, ама бива кат са се нашли.
Кој арно зафашчат, арно ќе битисат.
Кој арно зафашчат, полојна работа битисвит.
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит.
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто.
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб.
Кој бега од гости да си одбегне од кожата.
Кој бега од дош, ќе падни на град.
Кој бегат од арно, ќе паднит на лошо.
Кој бегат од трн, ќе паднит на глог.
Кој берит трошки, берит и пари.
Кој бргу судит, бргу се и кајт.
Кој брзат, грешит.
Кој бркат чужџа работа, својата ќе је остајт.
Кој брца рацете в медо, он ќе си и и олиже.
Кој в трн, кој в грм.
Кој варит манџа на трески, ќе му мирисат на чад.
Кој варка, ќе си превари касмето.
Кој вервит соној, пасит вепрој.
Кој вечерат вино, ќе ручат вада.
Кој видел ајр од работа!
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи.
Кој вино пијат, без невеста спијат.
Кој вино пијат, на бунишче спијат.
Кој вино сакат, тој без гашчи скакат
Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
Кој вино фалит, во калта се ваљат.
Кој винце потпивјат, без женичка останвит.
Кој винце потпивјат, глата си ја разбивјат.
Кој високо летат, ниско ќе паднит.
Кој високо лита, далеко гледа.
Кој високо лита, ниско пада.
Кој вјаса, ќе втаса.
Кој вјаса, ќе паѓа; ја пополека да далеку.
Кој вјат магаре, ќе му го мирисат прдежот.
Кој вјат магаре, ќе му го слушат рикањето.
Кој во клинецот, кој во плочата.
Кој во осој кој во присој.
Кој го жаљат клинецот, ќе го заѓинит и коњот.
Кој го загинал страмот, та ти да го најш.
Кој го знъјт од каква вълна му е капата.
Кој го молиш, немој да го лутиш.
Кој го потискат носот жво чужџа врата, без нос ќе останит.
Кој граби чужџо, изгубува и своето.
Кој гребач, тове и мијач.
Кој грми, не трешчава.
Кој дава ногу — од имање дава; кој дава малку — од душа дава.
Кој дава, не му се познава.
Кој дал, дал; кој јал, јал.
Кој дат прст, ќе дајт и ръка.
Кој добро прајт, немат зошчо да се кајт.
Кој држит многу празници бргу осиромашвит.
Кој држит празник, празна му е куќата.
Кој дълго спијат, борчлија станвит.
Кој е апен од змија, страх го е и од гушчер.
Кој е домозет, он в плевната спие.
Кој е ербап, ќе јаде ќебап.
Кој е за вонкашните арен, за домашните е лош.
Кој е за пеза, он се пези.
Кој е јунак, нека излезе на мегдан.
Кој е ќељав, да не седит гологлав.
Кој е носач, надницата му е под капата.
Кој е околу медо, он си лиже прстите.
Кој е под крушата, тове јаде крушите.
Кој е прав, прав и пепел да се сторит.
Кој е прав, прав и пепел; кој е крив, да е жив.
Кој е прост, се прајт мост.
Кој е против царо, он е против бога.
Кој е, тој е.
Кој едношка измъмит, втор път не му вервет.
Кој едношка измъмит, после и вистината да је кажвит, не му вервет.
Кој жали клинецо, губи плочата.
Кој за деца плаче, за очи да плаче.
Кој за себеси е лош, како ќе бидит за други арен.
Кој за што, баба за вретено.
Кој за шчо си е.
Кој замира, не умира.
Кој зафашчат многу рабоќе ниедна не битисвит.
Кој зборвит шчо му драго, ќе слушат шчо не му е драго.
Кој зборвит шчо сакат, ќе слушат шчо не сакат.
Кој зле сере, дваш оди.
Кој знае да свири, и на тојага свири.
Кој знае писмо, с четир очи гледа.
Кој знае, признава и на лажица; кој не знае, не признава и на паница.
Кој знъјт да чекат, ќе дочекат.
Кој знъјт многу занаети, без кошуља останвит.
Кој излази на чело, не мисли за село.
Кој има брада наое и чешељ.
Кој има брада, ќе треба да си обезбеди и чешел.
Кој имат арна жена, не му требит рај.
Кој имат брада, си имат и чешељ.
Кој имат кош слама појќе од тебе, не играј со него.
Кој имат побратим камиљар, нек си напрајт повисока врата.
Кој имат, ќе го тучит; кој немат, ќе го сучит.
Кој имат, ќе купит; кој немат, ќе шупит.
Кој имат, нека малчит; кој немат нека не лајт.
Кој иска да учи, требе и да плати.
Кој иска ногу, и без малку останува.
Кој јајт лајна, си имат и олџица.
Кој как постеле така и легнуве.
Кој како дење си мисли, и на сон ќе му иди.
Кој како е скроен, така ќе се ишчинит.
Кој како знъјт така и пејт.
Кој како ќе си је наредит.
Кој како прајт, така и наожџат.
Кој како работат, така е и платен.
Кој како си коња ранит.
Кој како шчо се скројл, така ќе се ишчинит.
Кој како шчо се скројл, така си живејт.
Кој каков е, за себе си е.
Кој каков е, така прајт.
Кој ке никнал, таму навикнал.
Кој ке умират, таму и го закопвет.
Кој кон се фане, тове врше.
Кој копа гроб на друг, сам в него влазина.
Кој копа дупка на друг сам ќе падне во неа.
Кој краде, по гас јаде.
Кој кради тој лажи.
Кој кради, да ослепеи.
Кој кривјот го жаљат, на правјот му грешит.
Кој кротко оди, тешко носи.
Кој куга умре, тогај се копа.
Кој купвит шчо не му требит, ќе продат и то шчо му требит.
Кој купува вретена, ќе си купи и пршлање.
Кој купува това шчо не му требе, ќе си продаде и това шчо му најтребе.
Кој къснал од мене, се отрул.
Кој ќе даи пара, тој ќе свирит свирка.
Кој ќе се намъчит, ќе се научит.
Кој ќе седи под круша, тој ќе ги јади здрелите круши.
Кој лаже, тове и краде.
Кој лесно вервит, лесно се мъмит.
Кој лете ладува, зиме гладува.
Кој лете пладнуват, тој зиме гладуват.
Кој лошјот го жаљат, на арниот лошо му прајт.
Кој лошо прајт, лошо дочеквит.
Кој лошо прајт, на добро нека не се надејт.
Кој лъже, на јъже; кој не, на две.
Кој мал се жени и рано руча не е лаган.
Кој малку дава, од срце дава.
Кој малчит, си ја знъјт работата.
Кој мери вов вр'о, удара вов корено.
Кој многу благодарит, не мислит да платит.
Кој многу дат, сам ќе питат.
Кој многу дробит, бргу ќе просит.
Кој многу зборвит, грешит.
Кој многу зборвит, многу мъмит.
Кој многу знъјт, многу тргат.
Кој многу молитвит, не мислит да вратит.
Кој многу се смејт, малу се радвит.
Кој многу се смејт, многу ќе плачит.
Кој многу трчат, ќе се сопнит.
Кој мъмит другего, и него други го мъмет.
Кој мъмит и крадит.
Кој на кого му копа, сам во дупката падва.
Кој на ќејфот, кој преку ќејфот.
Кој на младост не учит, на старост ќе се мъчит.
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера.
Кој надвива он право суди.
Кој настапи на оѓине, тове ќе се изгори.
Кој не верува, с очи ќе си види.
Кој не го вардит чужџото, немат свое.
Кој не го имат брата си за брат, ќе имат Турчин за господар.
Кој не го имат брата си за брат, на Турчин робуват.
Кој не го познат, скъпо го плашчат.
Кој не го чуват малуто, не ќе мојт да имат многу.
Кој не е за себе, не е ни за другего.
Кој не е јал чужџи леб, он нишчо не знае.
Кој не знае да држи на попадија фустане, ќе држи на попо бастуне.
Кој не знъјт да седит на лопата, ќе седит на ръчка.
Кој не знъјт себе си да се вардит, не знъјт и другите да вардит.
Кој не је вардит парата, не ќе вардит ни грош.
Кој не крпи старо, неќе да носи ново.
Кој не крпит фето, не носит ново.
Кој не ќе почнит, не ќе овршит.
Кој не ќе стиска парата не ќе ја достиска и лирата.
Кој не ќе чует со еднаш, не ќе чуе со дваж.
Кој не оре, нема да жние.
Кој не пита, он скита.
Кој не поминал, не знъјт многу.
Кој не работат дома, ќе работат по чужџи куќи.
Кој не работат на свое, ќе работат на чужџо.
Кој не работи, тове не греши.
Кој не разбират од збор, ќе разберит од стап.
Кој не рани мачќи, ќе рани глувци.
Кој не сакат да дајт, ќе најт шчо да кажит.
Кој не сакат кога мојт, ќе сакат кога не мојт.
Кој не сакат малу, ќе немат многу.
Кој не се намъчил, не се научил.
Кој не се родил, не ќе умрит; а кој се родил, ќе умрит.
Кој не се рожџат, не умират.
Кој не се страмит од себеси, не се страмит ни од другего.
Кој не седи мадро, ќе си го најди.
Кој не си бие жената, бие си снагата.
Кој не слушат, не ќе го слушет.
Кој не спие ношја, спие дења.
Кој не фалит, не печалит.
Кој нема в главата, има в петите.
Кој нема срам, нема ни грех.
Кој немат во глата, имат во ноѕете.
Кој немат во глата, јајт по глата.
Кој немат мера, немат ни вера.
Кој немат ум, имат нозе.
Кој немат чедо, еден мараз; кој имат чеда, појќе марази.
Кој немат, лесно фешчат.
Кој ногу втасува, малку извршува.
Кој ногу дума, ногу и лаже.
Кој ногу знае, малку страда.
Кој ногу знае, ногу ќе страда.
Кој ногу јаде, ќе се поболи.
Кој нож вади, од нож умира.
Кој носи, не проси.
Кој овчар спие, без јагнишча останува.
Кој од кол, кој од фортома.
Кој оди на вода, тове троши грнците.
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело.
Кој оди по бумбар, на лајно ќе го однесит.
Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа.
Кој оди по преваро, подоцно си дооди.
Кој ојт по бога, викат до бога; кој ојт по врага, живејт ко ага.
Кој ојт по бога, леликат до бота.
Кој ојт по бумбар, ќе го однесит на лепешка.
Кој ојт по врага, живејт ко ага.
Кој ојт по мува, ќе го однесит на лајно.
Кој ојт пополека, ќе фтасат подалеку.
Кој опитвит, не шчитат.
Кој оре, сам не јаде.
Кој паднал в езеро, од дожд не се плашит.
Кој падне в морето, и за сламката се фашча.
Кој палечник оре, не ражџасува.
Кој пара даде, тове свирка свири.
Кој пејт, лошо не мислит.
Кој пита, не пипа.
Кој пљуват наугоре, ќе му паднит на очи.
Кој пљуват спроти ветар, ќе му паднит на брадата.
Кој по тебе со камен, ти по него со леб.
Кој пое, зло не мисли.
Кој прави вретена, прави и пршлење.
Кој прави кашчи, ќе оди без гашчи.
Кој прајт арно, не ќе се кајт.
Кој прдна, кој го зеде грошот.
Кој пребира, тој забира.
Кој превари, он товари.
Кој предмислуа, тој не грешава.
Кој премислува, не грешава.
Кој пробира, он набира.
Кој проси, дома носи.
Кој прс да пресечиш, се ќе те болит.
Кој ранит чужџи кучиња, ќе го лает негојте.
Кој рано рани, две среќи граби.
Кој рано ранит, две стреќи грабит.
Кој рано ручат и млад се оженит, не ќе се кајт.
Кој рано станвит, весел станвит.
Кој сакат да работат, не останвит без работа.
Кој сакат други да го честет, требит прво сам да се честит.
Кој сакат на старост да си починит, на младост требит да се потит.
Кој саке да не месе, ден везден брашно сее.
Кој свири — свири, не тупа.
Кој се бие пеза (се потсмева) ќе му се врни на трпеза.
Кој се вали, не пали; а кој молчи, ќе сврши.
Кој се возит на чужџа кола, не ојт далеку.
Кој се давит и за сламка се фашчат.
Кој се дига на гулемо, ќе падне на колено.
Кој се измешат со трици, свињи ќе го изејет.
Кој се крева високо, паѓа ниско.
Кој се лути, брго ќе остареи.
Кој се лути, брже ќе намакне фути.
Кој се лути, ќе го дериме.
Кој се лути, ќе го лупит.
Кој се лути, нака се собуе.
Кој се љутит, бргу ке остарит.
Кој се љутит, мајка му јалојца.
Кој се љутит, сам ќе се собујат.
Кој се мокат спроти ветар, ќе се испрскат.
Кој се плаши од лошото, побрже му дооди.
Кој се плашит од рапчиња, не сејт просо.
Кој се попарил од млеко, дуват и на мъшчејнца.
Кој се прајт овца, вълци го јадет.
Кој се радвит на чужџото зло, ќе плачит на своето.
Кој се рожџат и умират.
Кој се смејт другему и нему ќе му се емејет.
Кој се смејт најоѕади, најблаго се смејт.
Кој се срамува, ќе гладува.
Кој се страми, лицето му се црвит.
Кој се фали не пали.
Кој се фали, тове не пали.
Кој се фалит, не палит.
Кој се фашчат на оро, требит да имат здрави ноѕе.
Кој се црви во лицето, грешката е у него.
Кој се чуреш не начури, он се оѓин не огрее.
Кој седи на два стола, ќе падне и од двата.
Кој седи под крушата, тове јаде жруши.
Кој седит под круша, тој јајт круши.
Кој сее ветер, ќе жнее бура
Кој секаде пљуват, цел свет го трујат.
Кој си бие жената тој си бие снагата.
Кој си бие жената, тој си бие снагата.
Кој си го бива, за се си го бива.
Кој си има брада, ќе си најде и гребен.
Кој си има деца, има си и грижи.
Кој си има муата на капата, си ја бранит.
Кој си имат во амбарот 'рж, не одит у комшијана да земат назаем чејнца.
Кој си ја има муата, сам се окажува.
Кој си ја има мувата на капата, си ја ишка.
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата.
Кој си ја менвит верата, је менвит и народноста.
Кој си ја менвит капата, је менвит и верата.
Кој си краде од соно, краде си од веко.
Кој си не припознава кусуре, тешко се жени.
Кој си работи, бог не му брани.
Кој си работи, тове си и има.
Кој си рака дава, таа не се сече.
Кој си рано рани, две среќи граби.
Кој си руча на конако, ќе вечера на сокако.
Кој слушат жени, бетер е од жена.
Кој со душа, кој без душа.
Кој т' опитвит аљ' се бричит владика.
Кој те гледа с едно око, тис него сос двете.
Кој те не знае, скапо ќе те плати.
Кој тепа, ќе го тепаа.
Кој тера рогове, ќе остане и без уши.
Кој терат два зъјака, не фашчат ни еден.
Кој ти ги изваде очите? — Брат ми. — Затоа толку длабоко.
Кој ти видел овен, кој ти скршил рог.
Кој ти милува, не ти станува.
Кој траит, рај ќе наит.
Кој угажџа, тове право не суди.
Кој украде игла, ќе украде и камила.
Кој украде — оди в грех; на кој му украдат — триста греа.
Кој украдит јајце, ќе украдит и кокошка.
Кој урочи, пичка у очи.
Кој фето не крпит, ново не носит.
Кој често оди на црква, највеќе е грешен.
Кој што ја жали потковицата, го губи коњот.
Кој што си сеел и ќе си жнее.
Кој што сторил ќе најде.
Кој шчо знтъјт и умејт, не требит да се страмит.
Кој шчо имат, нека си го чуват.
Кој шчо ќе речит слушај, од својот ум не дели се.
Кој шчо прајт, себеси си прајт.
Кој шчо сакат, то му се слушат.
Кој шчо си обича, това му прилича.
Кој шчо си прави, за него си прави.
Кој шчо си тера, ќе си најде.
Која душа не сакат да ојт в рај.
Која е крушка без рачка, таа и мома без маана.
Која зима без студ?
Која кобила ќе се фати таа ќе врши.
Која кобила ќе се фатит, таја ќе вршит.
Која кобила се фане, таа влече.
Која коза се делит од стадото, вълци је јадет.
Која кокошка многу гракат, малу јајца носит.
Која кокошка многу крека, малку нос јајца.
Која крушка без опашка, да момче без невеста?
Која мајка си неќи челадта?
Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит.
Која мома ногу избира, брже не ќе да се ожени.
Која овца многу блет, малку млеко дава.
Која овца се дели од булукот вжлкот ќе ја изеди.
Која овца се дели од булукот ја јади волкот.
Која работа се остат за после, никогаш не се битисвит.
Која рака дава, не саане.
Која рака дава, таа е мила.
Која стомна појќе пъти ојт на вода, бргу се кршит.
Која страчка без опашка, да и момче без невеста?
Која страчка без опашка, која момичка без момче.
Која страчка без опашка, та и Петко без жена.
Којшт нема ум, нека нема и глаа.
Којшто бара жена без кусур, не ќе можи да ја најдит ни во Стамбол.
Којшто вели оти се знаи, тој ништо не знаит.
Којшто во лете пладнува, во зиме гладува.
Којшто дава леб по пците, ќе му останат немутриците.
Којшто дава милостина, многу брго осиромашуа.
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа.
Којшто дават вересија, ќе си остани без сермија.
Којшто дал ручек, нека даит и вечера.
Којшто зема жена бесчесна, ќе си ја има дома бељата.
Којшто знаи книга, поеќе знаи да се моли на Бога.
Којшто има брашно дома, сиромав не слагај го.
Којшто има една вреќа елама поеќе од тебе, не заваќај се со него.
Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.
Којшто има лична жена, не му треба дома икона.
Којшто има маша, не треба да ваќа огно со рака.
Којшто има пари, и зло и добро со нив праи.
Којшто има пари, што сака со нив работи.
Којшто има поеќе мас, и на патецот си мачкат.
Којшто има, па да има.
Којшто копа гроб другему, сам паѓа во него.
Којшто кради игла, кради и што да му падни.
Којшто кради јајца, кради и мавче.
Којшто кради, аир не ќе види.
Којшто кради, домаќин не ќе бидит.
Којшто кради, не ќе се најадит.
Којшто ќе излажит еднаш, не се веруат другаш.
Којшто ќе исплетка конците, мачно ќе му го најди крајо.
Којшто лажи, можи и да си крадит.
Којшто менуа поеќе мајстори, тој калфа ќе си останит.
Којшто многу таксуа, малку исполнуа.
Којшто на младос дење преспива, на старос ќе гладуа.
Којшто на младос растура, на старос ќе страда.
Којшто не ет борчлија, за богат се слагат.
Којшто не знаит да молчит, не знаит и да зборуа.
Којшто неќи да меси, се туку ќе сеит.
Којшто неќи да работи, тој си бара муабети.
Којшто оди на бања, сака-неќи, ќе се испоти.
Којшто паѓа в море, и за змијата се ваќат.
Којшто паѓа в море, и за сламката се ваќа.
Којшто поеќе молчи, поарна реч ќе речит.
Којшто работи и молчи, поеќе работа ќе свршит.
Којшто работи чесно, ќе живеит полесно.
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират, и илјада да му велиш, пак не ќе те разбери
Којшто разбира, разбира; а којшто не разбира, не разбира.
Којшто рано се обуа, тој не грешава.
Којшто рано стануа, поарно угодуа.
Којшто рано стануа, тој не грешава.
Којшто сака да се починит на старос, нека се помачит на младос.
Којшто сам паѓат, не требит да плачит.
Којшто сам паѓат, не требит друг да го туркат.
Којшто своего не можи да си го варди, во туѓото ни баре можи да се опули.
Којшто се ваќа на танец, како ќе му свират, така ќе играт.
Којшто се ваќа на танец, треба да играт.
Којшто се опива, не чекај од него добрина.
Којшто си пастри устата, тој си пастри душата.
Којшто умира еднаш, не умира дваш.
Којшто чини добро, не ќе најдит лошо.
Којшто чини, себе чини; којшто дава, себе дават.
Кокошка шчо многу грачит, малу јајца носит.
Кокошкана вода пијат и ваугоре се пулит.
Кокошкана вода пијат и кун господа погледвит.
Кокошкана едно јајце ќе сносит, цел свет ќе је разберит, а пчелата никој не је знъјт шчо прајт.
Кокошката има мозок, ама ја знаат по копаните.
Кола в торба не се крие.
Коли овци, рани волци.
Коли си овци, чунки се кротки.
Колкава ти е чергата, толку се истргни.
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
Колку да пија, знам си ак'ло.
Колку да си праведен, пак слагај се за грешен.
Колку жаба влакно, толку и тој чест.
Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш.
Колку ќе посееш толку ќе жнееш.
Колку леб, толку сирење нема.
Колку мало, толку пало.
Колку мъски земат анот?
Колку од ајпида лој, толку од него прокопија.
Колку пари толку музика.
Колку повеќе се плаќа толку повеќе се фаќа (магијата) .
Колку поеќе имат скржаиот, толку поеќе стискат.
Колку појке јајца во чорбата, толку поблага чорбата.
Колку појќе грмежи, побериќетлија година.
Колку појќе грмит, помалу врнит.
Колку појќе знъјш, појќе тргаш.
Колку појќе мас во преснеѕот, толку поблаг преснеѕот.
Колку појќе, толку п'убо.
Колку порано, толку поарно,
Колку постар прчот, толку појак рогот.
Колку прав на тапанн аир да имаш.
Колку прав — толку здрав.
Колку право, толку здраво.
Колку растиш, толку црнејш.
Колку си поумен, толку си поарен.
Колку срце болело, толку очи плакали.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Колку уба, толку ула.
Колку чеда, толку чуда.
Колку што е медот благ, толку е и горк.
Колку шчо знъјт ѕиздов, та и тој да знъјт.
Колни како владика.
Колни како Еѓупка.
Колни како маштеа паштерка.
Колни како свекрва.
Колцина излегле арамиј, сите тукуречи умреле по апсаани.
Комар мед не бере.
Комитсќи мон комитска глава носи.
Компир гледа дропка вади.
Кому ал, и присмех.
Кому како му е ќејф, така си прајт.
Кому му дал господ, љуѓе не мојет да му го зејет.
Кому му е квасо голем, побрго му кисни лебот.
Кому не му е страм, не му е ни грев.
Кому ниет, кому късмед.
Кому со лајца, кому со пајнца.
Комушто не му е куќата своја мила, ѓупцки пепел му е посолена.
Комшијата е појке од брат.
Комшијата ќе го видиш пред сънцено да го видиш.
Комшиската кокошка појќе јајца носит.
Комшиската кокошка се гљат како гуска.
Комшисќите кокошќи погулеми јајца носат.
Кон води — пешки оди.
Кон да кара — пешки да оди.
Кон за шило дрво не се врзува.
Кон прдел — ат татнел.
Коњ без узда не се повела.
Коњ без узда си оди кај сакат.
Коњ брз имат, ами широк мегдан немат.
Коњ доб'р — пушти го, паѓа на нос; тргни го — на газ.
Коњ за кобила, трампа, трумпа, напраи ја.
Коњ зелен и даскал умен немат.
Коњ и куче вера немет,
Коњ можи и јунак можит, ама кога Бог не му поможуат.
Коњ се фалит по еден месец, а чвек по една година.
Коњето се ритаа, магарињата одеваа.
Коњо алт'ни јадит и лепешки серит.
Коњо и песо си познаваат стопано.
Коњо сам ет арамија.
Коњот го дат, огламникот не го дат.
Коњот на таткото, чвекот на вујкото.
Коњот не го ранет зобта и сеното, ами очите од стопанот.
Коњот сакат зоб, а жената роб.
Коњот се ценит по тварот, а чвек по умот.
Копавме гушчерица, ископавме змија.
Копат бунар крај река.
Коприна носит, копри јајт.
Копринена жена, вълнен мъж, попрости од сешчо.
Корењата на учењето се горчли, ама плодојте благи.
Корилешко мој до попа стој.
Косата му обеле, и умот не му дојде.
Коските и кожата уште му останаа на него.
Кошулата ет поблизу до гаќите.
Крадената стока тепељ не фашчат.
Краденото е покаено.
Кражба не богати.
Крај средина брани.
Крајот го краси делото.
Крајот делото го краси.
Крастав коњ со крастав се чешат.
Крастите магариња преку девет планини ќе се намирисет.
Крв и нож.
Крв ми е пред очи.
Крвта вода не се прајт, ама понекогаш и гној се прајт.
Крвта вода не се прајт.
Крвта вода не се чини.
Крвта вода не станува.
Крвта не е вода.
Крива Дрина не се исправа.
Криви со ногата, оти го боли забот.
Кривиот чоек и од сенката се боит.
Криво да седим, право да думаме.
Криво дрво ќе исправиш, крив човек не можеш.
Криво засадено криво ќе расте.
Криво рало — бела пченица.
Криво седи, право вреви.
Криво седи, право суди.
Кришно се прца, јавно се кози.
Крк-мрк нема, пари сум дал, ќе те јадам.
Кркол сос кркол — пченица сос пченица.
Крлежо е сиромах оти нема газ да сере.
Кротката муа е побела куга те уапе.
Кротките овци вълкот ги давит.
Кротко јагне од две маќи цица.
Кротко како бубалче.
Кротко како гулапче.
Кротко како јагне.
Кроткото јагне од две мајки цицат.
Крпеж и трпеж две села поминале.
Крпежот и трпежот го крепет веков.
Крпежот је крепит куќата.
Крпен биди во алиштата, ама не биди борчлија во чаршијата.
Крста ми, леба ми, којшто ти вели, сака да те излажит.
Крстена вода кај-годе не се тура.
Крстената вода вов река не тече.
Крсти се и плукни си в пазуа кога да видиш пијаница.
Кртот и под земи ојт и не мојт да се скријат.
Круша под круша си паѓа.
Крушата под круша падинат.
Крушата си паѓа на корено.
Круши без рачќи не бива, да не е се рачќи.
Крушите капат до корено.
Крцкат како кола без катран.
Крцкат како колце без катран.
Крцкат како скрипец.
Крши витка, макај тиква.
Кршчај го вълкон, тој пак си е вълк.
Кршчај го вълкон, тој прдит.
Куга двуица се караа, третие добива.
Куга е дома мажо и ѕидовето појат, куга не е дома и стреите плачат.
Куга е здравје, се има.
Куга има масло и баба знае да меси зелник.
Куга му дојде време, петлето само си пропое.
Куга му дојде јајцето на газо, тогај тера седело.
Куга му дојде умо, ојде си кумо.
Куга на мене господ сос вреќа, јас на тебе сос торба.
Куга не е дома мачката, глувците оро играа.
Куга не ти е поданија, шчо ќе ти таа поганија.
Куга нема дож, и градо помага.
Куга ногу грми, малку врне.
Куга пиеш вода, немој да а матиш.
Куга повелаа свекрвите, јас бех снаа, куга станах свекрва, заповелаа снаите.
Куга правиш манастир, тури му и врата.
Куга си го дал газо на вересија, ќе трпиш.
Куга си се родил, на газо си паднал.
Куга си се фанал на орото, ќе поиграш.
Куга ти цар ебе маќата, на кој ќе се жалиш?
Куга човек неќе да услужи, за тове кол врзува коне.
Кукавицата умира на буката.
Куќа без дрва и без брашно, мошне му се гледат на домаќинката страшна.
Куќа без жена и мъж без пари оган да ги изгорит.
Куќа без жена огнот је изгорел.
Куќа со инет не се вртит.
Куќа — ламја.
Куќата гори, оџахот не чури.
Куќата ја кренаа на глаа децата од разлаачка.
Куќата не лежит на земи, туку на жената.
Куќата не тежит на земја, туку на плешчи.
Куќен арамија е полош од јабанџија.
Куќниот арамија ги поткоивит темелите на куќата.
Куќниот праг е на висока планина.
Куќните арамии се многу поопасни од надвореѓните.
Кули азно да имат пијаницата, пак не му втасуаат.
Кум говна јал, и на кумата давал.
Кум с празно ќисе и овца на празен амбар, нишчо не бива.
Кум фара не е.
Куме, ќе јадеш ле печено прасе, или да го пушча да пасе?
Кумитсќи гробишча се не знаат.
Кумитсќи кон — кумитска глава носи.
Кумитсќи нож, турска глава сече.
Купеното без потреба го продат и то шчо ти требит.
Купи беља со пари.
Купи ден помини, утре нов ден нова нафака ќе ни даит Господ.
Купи опинци — капа нема.
Купи си прво комшија, после прај кука.
Купи си ум со пари и продај го без пари.
Купи, ден помини.
Кур са му гниди пројали, капата му ќитка иска.
Кур се вари побрже од лешча.
Курва врагува, ама знае и џуап да дава.
Куртулисал арамијата од една беља, паднал во друга.
Кус да рус и во забите како пес.
Кус петел довек пиле.
Кус петел, пиле довека.
Куса болес, благи конец.
Кусие пат секугаш излази под'г.
Куту на куче ки помине (се вели за дете кога ќе се удри).
Куц вълк и крастајте кучиња го късет.
Куцат магаре од уше.
Куче ако е чвек, та тој.
Куче баница не јаде.
Куче влачи — дира нема.
Куче во врешче не влегвит.
Куче и Турчин не са за вера.
Куче кога вије некој ки умре.
Куче куга спие и жена куга плаче, не веруве.
Куче лае од осое.
Куче лајт, ветар носит.
Куче лајт, мече трајт.
Куче немат за шчо да фатит.
Куче од него да къснит ќе збеснит.
Куче од укор не одбира.
Куче што не лаи и не каса.
Куче шчо лајт, не късат.
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали.
Кучето го милуви и стапжт си држи.
Кучето дека јаде лебо, там брани.
Кучето е блосоено, а мачката е кълната.
Кучето е верно на стопанот.
Кучето е клето на трлата.
Кучето кокале ни го лиже, ни на друг го дава.
Кучето лае, карване си оди.
Кучето си лаи, карвано си врви.
Кучето старее од одење.
Кучето стопана си не го познат.
Кучето шчо лае на две порти, без глава останува.
Кучето шчо лае, не апе.
Кучињата ласт, карванот си врвит.
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит.
Кучка што јајт мас, јајт и стап.
Къде бабат многу баби, децата без гла се рожџет.
Къде е мршата, таму се и галојте.
Къде кого го јајт, таму се чешат.
Къде мътика не удират, грозје ке се рожџат.
Къде си кршчал, отаде чекај погача.
Къде ти очи, таму ти и гла.
Къклицата требит од корен да се откорнвит.
Късае, късае, дури го искъсае.
Късат ко бесно куче.
Късмедот барај го во работата, а не во надежта.
Късни, куме, и од граов!
Ќарот и зијанот браќа са.
Ќарот и зијанот се браќа.
Ќе го јадеше како леб и сол.
Ќе го однеси матната лошио по реката.
Ќе го робеше кога го завати со зборои да му вели.
Ќе збере кашча колку прах на тапан.
Ќе и го потполни самарчето.
Ќе и замешаме капите, ако се степаме.
Ќе и кинам чевлите, ако сака Господ.
Ќе и мешаме капите.
Ќе и плукниме под пенџерето.
Ќе ја затрнит куќата со умо што киниса.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
Ќе јадеш ле, куме, печено прасе, или да го пушча да пасе?
Ќе ми плати на тој век, или на второ пришествие, кога ќе се суди.
Ќе ми те сошие од кај што не си за шиење.
Ќе му дојди умо, ама ќе му појди кумот.
Ќе му дојт умот, откако ќе си ојт кумот.
Ќе му и плати парите лани на грозје брање.
Ќе му и плати парите лани на лук брање.
Ќе му и плати парите лани на Петроен.
Ќе му стоит празен меот.
Ќе пости кога нема што да јади.
Ќе пројде како пците на Василица.
Ќе прокопса лошио, ама кога ќе му никни на ќосо брада.
Ќе прокопса, ама по смртта, или кога ќе си го видам тилот.
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка.
Ќе пукнит од мака како костен во пуза.
Ќе се завалка грнето, ќе си го најде поклопчето.
Ќе се запие кавгаџијата за чоека како некоја пијаица.
Ќе се лути, лути и ќе се одлути.
Ќе се најде и за твојата вреќа закрпа.
Ќе се плаќаат до врева.
Ќе си го лизни страмот како Еѓупче мрсул.
Ќе си даит како поп.
Ќе си даит клучеите, како што го гледам.
Ќе си дојде на годините, ќе му легне умот.
Ќе си седиш мадро како поп.
Ќе слезе Мурто, ќе се качи Курто.
Ќе соберит дом колку тъпан прав.
Ќе т' опитат староста, ке ти била младоста.
Ќе те јада како алва на Прочка.
Ќе течит рекана ке шчо текла.
Ќе траит алиштето од Бадник до Бадник.
Ќе траит од новина до погибел.
Ќе треснам ко орев на камен.
Ќе туркате ѕидот со глава.
Ќе чука дури железото е жешко.
Ќелава брада — лесна за бричење.
Ќешке да не се родеше Јуда одошто го предаде Христа.
Ќило фрли, кутел најди.
Ќириџија — абанџија, ти си му прв комшија.
Ќисело било грозјето зашчо не го дофтасвела лисицата.
Ќор дал, слеп зел.
Лага река не гази.
Лагата е ѓаолцка.
Лагата е колната од Бога.
Лагата е краста.
Лагата е плитка.
Лагата куса ја има ногата.
Лагата поарно ја веруаат одошто вистината.
Лаги со рогои.
Лаги ти продаат, со опашки.
Ладна сенка — гладна дупка.
Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро.
Лажа река не гази.
Лажата врх има, корен нема.
Лажи - Богоројца не биди.
Лажи го дека му наметнеш оглавта.
Лажи ме да те лажам, бре брате.
Лажи — мажи.
Лажи, шчерко, кој ќе лажеш: и маќа е момувала, и маќа врагувала.
Лажит како некој Евреин.
Лажичник и газичник се познаа.
Лажлив поп сеедно да кажуат за Бога, никој не го веруат.
Лажлив човек и право да кажува, никој не го верува.
Лажлив чоек и прао да кажуат, никој не го веруат.
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога.
Лажот и сам себе се лажит.
Лажот лажит како Еѓупка.
Лаит песот за да си брани комато.
Лајна гљај да не късниш, та за влакно ако.
Лајна го раниш, ама лајна и ќе јадеш.
Лајната под гъзот падинет.
Лајт на ѕвездине.
Лајт на месечинана.
Лајт по господа.
Лаком газ крв сери.
Лаком газ не е газ.
Лаком гъз, крв серит.
Ламба без газје и фитиле не гори.
Ламја си за јадење, а за работење мрава.
Ламјата го пие бериќетот кога не се раѓа.
Лани баба умрела, годинава се свапирила.
Лани баба умрела, годинава се смрдела.
Лани бев на туѓина, годинава не сум дома.
Лани горела, а са смрдела.
Лани куќи изгореле, годинава посмрделе.
Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година.
Ластојце, грамотнице, на ти сино и зелено, дај ми бело и црвено.
Лачи го лозјето да ти уздреи грозјето.
Леб без квас не бижцат.
Леб без мътика немат.
Леб и вода е најарна рана.
Леб и сол - Божи блаосов.
Леб и сол што дал Господ.
Леб по земја не се фрла — греота е.
Леб со нога не се кашка, оти е греота.
Лебот е поблаг кога е заработан.
Лебот со сълзи го јајт.
Лева рака — десен џеб.
Легвит со кокошкине, ама станвит со петлине.
Легвит со кокошкине.
Легнал на колк како бег.
Легни му да те гази.
Легни, стани, господи брани.
Лежи, лебу да те јадам.
Лежит мрзливион како некој умрен.
Лежит мрзливион на плеќи и чекат нешто од Бога да му паднит.
Лек да са фате! - се вели кога ќе се плати лекот.
Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават.
Лекот е за пара, ама кој го знъјт.
Лекот ет за една пара, а кој не го знаи, алт'н дават.
Лекот ет за една пара, ама кој го знаит?
Лели имам женска челад и со црниот ѓавол ќе се сосвата.
Лели ме турнал Господ, и вредно и невредно ќе ме туркат.
Лели мрциново, па мрциново.
Лели сум сиромав, никој ме неќит.
Лели сум сиромав, никој род немам.
Лели те сака главата, опашката што ќе прави.
Лен благо не јајт.
Ленивата рака доноси сиромашчија.
Леноста е мајка на сите лошоти.
Лесен е во глана.
Лесен е во умон.
Лесен е под капана.
Лесен ет будалата во умот.
Лесен ум, јаки ноѕе.
Лесен, дури со суи штици.
Лесен, лесен, дури однесен.
Лесица вов вреќа не влази.
Лесица вов вреќа се не продава.
Лесичка правина — права како важе в торба.
Лесно е да бидиш арен со чужџо арно.
Лесно е да бидиш на гото дете татко.
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш.
Лесно е да имаш, тешко е да чуваш.
Лесно е да се зборвит, ама тешко е да се работат.
Лесно е да се научиш, ама тешко е да се одучиш.
Лесно е да се прајш на гото дете татко.
Лесно е да се разболиш, тешко е да оздравееш.
Лесно е да фалиш пости со пълн мев.
Лесно е некој да се кити со туѓи перја, ама тешко е да лета.
Лесно е покрај чаша јунак да бидиш.
Лесно иде, ама тешко си оди болеста.
Лесно му е на богатиот.
Лесно се велит, ама тешко се одвељвит.
Лесно се разболуваш ама тешко оздравуваш.
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар.
Летај ако сакаш по облаци, и пак не можиш да се вкачиш на небеси.
Лете без кожув, а зиме без леб не оди, рекол овчарот.
Лете да си куче, зиме да си мачка.
Лете зелено — зиме бело.
Лете има на секоја лединка и лебинка.
Лете кој лежи под сенка, зиме под стреа.
Лете ладува, зиме гладува.
Лете не оди без качул, а зиме без јужина.
Лете работат и мравките.
Лете рај, зима вечна.
Летен измиќар — зимен господар.
Летна лепешка — зимна понада.
Летна пилето, остана празно седелото.
Летно време и на трн колак бива.
Летно ѓубренце, зимна понада.
Летно лајно, зимна понада.
Лето без горештина не бидуа.
Лето дојде, зимата си отиде.
Лето за сиромаси, а зимо за богати.
Лето — пресно млеко; а зима — лута змија.
Летото бргу поминвит.
Летото лита, ама да има кој да го фане.
Лижисаанка девојка — измеќарка ќе бидит довека.
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат.
Лимон којшто јадит, малку ќе се начумерит.
Лисица два пъти не се фашчат в стъпица.
Лисица на пазар не ојт.
Лисицата и аџиица да биди, пак кокошки ќе јадит.
Лисицата и калугерка да се сторит, не пушчај ја меѓу кокошките.
Лисицата се ватила в стапица, и пак во кокошките гледат.
Лисјето на дрвјата му се душата.
Лице од лице се страмит.
Лице пичка продава.
Лицево ми се смејт, срцево ми плачит.
Лицем светци, срцем вълци.
Лицето го покажуа срцето.
Лицето го продаа девојчето.
Лицето од месо му го напрај.
Личит ла петелот.
Лична жена не се пушчат сама на свадба.
Личната мома се големеит со личотата.
Личната мома со личотата се продаа.
Лов да лоиш, ден да губиш.
Ловџија ако бидиш, дуќан не можиш да држиш.
Лозјето не сакат молитва, туку мътика.
Лозјето сака мотика, неќи молитва.
Лош јазик што не можи да сторит?
Лош комшија големо лошо.
Лош коњ од камџик не разбират.
Лош почеток, добар крај.
Лош ум, готов суд.
Лоша жена — вечна мъка.
Лоша мачка глувци ваќа.
Лоша мома, ама арен касмет.
Лоша рана оздравува — тешка дума не се заборавја.
Лоша спастра, готва змија.
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат.
Лошата дума под'го се павни.
Лошата жена късат полошо од љута змија.
Лошата кучка го вардит селото.
Лошата момичка арен късмед имат, а арната лош.
Лошата момичка арен късмед имат.
Лошата пљага заздравјат, ама лошјот збор не се за бора.
Лошата погача поарен пријател ќе пречекат.
Лошата уста сешчо мојт да речит.
Лоши и се на момето веѓите, ама чесни и се збороите.
Лошио пес нито ја гризит коската, нито ја остават.
Лошио пес овци можит да ги варнит.
Лошио чоек ако ти се ватит за полата, сечи ја и остај му ја в рака.
Лошио чоек добро утро да ти речит, зијан ќе те најдит.
Лошио чоек змија не го јадит.
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и владика да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и од ѓаолот не се страшит.
Лошио чоек и светец да бидит, пак ќе згрешит.
Лошио чоек кај ќе се прибери, се зијан ќе сторит.
Лошио чоек кај ќе стапит, трева не ќе никиит.
Лошио чоек кога ќе умрит, ќе се смирит.
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек.
Лошите луѓе секој ги неќит.
Лошјот и од бога е белезан.
Лошо е да не знъјш, а да мислиш оту знъјш.
Лошо е да не знъјш, а не е лошо да опиташ.
Лошо зафашчање, лош крај.
Лошо праел, арно никогаш не видел.
Лошото време се поправа, лошиот човек никогаш.
Лошото донесуа уште полошо.
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат.
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт.
Лошото лошо ражџа.
Лошото ни ора ни копа само греди.
Лошото никој го неќе.
Лошото поеќе чоек го паметуа одошто доброто.
Лошото само си дооди.
Лошото се слушат подалеку од арното.
Луд газ — луди рани.
Луда коза — пресни рани.
Лудост младост, матна река.
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро.
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.
Лут ако си, секој од тебе ќе се плаши.
Лут каке ѕвер.
Лут како дива свиња.
Лут како пипер.
Лут чоек пријател не држит.
Лути се, карај се, ако криво зборуаш, никој не те поткрепуа.
Лутината е ѓаолцка.
Лутината е на ѓаола молитва.
Лутината е огон од вечната мака.
Лутината е половина улавчина.
Лутината ет полојна на улавштина.
Лутината многу пакос сторила.
Лутио чоек ет орди-озан.
Лутио чоек ет тури-леќе.
Лутио чоек сам себе се јадит.
Лутио чоек тој што ќе речи, тоа сака да бидит.
Луто ако јадиш, ама благо да зборуаш.
Лутото можеш после да го дојадеш, а смрдливото се фрла.
Љубов и кашлица не се кријет.
Љубовта е пълна со мед и со пелин.
Љубовта убајна не гљат.
Љуѓето не се мерат со ършин, туку со ум.
Љут ко рис.
Љутата киселина зијан на својата бочва је прајт.
Љутината е полојна будалшчина.
Љушченката не падинат многу далеку од пенот.
М'комото куче е апливо куче.
Магаре вјаај, коњ фали.
Магаре вјај, магаре барај.
Магаре вода не знъјт да напијат.
Магаре и на аџилак да ојт, пак магаре ќе си останит.
Магаре јавај, магаре барај.
Магаре купено од краставица вода го носи.
Магаре меѓу две копи гладно умира.
Магаре на магаре прилегвит, ама в една врата не влегвит.
Магаре од в'чка кожа не се плаши.
Магаре од прекор не умира.
Магаре од шега не умират.
Магаре рани ат јавај.
Магаре стока и зет рода.
Магаре стока, зер фара и врба дрео не се.
Магаре фали, кон вјае.
Магаре фали, кон зиме.
Магарето го канале на свадба, за да носит дрва и вода.
Магарето не го викаат на свадба за нунко, ами за да носи вода и дрво тоарено.
Магарето со рикањето му се чинит оти векот ќе го уплашит.
Магаршчината не ојт по ајвани, ами по љуѓе.
Мадроста е блосов од бога.
Маж без жена непара го прилегаг.
Маж без пари и куќа без жена — огон да ги горит.
Маж е и белило и црнило на жената.
Маж и арач кај вати, туа плати.
Маж како петело наш.
Маж куќа не крепи.
Мажила се мома да не седи дома.
Мажите кој се умни си ги честат жените.
Мажо да носи со кола, а жената да изнесуа со игла, и пак ќе се битисат.
Мажо е борчлија да носи дома, а жената — да го спастри.
Мажо си оди со крсто на чело, а жената — на тило.
Мажо сос кола да вноси, жената сос игла да износи, ќе навакса.
Мажот Бело Море и Црно ќе обидит за жената да ја преранит.
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената.
Мазнопътци работеле, бунџоглај јале.
Мајка ке шчо мат лој врзвит.
Мајка сина одранила со кисела маштеница.
Мајката на чедо зло не мисли.
Мајска роса секоја капка и флорин.
Мајската роса е најгулемо богатство.
Мајски дожџој плашчет борџој.
Мајстор без алат шчо и без занает.
Мајстор Петко: од три буки — две вретана.
Мајсторе, Горе, качи се горе.
Мајсторе, ти дам месо и коски, а ти барам само коски.
Мајсторија кози пасе: пет откара, две докара.
Мајсторија кози пасит; пет отерај, две дотерај
Мајсторо ако лажи еднаш, калфата дваж.
Мајчина и таткоа клетва наземи не паѓа.
Мајчица — сенчица.
Макар е гол, ама е сокол.
Маката е за чоека, да дури довека.
Маката оди по чоека.
Маките сет за луѓето.
Маќа носи девет месеци и па не и е дотегнеало.
Маќата е долап на шчерката.
Мал петел голем кокошарник бара.
Мала вечеричка, долга живејачка.
Мала работа, голема срамота.
Мала роса подлабоко вземи влегуат.
Малечка кокошчичка, довек јаричка.
Малечки деца — малечко гајле, гулеми деца — гулемо гајле.
Малечки прикаски гулем ак'л даваа.
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
Малите приказни голем ум даваат.
Малите реки поеќе се вредни од многуто облаци безводни.
Малку јади, поеќе работи.
Малку починувај се, работи поеќе.
Мало мнуче — мало рипче.
Мало-големо се лага станало.
Малоо кравајче — голем ден, требит стиснат газ.
Малото грне бргу се варит.
Малу дадено, од срце дадено.
Малу дадено, од срце; многу дадено, од имање.
Малу зборви, многу работај.
Малу зборој, многу рабоќе.
Малу му е во торбана.
Малцина веруаат оти можи утре да умрат.
Малчењето е злато.
Мама вино не пијат, коза сено не јадит.
Мамелето празник не држит.
Манџа што не јадиш, што се грижиш ако изгоре.
Мара го сакат Анета, ушче Ане да је сакат Мара.
Марифет е од живо јаре кожа да продајш.
Маслинка манџа не бидвит.
Матна вода не гази.
Мачка во врешче не се купвит.
Мачка во врешче ни се купвит, ни се продат.
Мачка и жена на заем не се давет.
Мачка на заем не се дат, а не жена.
Мачка по грб не пада.
Мачка риба не јаде: през плет та в ред.
Мачка со ѕвонец не ваќа глушец.
Мачкај колата, да не чкртат.
Мачкана и кога цојсвит за глуфците мислит.
Мачкана секогаш на ноѕе падинат.
Мачкана сирење ќе те сторит.
Мачката и преку девет ѕидој ја намирисвит пастрмата.
Мачката под камен да има риба скриена, ја намирисуат.
Мачката преку три куќи ја намирисуат рибата.
Мачката сос венец глувци не лови.
Ме избричи на суво.
Ме избричи, те избричив, на здравје да ни е.
Ме јајт ко црвец дрео.
Ме ладиш со џешка вода.
Ме прало да ме болит.
Ме фати грошот золата.
Меаната е стапица за пијаниците.
Меани во секој град има поеќе отколку друзи дуќани.
Меани туку да снема, и пијаници ќе снема.
Меанџиите ги честат пијаниците дури да му земат парите.
Меанџиите мошне ги мијат чашите за да ги блазнат пијаниците.
Мев па миризмата се познава внатре што има.
Мевлем на рана — збор на жалба.
Мегу слепите тој со едно око е цар.
Мегу чужди љуѓе ко да си, требит да имаш зъјачки уши и соколој очи.
Мед да туриш, та да собериш.
Медената уста железни враќе отворат.
Меѓу арните да си арен, не е никаков марифет.
Меѓу враке шчо крцкет, не клај прст.
Меѓу два огна се наоѓат, како не ќе изгорит?
Меѓу два стола, ти долу.
Меѓу две маќи детето е ќилаво.
Мек како бубаќ.
Мек како бубрег.
Мек леб за деца, а попара за баба.
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
Меките постели не сет за сиромаси.
Менал чума за гробник.
Менал чума за панукла.
Мене ветво — тебе ново.
Мене дај ми копано, да ти јади го оризо.
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле.
Мене лага, тебе вистина.
Мене ми е жал, да знам што да му праам на пијаниот.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
Мене ми иди да се расплачам, тој ми се смеит.
Мене ми идит да пукнам од мака, тој се смеит.
Мене ми се запалиле гаќите, тој вели: стој да си запалам цигарата.
Мера — вера.
Мераклија ко Еѓуптин на бел џигер.
Мерам муабет за едно љуље тутун.
Мери, мери, та после крој и сечи.
Месен ибесен.
Месено, обесено дома донесено, нигде немат.
Месено, обесено дома донесено.
Месец без три недели.
Месечина за коњи градење и моми грабење.
Месо без коски — џиџер.
Месо купвиш, дебело зеј, неста одбираш, од сој зеј.
Месо од кожа, риба од вода.
Местото не го чини чавеко.
Мечка се учи, човек не се учи.
Мечка со мрави не се најадвит.
Мечка со мрака се бори, а не шут со рогат.
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
Мечката в гората, они и кожата продаваа.
Мечката је рекла на лисицата, а лисицата на опашката.
Мечката од гората се учи, не пак човек.
Мечката плачела ко греело сънце, а се смеела ко врнело.
Ми ги вати камено нозете.
Ми даде леблебија, ми зеде мендухија.
Ми даде, ама откоа ќотеко го јаде.
Ми капна лицето од страм.
Ми насобрал оро и боро.
Ми оит како на 'ртот мад...
Ми оит како на ракот во трапот.
Ми подбелеа очите за јадење.
Ми помина зборот како на камен.
Ми потфатил камен ноѕете.
Ми се чини оти болниот ќе скинит.
Ми стојт на врвов од јъзиков.
Ми фати оково.
Мие да је острижиме овцата, та кој сакат нек је пасит.
Мие за вълкот а вълкот на врата.
Мие можиме три, а нас не можат триста.
Мижи Асан да ти бајам.
Мижи да те лажам.
Мижи да те мъмам.
Мижи ќорчо да те лажа.
Мижи очи да те лажам.
Мил огнец, мил мъжец.
Мило за драго.
Мило ми е на очите кога гледам арни луѓе.
Мило мое, мило свое.
Минало поле сенќа.
Мине — јадеж, мине — мамиш.
Мирен човек — м'комо куче.
Мириса пијаниот како расол во марта.
Мирна жена секој ја милуа, и блазе кој ја имат.
Мирната вода повеќе бела прави.
Мирни калуѓери и на Вели петок прасе јадат.
Мирни кауѓери и во стреда риби јадат.
Мирните и кротките деца Христос ги пофали и ги блаосои.
Мирно седи детето како јагне во трлото.
Мирно срце Бога моли, а немирно солзи рони.
Мирно срце бога молит, а немирно сълзи ронит.
Мисли каде одиш, да не одиш двапати.
Мисли — прај!
Мјаната е съпица за пијаницата.
Млад да се жениш — рано е, стар да се жениш — доцкна е.
Млад делија — итер просјак.
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
Млада курва, стара светица.
Младио има кувет (сила), а старио ум.
Младиот можит, а старјот сигурно умират.
Младите ги јадат киселачките на старите им трпнеат забите.
Младо се преманува за убавина, старо за чес.
Младост за старост не се чува.
Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам.
Младоста да ти ја имам, срцето да ти го немам.
Младоста не е довека.
Младото дрео се виткат.
Мнаѕина се болни, ама не јъчет.
Многу бабици, килаво дете.
Многу дадено, од имање, а не од срце.
Многу дадено, од имање.
Многу ѓаол ет, ама аир не ќе видит.
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно.
Многу е полесно да ја дотераш главата однадвор отколку однатре.
Многу зборои сет стребрени, а помалку позлаќени.
Многу зборои — торба ореи.
Многу зборој, многу арноти.
Многу ја кренал опашката, де да видам до кај ќе истера.
Многу јал, ама со заб не џвакнал.
Многу кучиња давет вълк.
Многу лафој, торба стапој.
Многу ми е жал задека сум стар.
Многу ми е мило да сум дете младо.
Многу му е гајле на господа тиквите да не ги попарит слана.
Многу му загребвит сврделот.
Многу му зафашчат лопатата.
Многу печалит оној шчо не купвит сешчо.
Многу пъти и најарниот пливач се давит.
Многу пъти силата се радвела, ама секогаш правдата надољвела.
Многу работи кој заваќат, не ги довршуат.
Многу раце блаосоени, а многу усти афоресани.
Многу ръце блосоени, мноту усти кълнати.
Многупати одит стомната на вода здрава, ама еднаш ќе се окршит.
Мнозина знаат за пари да вадат, а малцина знаат да ги држат.
Мнозина има пријатели, ама поеќе му се чаша дости.
Мнозина луѓе се обогатиле и пак осиромашиле.
Мнозина луѓе си мијат рацете за да ручаат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза.
Мнозина луѓе умреле и се забораиле.
Мнозина одат на туѓина, ама малцина пари добиваат.
Мнозина сакаат да умрат за од мака да куртулисаат.
Мнозина се надеваат по смртта да се спасат, ама се лажат.
Мнозина се причествет, ама не се исповедвет.
Мнозина се причестуаат без да се покаат.
Мнозина се родиле луѓе, и магариња умреле.
Мнозина сет викани за да бидат рисјани, ама малцина сет дојдени.
Мнозина таксуаат, ама малцина го исполнуаат.
Мнозина цареи и кралеи умреле, а Господ си живеит.
Мноѕина се причествет без да се покает.
Мое одзивало, туѓо подуало.
Моето — мое, твоето — твое.
Мокар од вода не се плаши.
Мокор од дож не се бои.
Молат ле те — зиме, гонат ле те — беге.
Молен газ ќисел излази.
Моли се понекоаш и на ѓаоло како на ангело, за да не ти напраи лошо.
Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница.
Молк замолк до три години.
Молчи кабаетлијата како ќос на јајца.
Молчи, не збори лошо да не си поткасаш јазикот.
Молчи, чепче, под казанче.
Момата се лаже додека е млада.
Момиче мило — невевче гнило.
Момичка и карпуз мъчно се познавет.
Момичката не е стока за дома.
Момче се жени кога да сакат, а мома кога да ја сакаат.
Момчето вносвит, момичето износвит.
Момчето се женит кога сакат, момичето се мъжит ко ќе го сакет.
Море со олџица не се црпит.
Море со песок не се наситвит.
Морската вода е горчлива за морето да не се смрдуа.
Мошне е мило бело видело.
Мошне ми е мило да сум дете младо.
Мошне ми е мило моето чедо.
Мошне ми оди на прт-кека, ама ако е до гуша и на Еѓупците борчлија.
Мошне се крева на големо, ама ако е дрво неделкано.
Мошне се прчит, ама не знам кај ќе му излезит.
Мрава со мечка не можит да се борит.
Мрава со мечка не мојт да се борит.
Мравка сос мечка не мож да се бори.
Мравката и пчелата не учет како се печалит.
Мравката со мечка не се бори.
Мрда рибата на суо, домрда.
Мрдна кучката со опашката, и се загнаа кучињата.
Мрза гъза не ранит, ташко тој шчо је имат.
Мрза гъза не ранит.
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.
Мрзавчината е краста.
Мрзата е краста.
Мрзата е најтежок твар.
Мрзата си ја носит сиромаштијата по себе.
Мрзлив каурин поп се прајт.
Мрзлива жена — вошливи деца.
Мрзливата вошките ќе ја изедат.
Мрзливата домаќинка си остава да и капи кацата.
Мрзливата жена куќа затрнила.
Мрзливата жена мажо заборџуа.
Мрзливата жена мажот је го остаа без кошула.
Мрзливата жена ојт неиспрана.
Мрзливата жена ојт нечешлана.
Мрзливата жена по комшии преспива.
Мрзливио секоаш прашај го да кажит колку е саатот.
Мрзливио чоек малку работит, а многу сакат да печалит.
Мрзливио чоек остануат и небричен.
Мрмори ако сакаш везден, нема кој да те слуша.
Мрси петок, дури стреда.
Мртва уста не зборвит.
Мртви и живи му искара, и пак не се страми.
Мртви усти да јадат — таква манџа сум напраил!
Мртвите да станат од гробот и пак не можат да го кандисаат инатчијата.
Мртвите ќе лежат во земјата дури да чујат од ангело свирката.
Мртвите со мртвите, живите со живите.
Мртоец да вардиш и ракија да вариш, не треба да спиеш.
Мрцка, мрцка, домрцка, си даде клучеите.
Мрша скапана се сторило ороспијана.
Мршата од чоека во земјата, а душата пред Бога.
Му ги врзале очите, како на бавчанџиски коњ.
Му ги знъјт и на ѓаолот дупките.
Му ги крадиме на господа дните.
Му ги скршиле рогојте.
Му брчит мувата на капата.
Му ваќа умот во глаата како на камен.
Му варет лајната во гъзот.
Му влегол арјанот.
Му влезе ѓаолот во срцето и го однесе на бесење.
Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџот.
Му влезе лебо во забите, затоа го кошка со нога.
Му врли пепел во очите и му грабна парите.
Му го запали къндилото.
Му го истрил носот.
Му го потфатил огнишчето.
Му го турна съндакот.
Му горит под нозете.
Му даде повеќе леб од сирење. (Го тепаше).
Му даде повеќе сирење од леб.
Му дал господ бој, ама не му дал ум.
Му дале на Влаот крастајца, а тој не ја сакал, зашчо била крива.
Му дале печен леб в ръце.
Му дале прасе, а тој је барат и мајка му на прасето.
Му догорело до ноктите.
Му дојде бељата на глаата, и пак не се сеќаат.
Му дојде јајцето на газо.
Му дојде паметта на растурачот, ама откога ја изеде стоката.
Му дојде скончилото.
Му дојде умот, ама му појде кумот.
Му дошле гости, затоа пеат песни.
Му зедоа пиленцето, му се постра во седелцето.
Му зела глаата вет'р.
Му ѕвечит ќесето.
Му игра крвта за да јади бувтана.
Му идат како на утот.
Му испи чавка умо на пијанио.
Му ја запали светлата.
Му је знъјт и калта под ноктите.
Му је изгреба дури и пепелта од огнишчето.
Му је носит душата во гъзот.
Му је потпират куќата одоѕгора.
Му је собра дури и калта од под ноктите,
Му капит лицето од стратм.
Му кркат жабата.
Му купиле капа на нероден Петка.
Му легна на табието виното на пијаницата.
Му нацрпи лопатата.
Му никнале млечни зъби.
Му обуле на кучето опинци, то си изело нозете.
Му ојт ко ракот.
Му ојт од ръка.
Му падна капата, му се виде глаата ќелаа.
Му пејт петлето.
Му плукаа во лицето, и пак не се страми лошио.
Му помина болеста како на некое куче.
Му помина едно премреже преку глаа.
Му помина на детето лутината откога си ја изеде шлаканицата.
Му помина под рака, ама откоа се борија и падна.
Му помина светрум болеста.
Му прајт на лајното капа.
Му прилега дека е и поп и аџија.
Му прилега дека има брада.
Му прилега како ѕвонец на свиња.
Му прилега како катанец на кочина.
Му прилега како на ат да носи зарзават.
Му прилега како на Еѓуптин да носи дивит.
Му пукна пердето.
Му рекле на вълкот: Речи Вангеле! Тој рекол: јагне ле.
Му са сичеја жилте - кога некој долго лежи
Му се нарасиле очите.
Му се овргали како бивол во тиња.
Му се познат по лицето, оту му е топло на срцено.
Му се посмеа курвата на ороспијата.
Му се свиткала змија в ќесе.
Му се собра ко на магарето
Му се сторив мос, и па не познаа од чес.
Му се тресит ръкана како на Чифутин.
Му се чини на децата оти се што летат се јадит.
Му се чинит оту немат горен праг.
Му се шчинал на господа гашникот.
Му стежнала мътиката.
Му стојт душата во носот.
Му теквит на страњето.
Му текна, ама доцна.
Му течит како од ръкав.
Му тргна за напред.
Му тргна калај без нишадар.
Му тријат сољ на глата.
Му тропат џепот.
Му тури син му на огништето вода и го остаи сиромав до века.
Му тълчит пипер на глата.
Му удрила косата в камен.
Му удрила сеќирата в мед.
Муата се врзуа со едно влакно пајажиноо, а биоло со дебела ортома.
Муздрак в торба не се крие.
Мукает касмет.
Мустаќи долзи како од мачор.
Муштерии стари, донесете пари.
Мъгла носит по усои.
Мъж без пари и куќа без жена оган да ги изгорит.
Мъжи ја момичката дури ти тропет на врата, зашчо после ти ќе фатиш да тропаш по чужџи враќе.
Мъжи мома да не седит дома.
Мъжи се, ќе си имаш и мъж и магаре.
Мъжот в куќи ко господ се пречеквит.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
Мъжот је носит жената на кошуљата, а жената мъжот на лицето.
Мъжот со кола да носит, жената со игла да растурвит, куќата гола останвит.
Мъката му је гљат, жиотот не му го гљат.
Мъката на ум те учит.
Мъмејнцата ке шчо ручат не вечерат.
Мъмејнцата мојт да бидит дебела ама секогаш е куса.
Мъти вода колку да не е чиста.
Мътикана и ралоно го ранет веков.
Мътикана тргат кун себе.
Мътит вода в аван.
Мътна вода не гази.
Мъчно е да трпиш, ама не и да паметвиш.
Мъшчјата е на лошо место кладена.
На 'ржан леб манџата е глад.
На ајнаџија кажи му работа, та ак'л да ти даде.
На амбаре еден катанец — на плевната два.
На арамијата сенката му ет куса.
На арамјата секој му е борчлија.
На арен грб, самаре триста.
На арен син имот не му требит, а на лош ушче појќе.
На арижан кон забите не му се гледаа.
На аризан коњ заби не се гледаат.
На аризен коњ зъби не му се гљавет.
На арна земја — црн роб.
На арната жена име му вадат.
На арниот коњ ѕвонец му клаваат.
На арниот коњ ѕвонец му ставаат.
На арно чедо мал му не требе, на лошо ич.
На арс'з куче лоша опашка му не требе.
На бавчанџија му продат пиперки.
На башчованџија не продаве краставици.
На бегличка чешма не оди на вода.
На бел кон без седло и на мајстор калфа да не одиш.
На бел коњ сеиз и на нов мајстор калфа да не бидиш.
На бел снег и црно семе се јаде.
На бела мома бело и не требе.
На бесно куче беге му од пате.
На бесно куче д'га опашка му не требе.
На бијолот окото му е во просото.
На богатие и враните јајца носат.
На богатие и парите се плодат.
На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајот ќе мо стои празен меот.
На богатиот зер в гроб ќе му ја клаат стоката?
На богатиот и на младиот секако му играт коњо.
На болвата узда је клава тамавќарот.
На борина попрела, на виделина заспала.
На бостанџија крастајци не му се продавет.
На бостанџија лубеници не продаве.
На брзина само в але се ојт.
На брлива овца прапорец не се врзува.
На будала крава, зошчо је теле.
На будалата не прај му се другар.
На будалата не требит да му обесиш звънец, и без ѕвонец се познат.
На Бъдник петел, на Божик расол.
На бълва букаѓи.
На в'ко му е дебел врато, оти сам си свршува работата.
На вдојцата и полите је се душмани.
На високо дрео само чавки стоет.
На влажна земја дожд не је требит.
На вода отиде, вода не се напи.
На водејнца со ред се мелит.
На вълкот в уста.
На вълкот вика, а лисиците месото го јадет.
На вълкот му рекле: Речи Ванѓеле! Тој рекол: јагне ле.
На вълкот повикот, а лисицата пакост прајт.
На гла ти седам, в уста ти прдам.
На гла ти седам, на брада ти прдам.
На глаата му седи, на брадата му е...
На гладниот и пиперот му е мед
На гладно срце вода не са пије - срце ки та јаде.
На глата оган му горит, а тој абер си немат.
На глув да му свириш и мртов да кадиш, се едно ти е.
На глув да му шептиш и на слеп да му надмигвиш си немат фајде.
На глувците му е мака дури еден да напраит
На глужливо дрво удри му клино.
На гол гъз таламбас.
На гол корем — црвен ремен.
На голо куче опашка му не требе.
На гости убо, ама дома поубо.
На гото дете татко не прај се.
На гото дете татко се прајт.
На готој деца секој татко бидуа.
На грешка и прошка.
На гробот му је перит кошуљата.
На грухнала плевна покрив и не треба.
На даве друг маката да ти јаде. Не даве ме мале, не мисли на касмет.
На два стола се не седи.
На два татка без капа.
На две враќе кучето од гладост умират.
На две мајки — гладен.
На две маќи детето неперено.
На делаче оптегаче.
На дете арам му ет облеклото, а алал му е јадењето.
На дете и куче непара веруј се.
На дете му е алал шчо јаде, арам шчо носи.
На дете стапчето му е конче.
На децата умот му лета.
На дечеренце до гъзеренце, менѕе и тенѕе пљонѕе.
На дрва отишол, секирата си ја загубил.
На дрва со дете не се ојт.
На државна чешма не пиј вода.
На друг обречено, на мен испечено.
На друг сламката гледаш, а на теб гредата не гледаш.
На друм да не спиеш.
На душман шчо бегат напрај му златен мост.
На ѓаволот дупката му ја знае.
На ѓаоло удри му чадо од темјанот.
На ѓаолот кандило не му се палит.
На еден савнува, на друг се стевнува.
На еден свадба, на друг брадва.
На еднего да си измеќар поарно ет ошто на сиот град.
На едни луѓе и петлите му несат јајца.
На едни маќа, на други машчаа.
На едни пати виното го прави човек, на други резил.
На едно дете — еден кум. На едно дете многу кумој не чинит.
На едно лице две усти не биват.
На едно сънце јале, на една месечина страле.
На ерлија чедо башчинија му не треба.
На ерлија чедо мал му не требе.
На жена вера да немаш.
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.
На жена не речи е: оти си горда?
На жена работница је светит куќата.
На жена срцето да не си кажуваш.
На жена тајна не кажувај.
На жената се гљат како је држит куќата, а на мъжот како носит в куќи.
На женска фурна малку дрва требат.
На женско и трно е душманин.
На жив вълк не му се мерит опашка.
На загубеното му а знаеме цената.
На заем брашно згмечено се дава.
На зајакот му велат бегај, на 'рто — трчај.
На земја мирисе, се вели за некој што е многу болен.
На зла круша, зол прът.
На зла суша и градо е мил.
На зла суша и на градо береќатарс'н.
На зол трн, зла копачка.
На зор даанл'к.
На зор се и с магаре оре.
На зъјакот му викат бегај, а на 'ртот држи.
На зъјакот од страв му се отворени очите и ко да спијат.
На иглата колка је сенката, толкав је ќарот.
На иќиндија пазар се не раствара.
На јако дрео, јак клин.
На јъзикот мед, под јъзикот зер.
На какво дрво, таков клин.
На какво оро се фатиш, така ќе играш.
На калпав кур вуната му пречи.
На калпаво куче не му требе д'га опашка.
На калуѓерот и кондурите му заплакале.
На камен со камен.
На касапницата има повеќе јагнешки кожи.
На касметлија и с'нцето му помага.
На кафенето врата широка за влазење, ама тесна за излазење.
На качишчар качишча не продаве.
На кашчата еден катанец, на плевната два.
На кој му е арна жената, црква не му требе.
На кој му е лоша жената, мртвем не му требе.
На кој му е убава жаната, не му е мирна главата.
На кој рано станува и господ му помага.
На кој ум измет чиниш?
На комшиите кокошките поедри јајца носат.
На копна го ранат и па не бива.
На косаче надницата му е под косата.
На котар пенџера не се прајт.
На крава шчо буцат господ не је дат рогој.
На крастаичар не продаај крастаици.
На кум зборот не се погазува.
На кус пес опашка!
На кучето љутината, на чвека добрината пара чинет.
На кучето слама, на магарето коски му дат.
На ќелава глава 'рѓава капа.
На ќеља гла, не требит капа.
На ќељав нокти не му требет.
На ќељав чешељ не му требит.
На ќишаво лајно камен не фрлај оти ќе се испрскаш.
На ќорав кон ќорав муштерија.
На ќорав кон очите му не требат.
На ќорото пиле господ му го прајт седелото.
На лагата куси и се нозете.
На лажата нозете са куси.
На лакомјот секогаш му е малу.
На ланско огнишче оган барат.
На ланско огнишче оган не се барат.
На ланцко огниште огон не барај.
На лек и селимет! - се вели кога ќе заврши лечењето.
На летен облак и зимна ведрина многу не верви им.
На лис мочаш, а Пирин караш.
На лице светец, на срце вълк.
На лош син стока не му треба да му остааш, оти ќе ја изеит; и на арен не му требат, оти сам ќе си сп
На лош чоек секој не можи да му ги јади збороите.
На лошио добрина кој праит, на ѓаолот кандило му палит.
На лошо куче д'га опашка не му требе.
На луда глава капа не и требе.
На магаре вјаа, голи нозе маа.
На магаре седло не прилега.
На маж и на жена не им се брке в работата.
На мажо ако му повела жената, ќе му се сере на главата.
На мајстора вера немај.
На мајсторот куќата му течит.
На мајтап рече, вистината је каза.
На маката чоек и на песо брате му велит.
На малечки кучиња сечат се ушите.
На матна вода јунак не се прави.
На мене ми ѕирка, на тебе ти виси, и не сме исти.
На мене речено, за друг испечено.
На месечина попрела, на сънце заспала.
На млада свекрва и на бела кобила сеизин да не си.
На младите светов останвит.
На младите умот им идет, им сјодвит.
На мокро огнишче не вади оѓин.
На момини враќе многу магариња рикет.
На момичка поарно куршум, отколку лош збор.
На мрза куќа не стојт, туку на куќница.
На мрзлива жена од двете страни ќе и се погледне газо.
На мрзлива овца и руното је тежит.
На мрзливјот се му је тешко.
На мъмејнцата ноѕете је се куси.
На Настрадин-оџа и чавката бијоли му лоела.
На наука имат и одука.
На нероден Петка капа му кроет.
На нероден Петко капа му крои.
На нероден Петко капа му скроиле.
На нова свиња, ново копанче.
На ногу грмење, малку тресење.
На оѓин и вода јунаштво нема.
На оро играле, гајди не виделе.
На орото бил гајдаџија и па нишчо не видел.
На ортомар ортома не продаве.
На пазар без пазар.
На пазар со празни ръце и празно ќесе не се ојт.
На пала крава господ рогој не је дат.
На парите добро утро, на парите добор вечер
На пес кога ќе му дојдит пцоисувачката, на од овчарот стапот ќе се измочат.
На пес кога ќе му дојдит умирачката, на црковна врата ќе се измочат.
На песјо корито да не се стретет.
На пијаница ни село не мож да му исплати.
На пијанјот езероно му е до колена.
На плешчи да паднит, носот ќе го скршит.
На плитко се давит.
На поарно ќ излезит.
На повеќе сајбии коне им е слаб.
На поп вдоец и на мачорок во сечко не барај им ја тръгата.
На поп и на кауѓер не таксуј, оти ако не му го даиш, ќе си го земат.
На попо му е окото во виното.
На потлачен народ се можеш да му работиш.
На правјот анѓелот, а на кривјот ѓаолот му поможвит.
На празен мев оро играа.
На празна плевна покрив и не требе.
На празно грне не му требит капак.
На префалени јагоди с гулема кошница не оди.
На присмех и господ помага.
На прост чвек речи му честита работа, ќе те натерат да му поможиш во работата.
На път да ги најш, ќе ги пребројш.
На р'то вика држ, на зајако — беге.
На разградена градина пълјак е свињата.
На ред меле воденицата.
На река дотечена узда не се клава.
На свадбата згора и арачникот му дојде.
На свето не се погажџа.
На свето устите не можиш да му ги затниш да не зборуаат за тебе лошо или арно.
На свиња ако сакаш и муцката пресечи му ја, пак таа ќе ринка во гнасотата.
На свиња бисер не нижи.
На свој г’з кажи, на свое дете не кажи.
На сека грешка половина прошка.
На секоа дума амин не се вика.
На секое грнче не му се прајт капак.
На секое дрво клин му не требе.
На секое зло лек му е смртта.
На секое зло смртта му е лекот.
На секое месење торба тресење.
На секое пиле месото не се јаде.
На секое рапче своето седело му е мило.
На секој се пилето качува на рамото, ама блазе му на оне кој умее да го фане.
На секоја бољка имат лек, а на страмот ни до век.
На секоја бољка имат лек.
На секоја манџа и мирудија се праит.
На секоја манџа и црн пипер бидуат.
На секоја мъка имат крај.
На сенката ако мојш да ми згазниш, на късмедот не мојш.
На сиромав себап, на ѓаол къндило.
На сиромавиот ни Господ не му поможва.
На сиромајот ѕвездата му ет угасната.
На сиромајот јасјето му од лебец, со солца и пиперца.
На сиромајот к'сметот не му работит.
На сиромајот никој праото не му го даа кога да зборуа.
На сиромах човек и на факовско да не втасуваш.
На скржав и лаком очите не му се п'нат.
На скржаиот на клепните да му се обесиш, и пак нема да те пожалит и да ти даит нешто.
На скрстени ръце господ не поможвит.
На слеп свешча не се дат.
На слепец очи!
На слепјот и денот и ноќта му се едно.
На смрт лекот му е умирачката.
На Стамбол ошол, и без пари си дошол.
На стап да вјаш исто шчо и на ноѕе да ојш.
На стар газец — гајтанец.
На стар мачорок младо глуфче му требит.
На стара баба ак'л и не даве.
На стара баба гулем кур не покажуве.
На стара баба за тове не кажуве.
На стара баба не се кажува ка се легнува.
На старо дрво аршлама не ваќа.
На старо дрео калем не се фашчат.
На староси два радоси.
На старост - радост.
На старост магарост.
На старост раван не се учит.
На сто в'ци едно магаре.
На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш.
На стомина по стотина, Петкое петстотини.
На стоте сто и еден твар борина.
На страњето му теквит.
На студ инает не се чини.
На студ инат не се чинит.
На студ јунасто не бидуат.
На сувата земја и солената вода је арна.
На суво дрео нишаљка не се прајт.
На суво жаба не крка.
На суо жаба не крека.
На таква глава — таков брич.
На такваа глаа таква капа.
На такваа глаа таков брич.
На тамавќаро друг ќе му ја јадит стоката.
На тамавќарот и окржаиот никојпат окото не му се наситуат.
На танец којшто игра, секој ќе го гледат.
На тапане ќе фрли, а на опашката игра.
На татко пезевенк не викај.
На тврда глава — тврд клин.
На тенкото се ќине важето.
На ти слепец очи.
На ти слепче очи.
На тиква обрач.
На тове шчо мислиш утре да му одиш, денеска не му оди.
На трн грозје не барај.
На трнче и колаче.
На трујца може една жена боса да оди.
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила.
На Турчин и на светец не се фешчат.
На убава жена сирењето смрди.
На убава мома — убава дума.
На улав ак'л измет не чини.
На улав Турчин секој ден е бајрам.
На улавие не излази на пат.
На умната гла и едно око је доста.
На умните работите само брадите им ги знъјет.
На уста мед и масло, на срце пелин и зер.
На фето врешче нова крпа не се клат.
На цар џуап не даве.
На Циганин ќисело млеко не даве.
На чело Ристоса, в пазва ѓаоли.
На чија кола вјаваш, таа песна да пеиш.
На чија кола се возиш нему песми пеј му.
На чија кола се возиш, него фали го.
На чисто лице малу вода му требит.
На чисто стребро 'рѓа не фашчат.
На чисто стребро 'рѓа фрљат.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
На чоеко месото не му се јадит, ами зборот.
На чорбаџијата и чавките му носат јајца, на сиромавио и полого му трошат.
На чуждо бунишче петел не прај се.
На чужџ гроб без сълзи се плачит.
На чужџи гроб се не плаче.
На чужџи плешчи тварот е лесен.
На чужџо куче не дај му коска, зашчо и твојето ќе те остајт.
На чурко се вика доброутро.
На шака деца се прает.
На шарена змија црн раб.
На што втасуваш, гледе му крае.
Наведена гла јарем тргат.
Наведена гла сабја не је сечит.
Наведена глаа под царска сабја поминуа.
Наведена глава сабја не а сече.
Наведната глава сабја не ја сече.
Навечер денот се фалит.
Навиката е една мъка, а одвиката девет.
Наврвиш ле по бумбаро, он ќе те одведе на говно.
Навртвит вода на своја водејнца.
Нагоре високо — надоле дебоко.
Над оѓине и вода сила нема.
Надај се магаре на зелена трева, ако нема ни суа слама.
Надала се мама на тате, тате на мама, и ѓубрето останало.
Надвор кукла, дома панукла.
Надвор од оро многу песми знъјт.
Надеј се дури ти е глата на рамена.
Назаем брашно, гнетено се врашчат.
Најаден ко попско дете на мртва събота.
Најарната плата — мътика и лопата.
Најде глушецот дупка да си пикни глаата, па си врза и црпка на опашката.
Најде па зајде.
Најде уши, потера и рогове.
Најде фела, побара цела.
Најдел да зајдел.
Најди, јади; не најди, не јади.
Најпосле излезе Манго од торбата.
Најсила убавина не бива.
Најсилен е ветрот пред да тивнит.
Најтешка е празна торба.
Најубавата јабака свињето а јадат.
Најумниот на веков ќе умри како најнеумниот.
Нај­доб­ро стои ста­ра­та ка­па.
Наќиснат од дожд не се плашит.
Нам здравје, на Турци болест.
Намачкај ги колцата да не крцкет.
Намачкај ја оската да не чкртат.
Наместо веѓи да му тргнит, очите ќе му ги изваит.
Наместо волојте да рикет, оските крцкет.
Наместо да го бакни, ќе го касни.
Наместо да си јагне, да те јадет вълци, биди вълк, јади ти.
Наместо клин на мене, набоде си кол на себе.
Направено добро брже се забаравја.
Направи добро, не кај се.
Направи ле на друг ќефо твое ќе го растуриш.
Направи па го фрли в морето.
Направи се овца секој да те стриже.
Напрај добро и в море врли го.
Напрај добро и на душмано.
Напред крој сос главата, после сос ножиците.
Напред на можам, назад не оставет.
Наредил Господ да има и богати и сиромаси.
Народо се излошуат од урнекот од лошите попои, а нивјето и лозјата се расипуаат од лошите аргати.
Наружани како маски опковани.
Насмеал се шутар на ќупар.
Насмени го кучето, крени го стапот.
Насобрал оро и боро.
Наспастрена стока кучиња је јадет.
Настанаа малите, кој ти ги слагат старите.
Настанаа младите, кој ти гледа старите.
Настанаа пилињата, се качија на квачката.
Настапи решчето, ќе те удри по колено.
Настрадин-оџа кога врнело, се смеел, кота греело сънце, плачел.
Натема му гробо, натема!
Натепај детето, па го прати за вода.
Натерај го мрзливјот на работа, да те научит на ум.
Нати слепче очи.
Наутро катинар на устата, навечер катинар на куќата.
Научи башча ти ка се деца прават.
Научи ле се куче на касапница, не се одучува.
Научи ле се кучето кокал да глода, се ќе си тера да глода.
Научил се поп на варен боб, однемало боб, одучил се поп.
Научил се поп на пржен боб, досвршил се боб, одучил се поп.
Научих се гол, страмувам се облечен.
Нашата невеста многу арна ет: кога спиет, леб не јадит!
Нашел се на зор като куче на мос.
Нашел Циганино масло, та си намажал и газо.
Нашел, па зашел.
Нашла баба кълбавче, пак било криво.
Нашла невеста секира зад врата.
Нашол глушецот дупка да се скрие па си врзал и лејка за опашката.
Нашол секира зад врата.
Нашол село без кучиња.
Нашол црква да се крсти.
Нашол — зашол.
Не ги серит магарица.
Не а валеса ни за в телци ни за в говеда.
Не атириса од белича за да му даиме на куша.
Не барај ја тръгата кога го гљаш вълкот.
Не би се шега да не ти дојди на глаа шегата.
Не би се шега на старец, оти и ти ќе остарееш.
Не бива да е од чума лек.
Не биди акшам-суратлија.
Не биди чеклас или запорничав.
Не бие студено железо.
Не биле тикви, ами чупки.
Не бој се од вреви и ѓурултиј еврејски.
Не бој се од улав пријател, бој се од итер душманин.
Не брзај со јъзикот, ами со работата.
Не буричкај лепешка да не ти смрдит.
Не вали се каков си бил, ами каков си.
Не видех аир од очите, та од клепките ле?
Не види црно куче на бел снег.
Не видов ајр од очиве, та од клепкиве ќе видам.
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се.
Не викај го ѓаволот, сам ќе си дојде.
Не викај го лошото, само ќе ти дојт.
Не виќе оп додека не рипнеш.
Не влегви в бунар со гнило јъже.
Не влегви ке се карет двајца.
Не води инат, като ти е на глава.
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
Не врвит сегдека ло-ло-ло.
Не гази ке тонит!
Не газит на гнила шчица.
Не гледај го коренчето, ами гледај цвеќенцето.
Не гледај му лицето, туку срцето.
Не гледај му на капата, ами под капата.
Не гледај на лушпата, ами на јатката.
Не гледе црно, бело — гледе да е подебело.
Не гљај го коренот, туку цвеќето.
Не гљај го цвеќето, туку коренот.
Не гљај ја корката, туку стредата.
Не гљај ми ја капава, туку под капава.
Не гљај му го лицето, туку срцето.
Не гљај само пред себе, туку и зад себе.
Не гљај шчо бев, ами шчо сум.
Не гљај шчо поминало, туку шчо ќе поминит,
Не гљал господ ко дал.
Не гљат господ на нечисти опинци, туку на чисто срце.
Не гљат подалеку од носот. Не го гљат пасмото, туку го гљат влакното.
Не го жаљат пасмото, туку го жаљат влакното.
Не го исцицав од прстиве.
Не го најде Влаот, удри на гуната.
Не го остат ѓаолот да седит мадро.
Не го разриве говното — ќе ти засмрди.
Не го сакале на оро, тој сакал до кумот да се фатит.
Не го ставај газот кај шо се мерат курови.
Не горит образот од сънце, туку од страм
Не гради се со јак плот, туку са арен комшија.
Не давај газ под кирија.
Не давај се, манго, па пијани жени.
Не давај си, мажу, силата на жената.
Не давај узда на жена.
Не даве на Бога сус прсте, дава на врага сус грсте.
Не даве узда на жената.
Не дозволувај твоите сништа да обраснат во коров.
Не дуај на разгорен оѓин.
Не думе лошо, оти и стените уши имаа.
Не дупи го магарето да не му слушаш прдешо.
Не ѓибај лајно, да смрдит.
Не е бричено, ами стрижено.
Не е времето лошо, туку луѓето.
Не е грев то шчо ќе го помислиш, туку то шчо ќе го сториш.
Не е ѓаолот толку црн колку шчо го прикажвет.
Не е за кого печено, туку за кого речено.
Не е злато се што свети.
Не е косено, туку стрижено.
Не е куќата тесна, туку љуѓето се бесни.
Не е ќитка за мирисање.
Не е лесно старо бунишче куга се запали.
Не е лошо собранието, туку сказанието.
Не е марифет да знъјш, марифет е да умејш.
Не е с'нце да огрее насекаде.
Не е секогаш Велигден.
Не е секој врат за ѕвонец.
Не е секој мъж шчо носит мустаќи.
Не е секојден бајрам.
Не е секојден велиден.
Не е сено за магаре.
Не е срамота од работа.
Не е цвеќе да го помирисаш.
Не е цвеќе за мирисање.
Не е цвеќе чоекот, да го мирисаш.
Не ет страмота да прашаш за тоа што не знаиш.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не жни ке шчо не си сјал.
Не за кого било печено, ами за кого било речено.
Не за кого е печено, ами за кого е речено
Не за кого е печено, ами за кого е речено.
Не заќинви му го на мајсторот акот.
Не збире слама за чужџи магариња.
Не згази оѓине, не изгори се.
Не знаеш од која смрика зајак ќе излезе.
Не знаи свиња како се јади диња.
Не знаит мајката што челад ќе изгледат.
Не знај да напое магаре вода, а не да пиши книга.
Не знъјт да напијат едно магаре вода.
Не зъби се, дан' ти настинет зъбите.
Не играт тој, туку виното.
Не искај болес, ами искај здравје.
Не истрчви ко прле пред магарица.
Не јаде само тове шчо оре.
Не јади трици.
Не јајт Петкана преснеѕ.
Не јајт Петко јаре.
Не јала кокошката — скуфалје сонувала.
Не је дави-кобила, ами прди-дол.
Не је теквит на свекрвата, оту и та била сна.
Не ка знаеш, туку ка наеш.
Не кажви му ги на татка ти загоните.
Не кажви му ја на будалата камарата со камења, зашчо ќе ти је скршит глата.
Не кажви шчо сум, ами шчо ќе бидам.
Не кажвит баба шчо сон видела, ами шчо сакат да видит.
Не кажуве каков си бил, туку каков си.
Не кажуј му на татка ти кај му се нивјето.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не клавај змија в пазуа да не те укаса.
Не клај прст меѓу две враќе.
Не копај гроб другему, зашчо сам ќе падниш во него.
Не копе гроб на брат ти, оти сам ќе влезеш в него.
Не кревај се на големо пред царот и кнезот.
Не кревај се на големо, от' ќе падниш на колено.
Не купви куќа, туку комшија.
Не купува кобила со пари ами сака невеста со ќеф.
Не купуј куќа без комшија.
Не купуј тоа што не ти треба, оти ќе го продаиш и тоа што ти треба.
Не куца магарето од самарот.
Не късај, де не те късет.
Не ќе живејш со деда Ноета.
Не ќе живејш со каљана орицка.
Не ќе ми ги вратит козите од ридот.
Не ќе му го вариш месото.
Не ќе те носам ко тутун-кесе со себе.
Не ќе ти ги вратит гојадата од пасење.
Не ќе ти го вратит телето од з'гојада.
Не ќе ти је носит душата в кошница.
Не ќе ти паднет ръцете, ако го напрајш.
Не ќе ти се исушит ръката, ако го напрајш.
Не ќе ти се исушит устата, ако речиш.
Не ќе ти се уборит бисерот.
Не лажи, не кради — снајди се.
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти.
Не лажит, ама прао не кажуат.
Не лижи ке шчо си пљунал.
Не ме вјаш ти, туку орелон, је рекол зъјакот на жељката.
Не ме газиш ти, туку горнион.
Не ме е огреало с'нцето до пладнина, та од пладнина ле?
Не ме жали куга умра, жали ме додека сам жив.
Не ме пите ка сам, туку ка ќе да сам.
Не ме смете разлошка в'на сос лепич.
Не менуј се од зборо како времето во марта.
Не мешај си ја аспрата со тој што се кара.
Не ми го испиле чавки мозоков.
Не ми е мирна година.
Не ми испила чавка умо, да да праам лошо.
Не ми пее петлето.
Не ми требит над глава ќаја.
Не ми фали касметлија, фали работлија.
Не мисли лошо ќе ти се врни во ќошо.
Не може да и се фати на малиот пест.
Не може да отрезнее, та да види шчо прават пијаните.
Не може од еден грб две кожи.
Не може по магарето, та по самаре.
Не можит магарето, го бие самаро.
Не можиш на сио век да му угодиш.
Не мојт ајдук без јатак.
Не мојт да мат по мъжа си, туку мат по гашчите.
Не мојт два наедно да клајт.
Не мојт по Влаот, удират по гуната.
Не мојт по магарето, удират по самарот.
Не мојш со ръка сънцето да го засениш.
Не мокај се спроти ветар, зашчо ќе се испрскаш.
Не му гледе полата, гледе му главата.
Не му држи газо варен боб.
Не му е мила фурка.
Не му е на гајдата, затоа не заигра.
Не му запират јъзикон ко празна водејнца.
Не му остајле ни пепел во огнишчето.
Не му се сите овци на број.
Не му фрљат ни слама.
Не му фтасвит една събота.
Не мъмит, ама прау не кажвит.
Не наврашчај вода на чужџа водејнца.
Не нагазуве на змијата опашката.
Не надај се манго на пијани жени.
Не наде се, Пере, на борливи моми.
Не најми се — не учини, не најми се — не дојди.
Не нашол Гркот кокошка, доста му била и страчка.
Не никни ке не те сејет.
Не носит манастирот.
Не оди по бумбаро, ќе те одведе дека не требе.
Не опињај се како некоја жаба на брзеј.
Не остави Господ никого без дар.
Не остана камен на камен, сето прав и пепел се стори.
Не остат враг да прајме брак.
Не остат ѓаолот да прајме свадба.
Не откривај си газот да не ти го плукаат.
Не откриве си курот да не ти го наплуваа.
Не п'нат трла рогушки, туку ногушки.
Не падинет печени пилиња од небо.
Не пасиме трева.
Не печалиш пари.
Не пи вода од бегличка чешма.
Не пикај го носот насекаде.
Не питаа чие е бичето, ами чие е телето.
Не пите гаталец — пите фаталец.
Не пите за улаво, само ќе ти дојде.
Не пите ка сам, туку ка да сам.
Не пите шчо е арно, пите шчо е скапо.
Не плачи гората од секирата, ами од рачката.
Не плачи на чужџи гроб.
Не пливат магарето дури не му дојт водата до уши.
Не плуве нагоре, оти ќе падне врез тебе.
Не плукај угоре да не падни на тебе.
Не пљувај наугоре да не ти паднит на очи.
Не по врат, ами по шија.
Не по врат, по тил.
Не покажви си ги рогојте.
Не покажви си ја силата.
Не потискај го носот ке не му е местото.
Не потискај го носот ке не ти е работа.
Не прави радовишка стовна со скршени рачки на половината.
Не прави това шчо не ти е арно да ти прават.
Не прај му се на секој маша.
Не прај се на секое грне капак.
Не прај се поголем католик од папана.
Не прашај старца, ами паталца.
Не прднал, не замерисало.
Не преместуј туѓи меѓи.
Не продаве сливи на габер.
Не пу врат пу шиа.
Не пушчај го јъзикот пред умот.
Не речи два пъти.
Не рипни вов водата — не удави се.
Не сакалдисви се, дан' ти останит мараз на срцето.
Не сам бил бога с камење.
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа.
Не сам видел арно од очите, та од клепќите ле?
Не сам за двадни пораснал.
Не сам с'нце да огреа насекаде.
Не само за в гъз, туку и за над гъз.
Не се варке, ќе постигнеш.
Не се влази од таа в друга кожа.
Не се врашче на посерение кладенец.
Не се дичи сос чужџи перја.
Не се знъјт ни кој пијат, ни кој плашчат.
Не се изваркувај сос бричењето.
Не се јаде ниту се пие. .
Не се јади све што лета.
Не се јајт се шчо летат.
Не се колит вол за ока месо.
Не се кршчат вода со трње, туку со босиљок.
Не се ќити сос чужџи перја.
Не се летат дури не порастет крилја.
Не се лути, ќе остарееш.
Не се мъмит оној шчо знъјт оту го мъмет.
Не се пита од дека е бичето, туку од каде е телето.
Не се плашам, ама ми е страв.
Не се плашит мечка со решето.
Не се плашит сиромав од арами.
Не се потпире на пијана жана.
Не се прајт карта со къпина, туку со босиљок.
Не се родил тој шчо можит секому да му поможит.
Не се сви вода в речина.
Не се сучит мустаќ пред рслан.
Не се фали каков си бил, ами каков си.
Не се фали сам, чеке друг да те пофали.
Не се фашчат ни за гла ни з' опашка.
Не си вади очите сам.
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку.
Не си врзан с лајнено важе.
Не си го менал ни рувото ни бојата.
Не си давај газо на вересија.
Не си ле фане сајбиска рака, нема фајда од другите.
Не си преваре касмето.
Не сме од небо паднати.
Не сме паднати од Марс.
Не смеј му се на будалата зашчо лесно мојш да го фтасаш.
Не спружви ги нозете надвор од цергата.
Не стори, да не најш.
Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот.
Не сум болен та ме опитвиш али сакам.
Не сум врба утре пак да изникнам.
Не сум му бил кум.
Не сум му бил на кршчењето.
Не сум му го секол попокот.
Не сум овца за стрижење.
Не сум сонце, да да огреам насекаде.
Не сум сънце, та секого да огреам.
Не те мам по уста, да ме фалиш.
Не те фати за ръка.
Не те цицале мачки неќеска.
Не тере ногу, оти ќе останеш и без ич.
Не ти го изела крава јъзикот.
Не ти е вајде — му влезе шапот во газо на болнио.
Не ти је зашила мајка ти устата.
Не ти се убори бисерот.
Не ти сечи тиквата.
Не ти требе капа, ако немаш на шчо да а туриш.
Не ти чинит верата.
Не требе мечка да те гази.
Не тъжи на чужџ гроб.
Не умрела бабата од шегата, туку шчо је дошол денот.
Не умри магаре, ќе се роди зелана трева.
Не умри, коњу, до зелена трева.
Не умри, магаре, до зелена трева.
Не устана гајри такат - сета снага се потроши.
Не учи баба ка се сади лешча.
Не учи бавчанџија како се садет крастајци.
Не учи дедо ка се пржат јајца.
Не учи старец да макат јајца.
Не учи старец да пасит кози.
Не учи старца да мака јајца.
Не фали лична жена, туку умна.
Не фали ми ја дремуша, туку рануша.
Не фали ми лична жена, ами умна.
Не фали ми убавица, туку работница,
Не фате направо — ќе те погодат.
Не фате се ќефил на тове шчо не го познаваш.
Не фатие меќајте.
Не фашчај му кусур.
Не фашчат калај без нишадар.
Не фрли се вов оѓине, не изгори се.
Не фрљај камен в ќенеф зашчо ќе те испрскат.
Не фрљам по господа со камење.
Не цепи ми шчици.
Не чекај добрина од чоека што е роден на злоба.
Не чеке куга тупне тапане.
Не чечкај пиштол за да не пукнит.
Не чешај се ке шчо не те јајт.
Не чешај си го јъзикот со мене.
Невиден арамија посилен од кадија.
Невиден арамија, поголем од кадија.
Невидена реката ги слекол гашчите.
Невидена реката не слекви ги гашчите.
Невикан дојде, нетеран сјојде.
Негвата добрина, ко ламба на полден.
Негљани очи бргу се заборавет.
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат.
Него го неќат в селото, а он пита за поповата кашча.
Недоучено — залевучено.
Незговорна дружина, не можат си почина.
Нек се раздени, да после ќе се видиме кој кај сме.
Нек' се знъјт чија куќа мрсно јала.
Нека дојди Видовден, та после ќе се видиме.
Нека е село весело да си допреда фурката.
Нека има маќа оред куго да бега.
Нека ме ритне железен папук, а не здрвен опинок.
Нека ми е като кука, ама да ми е тука.
Нека молит бога да сум жив, за да му платам.
Нека не дреме како ќос на јајца.
Нека не праит инат како магаре на мос.
Нека се лути, ако сака и гуштери нека блует.
Нека си прозакрпен да не бидиш борчлија на Евреин.
Нека сум во рај, да ако сум накрај.
Нека те греат ѕвездите, ако те месечината не огрее.
Нека те клоцат ат, а не магаре.
Нека ти е просто од тука до мосто, а од там сос лосто.
Нека ти завидат, да те не жалат.
Некаде ка знаеш, некаде ка наеш.
Неканат гостин гото магаре.
Неканен гос — готаво магаре.
Неканет гост молчит како ќос на јајца.
Некој негде, името на пазар.
Некој од бедотија — некој од узурлук.
Некој се скривјат зад лист, некој зад цело дрео не можит.
Некој цела, некој немат ни фела.
Некому глата му пукат, некому оро му се играт.
Неќе да пукне грнето додека не му дојде времето.
Неќе да се жени додека не му никне врба в газо.
Неќе мачка риба, па и ти невеста.
Неќе молитва — иска мотика.
Неќеш ле мира, на ти секира.
Неќит мачка риба.
Нем немец — слеп слепец.
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено.
Нема добриње без трудење.
Нема ле кокошка, може и чавка.
Нема ле погача, ако е и колаче.
Нема ле си човек од внетри, ти му лепи од вонка.
Нема ле таир, нема ни саир.
Нема лето без жешко.
Нема некому да му се стемни, та мене да ми се осамни.
Нема чучи та ручи.
Нема шизик без ризик.
Немал дедо работа, што си купил маторица.
Немал си ѓаоло работа, та си тепат децата.
Немала баба работа, та си купила прасуле.
Немало побудали од учените; колку поучени, толку побудали.
Немат ајдук без јатак.
Немат вода в очине.
Немат гашчи на гъзишче, а на гла цвеќе ми клал.
Немат ден без виделина.
Немат една шчица во глана.
Немат жито без граор и къклица.
Немат жито без скували.
Немат за баба вретено.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Немат ке него пет и шест.
Немат кол во плешчине.
Немат куче ке да къснит.
Немат ни капка стреш во глана.
Немат ни крај, ни конец.
Немат ни куче, ни маче.
Немат ни поблаго, ни погочлио од јъзик.
Немат ни поблаго, ни погочлио од чедо.
Немат нишчо поблаго од сон, ама ако многу го љубиш без леб останвиш.
Немат нишчо појако и помеко од чвека.
Немат оџа работа, си је виткат чалмата.
Немат појака пијачка од вода.
Немат полоша болест од немачка.
Немат пострашна сила од глад.
Немат рофја в копри, туку в дъб да го урнит.
Немат токму триста во глана.
Немат толку сољ за то шчо ќе го опериш.
Немаш вујко владика.
Немаш ле в главата, ќе имаш в нозете.
Немашчината е карајнца в куќи.
Немој да чекориш сао по разгазени патеки!
Нему болест, другему здравје.
Ненамачкана кола оддалеку се познат.
Неолата викни ја секаде да ти помага.
Неолата ум дават на чоека.
Неоља гла ѓинит.
Неоља закон не гљат.
Неоља продат, неоља купвит.
Неољата барат пријатељ.
Неољата го учит чвека на се.
Неољата и од камен е појака.
Неољата ќе те натерат и на лајното ага да му речиш.
Неољата најмногу помогвит.
Неољата не е од железо, ама камења кршит.
Неорана нива не мож да се жние.
Непара милуј ја чашата, оти ќе си ја остаиш работата.
Неписмение е слеп при очи.
Неправедно спечалено не ќе втаса до трето колено.
Неправедно спечалено, не стигвит ни до третото колено.
Неразбрана жена за пеза оди.
Нероден Петко, му купиле капа.
Несакањето и неможењето се браќа.
Неслогата ѕида кули од хартија.
Нетилез'м момица при арна довица.
Нетребен бунар смрдит.
Нефалена момичка, немъжена останвит.
Нехтен каша — греби грне.
Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето.
Нешчо е поарно од нишчо.
Ни башча ми аир не е видел, не па ти.
Ни богу проскура, ни ѓаолу ќиселец.
Ни богу темјан, ни врагу колач.
Ни брут чужџ да не ти влезит в куќи.
Ни в клин, ни в плоча.
Ни в клин, ни в ръкав.
Ни в телци ни в говеда.
Ни в телци — теле, ни в гојада — гојадо.
Ни вадено, ни прашено.
Ни варено, ни печено.
Ни во куче вера, ни во лаком мера.
Ни во ракот, ни во сокот.
Ни во чудо не чуди се.
Ни вода, ни киселина.
Ни волк ги јаде, ни орел ги дига.
Ни господ в мјана, ни ѓаол в црков влегвит.
Ни даам, ни земам; ни гурам, ни левам.
Ни девет кучки не би ја надлајале.
Ни е прч, ни оџа, туку турска победа.
Ни есап, ни касап не знаат.
Ни за в зъб, ни за в грло.
Ни за в осое, ни за в присое.
Ни им јъчит, ни им плачит.
Ни им обели образот.
Ни им показа бакарот на мегдан.
Ни карназ, ни картепез.
Ни коњи со рафтој не го запирет.
Ни коњи со рафтој не го поткревет.
Ни костен од ръка не би му зел.
Ни ќар ни зијан.
Ни лостој не го поткревет.
Ни лук јал, ни лук мирисал.
Ни лук јал, ни на лук мирисал.
Ни мајчин гроб се без пари не копа.
Ни мама на тате забадјала не му дат.
Ни мене лозје, ама ни тебе грозје.
Ни мисла, ни грижа, ни добра вечера.
Ни моеси, ни твоеси.
Ни море не го мијат.
Ни на богатството радви му се, ни на сиромашиијата плаши је се.
Ни на господа темјан не му дат.
Ни на гъзот свој вера да немаш.
Ни на мравка не нагазвит.
Ни на небо, ни на земи.
Ни на тој век.
Ни од Бога го грев, ни од чоека го страм.
Ни од греојте не си подат.
Ни од љуѓе страм, ни од господа грев.
Ни од чупка чутура, ни од Турчин чвешчина.
Ни од шчица маша, ни од арап паша.
Ни оре ѓаволо, ни копа.
Ни прави свето мостове да и газиш, ни биди мос да те газат.
Ни прстите на ръката не се еднакви.
Ни работа, но събота.
Ни ражено да гори, ни ќебапо.
Ни риба без вода, ни вълк без планина.
Ни род, ни поможи Бог.
Ни с мъжа, ни с Лазара.
Ни се водит, ни се терат.
Ни се шијат, ни се парат.
Ни со лостој не мојш да го поткрениш.
Ни солено, ни палено.
Ни трандафиљ без трн, ни севда без кавга.
Ни чуено ни видено, на гости дојдено.
Нигде крајот не го најде.
Ние од место, Господ на место.
Низ иглени уши го провират.
Низ иглени уши поминал.
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб).
Низ јазико му се валка, ама не можит да го речит.
Низ село без кучиња се врвит без стап.
Низ џам сирење лижит.
Никогаш не е доцкна.
Никој жар на меот не ти кладе.
Никој не го викат вълкон, ама тој и невикан идат.
Никој не го викат вълкот за до изејт.
Никој не е чист.
Никој не знае кога ќе умрит.
Никој не знтъјт шчо носит ден, а шчо ноќ.
Никој не знъјт кога ќе умрит.
Никој не зтъјт на оној век шчо имат.
Никој не можит да му је врзит устата на алкот.
Никој не се вратил од оној век.
Никој не се родил учен.
Никој не те фатил за гуша.
Никој не ти го клал ножот под гуша.
Никој не ти згазна на опашката.
Никој не умрел од голотија и босота.
Никој учен не се родил.
Никоја река не го мие, лели во борч влезе.
Никому не му е на челото написано.
Ниското магаре секој го вјат.
Ничкум гљавет, скришем давет.
Нишај врата, земај плата.
Ништите и брдилата сет голема стока на жената.
Ништо не се купуа без пари отколку рај Божи.
Нишчо без бога не се мојт.
Нов бунар копај, во старјот не пљувај.
Нов бунар копај, на стариот не плукај.
Нов ден, нов късмед.
Нов ден, нова нафака.
Нов мъмелеџија, стар арамја.
Новата метла чисто метит.
Новите пътишча и старите пријатели барај ги.
Ново сито на кључеј.
Новото сито само сејт.
Ногата дури те риза, печали и работи.
Ногата му се подмествит, зборот не.
Ногата му се слизна, а зборо не.
Ногу раце благословени, ма ногу усти кжнати.
Ножо ет за потреба, а не да праит чоек повреда.
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа.
Нозете да му ги мијаш, водата да му је пијаш.
Ноќта вода не са плиске вонка, зашто ќе те болат очите.
Ноќта ден да ја сториш и да спечалиш.
Ноќта е трудна.
Ноќта отруднуа, и дено го раѓа.
Носи, не проси.
Носит змија в пазва.
Носон да му паднит, не си го поткреват.
Нужда закон менува.
Нужда ради, закон измењава.
Нужда ради, кај најди граби.
Нуждата го натерала чоека што да греши на Бога.
Нункото ми имат кабает што не го докрстил сина ми.
О, бир, брада жужер црна како къклица.
Об, об, об, та в гроб.
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот.
Обетка нека ти ет.
Облекол е Алија, куга се водел — па в тија.
Облекол се рак в теја руво пак.
Образ е гореш.
Образот е колку два прста, ама за нишчо на веков не се дат.
Образот со вода не се мијат.
Обујан бос преку вода носит.
Ов за него, ов без него.
Ов за чеда, ов од чеда.
Ов легни, ов стани, цел стави, ич не крени!
Ов моме, ов душо, ов брашно, ов страшно!
Овај газ не е од праз.
Овде е и рајот и пеколот.
Овенал како некој скинат трендафил.
Овес жни, ичимен врши, р'ж жни, пчeница јади.
Овој век е курдисан на чес.
Овој век е мошне мил, ама смртен час да не беше бил.
Овој век ко со снег.
Овца без стадо вълку вечера.
Овца без фајда, волко не ќе ја јадит — давит.
Овца ле си, и в'ци ќе те јадат.
Овца шчо се дели од другите, в'ко ќе а најде.
Овцата кој фане, он ја м'зе.
Овцата моја, рувото туѓо, жената моја детето туѓо.
Овцата пади сиромашчијата.
Овци без овчар, на вълкот му се дар.
Овците сет кротки и будали, да затоа стојат да ги давит волкот.
Овчар мъж и калуѓер чвек, не се.
Овчарот овците ги стрижит, а касапот ги дерит.
Огален поп и в црква прди.
Оган и слама не се клавет едно до друго.
Оган со масло не се гаснит.
Огламникот ојт со коњот.
Огно, водата и смртта ат'р не гледаат.
Огнот и водата не препознавет ни кумство ни пријатељство.
Огнот и водата се арни измеќари, ама лоши господари.
Огнот ке ќе паднит, таму горит.
Огон и барут на едно место не се клава.
Огон и вода најпотребни сет на чоекот.
Огон со масло не се гаси.
Огон со слама не се гасит.
Од ајпида черјо не се тргат.
Од алој јајце на глава ми се печит.
Од арамија куќа не се отворат.
Од арен дури не чини.
Од арно никој не бегат.
Од ат на магаре.
Од аџамија и пичката плаче.
Од белезан чвек господ да те бранит.
Од белезано нешчо, бегај далеку.
Од бесно куче на пат и жена в кат, од гнил мос и прдлив гос.
Од благо вино гъз болит.
Од бога дојде да трпиш, та од човека ле?
Од Бога ништо не се криет.
Од Бога што ќе доит, добре нека доит.
Од був сокол, од сокол був.
Од будала памет не купуве.
Од буква историја.
Од бурило бочва.
Од бух сокол не бива.
Од бух сокол — од сокол бух.
Од Бъдник до Божик не се јадени.
Од бълна помал се стори.
Од варена пченица не се истерува семе.
Од варени јајца не се изводат пилишча.
Од вино и раќија нема прокопција.
Од влакно камила не прави.
Од Влаот и ѓаолот пукнал.
Од вода водет, од вино носет.
Од вошка кожа не се дерит.
Од вошка ремен не се прајт.
Од врашчаљка, сваљка.
Од врба грозје не се берит.
Од втасија се кашча не растура.
Од вълк цела овца не се земат назад.
Од гарачка плачка и кавга.
Од глата се остат, од умот не се остат.
Од гнев, во вечната мака.
Од гоеда донеси го и поп стори го, ич можи да попуа?
Од гол кошуља не се барат .
Од гол немат шчо да се слечит веќе.
Од голема мрза му капи капката на куќата.
Од голема суша, и на град благодари се.
Од големштил'к носо да му падни наземи, и не го ваќа да си го земи.
Од град нема глад, ама тешко дека падне.
Од греди в гашчи.
Од греојте не си подат, та од друго ќе ти дајт.
Од два стола — на земја.
Од две дупќи катран не зе збира.
Од две нешта да се чуат чоекот: од борч и измеќарл'к.
Од две старички една младичка.
Од дебела бука обрач не се прајт.
Од девет заби вов девет нозе.
Од девет планиње вода ти донесуат, од ниедна не ти даат.
Од дека дошло, од там ошло.
Од дека е думата, од тамо е душата.
Од дека лежиш, од тамо р'жиш.
Од дека ти е жената, од там ти е родата.
Од должника вреќа плева.
Од дрвено на камено.
Од дрвено падна на камено.
Од дрво и од камен треба лебо да си го вадиш.
Од дрво и од него човек не става.
Од дрво маша не се прави.
Од дрво нозе да си напраиш.
Од дртаво теле — готов тапан.
од другио: кога ќе се скинит, да видиме кој ќе паднит.
Од евтиното месо и кучињата глава вртат.
Од еден вол две кожи не се дерат.
Од еден извор не извира блага и солена вода.
Од еден кол се одврзав, за друт се врзав.
Од еден маалџија шчета имаш, од друт фајда немаш.
Од едко зрно гулема нива.
Од една бочва — и вода и киселина не се пушта.
Од една вода пиеме, и пак род не се чиниме.
Од една главна цала кашча оѓин.
Од една греда цала каштурка.
Од една искра голем оган бидува.
Од една чешма пиле вода, та затоа се родуале.
Од едно дрео и мътика, и лопата.
Од едно јајце до царот сто се сториле.
Од едно мање дъб не падинат.
Од едно место капе, од сто натича.
Од Еѓуптин ќисело млеко.
Од ефтино се осиромашвит, а од убо се заборчвит.
Од жал што ми е, тики чалма ќе врзам.
Од жал што му ет, се смеит.
Од жена ако падниш, голем страм ќе си донесиш.
Од жена гроб немат ни в поле, ни в планина.
Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори.
Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии.
Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.
Од женцки пари браќа се делиле и се истепале.
Од жива мечка кожа не се дерит.
Од жълта коза жълто јаре.
Од занаетот немат умора.
Од збор на збор пијаницата ќе се ватит за суроицата.
Од зборој попара не се прајт.
Од зло добро не чекај.
Од зол д'жник и кош плева.
Од зорт и бабата заиграла.
Од ѕвонците по нешчо, ама од козите ни рог.
Од игла — камила.
Од имање куќа не се растурвит.
Од инат се глава ќине.
Од инет немат полош занает.
Од инет нишчо поблаго немат.
Од искра пламен се прајт.
Од искра се гора пали.
Од јада — во ада.
Од јадење и пиење му се здодеуа на чоека, а не од кавга чинење.
Од јадење нема поклади.
Од јалва крава млеко не се мълзит.
Од јалва крава теле изват.
Од ка се строши колата, коловозници триста.
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
Од кај ќе повеит ветрот, отаде надај сакмата.
Од кај непратено, и нас вратено.
Од кај што го пратиле, до нас го допратиле.
Од кај што е жената, и мажот.
Од кај што е потешко, секој тамо навалат.
Од кај што излегуа збор, и душа.
Од кај што се не надеиш, Господ ќе ти даит.
Од калило на матило.
Од ке дуват ветрот, сврти ја гуната.
Од ке е дреото засечено, кун таму падинет.
Од ке не се надејш, зъјак излегвит.
Од ке не се надејш, излегвит нешчо.
Од ке не се надејш, сънце те огревјат.
Од ке сакат гънчарот, отеде му је клат ръчката на грнето.
Од ке се надеев сънце да ме угрејт, слана ме попари.
Од ке се надеев сънце да ме угрејт, снег ме бијат.
Од ке си? — Од ке ми е жената?
Од ко ќе пцојсат моено магаре, сакало расло трева, сакало не.
Од ко ќе умрит чвек, лесно е за него да се зборвит сешчо.
Од кого е, многу е.
Од кого е, многу е; за кого е, ушче појќе е.
Од кожава не се излегвит.
Од кој бегаш, тове ќе најдеш.
Од кој го ебе ак'л не тере.
Од кокошка нога јал, та затоа скришното го кажуат.
Од кол и од фртома.
Од кол на кол ќе се надениш на некој.
Од кол на кол та на остие.
Од кол на кол, коло в газ му влегол.
Од кол на кол, третјот в гъз.
Од кон на прле.
Од кон паднеш — не се убвеш; од магаре — глава скршиш.
Од коњ на магаре.
Од коса неклепана и жена нетепана нишчо не бива.
Од красто прасе дебел вепар се прајт.
Од криво дрео карта не се прајт.
Од кука нога од камен глава.
Од кумита оџак не чури.
Од кумити село нема мира.
Од кумот два уема се земат.
Од ќерамида масло не бива.
Од ќор и од сакат господ да те браниит.
Од ќор на ќор.
Од ќорав очи.
Од лајна манџа не се прајт.
Од лепешка зелник не се месит.
Од ловџија и од загар поулав нема на свето.
Од лош чвек арно не надеј се.
Од лошо имат полошо.
Од лошо ошче полошо има.
Од лошото беге дур не е дошло.
Од луна тргај се понастърна.
Од лутина заб в говно удара.
Од љуљка до дупка.
Од љутина и планина пукат.
Од магаре на ат.
Од магаре чвек да паднит, пак ќе здивнит.
Од магарешка опашка сито не се прајт, туку од којнска.
Од магарешка опашка сукало не се прајт.
Од мајстор заќина, од себе заќина.
Од мајстор не се заќинвит.
Од мала дупка голем глушец излегуат.
Од мала искра голем пламен се прајт.
Од мала искра гулем оѓин бива.
Од мали деца, мал изитет, од големи деца голем изијет.
Од малу брашно мало лепче.
Од малчење гла не болит.
Од мама на тате, од тате на мама.
Од мене песна, од Бога здравје и веселба.
Од мечка привој не ти требе.
Од мирно седење гла не болит.
Од млада свекрва и од бела кобила господ да те чува.
Од млеко се попарил, та и на матеницата дува.
Од многу баби втурени деца.
Од многу деца угриз не бидуат.
Од многу капење капајца и камено го предупуат.
Од многу пари едни што имаат, та не знаат што да му праат.
Од многу ум капата му се дупнала.
Од мнозина ако земаш умишта, ќе те пратат во тињата или Лимја.
Од молчење глаа не болит.
Од мува лој изват.
Од мъж поарно магаре немат.
Од мътна вода варди се.
Од новина на поѓибеш.
Од нож и од сеќира пљагата зараствит, а од лош јъзик не.
Од нопак нишчо арно не чекај.
Од ова кожа во друга не се влегвит.
Од орел, ут.
Од петлачиња лира се прајт.
Од пијанијот и будалата бегај.
Од пијаница да имаш дома, Бог да те чуа.
Од писаното не се бегат.
Од под камен да најдиш и да ми платиш.
Од подгоор баба не умира.
Од појќе ум гла не болит.
Од покриен јъглен да се вардиш.
Од поп се барат пред луѓе.
Од попа до коача го соши алиштето терзијата.
Од попа на квача.
Од празна пушка двајца се плашет, а од пълна само еден.
Од празна пушка двајца се плашет.
Од празна стомна не се пијат.
Од празни пајнци ни се јајт ни се пијат.
Од прва жена, прво синче и прво късајче нишчо поблаго немат.
Од првна цена не бегај.
Од првнио залак посладок немат.
Од прејадуање нема здравје.
Од просо преснеѕ не се прајт.
Од пуста мрза и огнот ќе го угаснит.
Од пцоисан коњ плочи барат.
Од пъндила блосов.
Од работа грба растит.
Од ракој бачило не се прајт.
Од речено до сторено, ко од небо до земи.
Од роб се врашчат, од гроб никогаш.
Од свинска кожа гајда не се прајт.
Од свиња мев не бидуат.
Од свињи бачило не се прајт.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Од свој камен не болит.
Од своја куќа нишчо помило и поубо немат.
Од секакво брашно не се сучит преснеѕ.
Од секое дрво јемиш не се берат.
Од секое дрво не бидува свирка.
Од секое дрео род не се берит.
Од секое дрео свирка не се прајт.
Од сељак бег не бидува.
Од сила и планина пука.
Од сите стърни сънце го грејт.
Од скржаиот и тамавќарот друзи стоката ќе ја јадат.
Од сој и куче.
Од сон послатко ништо немат.
Од стар да неразбран Господ да те чуат.
Од стар татко деца — сирачиња.
Од стара коза јаре.
Од стара мајка дете.
Од старо дрво обрач не се прави.
Од старо дрео обрач не се виткат.
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада.
Од сто една се послушува на жаната.
Од сто — ни една за в работа.
Од стока буниште не бидуат.
Од страв се бега, од страм не се бега.
Од страв се бегат, од страм не се бегат.
Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит.
Од страот се бега, ама од страмот не се бега.
Од студ камено пука.
Од студ клинци тресит.
Од студ рака не се вади надвор.
Од таткова мака со чичкова рака.
Од тебе ајр, од глуфци бериќет
Од тебе сефте, од Господ бериќет.
Од тивка вода појќе варди се.
Од тиганот, та во оганот.
Од тоа што се боиш, ќе налепиш.
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се.
Од торбата во врешчето приклат.
Од трандафиљ — трн.
Од трендавил трн, од трн трендавил.
Од три буки две вретена, едното криво, другото недопраено.
Од три буки две вретена.
Од три на глог.
Од трите подългото.
Од трн — трандафиљ.
Од туѓото магаре стреде во калта.
Од углавник врата не се затвара.
Од улав ум не купуј.
Од умот ќе тргат глаата.
Од умрен душа не се барат.
Од умрено теле готов тегар.
Од уста в уста, на царо в уши.
Од уста мед и млеко, од срце зер и пелин.
Од уста ти в пазва.
Од устата во пазуата.
Од ут — орел.
Од фешчање куќа не се расипвит.
Од цела бука обрач не се прајт.
Од цојсан коњ барат потковка.
Од цојсан коњ потковка не се барат.
Од чавка јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќе излезет.
Од чавкино седело голаб не излегвит.
Од чвека нишчо не куртулисало.
Од чвечка ръка нишчо не куртулисвит.
Од челад послатко и погорко немат.
Од човек може да ти омилее — може и да ти одмилее.
Од чоека ништо не откинуа.
Од чужџ коњ на полпът те сметинет.
Од чужџа мака сос твоја рака.
Од чужџа торба лесно се дат.
Од шега деца се рожџет.
Од шипок гора не бива.
Од што е гладен, ќе се скинит вода пиееќим.
Од што е пишано во вангелието, ќе се сврши сето.
Од што е прејаден, ќе му пукнит меот.
Од што нема, и царо не зема.
Од што немаш, и без него поминуаш.
Од шупливо во празно.
Од шчо баба знъела и на соне гледала.
Од шчо најмногу се вардиш, на гла ќе ти дојт.
Од шчо најмногу се плашиш, од то најмногу варди се.
Одавнашна добрина се заборавја.
Одбесвам ти торба, обесвам ти дисаѕи.
Одбираш ле, ќе избереш.
Одвај кожата му ги држит коските.
Одеднош дрео не се бувтат.
Одет ко пропаднати Германци.
Одет ко разбијана војска.
Оди да ти ги вратит даскалот парите.
Оди дја ќе одиш, ама дома да си дојдиш.
Оди кај ќ ојш, пак дома да си дојш.
Оди ке да ојш, пак дома дојди си.
Оди на дека водата тече.
Оди сам да не те е срам.
Оди си по царские пат.
Одили старци по зајци: одили два дни, дошли си гладни.
Одит без гаќи како кауѓер во сирница.
Одит како слеп коњ во гробишта.
Однадвор мазно, однатре празно.
Одненадеж трешница.
Однеси го ке баба да му бајт.
Однеси го ке поп да му пејт молитва.
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре.
Одозгора мазно, одоздола азно.
Одошто ет лош мој Никола, ми омрзна и свети Никола.
Оѓин и барут на едно место не седат.
Оѓин и водата се арни слуги, ама лоши господаре.
Оѓин сос слама се не гаси. Ојде ѓемијата та лосто ле ќе жала?
Ожени го детето, клај му капина на гуша.
Ожени се да си земиш беља на глаа.
Озгора мазно, оздола азно.
Оѕади ти е зимата.
Ојде камилата, а он гледа иглата.
Ојде мовта за шикли.
Ојде со еден ѓаол, се врати со сто.
Ојт без гашчи ко калугер но сирници.
Ојт како проѕевка од уста на уста.
Ојт колце по тркалце.
Ока мас откај нас.
Ока осила не вреди — драм памет вреди.
Ока пара, пол ока бадјала.
Ока пари, пол ока џаба.
Око лакомо, душа загубена.
Око на око вера немет.
Ококотил очи како мачор во мутли.
Окото гљат далеку, ама умот ушче подалеку.
Окото никогаш не се наситвит.
Окото порано нека му излезит на чоеко, а лош збор да не му излезит.
Окрвавил во очите како некој вапир.
Округло на ќоше. Опинците му ги стигнаа.
Олеле, мајко, плачит детето.
Оној шчо дошол од Стамбол не знъјт, ти знъјш!
Опинок имат на лицено.
Опинци нема на нозете, гајда бара да купит.
Опинци немат, гајда сакат.
Опинците му ги стигна.
Опитај кого сакаш, ама од умот твој не дели се.
Опитај паталец, не опитви гаталец.
Опулил очи како од вол.
Орај, копај, Караџо, ќило фрли, кутел најди!
Орај, копај, рани се, со грабање не обогатуј се.
Орала мувата цел ден на рогојте од волот.
Орање шетање — фурка троширебра.
Орело си гледат на ноктите за кај има мрша за јадење.
Орелот слегвит ке шчо имат мрша.
Ори, копе, рани се, на кражба не наде се.
Ориѓани добри мъжи, ченки садет тикви јадет.
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа.
Оро кашча не врти.
Ортачка кобила в кал лежит.
Ортачкото месо кучиња го јадет.
Осната платното го продат.
Осое фали, в присое сади.
Остај ја мрзата, вати ја брзата.
Остана бел в очите.
Останае ушче двата краја и стредето.
Останете збогум и добро видение.
Остаре, обеле и умот во глаата не му дојде.
Остаре, побеле, умот не ти дојде.
Остарел, ама умот не му дошол.
Остер човек дропка од ѓум вади.
Острото на ножот сечи и доброто и лошото.
От трн са рожге китката, и от китката трн.
От умрен којн плочи брќе.
Отварај си и да не ти и отворат.
Отвори ги двете четри.
Отвори си ги очите да не ти ги отворет други.
Отвори си очите четири, оти светот ќе ти ги отворат со влакно.
Отворил очи како некој плочи.
Оти е рудо детето, а татко му калеш ништо.
Отишле по зъјаци, ги изеле вълци.
Отишол волот, се тепаат за опашката.
Отишол да орат, го заборајл ралото.
Отишол коњот, нек ојт и огламникот.
Откако ќе се крши колата триста џадиња прај не оди.
Откога ќе не нема луѓе прави, и веков ќе пропаднит.
Откога ќе се скрши колата, многу патчиња ќе се отворат.
Откога ќе се скрши лебо, веќе не се стауат.
Откога ќе се скршит колата, пътишча многу.
Откога ми го отру срцето, после благо ќе ми дават.
Отколку што моиш работи, и моли се на Бога да ти ја блаосоит.
Откъде идат доброто, идат и лошото.
Откъде сънце те грејт, отаде и град и рофја те мат.
Отмено — проклено.
Отруачка праведен да се напие, пак не ќе се отруе.
Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање.
Отстъпви за да надолиш.
Отфркна од мене како некој нерез.
Оф легни, оф стани, цел стави, не крени.
Ох за деца — ох од деца.
Оцкријан гъз секој го пљуват.
Оцкријано млеко мачки го јадет.
Очи гледали — очи плакали.
Очи од гледање не се наситуаат.
Очи со земја се наситуаат.
Очи со очи што набрго се видуаат и се милуаат.
Очи што набрго не се видуаат, се забораваат.
Очите во глаа му играат како на некој сатана.
Очите водет, нозете носет.
Очите гледаат све, но не се гледаат самите.
Очите ми капнаа од страм.
Очите му обелеа од гладос.
Очите на страот му сет мошне големи.
Очите не гледаат, паметот гледа.
Очите не гљавет, ами умот.
Очите од стопанот го ранет коњот.
Очите се да гљавет, а нозете се да носет.
Очите се да гљавет, а ръцете да мавет.
Очите се ненаситни.
Очите сешчо гљавет, сами себеси не может да се видет.
Оџа мъж — токму мъж, ќираџија — пусти мъж.
Оџо сирење не се јајт.
Оште на којн не вгјанал, нојзте си размајал.
Оште не вгјанал и е боднал.
Ошто да немаш, и без него поминуаш.
Ошто ми е болна жената, печена кокошка изедуат
Ошче еднаш да сам невеста, знам ка да се кланам.
П'ни очи — празни раце.
П'ти просјак да сам, ама леб и пари да си имам.
Падна и веднаш стана.
Падна камено и обете нозе му ги вати.
Падна, ама не се изваљка.
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа.
Падни, стани, за ралото се фани.
Паднуање и — отепуање.
Пази Боже од крстен ѓаол.
Пази, боже, слепо да не прогледне.
Пак ќе дојт какан-ден.
Пакос којшто праит, не мислит да влези во рај.
Палецов ако не беше, чвекот скот ќе останеше.
Палецот ако не беше, ништо чоекот не ќе напраеше.
Палецот и душа жива ако немаше чоекот, тој скот ќе си беше.
Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос.
Палтото не ти е кусо, кус ти е ак'ло.
Палците се познаваат по пеењето, а љуѓето по зборувањето.
Паметние попушча.
Паметно косме не трпи будала глава.
Паметта не е вов гората, она е по дуњата.
Панаѓур без кавга не бидвит.
Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше.
Пара на рака, Мара за рака.
Пара на ръка, Мара за ръка.
Пара по пара — пунѓија.
Парабучук го собира, топтан го дава.
Парата ако ти служит, си силен и јак.
Парата вртит по светов, а праината по небо.
Парата го вртит светов, а праината небоно.
Парата е ѓаол, ама жената поѓаол.
Парата е за чоека душа.
Парата е Јуда, ама жената појуда.
Парата е Јуда.
Парата е најлошјот пријател — најбргу те оставјат.
Парата и железна врата отварат.
Парата и нем да е човек ќе го раздума.
Парата на пара ојт.
Парата сајбија нема.
Парата, и нем да ет чоек, ќе го прозборуат.
Парата, не стои у еднега: денеска у мене, утре у тебе.
Парен каша — расол дува.
Парен потел од дож бега.
Пари ако немаше на веков, судни маки ќе тргаше чоекот.
Пари давам, оро играм.
Пари давам, свирка свирам.
Пари дадов, бељата си зедов.
Пари дадов, се си купив.
Пари земам пари немам.
Пари и Еѓупците имаат, ама чес немаат.
Пари ко лајна, само немат кој да ги јајт.
Пари колај се арџат ја на вечер на меана, ја на свадба на дајре, ја на попо в котле.
Пари на рака пред Мара за рака.
Пари од чума не умирет.
Пари, пари, пак пари, пари татко, пари мајка.
Парите ги цениш кога ги немаш.
Парите еднему му го земет умот, а другего го учет на ум.
Парите затоа сет тркалести, да одаат од раце в раце.
Парите и во шчинато ќесе се мили.
Парите и на път да ги најш, ќе ги пребројш.
Парите лесно излегвет од џепот.
Парите на едни им го земет умот, а на други им давет ум.
Парите не сет за целивање.
Парите са вода.
Парите са камење да се браниме од пцетата.
Парите са като курва: секој дан са в друзи раце.
Парите се арџат и од кесе течат како вода.
Парите се јудино железо.
Парите се најмили од се.
Парите сет помили и од челад.
Парите стојат в кесе како билбиљо во кавезо.
Парите татко, парите мајка.
Парите што се печалат, ако не се арџат, што бидуат?
Парица — царица.
Пасинок син не бидвит.
Пат со одење, борч со плаќање.
Патот до пеколот е поплочан со добри намери.
Педа човек — лакот брада.
Пеит песна како да гледа на книга.
Пепел гледала, пипер макала.
Пепел на јазико — парлак на устата.
Перде му клале на очите, што не гледат.
Пери гъзенце, да не периш гъзишче.
Пери си пелени, другиот откоа не те честит.
Пес али се скрастаи, крастата ќе го изеит.
Пес кучка не дави.
Пес од грозје не пцјоисуа.
Пес од грозје не умират.
Пес од касапница мачно се одучуат.
Пес опален не му фтасвит.
Песма ми е, да си пејам.
Песма сајбија немат.
Песна ќе му пеам, лели да ти го напраам.
Песна пеит, гора се лелеит.
Песна сајбија нема.
Песна убаа срце разбудуат.
Песната стопан немат.
Песо е поверен на стопанот.
Песо не си познаа стопано од калабал'к.
Песо си го познаат стопанот.
Песок реката носит за морето да го полнит.
Пет ари петел — сто пари крчма.
Пет отерај, три дотерај.
Пет прсти и господа го надољвет.
Петел јајца не носит.
Петел му пејт во куќата.
Петел пеит на буниште да си ги веселил кокошките.
Петел пејт, а не кокошка.
Петело е асли маж, што повела сто кокошки.
Петело најде зрно, вика кокошките ѓоа да ги нарани и сам си го изеде.
Петело најде ле зрно, викне кокошќите, а па сам го изеде.
Петело пое на своето бунишче.
Петко ќор и децата ќори не ќе бидет.
Петлачето е најголема пара.
Петле јајца не носи.
Петмина Петка не го чекет.
Петмина Шетко не чакаат.
Печит ѓерамида да му пушчит масло.
Пи еден грош колку за отров.
Пиењето е благословано — пијанството е проклето.
Пизмела мома оро, та се омъжила за гајдаџија.
Пијан беше веќе како ќутук.
Пијан беше за в кош да го кренат.
Пијан беше за на тезгере.
Пијан беше и се пореваше од ѕид на ѕид.
Пијан беше како дрво.
Пијан беше како труп.
Пијан човек — вреќа без дно.
Пијан човек — тесен сокак.
Пијан, дури однесен.
Пијана душа бог не слуша.
Пијана душа господ не слушат.
Пијание е като труп.
Пијанио немат пари за бричење, а имат за пиење.
Пијанио се валка како свињата во калта.
Пијаниот неќи туркање, оти сам си паѓа во калта.
Пијаница со пијаница мошне си живеат.
Пијаницата е страв и трепет на челадта.
Пијаницата колку поеќе пиет, толку поеќе жеднеет.
Пијаницата саде ќев терат, а децата без леб седат.
Пијаницата се мачи од пијанство и со снага и со душа, и пак рака не трга од пијанството.
Пијанјот немат чест.
Пијано село — успано поле.
Пијанството е од ѓаолот, а сиромашчијата е од бога.
Пијанството е од чумата полошо.
Пијанството изгубува царство.
Пиле се познава по песната, а човек по думата.
Пиле — пејале, плашчале — плакале.
Пилците во зиме на огон не се греат, а пак не замрзнуаат.
Пилците ни ораат, ни копаат, ами пак се ранат.
Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето.
Пилците си ведат пилиња и ги ранат без да се надеат оти на старос ќе ги гледаат.
Пипер в очи не му дават, не пари да му даит.
Пиперка, пиперка и пол, сила две, ако сакат да спечалиш пари.
Писано на глава на камен не оди.
Писо мацо, дреме ли попот?
Питај патило — не питај старило.
Питај, па не скитај.
Пишвешчим вежџи да н' ги ископаме и очите.
Пишви со умот, а не со калемот.
Пише на ледо — ќе го покрие снего.
Пиши, па после избриши.
Пиши, попе, цела куќа будали љуге.
Пишман зел, пишман не зел.
Плаќај рајо вергија, нешто и за Шефкија.
Планина без криво дрео немат.
Планина без овци не бижџат.
Планина не се крие в торба.
Планина со планина не се стревет, а чвек со чвека ќе се стретит.
Планина сос планина не се сришча, ама човек сос човек се сришчаа.
Планина што е планина, ако не се чува и она се разбољуве.
Плата спроти работата.
Плати, па клати.
Плачи гора за мајстора, а куќа за куќница.
Плачит гора за мајстора.
Плачит за стап.
Плевав газ, п'ни ношви.
Плен се плени, баба си ја реши.
Плет гние — борч не гние.
Плит по плит — плевна.
Плитко е, та чун по плитко не ојт.
Плот гниет, борч не гниет.
Плот гнијат, борџ не гнијат.
Плугот колку појќе орат, толку појќе светит.
Пљуни си в пазва!
По вода отиде, вода не се напи.
По вълна отиде остриган дојде.
По гла гљај, по плешчи мај.
По гладната година идат и бериќетлија.
По грмежот и дожд идат.
По делата се познаваат и луѓето.
По дождо качуљ и по смрќ покајание.
По дождо чуму ти е клашенико.
По дреата нека те дочекаа, а по ак'ло нека те испратат.
По ѓаолот ојт, на бога се молит.
По ебење нема каење.
По жена и по трамвај не се трчат.
По зимата лето, по сънцето дожд.
По летото и зима идат.
По лошото и арно иде.
По мајката ќе ја познајш и ќерката.
По нарачано волкот не јадит.
По небо те барав, по земи те стретив.
По нов пат сос стар пријател.
По орлите и чавките се ранет.
По пет за пара ти ојт.
По пладнина пазар не бива.
По плач — и радос дават Господ.
По скапија иди евтинија.
По смрт болес.
По смрт покајание не бива.
По смртта каење немат.
По тавмин на Лозмано.
По туѓ грб сто стапа не болат.
По чужди ноѕе иљада стапој не бољат.
По чужџ гъз и сто стапој не болет, а по свој и еден болит.
Поарен е добар глас, одошчо срмен појас.
Поарен си да имаш едно врапче в рака одошто сто да летаат.
Поарио со ноѕете да се слизниш, отколку со јъзикот.
Поарно без вера, одошчо без леб.
Поарно без пари, одошчо без ум.
Поарно в село на чело отколку вов градо зад ѕидо.
Поарно в село џорбаџија, одошчо в град ќумурџија.
Поарно во свој котар, одошчо во чужџ сарај.
Поарно врешчето да го истресиш, одошчо торбата да је начниш
Поарно гљавет две очи, одошчо едно.
Поарно да даваш одошто да сакаш.
Поарно да имаш десет умни душмани, одошчо еден будала пријатељ.
Поарно да не таксаш, одошчо да не го сториш.
Поарно да опитвет чија е ова неста, отколку чија е ова момичка.
Поарно да родеше некоја жена камен ошто родила лош син.
Поарно да самотвиш, отколку да се страмотиш.
Поарно да се ваљаш од умора, отколку од глад.
Поарно да се слизниш со нога одошто со збор.
Поарно да си без пари, отколку без чест.
Поарно да си на овците гла, отколку на гојадата опашка.
Поарно да ти вервам, отколку да одам д' опитам.
Поарно да ти завижџет, одошчо да те жалет.
Поарно да ти излезит едно око, отколку лош збор.
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер.
Поарно денеска јајце, отколку утре кокошка.
Поарно денеска леб и сољ, одошчо утре печена кокошка.
Поарно драм ум, отколку сто ока сила.
Поарно е да бидиш глаа на мачките одошто опашка на 'рсланите.
Поарно е да вервам на очиве свој, одошчо на чужџи зборој.
Поарно е да даш, отколку да бараш.
Поарно е да имаш итар душманин, а не улав пријател.
Поарно е да се п'знеш, ама лоша дума да не продумаш.
Поарно е да се спречит, одошчо да се лечит
Поарно е да седиш на синоо буниште одошто на зетоо огниште.
Поарно е да ти завидат, отколку да те жалат.
Поарно е да умејш, отколку да имаш.
Поарно е други да те фалет.
Поарно е жена прдлива, отколку зборлива.
Поарно е жив глушец, отколку умрел лав.
Поарно е леб и сол да јадеш, од шчо дома да се караш.
Поарно е на синово, отколку на зетово огнишче.
Поарно е на човек да му испрснат, отколку лош парамон да има.
Поарно е чесна смрт, отколку срамен живот.
Поарно еден пријатељ, отколку еден чивлиг.
Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.
Поарно ет да жалаш кај што жалаат ошто да се радуаш.
Поарно ет да имаш име чесно ошто многу стребро.
Поарно ет да се слизниш со нога одошто со збор.
Поарно ет да си веруаш твоите очи одошто туѓи речои.
Поарно ет да ти завидуаат одошто да те жалат.
Поарно ет да умеиш одошто да можиш.
Поарно ет друг да те валит ошто сам.
Поарно и без вечера да легниш, отколку борчлија да станиш.
Поарно и да не зафашчаш, отколку и да не битисаш.
Поарно и киселец, отколку празна торба.
Поарно и на најлош коњ да вјаш, отколку на нозе да ојш.
Поарно и подалеку, да се љубите, одошчо поблизу, да се пизмите.
Поарно и празна торба, одошчо змија в торба.
Поарно и угриз, отколку празни јасли.
Поарно камен, одошчо помал брат да се родит.
Поарно ко мъж да загиниш, отколку ко баба да живејш.
Поарно леб и сол да јадиш одошто дома да се караш.
Поарно не таксуј одошто да не даваш.
Поарно некогаш, отколку никогаш.
Поарно непраина да трпиш, отколку неправо да прајш.
Поарно нешто, одошто ништо.
Поарно нешчо, отколку нишчо.
Поарно нишчо да не знъјш, одошчо шчо-годе да знъјш.
Поарно носи, одошчо проси.
Поарно од пол път да се вратиш, одошчо по лош път да ојш.
Поарно око да ти излезит, одошчо лош збор.
Поарно очите да излезат на чоека ошто лошо име.
Поарно пљагосан, да си одошчо опран.
Поарно празна торба, одошчо ѓаолот в торба.
Поарно пријатељ близу да имаш, одошчо брат далеку.
Поарно роб, отколку в гроб.
Поарно свое гајле отколку чужџа радост да гљаш.
Поарно свое јајце, одошчо чужџа кокошка.
Поарно сешчо да јајш, одошчо сешчо да зборвиш.
Поарно со умен да плачиш одошто со улав да се смеиш.
Поарно со умниот да ораш, отколку со будалата да пијаш.
Поарно со умниот да плачиш, отколку со будалата да пејш.
Поарно старому под брада, одошчо младому под стрја.
Поарно сув леб со мир, отколку печено јагне со кавга.
Поарно твое јајце одошто туѓо коковче.
Поарно три дни петел, отколку сто години кокошка.
Поарно умен душман, одошчо будала пријатељ.
Поарно чесна сиромашија одошто бесчесно богаство.
Поарно чесна смрт, одошчо нечесен жиот.
Поарно човек да посака, отколу да откради.
Поарно чоек да проси ошто да крадит.
Побарај да најдиш.
Побегнала мачката — фатила мишо.
Поблаг да ми дојш.
Поблизу до очите, поблизу до срцето; подалеку од очите, подалеку од срцето.
Поблизу до црквата, подалеку од бога.
Поблизу е вратата од плевната.
Побрго сум бил воденица од тебе.
Побрзо седлото од коњот.
Повели, брате, ручај леб и заби.
Повикал гости и седнал да се пошти.
Поврти ми дете точилово да си наточам секирчево.
Поголем залак касни, поголем збор не речи.
Поголем католик од папана.
Поголем късај късни, поголем збор не прогори.
Под вода — од два бога.
Под волот барат теле.
Под волот теле не се барат.
Под една мишка два карпуза не се носет.
Под кош да је скријаш, гласот да је го слушаш.
Под ќитното крувче секој седит.
Под рогуз водата ти ја пушчат.
Подадена ръчица, спасена душица.
Подари сиромав, дај Богу на заем.
Подигни кучешки глави, човечќи не диге.
Подобро да имаш нешто ошто да немаш ништо.
Подржи ми го копилево, да се покарам со курвана.
Поевтиното секогаш е поскъпо.
Поеќе давај одошто земај.
Поеќе дни од колбаси.
Поеќе луѓе умираат од прејадуање одошто од гладуање.
Поеќе милуј а работата одошто празнотата.
Поеќе милуј ја правината одошто кривината.
Поеќе слушај одошто да зборуаш.
Поеќе слушај ошто зборуај.
Поздрава појде, поболна дојде.
Поискала шута рогове, та останала и без уши.
Појди кај болен, покади го и поразгоори го.
Појди кај гладен, најади го; кај жеден — напој го.
Појди кај сиромав, подари го, а кај богат — поразвесели го.
Појке јагнешки кожи имат на пазар.
Појќе верви им на очите, одошчо на устите.
Појќе дни од кълбаси.
Појќе очи, појќе гљавет.
Појќе се удајле в чаша, отколку в море.
Појќе умреле од јадење и пијање, одошчо од глд и жед.
Појќе чинит трошка вистина, отколку планина мамејнца
Појли, куме, од граов! — Арна ми е пастрмава.
Поканал гости со полојна уста.
Поканат како и почестен.
Поканила мечка госје, ат се скрила вов трњето.
Поклони му се на злото како на светото.
Покори му се на ѓаолот, дури да го поминиш мостот.
Покрај сувото и сурото.
Покрај суото дрво гори и суровото.
Покрај суото и зеленото гори.
Покрај суото и суроото горит.
Покрај чаша лесно јунак се бижџат.
Покрачун крастајци.
Покри си, Маро, чудото.
Покриен газ муви не го плукаат.
Покриен газ никој не го плукат.
Покриените јъглења појќе горет.
Покриено млеко не го јади песо.
Покриеното млеко мачките не го локаат.
Покриеното млеко мачќите го не клепаа.
Покријан гъз никој не го пљуват.
Покријаното млеко мачки не го локет.
Покров дума не вади.
Полека да далеко, не брзај, оти брзата кучка слепи кучиња раѓа.
Поленка, та сигурно.
Полесно е да спечалиш, одошчо да завардиш.
Полесно ќе се расправиш сос сто будали, отколку сос еден инатчија.
Полесно се управјат едно царство, отколку една жена.
Полесно се чувет овци одшчо пари.
Полето се познава по посевјето, а човеко по думањето.
Полечка оди, а тешко носи.
Полна карта — весела куќа.
Полни очи, празни раци.
Полош е јъзикот од турска сабја.
Полошо од мрза нишчо немат на веков.
Полошо сечит зборот, одошчо ножот.
Помазни ја Еѓупката да те исцрнит.
Помал брат да не се родит.
Помила е стоката од душата.
Помило од чедо нишчо немат.
Помин поминуат како пците на Василица.
Помина зимата не ти треба гуната.
Помина магарето преку мостот.
Помина низ сито и решето.
Поминаа како пците на Василица.
Поминал и сито и решето.
Поминал низ иглени уши.
Поминал низ лозја.
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
Поминал низ Чекошчина.
Поминало ко на куче рана.
Поминало ко снегот лански.
Поминуам помин: ѓах така, ѓах така.
Помогни си и Господ да ти помогне, со скрстеи раце ништо не бидува.
Поможи ми да ти поможам.
Поможи ми, стара, да си сплетам кошницава.
Поможи си сам и господ да ти поможит.
Понапре мери со ендезето, после крој и сечи со ножиците.
Понекогаш требит да отстъпиш, за да надвијаш.
Пониско твари, повисоко пеј.
Поп ако лажи еднаш, мирјанинот дваж.
Поп без брада не бидвит.
Поп без попадија не е благодарен од попуачката.
Поп во книга, та не магаре во нива.
Поп да припопуа, ама и троа да прикопуа и да приоруа.
Поп земат, а не дат.
Поп колку да не знаит, пак народот го честит.
Поп музевир бидуат за резил.
Поп на свадба не го прилегат.
Поп пијан — за народот страм.
Поп што гледа за в џеб, не гледа за народ.
Поп што не оди по законо, не го чести народот.
Поп шчо прави — прави и ти, ама шчо вика — не го слуше.
Поп шчо прави, ти не прави, а шчо ти каже, верувај го.
Попара без мас.
Попарен од млеко, дуат и от маштеница.
Попарен петел и од дож бегат.
Попарено куче и од дожд се плашит.
Попари, окупи.
Попо ако е пијан, остануа зето и невестата недовенчани.
Попо ако е пијаница, мирјанино треба да си седи на бочва.
Попо го кладе в џеб.
Попо сеедно треба да блаошаат.
Попо со брада го прилега.
Попо со кола зајак ваќат.
Попо со шапката го прилега.
Попот е ко пчела, одсекаде дома прибервит.
Попот имат две ръце: една за блосов, друга за земање.
Попски син, ѓаолски мнук.
Попските џепој се глобоки.
Попското врешче никогаш не се пълнит.
Попувај, попе, ама и поорувај.
Попцко меше — ѓупцко грне.
Порасти магарчето, му се скуси самарчето.
Поројот истеквит, песокта останвит.
Портата ја смела, а куќата ја затрнила.
Посакај да ти даат.
Поскап астаро од алаџата ќе излезит.
Поскъпото секогаш излегвит поевтино.
Посладок ет инатот од медо.
Посладок и погорчлив од јазик чоечки немат друтго.
Послатки му сет на магарето трњето одошто сеното.
После бајрам и по газо да се намажеш к'на, нема фајда.
После свадба тапани не поминуваат.
Последниот секогаш најблаго се смејт.
Послежен ум не излегуа прав.
Послешен ак'л пари не чини.
Посмртно покајание не бива.
Постам со глата в ношви.
Постаро е селото од попот.
Постаро е утрото од вечерта.
Постои со глата в ношви.
Постој свекре да ти скршам на гъзот една вошка.
Постој, свекре, да ти толкнам вошка на газот.
Потаен жар поеќе горит.
Потен ручег секогаш е поблаг.
Потпезил се шутар на ќупар, куга видел, и он като него.
Потплашен ѕвер трње не гљат.
Потплашила се мачката, скршила прачката.
Потсмеало се гране на полупка.
Потта е бериќет.
Потурченјот полош е и од Турчин.
Поубо од дома нигде немат.
Пофали ме усто, оту ќе те рашчинам.
Пофалил се манго сос празна торба.
Почна да разгазува пат.
Поштуко не му се најде.
Прав како јаже в торба.
Прав како свеќа.
Прав како светец.
Прав како фидан.
Права клетва сајбија тера.
Правдата понекогаш спие, но не умира.
Правдината планина поместува.
Прави добро со што можеш.
Прави добро, чеке зло.
Прави добро. да најдеш зло.
Правина планина поместуат.
Правината е планина.
Правината е помачна за да се држит.
Правината ја надможуа кривината.
Правината не се бој ни од владиката.
Правината се танчи, ама не се кинит.
Правината се танчи, и не се кинит.
Правината си е секоаш правина.
Правината со кривината обете се пизмат.
Правио се смеит, кривио се криет.
Правта — полежина.
Празен кош — остар нож.
Празен работај, празен не седи.
Празна бочва многу ѕвечит.
Празна Мара тъпан била.
Празна раница не вардит граница.
Празна раница не чува граница.
Празната бочва оддалеку се познат.
Празната чупка секогаш тропат.
Празни ноќви — гладни гости.
Празникот се познат по вечерното.
Празните јасли се најлоши.
Празно врешче простум не стојт.
Празно ќесе — готва болест.
Праината в темница, а кривината царица.
Праината го крепит веков.
Праината до краина.
Праината е кисела, а кривината блага.
Праината е ко масло над вода.
Праината е ко пипер в очи.
Праината изват очи.
Праината планини кутинат.
Праината појќе светит и од сънцено.
Праината се кночит, ама не се ќинит.
Праината секогаш си е праина.
Прај шчо ќе праиш, ама мисли и за утре.
Прајв, прајв за тебе, одвај напрајв за мене.
Прајт кули в облаци.
Пранјот знъјт аљ болит.
Прао в чело го погоди.
Прао и оѓине не седат на едно место.
Прасе не се гои спроти Божиќ.
Прау, куме, та в очи.
Прашај Евреин, ако сакаш да те излажт и атот да си го загубиш.
Првата бразда старие вол искарува.
Првата вечер се мачката дере.
Првие залаг е најсладок.
Првие марак вода не станува.
Првите чекори се тешки.
Прво го суреди, после го уреди.
Прво есап — после касап.
Прво мери — после крој.
Прво мисли, после прај.
Прво опери ја мечката, после продај јажата.
Прво посеј, после жни!
Прво рипни пасле речи оп.
Прво се ти боди сос нож, после други.
Прво скокни, после речи оп.
Прди ти, куме, мене ме страм.
Пред арслан мустаќ не сучам.
Пред бога сме сите еднакви.
Пред Божик прасето не се рани.
Пред да ја видит реката, си собул гаќите.
Пред да тивнит ветрон е најсилен.
Пред да употребиш сила, употреби ум.
Пред да шијаш, требит да кројш.
Пред зори мрзнит.
Пред кум вода не се газит.
Пред кум се вода не гази.
Пред оџава кашча сланина се не продава.
Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужџ мъж.
Пред слнце заогајне спијајне - азир бољка.
Пред тебе светец, зад тебе ѓаол.
Пред тебе ти се препраат светец, а зад тебе ѓаол ет.
През сечко бачија не бива.
Прекален светец ни на бога не му е мил.
Прекасај си јазикот, лошото не речи го.
Преку вода те поминал, капка вода не те напил.
Преку девет планини го поминал.
Преку девет планиње го преврли.
Преку перче му излезе и тоа што му го даде.
Преќие пат е д'гие пат.
Пресечена гла лек немат.
Пресечи го еднјот прст — болит, пресечи го и другјот — болит.
Престанатата погача поарен пријатељ пречеквит.
Претка му слатка.
Претрпен — спасен.
Прецапа калта, и ич не се навалка.
Прецеди ја лакрдијата, да после речи ја.
Пржпадна от трн на глок.
При завист учен ти не требе.
При касметлија работен колку пари чини.
При кривина не траит правина.
При кривина чуму ти е правина?
При пътишча не оди без път.
При убава жена — ногу пријателје.
Пријател арен со пари не се купуат.
Пријател биди ми, ама в кесе не посигај ми.
Пријател верен кој имат, уште една глаа ќе имат.
Пријател за корис не е пријател.
Пријател за црни очи не се држи, ами за во нужда да ти се најдит.
Пријател имат и од брат повелик.
Пријатели има и за чаша вино и ракија.
Пријатело во нужда се познаат, а не во свадба.
Пријатело во нужда се познава, а не на свадба.
Пријатело се познаа во нужда како стреброто во огно.
Пријателот е требен во нужда.
Пријателот пријател, ама грбо ти го копа.
Пријателот се познава кога имаш мака.
Пријателство се познава на зор заман.
Пријатељ без фајде душман се викат.
Пријатељот во неоља се познат.
Пријатељот се познат во неоља, а златото в оган.
Пријатељството го прајт жиотов убав.
Прикажам ти приказничка, дури да те вати зазабица.
Притегни се колкав ти е каише.
Прнал волкот - се родил Грк.
Продаваш боза на бозаџија.
Продај ат — откупи брат.
Продај брата — купи ата.
Продај коња, купи седло.
Продај си го песот, лај сам.
Продај си кошулата и плати си вергијата.
Продај си палтото, исплати си вересијата.
Продал коњо, купил самаро.
Продат рог за свешча.
Прокопцал ко Јанкула на Косо.
Прокопцал ко лисица в стъпица.
Промената нецеливана.
Прос народ проста држава.
Просено зрно не ти дат.
Просјачка торба сос нишчо не може да се нап'ни.
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле.
Простено и благосоено од Бога и од попо.
Простотил'к — страмотил'к.
Простри се колку ти е д'га чергата.
Прошката е најстрога казна
Прст пред око не се гљат.
Пружи си ги нозете спроти јоргано.
Пука како костен во пуза.
Пукај по зајако додека не се скрил.
Пукна волот, се отпрегна јаремот.
Пукна гајдата, се распушчи орото.
Пукна ѓаолот, се роди Влаот.
Пукна како ѓаол.
Пукна како меур подуен.
Пукна како топ.
Пукнатото грне мъчно се лепит.
Пуста пара се отвара.
Пуста пустелија во куќата од пијаница.
Пуста пустелија — штура штурелија.
Пуста работа, што ќе чекаш од пијаница.
Пусти пцошки живот што живеит.
Путсмеал се шутлак на ржблак.
Пушка, жена и коњ назаем не се давет.
Пушти аро на вода, само оди по него.
Пушти го петело в куќи, да за на полица сам ќе се качит.
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа.
Пушчи го будалата на војска, та седни жали го.
Пушчи леској, фати дреној.
Пушчи си ги ноѕете спроти цергата.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
Пцоисано магаре од в'кот нема гајле.
Пцојсаното магаре волкот не го јадит.
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират.
Пчелата од цвеќата берит мед, а пъјакот — зер.
Пчелите и мравите лете збираат за зиме да јадат.
Пченицата дека и да оди, каде воденичаре па ќе дојде.
Пченицата пукнала од просото.
Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот.
Пълни очи, празни ръце.
Пътов со злато да ми го постелиш, не идам.
Пътот за одење, борџот за плашчање.
Пътувај за да знъјш.
Р'ж да работа — пченица да јада.
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав.
Раат вади — зло тегли.
Работа и фети рутишча никогаш не се сосвет.
Работа красота.
Работа непремислена ќе излези тиква или лубеница.
Работа што ќе ватиш, крајот да и го мислиш.
Работај да јајш, кри да имаш.
Работај на младост, кри за старост.
Работата ако беше арна, и владикана ќе работаше.
Работата го краси човека.
Работата го краси човекот, а мразата го гнаси.
Работата го краси чоека, а мрзата го гнаси.
Работата го фалит мајсторот.
Работата да се страшит од тебе, не ти од неа.
Работата е бел образ.
Работата е од Бога блаосоена.
Работата е од Госпо дадена.
Работата и редот го држет веков.
Работата краси — мрзата гнаси.
Работата никогаш не битисвит.
Работата никого не го пострамотила.
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуаат.
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш.
Работна сна поарна од, ќерка.
Работница — пълна куќица.
Радуве се да има комшијата, та и ти слатко да изедеш.
Радуј се куре на пијано пиче.
Радуј се, чоече, кога имаш добриње, оти од Бога ти се даени.
Раетит ко некој да го тргат за уши.
Разбира ле свинло од кладенчова вода?
Разбират колку магаре од кънтар.
Разбират колку свиња од диња.
Разбое сам не ткае.
Разбој да ткаит жена, дома ќе седит; а урка кога преди, по комшиј одит.
Развали поп, да направиш попадија.
Разградена градина, заградена пустина.
Раздели па владај.
Разлаен поп в црква прдит.
Разлути се комаро, растури се свадбата.
Размина му в'к пате.
Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта Божја.
Рајските порти сет отворени за тие луѓе што сет вистински рисјани.
Рака на суд сечат и не болит.
Рака терезија не ет, кај што сакат да погодит — можи да не удрит.
Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
Ракијата в буре е мирна, в глава е луда.
Раќијата во глата не стојт мадро ко в шише.
Ралото и мътиката го ранет веков.
Рана оздравува — дума не оздравува.
Рана шчо се крие, мачно се лекува.
Рана шчо се кријат, тешко зараствит.
Раната заздравјат, ама тръга остат.
Рани арна челад да те гледаат.
Рани го коњот стопански, а јавај го душмански.
Рани душа да те слуша.
Рани куче да те лае.
Рани лоша челад да те колнат.
Рани мачка да те дрца.
Рани ме ко брат, јавај ме ко враг, рекол коњот.
Рани мрша да те слуша.
Рани суша да те слуша.
Рани чавка да ти ги искљувкат очите.
Рано легни, рано стани.
Рано пиле рано пејт.
Рано пиле рано пое, ама и рано го колат.
Рано станви, доцкна легви!
Раска во очите сум ти.
Раскршен леб не се заварува.
Растат децата како лубениците во бостан.
Растит дете како кога да го тргат некој за уши.
Растит ко бурјан.
Растит ко ѓаоли да го тргет за уши.
Растури црква, направи плевна.
Ратлакот в куќи се праел.
Раце што работат никокогаш не просат.
Рашири уста за да ме лапнит.
Раширил уста како некоја ламја.
Ргат ко урвен вол.
Резил и маскара е стар чапк'н.
Рекана не влечкат само вода, туку и камења.
Рекол Господ да умират чоекот.
Ретка е честа, затоа е скапа.
Ретко е златото, затоа е скапо.
Речено е од Бога за да се потресни таткото и мајката за челадта.
Речено — сторено.
Речи ми да ти речам и да ти одречам.
Речи му аго да му е драго.
Речи му бисерко, а не посерко.
Речи му аго, да му е драго.
Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.
Ржаниче, медениче, ја летни, уплаши ме, оти ми подбелеа без тебе очиве.
Риба в море не пазари, оти не знаиш што ќе излезит.
Риба в море не се пазари.
Риба во стреда не јадит, а рибарот цел го голтнуат.
Риба гледа — кромид јаде.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Риба и жена никогаш не се стари.
Риба и жена по очите се познавет.
Риба кој јади, ништо живо не можит да се најадит.
Риба од нива, скрежец од море.
Риба стара немат.
Риба стара непара имат, и ако има — кој ја познаа?
Рибата в море, клал тавата на огнот.
Рибата в море, они оѓин палат.
Рибата во вода, тавата на оган.
Рибата го барат поглобокото, а чвек поарното.
Рибата од глаата се смрдвит.
Рибата од глата смрдвит.
Рибата откаде главата засмрдува.
Рибата смрди од главата.
Риби гледај, кромид јади.
Рие ничкум како свиња во тиња.
Рипа ле комшијата, рипе и ти.
Рипнало Стојанче од високото буниште.
Рипни од високо, сакаш-неќиш, нозете ќе си ги скршиш.
Рисјанин прав кој сакат да бидит, маки треба да претрпит.
Рисјаните ако си крепеа верата прао, со стребрени лајци ќе сркаат.
Рисјанцката вера чоека го преродуа.
Роб дооди, гроб не дооди.
Рогови во вреќа не се кријат.
Род рода не рани, нека секој си има.
Род рода не рани, тешко кој го немат.
Роди ме мајко со к’смет, фрли ме на патот.
Роди ме, мајко, со к'смет, врли ме на буниште.
Роди ме, мајко, со късмед, фрли ме на бунишче, ќе ме најш на огнишче.
Роди, бабо, дете!
Родила врба грозје.
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.
Родила мајка синој да не се сокацине празни.
Родот чоечки Господ го благосои за да се множи и да умрит.
Рт на лов со сила не ојт.
Руба краси — руба гнаси.
Руба краси, руба гнаси.
Руно волна дала селанка за да купи ока јаболки.
Рус да кус, во забите како пес и брез.
Руса нека е или калеша невестата, ама да ет умна и разумна.
Рутишчата го прает чвека богат, аљ' сиромав.
Ръженот на оган, зъјакот в планина.
Ръка кънтар немат.
Ръката терезја не е.
Ръце шчо гибет, никој ги неќит
С брата до море, с маж и през море.
С врзан р'т зајаци се не ловат.
С глава се ѕид не шутка.
С гола рака в жар се не брка.
С другар до море, с жена и през море.
С едан кол градина не градиш.
С еден дирек се кашча не прави.
С еден камен се ѕид не ѕида.
С едно маанување дрво не пресичаш.
С каква го лулќа залулаа, с таква мотика ќе го закопаа.
С каква дружина си, таков и ти ќе си.
С каков си, таков ќе станеш.
С клин дрва цепи и кашча врти.
С празна пунѓија на пазар се не оди.
С рака направено, в дуња однесено.
С раце даве — с нозе зиме.
С топуз чеиз не се крпи.
Савано на болниот уште му е ексик.
Садаката — богу заем.
Саде во магарињата не ет магарштил'ко, и во некој луѓе се наоѓат.
Саде Господ знаит што има на сио век.
Саде Господ лага не продаа.
Саде еден пес не ет лис да!
Саде јас и ти да знаиме и сио век.
Саде со големи камења ѕид не се праит.
Саде штркот знаит кое штрче е лошо.
Сади прачка, пи вино — не бидуа.
Садило во меов ми свирит.
Садит сливи на чардак.
Сака чоек да бидит пијаница, да затоа влегуа в меана.
Сака-неќи, којшто много пие, ќе се опие.
Сакаешчем да му напишит вежди, му изваде очите.
Сакај му на Бога што ти треба, ама со молба.
Сакај од Бога царстото негоо, а не друго.
Сакала Мара оро, та се омъжила за гајдаџија.
Сакало да се сторит.
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт.
Сакаш, мачко, риба?
Сакаш, слепче, очи?
Сакое грне си има и капак.
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси.
Сам Господ се чуди кога гледа поп да лажи и да кради.
Сам кој паѓа, не плачит.
Сам кој се издига, господ го снужува.
Сам себе си се јајт ко месечина.
Сам си ги носам годињето.
Сам си дроби, сам си срка.
Сам си дробил, (и) сам ќе си сркаш.
Сам си е кадија на ќисето.
Сам си свири, (и) сам ќе си играш.
Сам си свири, сам си игра.
Сам си свири, сам си играт: кој го гледа, му се чуди.
Сам Христос работеше, да ние да не работиме?
Сам чвек за нигде не е.
Сам чвек само в але го личит.
Сам чвек само за в але.
Сам чвек, пресечено дрео.
Сам човак е като пресечено дрво.
Сам човек за никаде не е.
Сам човек и в рајо го не пушчаа.
Сам чоек и во рај не го прилега.
Сама паднала — сама станала.
Сама рака — газорака.
Самар којнски, зобница магарешка.
Самар магарешки, зобница којнска.
Самар не видел, нога примаал.
Самите пијаници знаат оти од ѓаолот сет зауздани.
Само арап не белејт.
Само господ е чорбаџија.
Само Господ знаит што праит.
Само Господ ќе ги суди прао луѓето.
Само кожа и коски се сторил.
Само месо дома дошло.
Само на ќосето мустаќи не му растет.
Само од пиле млеко шчо немат.
Само ока брашно да имаш, дај му го на мајсторот да го месит.
Само сос гулеми камења ѕид не се ѕида.
Само срце ке шчо жаљат, око плачит.
Само стори се овца, вълците се готој.
Само татко и мајка не се купвет.
Само тој да знъјт и цело село.
Само црн образ со нишчо не белејт.
Самото јадење ти дат ишчав.
Санким во воденица се родил, што се туку вреви.
Санким гемиите му пропаднаа, што туку се мислит.
Санким со господа заедно ручет.
Санким татка му му го отепал некој, што се налугил.
Санќим мајка ти го родила, та го жаљаш.
Санќим мајка ти го родила.
Санќим си ми рикал на Божик.
Сармата колку се подгревјат, се поблага е.
Сат трпење, година мирно седење.
Св наежил како некој еж.
Свадба без гајда на мртоец прилега.
Свадба без гајда не бидуа, и мртоец без тажачка.
Свадба без свирка — бабин помен.
Свадба без свирка — мртоец.
Свадба и мртоец без луѓе не бидуат.
Свадба и погреб без свет не бива.
Сват сватица за алтица.
Сватојте дошле во двор, а нестата је велит на мајка си: Оди зеј гребени да влачиме вълна за дарој.
Сватојте дошле, нестата кукли си играт.
Свекор и магаре бива.
Светец да бидиш, пак треба да работиш и Бога да молиш.
Светиѓорска кајгана не се јајт.
Светиѓорска кајгана скъпа е.
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
Светит не грејт.
Светов е колце — се вртит.
Светов е скала: едни се качвет, други слегвет.
Светов ет аџаип.
Светов ет за чудење.
Светов за лошите е рај, а за арните — мъка без крај.
Светов на младите останува.
Светот неќат приказни, ами сакаат пари.
Светци јади, ѓаоли сери.
Сви си ја опашката!
Свил си вратот како мачоро во тланикот.
Свинсќи опинци, говежџи ножичќи, алови чорапе, мачовсќи ерѓенган.
Свинче бисер не одбира.
Свиња милуа тиња.
Свињата ката месец се прасит.
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња.
Свињата си копа за глаата.
Свири му ако сакаш со дреноа шупелка, коа не те разбира.
Свири Рајко, играј Трајко.
Свирка му свирев, песна му пеав и си го добив.
Свкое дело излази на видело.
Свкое жито има и кркол.
Свкое зло за дабро.
Свое гајле поарно од чужџа радост.
Своето чедо е најмило.
Свој леб јади, чужџо гајле бери.
Свој свеќи гори, туѓи есапи праи.
Свој чвек, ако ти го јајт месото, коските ќе ти ги остајт.
Своја кашчичка — своја потпрдалничка.
Своја куќичка, своја попрдалничка.
Своја рака дека ќе те почеше, туѓа не може.
Своја ръка ко шчо чешат, чужџа не мојт.
Својата мајка е најмила.
Својата постеља е најмека.
Својсќи да седиме, абанџисќи да пазариме.
Сврдел в торба не се кријат.
Сврделот многу му загребвит.
Се бидуат, само на ќос брада не никнуат.
Се бијат ко вода од брегој.
Се бунат како Грк во апсана.
Се валка како свиња во калта.
Се ватил на орото, сакат-неќит, ќе го играт.
Се водила, та родила.
Се враќа со искршени рогови.
Се вртит ко лисица околу стъпица.
Се до време.
Се драпат како коза крастава.
Се е арно да знаеш, ама се да не правиш.
Се е лук и вода.
Се ежит како некој еж.
Се за образот, а образот за нишчо.
Се заваќа како некоја капина.
Се закаса како некој бесен пес.
Се закълнала свињата да не ријат лајна.
Се залачка како некоја бесна кучка.
Се залепил за мене како некој лепаец.
Се запил како некоа пијајца.
Се записал во ќелеш девтер.
Се зарекла свина да не ојт на бунишче, да не претат.
Се зацрвенал ракот од арно.
Се инати како магаре пред мосто.
Се исервит и си го погледвит.
Се искубало од стапицата.
Се испраи како некој да е во планина.
Се истегнал како јалоарски пес.
Се истркаљало јамачето, си го нашло капачето.
Се качи вошка на рошка.
Се ќе бидит, само на ќосето мустаќи не ќе му порастет.
Се ќе бидит, само нас ќе не немат.
Се лизгат ко јъгуља низ ръце.
Се милват како куче и маче.
Се можиш да купиш со пари, само здравје не можиш.
Се мокат спроти ветар.
Се на кривјот бељата.
Се на свуите не се угодува.
Се наврли како леќа на Велигден.
Се надејт ко вдојца на беќар.
Се надул како еѓупски тапан.
Се надул како некој мисир.
Се најаде вошка, па се качи на рошка и заборави шо беше.
Се најде во небрано лозје.
Се напецал како некоја вошка.
Се напила вошката крв, та се застојла на чело.
Се напнал како арнауцки пиштол.
Се напнал како некоја жаба на брзеј.
Се насмејал 'рбељ на шчрбељ,
Се насмејала козата на овцата оту је се видел гъзот.
Се насмејала кука на крива бука.
Се научил пијаницата да одит на меана како песо на касапница.
Се нашол во небрано лозје.
Се нашол во празот.
Се оближвит ко гладно куче пред касапница.
Се одделил од Бъдник до Божик.
Се оженал дедо да си имат баба.
Се озабил како варен зајак.
Се окубал пијаницата како лисицата во косење.
Се омажила за Арап.
Се омъжив за арап.
Се омъжила баба да си имат дедо.
Се опијанила козата, та го побарала вълкот да се борет.
Се оптегат дека ќе го стресит.
Се отегнале дниве ко гладна година.
Се пика како слепио во кашата.
Се плашит дан' му се затријат семето.
Се плашит дан' му се уборит бисерот.
Се по село не плаче.
Се познат козата по рогот.
Се познат песот по стопанот.
Се познат петелот по киќата.
Се посмеа штрбло на чулета.
Се посмеал ќељаиот на крастаиот.
Се посмејал черепот на шутарот.
Се постра Мара во зелникот.
Се потурчила Мара да не носит свински опинци, та обула кучешки.
Се предал бидејќи друга глава немало во торбата.
Се препна на права ледина.
Се притруса како приш при јаникара.
Се провре и оваа недела како глушец низ дупка.
Се променал рак во то руво пак.
Се промени Илија; кога се видел — пак во тие.
Се промени Јаглика да ја види владика.
Се променил Алија, се погљал — пак в тие.
Се протегвит ко куче пред касапница.
Се радува како мало дете на црвено јајце.
Се раздени и без петело да пеит.
Се расклоца како коза од стршни.
Се родил саде да јади и да пие и како гоедо да живее.
Се свиткал како змија во зора.
Се се можит, ако се сакат.
Се сетила фурка на къдеља спроти недеља.
Се си е под работа, нишчо не свршава.
Се скарал со меанџијата, а со мјаната не.
Се скарале арамите за јорганот од Настрадин-оџа.
Се скончал, починал, умрел.
Се скрил како некој зајак во рас.
Се слизна јъзикот, је каза вистината.
Се смеит, ама смеата низ нос ќе му излезит.
Се смејт будалата и кога не е за смеење.
Се смејт денот на ноќната работа.
Се смејт ко гъзот да му го гљат некому.
Се смуртил како кога ќе врнит.
Се со време бижџат.
Се собрале од кол и од фортома.
Се соголил како мајка што го родила.
Се спружил како волк на припек.
Се стори грошот золата.
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
Се сторил грош години.
Се сторил за мајтап на веков.
Се сторила за на коња.
Се стуткал како некоја вдоица.
Се стуткал како некоја сиротица.
Се стушил како марта.
Се тресела гората, се родил глушец.
Се тресит како Евреин од крс.
Се тресит како лис на дрво.
Се тресит како прат.
Се турчам, не се мијачам.
Се фалит — не палит.
Се фатил сиромајот на оро, се шчинал тъпанот.
Се чешаше кај што не го јаде.
Се човек сам шчо си направи, друг не мож да му направи.
Се шири како орел во торба.
Се што било, поминало и што ќе биди ќе поминит.
Се што гледаш да е напраено, си имат и мајсторот.
Се што да види попо, си сака.
Се што дават Господ, арно ет.
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила.
Се што има име на веков, го имат.
Се што летат, не се јадит.
Се што се рекло, било.
Се што си тргат од глаата.
Се шчо било, поминало, шчо ќе биде, ќе помине.
Се шчо видела Мара, се поискала.
Се шчо знъјт му е на јъзикон.
Се шчо летат не се јајт.
Се шчо се рожџат, умират.
Себапо и касмето били братја.
Сега и секогаш, та никогаш.
Сега ка е, утре не е.
Сега ќе му локнам од крвта.
Сега ќе се прашаме, кој кум, кој старосват.
Сега се късат за бузи.
Сегде оди, ама пак дома дојди.
Сегдека арно, ама дома најарно.
Седи мадро, да не носиш модро.
Седи си мирен да не бидиш биен.
Седни, оф, стани оф, стави преснеѕ, не крени.
Сеедно реката пењушки не носит.
Сејт репа на дното.
Секаде четиристо драмој оката, само во Елбасан петсто драмој.
Секакви пилишча — секакво појат.
Секакви тревки — секакви мирисје.
Секи ден не е велиден.
Секо куче дома си лаит.
Секоа болес си има лек.
Секоа козичка за своа ножичка.
Секоа козичка — своа брадичка.
Секоа колиба си има адет.
Секоа коприва не пари.
Секоа крава не дава млеко.
Секоа крушка си има и рачка.
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше.
Секоа муа мед не собира.
Секоа Циганка нејните вретена фали.
Секоаш збирај, ама не растурај.
Секое време си носит свое бреме.
Секое грне си сака својата поклупка.
Секое жито има кркол.
Секое зафашчање е тешко.
Секое зло за добро.
Секое зло на добро.
Секое куче пред портата си лае.
Секое леб месење и торба тресење.
Секое летенце и детенце.
Секое магаре својот твар си го носит.
Секое месење торба тресење.
Секое нешто си има и времето.
Секое нешто си имат две лица.
Секое нешто си сака своето.
Секое нешчо си има свое место.
Секое нешчо си тера редо.
Секое петле на своето буниште си пее.
Секое пиле вов своето јато лита.
Секое пиле си има седело.
Секое пиленце си седи на своето седелце.
Секое село свој адет.
Секое срце е од месо, а не од железо.
Секое чудо до три дни се чудит.
Секое чудо за три дни.
Секој в кола не се впрега.
Секој врат не е за ѓердан.
Секој врат не е за ѕвонец.
Секој големец и војводинец не бидуа.
Секој да си метит пред порта.
Секој ден Велигден не бива.
Секој ден и попот мрсно не јајт.
Секој ден не е Велигден.
Секој ден п' еден таин, денеска два таина.
Секој ден чвек не мојт песми да слушат, а не кавга.
Секој дома на попара, кој не ќе ојт, ќе г' окарам.
Секој дома на попара.
Секој е ковач на сопствената среќа.
Секој за себе, Бог за сичките.
Секој за себе, господ за сите.
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
Секој знъјт ке го набивјат опинокот.
Секој ја одбива водата накаде своата воденица.
Секој камен жила нема.
Секој кауѓер не можит да бидит егумен.
Секој кога плачит, викат: олеле, мајко!
Секој на своја ръка си е будала.
Секој на умот свој си чинит измет.
Секој овчар што си виде троа изварка на стапот отвори бачило.
Секој ојт на пазар со својата работа.
Секој петел на своето буниште пее.
Секој петел на своето бунишче се ерли.
Секој по еден ум имат.
Секој по муабетот се познат.
Секој прво да есапит, да после да касапит.
Секој прво есапи, та после касапи.
Секој пред својата куќа метит.
Секој пријател ти бидуат за од тебе кога да добиват.
Секој продат то шчо напрајл.
Секој сакат да остарит, ама неќит да умрит.
Секој сам се бендисал.
Секој само ум ти продат, а никој не ти помогвит.
Секој се чешат ке шчо го јајт.
Секој си бајт за глата своја.
Секој си е сајбија на главата негова и челадта.
Секој си живејт по ќејфот свој.
Секој си живејт со својте гајлиња.
Секој си имат ум во глаата: нека мисли, после нека праи.
Секој си крои со аршино свој.
Секој си милуат од тоа што има.
Секој си плаче на свое гроб.
Секој си плачит на гробот свој.
Секој си работат по ќејфот свој.
Секој си тегли чергата накаде наго.
Секој си човек има пукница.
Секој сиромав сакат да се обогатит, а богат неќи да се осиромашит.
Секој слушат шчо му се сакат.
Секој со мотиката кон себе тргат.
Секој со мотиката откај себе си тргат.
Секој со умот се богатеит за да стори нешто на веков.
Секој чоек имат по малку лутина, а едни и улавштина.
Секој чоек што се раѓа, и к'сметот Господ му го дава.
Секој што имат челад се слага богат.
Секој шчо имат мустаќи не е мъж.
Секој шчо облекол гашчи не е мъж.
Секој шчо работат за другего работат.
Секоја болес си има и лекот.
Секоја вода шчо течит, се пијат.
Секоја Еѓупка своето решето си фалит.
Секоја коза а своја нога.
Секоја коза за својата нога ќе си висит.
Секоја коза ќе виси за својата нога.
Секоја коза си има и брада.
Секоја крава своето теле го лижит.
Секоја круша си има и опашка.
Секоја мајка поеќе ќерка си ја милуат од сина си.
Секоја мома да си седи дома.
Секоја мотика кун себе тргат.
Секоја мъка имат крај.
Секоја овошка навреме си здреит.
Секоја олџица не е за секоја уста.
Секоја планина своја тежина.
Секоја пчела ако би брала мед, бумбарот би набрал најмногу.
Секоја пчела мед не берит.
Секоја уста не е за секоја олџица.
Секому своето му е најмило.
Секому срцето му е од месо.
Село без гробишта нема.
Село гори — баба се поска.
Село горит, баба се чешљат.
Село да е весело, да си допреда фурката.
Село одеднаш не плаче.
Село се пали, баба се гали.
Село фали в град живеј.
Село што се гледа калауз неќит.
Селото гори, баба се чешла.
Селото е постаро од попот.
Селото со пљунка го давит чвека.
Селска кашча зиме без расол, а лете без матеница, не е кашча.
Сељако си останува сељак.
Сељанин бег не бижџат и ако бидит не го прилегат.
Сенката се врти околу своето дрво.
Сермијата сама го учи човека.
Серсем чоек прилега на ѕвер.
Серт човек сам се докундисува.
Сестра сестра мъжит.
Сестра ти прдит, преку езеро ми смрдит.
Сети го човак — не кани го.
Сето море матеница, за нас па нема лажица.
Сечи сечко, не сечи, па на лето мирисаш.
Сечит со зборот како сабја.
Сечко сечи, Марта влечи, Април кожи продава.
Сечко сечит, марта дерит, април кожи продат.
Сечко сечит, не сечит - на летојна мирисат.
Сешто бидуа, ама старцу моме не бидуат.
Сешчо за ръка му се лепит.
Сешчо му ојт од ръка.
Си ги измешале капите.
Си ги отворат ушите ко глушец в трици.
Си ги показа рогојте.
Си го бара ќотеко со борина.
Си го врзал в крпче.
Си го дал гъзот со ќирја.
Си го показа бакарот на мегдан.
Си го пуштил крајот од појасот за да се влечит
Си дадоа лоши зборои, си зедоа од триста години.
Си живеат како кучето и мачето.
Си живеет браќа како ракој в торба.
Си имат круша опашка.
Си искина ѓаолот опинците, затоа го предаде.
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.
Си ја барат татква си венчанина.
Си ја влечка ортомата, ама ишала ќе го обесат со неа.
Си ја гледа човекот женичката како говедарот стелната крава.
Си ја имаше обесено пушката некаде.
Си ја кладе главата во торба.
Си ја најде бељата во торбата.
Си ја најде бељата од жената.
Си је имат мувата на капата.
Си је носит душата во носот.
Си је носит чејнцата в уста.
Си је пострала кравата опашката, та гљат и други да изваљкат.
Си купи беља со пари.
Си лежи на колк како некој дембел.
Си најде невеста секира зад врата.
Си немал ѓаолот работа си го мерел во песокот.
Си прајт со умон бајрам.
Си стојт на зборот, ко вода в речина,
Сила без ум сама се упропаствит.
Сила Бога не молит.
Силната вода бргу истеквит.
Силната работа сиромаштија потеруа.
Силниот чвек го преполовјат денот.
Симни капата, удри ме, коа и ти си како мене.
Симни си капата и пресуди се на неа, да ќе видиш оти не си поарен ти од мене.
Син — пелин, зет ко мед.
Сина жени кога сакаш, ќерка мъжи кога мојш.
Сирак човек — жив ѓавол.
Сираче пријател нема.
Сирачката сълза не падинат на суво.
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
Сирење — манџа, магаре — стока, зет — фара и врба дрео не се.
Сиромав е ѓаолот зашчо немат жена.
Сиромав е крлеж, што нема газ да се серит.
Сиромав е крлежон зашчо немат гъз.
Сиромав од арами не се плашит.
Сиромав чвек — готов ѓаол.
Сиромајот да имаше к'смет, ќе се обогатеше.
Сиромајот да имаше к'смет, сиромав не ќе беше.
Сиромајот и во рај ќе седи подолу од богатиот.
Сиромајот од јанг'н не берит гајле, чунки ветвата ругузина не му горит.
Сиромајот од ум ет сиромав.
Сиромао две кашчи рани.
Сиромао на видело не го тере, ќе го најдеш и в тевнина.
Сиромао не изглижџа.
Сиромасите со душа и чекаат постите.
Сиромашно јунче рано се спрега.
Сиромаштијата ако сама дојди, нека добре дојди.
Сиромаштијата ет од болес полоша.
Сиромаштијата ја страв да влези у жена работница.
Сиромашчија до шија.
Сиромашчија и кашлица не может да се скријет.
Сиромашчијата е од бога, а пијанството од ѓаолот.
Сиромашчијата е сирак.
Сиромашчијата купвит п' една ока брашно и пак е повесела од богатите.
Сиромашчијата не е грев.
Сиромашчијата не е страм, туку крадењето.
Сиромашчијата телци пасит.
Сит гос се не гошчава.
Сит гостин тешко се гошчат.
Сит на гладан не верува.
Ситата мачка стопан не познаат.
Ситата мечка стопан не познаат.
Сите добра на едно место не и даат Господ.
Сите камење оканици не сет.
Сите кучиња шчо лает не късет.
Сите лошото го знаат, ама не го праат.
Сите луѓе еден збор немаат.
Сите луѓе едно не сет и едно лице немаат.
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.
Сите прсти на ръкава не се еднакви.
Сите прсти не се едно.
Сите прсти токмо не сет.
Сите радости се исти, но секоја тага е различна.
Сите созданија што сет на земјава — сет за Божија потреба.
Сите терсене, ние наопаку.
Ситни деца — тимар гулем.
Ситни камења број немаа, убава мома род нема.
Скака скакалец доскака, би мъмејнца до би.
Скакаа ле од кол на кол, ќе се наденат на некој.
Скарали се атсвето, одевали магарињата.
Скината вреќа просо не држит.
Скокат како да го дупат шилци во газот.
Скокат како мачка по мрвка.
Скокат како некоја жаба или како скакулец.
Скопвит прасиња, само да му викет мајсторе.
Скржав павеќе дава.
Скржавие влакното цапи, јајцето стриже.
Скржаиот леб арно не се најадуат.
Скржаиот со едната рака дават, со друтата сакат.
Скри да имаш.
Скришното најгласно станува.
Скрши глаа, си побегна, невратоо појде.
Скъп на триците, евтин на брашното.
Слаб на лице, здрав на душа.
Слаб ум, јаки плешчи.
Слабие оѓин повеќе дрва гори.
Слабјот пес сите го давет.
Славејчето од јъзикот си патит.
Слама јаш, кураш држ.
Сламката во окото на брат му гледа, а гредата в своето не гледа.
Слатката реч и железна врата отворат.
Слези курто да се качи мурто.
Слези од магаре, број десет, вкачи се девет.
Слези, Господи, наземи и види што се праит.
Слези, Господи, од небеси и наѕрии, да да видиш што се праи наземи.
Слепа кокошка ако погледа, и петело ќе го брка.
Слепа кокошка ко ќе прогљат, ќе сакат и на петелот да му се качит.
Слепа кучка брзи кучиња раѓа.
Слепец слепца водит.
Слободата е најгулемо богатство.
Слободата на кумитите пари чини.
Слободата се ценит кога је немаш.
Слободата со ништо не се заменува.
Сложена глава сабја не сече.
Сложена дружина планина подига.
Сложна дружина планина поткрева.
Сложни браќа куќа градат.
Сложни браќа нови дворје градет, а несложни и старите ги уривет.
Сложни калугери и на Велипеток мрсно јадет.
Сложни калуѓере и в петок блажно јадат.
Сложни калуѓери среда и петок мрсат.
Сложни свештеници и во петок мрсат.
Слушај шчо зборвит попон, а не прај то шчо прајт тој.
Слушај, за да те слушет.
Слушајте глуви, гљајте слепи.
Слушајте што вели поп, не правете што прави поп.
Слуше ме шчо думам, не гледе шчо правам.
Сметка без крчмар.
Смирената лисица ги јајт кокошките.
Смрденото бурило го расипвит виното.
Смрдит не смрдит, под носов ми е.
Смрт без причина не бива.
Смрт е мила со дружина.
Смртта ат'р не гледат.
Смртта е лек за се.
Смртта е најарен лек за секоја боља.
Смртта не опитвит стар и млад.
Смртта не опитвит чи си.
Снао, дај да јадам, на гости бев.
Снег и град нека врнат — лошо време да нема.
Снего не пада само да побелее земјата, туку и секој ѕвер да си покаже дирата.
Сносла кокошката едно јајце, је разбудила целата мала.
Со арен другар и во зло време.
Со бел образ.
Со богат не суди се, со рогат не бори се.
Со брзање само в але се ојт.
Со брзина ништо не бидуа: чоек од магаре паѓа, и се починуат.
Со будала не се прајт шака.
Со вила ореи не се носат.
Со вреќи да имаш пари, ако си скржав, пак не ќе арџиш.
Со време и јъгурината мед се прајт.
Со врзан 'рт на лов не се ојт.
Со врзан хрт заец не се лови.
Со глаа ѕид не се турват.
Со глава се турка ли ѕид.
Со гладни кучиња овци не се вардет (стадо не се вардит).
Со гладни кучиња овци не се вардет.
Со гнило јъже в бунар не влегви!
Со гнило јъже кофа в бунар не се пушчат.
Со гола рака змија не се ваќа.
Со гола ръка змија не се фашчат.
Со гувеење моминство не се врашчат.
Со два прста многу работа се завршува; со јазик уште поише.
Со двајца кавга се праит, а со тројца ѓурултија.
Со деца маштеница не се срка.
Со деца маштеница не се сркат, оти ќе те испрскаат.
Со деца мъшчејнца не се сркат.
Со дружина смрт е мила.
Со ѓаол бало не се играт.
Со ѓаоло род не праи се.
Со еден вол не се орат.
Со еден дирек куќа не се крепит.
Со еден камен кале не се прајт.
Со една овца бачило не бидуат.
Со една овца бачило не се прајт.
Со една пушка два зајака не се бијат.
Со една пушка два зајака удрил.
Со една ръка дат, а со две земат.
Со едната нога в дупка.
Со едно дете многу кумој фашчат.
Со едно мавнување дрво не се сечит.
Со едно мање дъб не се уриват.
Со едно пиле пролет не бидуат.
Со едно цвеќе лето не бидвит.
Со едно цвеќе лето не идит.
Со ерфене и камила се јадит.
Со жена зло, без жена позло.
Со жена шега не се бијат.
Со збор се е лесно.
Со зборој пиљав не се праит, оти сака ориз и мас.
Со злато на гла не се излегвит.
Со зъби да тргаш, немат.
Со игла (или со шило) бунар не се копат.
Со игла бунар не се копа.
Со игла се собират, со лопата се растурат.
Со игли бунар не се копат.
Со игра чвек никогаш не се наситвит.
Со инат куќа не се вртит.
Со инатчија инат не праи, оти зијан ќе те најдит.
Со инет куќа не се вртит.
Со инка ум не се турат.
Со јак не бори се и со богат не топори се.
Со јак не бори се, со богат не мери се!
Со каква мера мерите, со таква ќе ви се врати.
Со кого се караш и ќе се смириш.
Со кого си до полден, таков си.
Со кого си, таков си.
Со кола зъјаци не се лоет.
Со кучето и кога си пријатељ, не пушчај го стапот.
Со ќељав да се бориш, беља ќе си сториш.
Со лага ага не бидува.
Со лажица морето не се исцрпуат.
Со лошото на гла не се излегвит.
Со лошото — лошо, без него полошо.
Со магаре на бој не се оит.
Со малу брашно мало лепче.
Со мас и опинците манџа се прает.
Со мас и шеќер и од опинци се прајт бакла.
Со масло и клинци да сфариш се слатки.
Со масло се јадит и папрата.
Со мера мери, со цена цени.
Со многу баби килао дете.
со него и плашит децата.
Со него лошо, без него ушче полошо.
Со него не требало да сади човек краставици.
Со него ни да пејш, ни да плачиш.
Со нивниот камен по нивните глави.
Со нога слизни се, со јъзик, не.
Со оган и вода не се игра.
Со оган шега не бижџат.
Со огон и барут шака не бидуат.
Со опитвене дури ке царот се ојт.
Со опитвење дури до Стамбол се одит.
Со опитвење и в Стамбол се ојт.
Со остен да го тераш на работа
Со очите го виде и не поверуа, таков неверник ет.
Со памбук крвта ти је пијат.
Со пари в рај, без пари ни на крај.
Со пари и ке господа, без пари ни в гроб.
Со пари при бога, без пари во гроба.
Со пари се можиш да купиш, саде татко и мајка не можиш.
Со пари тагата не се лекува.
Со пес во вреќа не се влегуат.
Со пот поблага е вечерата.
Со пот се се постигвит.
Со празна пушка на лов (или на војна) не се одит.
Со прдеж боја не се вапсуат.
Со прдеж јајца не се вапцвет, туку со бакам.
Со прдеж јајца не се вапцвет.
Со прстите очите ќе му и изваеше.
Со пълн мев на задуша не се ојт.
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е.
Со работа - со леб, со работа - со чест.
Со работа времето поборгу врвит.
Со рака кој тепат, наполу го јадит ќотекот.
Со ред мели воденица.
Со решето вода ќе му носам на свадбата.
Со свој камен по своја гла.
Со свој камен појќе болит.
Со свој леб на гости, гости не слагаат.
Со свој чвек јади, пи, ама алаш-вереш да немаш.
Со свој чоек јади и пи, ал'швериш не прај.
Со своја ръка за своја душа.
Со сврдел ум не се клат.
Со секаква секаде, со никаква никаде.
Со сила 'рт на лов не одит.
Со сила ајр не бижџат.
Со сила в рај не се влегвит.
Со сила нема убавина.
Со сила ни в рај, ни в пекол не се влегвит.
Со сила убаина не бива.
Со сила убајна не бижџат.
Со сиромав не би си шега, оти шегата оит по тебе.
Со скријан кавал ни в планина не се свирит.
Со стисната ръка нишчо не се фашчат.
Со сув газ риба не се ваќат.
Со сув гъз риба не се јајт.
Со суви гашчи риби не се фашчет.
Со твој камен по твоја гла.
Со твојата пајнца по твоја гла.
Со тебе јади и очите ти вадит.
Со тебе јајт и пијат, зад тебе гробот ти го копат.
Со темјан ѓаолот се трует, а Господ се покадует.
Со топуз чес не се крепит.
Со трн да завртиш, немат шчо да закачиш.
Со Турчин не се садет крастајци.
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш.
Со умен и камења носи, со будала не прај се другар.
Со умен плачи, со будала не пеј.
Со умо чоек грешаа, со глаата си трга.
Со унија ум не се туриват.
Со уста јади, со ръце не гибај.
Со чоек што има една вреќа брашно поеќе од тебе не заваќај се.
Со чоек што има многу дари не заваќај се.
Со чужџ коњ побргу се ојт.
Со чужџ коњ, помал арџ се прајт.
Со чужџ ташак в ѓердек.
Со чужџа чејнца задуша.
Со чужџи ръце зми фашчат.
Со чужџи ръце лесно се фашчат врено железо.
Со чужџо добро добар да бидиш лесно е.
Со шило гроб му копат.
Со шчо се фалела козата, со него страмела овцата.
Собирано со ѓаол поѓаола ојт.
Собират клинци, за да си купит коњ.
Собират ореј со вила.
Сол на глаата му триеше.
Сољ и пипер ќе јада ама не крада.
Сон е лага, Бог е вистина.
Сон е маѓија, те успиват веднаш.
Сонувала кошошка сос газо скуфалје к'цала.
Сонцето греит и на лепешка.
Сонцето и богатството дури и слепецот го осветуаат.
Сонцето со ат'р не греит.
Сос брада се човек не жали.
Сос висока планина и со чорбаџија човек не се нафате.
Сос врзан загар зајаци се не ловат.
Сос глава се рид не бута.
Сос една леставица пролет не дооди.
Сос една пушка два зајака.
Сос јак не бори се, сос богат не мери се.
Сос каков аршин мериш, сос таков и ќе ти мерат.
Сос книги — четири очи.
Сос колај се кучка еби.
Сос лесица се на пазар не оди — ќе ти подвали.
Сос малку масло сладок ручок не бива.
Сос оѓин и барут шега нема.
Сос пари мож да купиш се, башча и маќа не можеш.
Сос пари си като куче сос бги.
Сос пари убавина се не купува.
Сос питање до Станбол.
Сос празна пушка на лов не оди.
Сос свинсќи опинци в џамија не се влази.
Сос стиснен газ јајце се не снои.
Сос суи гашчи риби се не ловат.
Сос тојага чес не се крепи.
Сос учен до праг, сос мен до век.
Сос чорбаџија човек се не суди.
Сос чужџи загар зајаци се не ловат.
Сос чужџо се не прави арен.
Сос шпирт и слама шега не бива.
Сосила евтинија не бидуа.
Сосила му земаш на чоека, а сосила не пожиш да му даиш.
Сосила убаина не бидуат.
Сплеткал конците како мрзлива жена косите.
Споменало се, не вратило се.
Според јунако и калпако.
Според светецо и тропаре.
Спрема главата и капата.
Спрема попо и темјане.
Спростри се колку шчо ти е чергата.
Спроти агата и бакшижот.
Спроти атот и пътот.
Спроти бегот и кафето.
Спроти бијолот и остенот.
Спроти Божик прасе не се гојт.
Спроти вратот и јаремот.
Спроти жилата, и крвта.
Спроти зобничето и тварчето.
Спроти јунакот, и коњот.
Спроти коњот и јунакот.
Спроти лицето и ризата
Спроти мечката и тојагата.
Спроти мечката, и стапот.
Спроти плешчите и самарот.
Спроти самарот и зобницата.
Спроти светецот и клепалото
Спроти светецот, и свеќата.
Спроти умот и знъењето.
Спушти раце — дигни глава.
Срамота е да лижиш кај што си плукнал.
Срамота, срамота, ама арна работа.
Срмен ремен на гол корем.
Срце јуначко не трпит.
Срце по срце ојт.
Срцево катран ми го стори.
Срцево ми го изеде.
Срцево ми го распара од твојте лоши зборои.
Срцево ми премре за јадење.
Срцето е појако и од камен и помеко од памбук.
Срцето не е од железо, туку од месо.
Срча 'ргосана и жена стара немат.
Стадо без мрша не бижџат.
Стадо без овчар, на вълци дар.
Станала ќерката, се наместила сната.
Стани ти да седни брат ми.
Стани ти, да седнам јас.
Стани — падни и за рало се фани, та не бој се од глад.
Стани, куме, да ми седне жената.
Стани, свет владико, да седнам јас оти сум попо.
Стани, света владико, да седни мојо нунко.
Стани, света владико, да седни татко.
Станите умрени да влезиме живи.
Стапо има два краја.
Стапот има два краја.
Стапот од рај излегол.
Стар вълк зъби не менвит.
Стар кон раван не се учи.
Стар пес сус не се учит.
Стар пријател душман не бидуат.
Стар човак не е за гурбет.
Стар човек е катанец на кашчата.
Стар човек е като дете: шчо види, се иска.
Стар човек за никаде не е.
Стар чоек да честиш, Бога го честиш.
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра.
Стара шчица боја не фашчат.
Стари кости — младо месо не се носи.
Стари се, што рекле, не грешиле.
Старие вол дека тргне, там младие не може.
Старие човек не го буте, он сам ќе си падне.
Старио се прегрбаил одошто многу работил.
Старите волови дури не тргнат - јунчињата не можат да ја ораат меѓата.
Старите кажвет шчо напрајле, а младите шчо ке напрајет.
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
Старјот вол поарно орат.
Старјот другар поарен е од двајца нови.
Старјот пен посилно горит.
Старјот пријатељ поарен е од двајца нови.
Старо ако крпиш, конци арчиш.
Старо бунишче појќе горит.
Старо дрео не се пресадвит.
Старо за прилика — младо за убавина.
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е.
Старо куче стадо вардит.
Старо љуби дните губи, старо крпи конци губи.
Старо љуби, ден си губи.
Старо магаре не се учи раван.
Старо фали - младо фани.
Старос - грдос.
Старост нерадост.
Старост чесна не е многу лесна.
Староста е на триста турлии.
Староста не ет радосна како младоста.
Старото буниште поеќе чури.
Старото вардит ново.
Стегни од зъбот, фрли на гъзот.
Стегни од работата, покри ја страмотата.
Стемни се, раздени се, легни пукни, то ти бил веков.
Стемни се, раздени се: ела, мајсторе, плати ми ѓуделаците.
Стипцар човек влакното цапи.
Стис со глава не се турка.
Сто години — девеесет грошој.
Сто драм късмед, сто ока таксират.
Сто пари петел — триста пари крчма.
Сто пари петел, пет грошој крчма.
Сто побарај, една зеј.
Сто стапа по туѓ газ ич не болат.
Сто стапои по туѓ газ тебе не те болат.
Стовната еднаш се троши.
Стоит како некое дрво.
Стоит како некој дирек.
Стоит како некој поп пред владика.
Стојаноа мајка црно носила, а бежаноа не.
Стојт на зборот ко вода в речина.
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт.
Стоката арна сама зборуа и се продаа.
Стомна шчо ојт многу пъти на вода бргу се кршит.
Стомнана многу пъти ојт на вода, ама еднош се кршит.
Сторената добрина бргу се заборат.
Сторената добрина никогаш не се заборат.
Стори арно, фрли го в море.
Стори го доброто и врли го во морето.
Стори добро, да си је најш бељата.
Стори добро, најди лошо.
Стори добро, фрли го зад себе, ќе го најш пред себе.
Стори се овца, секој ќе те стрижит.
Стори тоа што другаш не сторил.
Стото сто и тоар борина.
Страв вардит лозје.
Страв лозје брани.
Страв лозје чуват.
Страдна мајка за ќељав син.
Страдна мајка за слепаго сина.
Страм куќа не крепит.
Страм со сапун не се мијат.
Страмно посакај си — слатко изеј си.
Страмот го личит чвека ко цвеќено градината.
Страмотата седит во безработата.
Страо ја чува градината.
Страчка чавка, караше: кај си било денеска?
Страчкини јајца и голаб да ги квачит, пак страчки ќе излезет.
Страшлив базриѓан ни печалит, ни зијанит.
Стребреното седло не го прајт атот поарен.
Стребреното седло не го прајт јунакот поарен.
Стред поле ѕунѕуле.
Студ от в гъз му влегол.
Стъпаљка по стъпаљка дури Стамбол се ојт.
Стъпаљка по стъпаљка преку планина се префрљат.
Суа жаба не крека.
Сува пола риба не јајт.
Суви гъзој јадет пиперки, а водени риби и ракој.
Суво дрео лист не пушчат.
Суво орај, суво сеј.
Сугаре јагне век немат.
Суди ме, после губи ме.
Судијата кротко дума, ама пари зима.
Суднико кога суди по правина, и Господ се радуат.
Судо ет од Бога остаен за да одат луѓето по правото.
Судо од Бога е остаен.
Сурите волои и калешите овци мошне се мили.
Сух газ риби не јаде.
Суша леб питат.
Суша скапија не праит, ама тешко кој ќе го најдит.
Съде татко и мајка не се купвет.
Съде тој да знъјт и цело село.
Сънцено и в але грејт, ама не смрдит.
Сънцено и в кал грејт, ама не се ваљкат.
Сънцено со ръка не се засенвит.
Съта прежџа — кълчишча.
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е.
Таа кобила рита шчо се зобе а не вјаа.
Таа олџица не е за твојата уста.
Таја дупка за тој кол.
Таја шо не седит мадро носит модро.
Така баба знъјт, така си бајт.
Така знае баба така бае.
Така знаи дедо, така плаши деца.
Така знај дедо, така го мака медо.
Така знъјт Петко, така плашит деца.
Така му било писано и наречено од наречниците.
Така се скројло, така ќе се ишчинит.
Такво бачило таква маст вади.
Тако ти Бога, не прај џева.
Таков му бил к'сметот на сиромајот.
Там дека требе мотика, не требе молитва.
Таман го научив магарето да не јајт, то цојса.
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
Тапани да буаат и не се разбудуат пијаниот.
Тапано сткраја да го слушаш, поарен лезет имат.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Тате на мама, мама на тате, децата гладни.
Тате, пате, скри се в јасли да бараш аспри.
Тате, пате, скри се в јасли, идет Турци ќуљумарци.
Татка си си го барат во торбата што посига.
Татко и мајка колај не се наоѓат.
Татко купи патка, та шчо беше слатка, та шчо пати дур је плати.
Татко огнишче — топло пепелишче.
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат.
Таткото и мајката голема надеж имаат од челадта.
Таткото и мајката курбан се чинат за челадта.
Таткото и мајката многу грешки му проштаваат на челадта.
Таткото кога ќе му делит стоката на децата, не треба на едно да дават со грс и на друго со прс.
Тафра опина — партал го сопина.
Тварот е лесен на чужџи плешчи.
Твоја Бога твоја душа.
Твојата реч во Божји уши.
Те боцкет паричките.
Те канет, јади, те мавет, бегај.
Те љубам, та ти кажвам.
Те ранит за д' ослепиш.
Те сака тебе ама повеќе се сака самиот.
Те сакат ко снег в пазва.
Те спетлале како мечка во синџири.
Те фати зазъбица.
Те фатил такциратот.
Тежок е чуџјот леб.
Теле се роди, вол ќе умреш.
Тенко ле е влакното ќе се преќине.
Тепаш ле, ќе те тепаа.
Тепе го детето додека не строши стовната.
Тепе го детето пред да иде на вода.
Терај го - клоцат, води го - буцат.
Терај, кону, до зелена трева.
Терал лисица, истерал вълк.
Терат ветар со капата.
Тере го арното и по земја и по небо.
Терзијата со закрпени бечви ојт.
Тесно, ама не е бесно.
Тесно, ама чесно.
Тешка рана оздравуа, ама тешка реч не се забораа.
Тешко вълкот по кого не лает кучиња.
Тешко е без без болес да си болен.
Тешко е Бисерко да се викаш, та за постранко е сосем лесно.
Тешко е да носиш ѕвонец.
Тешко е да се потиш под сенка.
Тешко мене ко ме жалет, блазе си ми ко ми завижџет.
Тешко мене кога немам кој да ме перит.
Тешко на болниот дури да му излезит душата.
Тешко на нозете под ула гла.
Тешко на нозете под улава глава.
Тешко на умниот меѓу будалите.
Тешко ти ако си немаш.
Ти го клати, а оно се блати.
Ти го крстиш — оно прди.
Ти го кршчаш, а тој прдит.
Ти го пљуваш, а тој мислит од господа росица.
Ти дуј, јас чукај и ете се стори работата.
Ти зборвам, ќерко, дошикај се снао.
Ти је велиш косено, та стрижено.
Ти клат маслинка в уста, а на гъзот кожа да му ја напълниш со масло.
Ти ќе свириш.
Ти мене, а тебе господ.
Ти мене, јас тебе.
Ти мирисат гъзот земјојна.
Ти му даваш леб, он ти иска мед.
Ти му думе, он нагоре гледа.
Ти му речеш да прдне, оно се посере.
Ти одбесвам торба, ти обесвам дисаѕи.
Ти отиде, попе, кобилата за тој пусти седми глас.
Ти реков, ми рече.
Ти се смејш, а мене срцево ми горит.
Ти си видел едно, а јас сто и едно.
Ти теквит на страњето.
Ти тупаш тапане, друг собира брашното.
Тивка вода брег рони.
Тивка вода брегој ронит.
Тивка река брег рони.
Тивката вода поглобоко копат.
Тивкиот дожд појќе наквасвит.
Тие в село не го прибирет, а тој опитвит за куќата од попот.
Титиз татко, арамја син.
Титизот и кога умират не прајт арно.
То бачило таква мас дат.
То е страшно и без страшило.
То пак то — Доданиното.
То се викат мајстор, од арамја д' украдиш.
Тоа бачило таква маст вади.
Тоа шчо немат и царот не јајт.
Тоде, Тоде што тж боде?
Тој колит, тој бесит.
Тој му е коска в грло.
Тој му е трн в око.
Тој палит, тој гаснит.
Тој што раѓа и што се раѓа и умира.
Тој што фали, не пали!
Тој шчо велит — иљјада греој, тој шчо зел — еден грев.
Тојага мечка се плаши.
Толе, воле турни бука.
Толку делил тој сполај му.
Толку носит манастирот.
Топли рутишча во топла ода — болест.
Трага не праат: пилците, змиите и гемиите.
Трагата на ѓаолот никој не можит да му ја видит, и пак мнозина по неа одат.
Трај, душо, за да најдиш рај.
Трај, душо, за месо до Велигден.
Трај, душо, црни кожо.
Трај, коњу, до зелена трева.
Трајал во мајка си девет месеци, да неќит да траит девет саати.
Тргаа ли во злото, ете го пред тебе дошло.
Тргај не ќини.
Тргај, глао, да тргаме, за да ни дојт умов.
Тргај, старче, орото да се збери селото.
Тргај, тргај, во пазарот, ама гледај, не кини.
Тргала гла мъка, имала и зошчо.
Тргет нозете од глата.
Тргнало море в река да се дави.
Тргни го — на нос, турни го — на гъз.
Треба да гледаш и ќебапо да не изгори и режено да не прегори.
Требе да го г'тнеш горчивото, та после благото.
Требе и на газо очи да имаш.
Требит да знъјш, та да запејш.
Трендафило има трнчета, а човеко гајлета.
Трендафилот имат трнчиња и чоекот имат гајлиња.
Треси пола и пазва.
Тресна волот се расипа сапрагот.
Тресна волот, се отпрегна плугот.
Трета вода — киселина.
Три ајдути, девет капидани.
Три гроша петел, пет гроша црква.
Три дни пред умирачката.
Три нешта се невозможни: до небото скала не се праи, на морето поклопка не се клава и на смртта нема
Три Циганќи цало село.
Тринг пара, тринг чаша.
Трипати мери, еднаш сечи.
Триста ак'ла ни за една пара не вредат.
Триста алој си имам над глава.
Триста галој со еден камен се растурвет
Трите за в една вечер.
Трла без кожа не бива — да не е се кожи.
Трло без кучиња.
Трн вов пазви тура ле се?
Трн грозје не раѓа.
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит.
Трн ми е во очиве.
Трн му под опашка.
Трње се не вршат.
Трњето и да не и сеиш, ќе никнат, а пченица сака мака.
Тројца без душа, еден без гла.
Тројца на душа, еден за гуша.
Трпеж му е мајката.
Трпение - спасение.
Трпението од муренков лист прајт коприна.
Трпи баба за да бидит убаа.
Трпи го лошото да не дојт ушче полошо.
Трпи, бабо, за убост.
Трпи, душо, ако искаш да јадеш круши.
Трпи, душо, црни, кожо.
Трпило имат, видело немат.
Трпит сиромајот и постит, оти немат што да јадит.
Трскана се виткат спроти ветрот.
Трудна жена — вреќа подврзана: никој не знаит што има во неа.
Трудот е имање.
Трудот никого никогаш не пострамотил.
Трча како прле пред магаре.
Трчат ко коњ по зоб.
Трчат ко по на браот.
Трчи, ори, клечи, жниј.
Тршнало се грнето, нашло си капако.
Туѓа пченица за задуша дават.
Туѓа пченица не раздавај за задуша.
Туѓа пченица полесно за задуша се дават.
Туѓата кокошка е поголема од нашата мисирка.
Туѓата кокошка поголеми јајца снесла.
Туѓина вали — сам не оди.
Туѓина којшто оди, не треба да се боит.
Туѓината е за сиромав бел образ.
Туѓината непара Бугарино ја милуат.
Туѓото е послатко.
Тука беше му пукнала земјата, тука беше умрел.
Тука е бељата, во торбата.
Тука папај, тука какај.
Туку 'ржит како некој пес во кочин.
Туку вреви како некоја празна воденица.
Туку го врти газот ергенон како некој калајџија.
Туку го гризи како црво дрвото.
Туку жржат како некој коњ за зоб.
Туку ја мавта песот опашката, дури да ја граби дробенката.
Туку клапа како бесен пес по сокаци.
Туку клапа како волк во магла.
Туку клапа чапк'нот како волк во сечко.
Туку липа како магаре за зоб.
Туку рекоа за некој пес оти је бесен, ќе го отепаат, ако и да не ет бесен.
Туку се виткат како црв во дрво.
Туку се дуе како некој мисир.
Туку се миткат зетот нов покрај невестата како лисицата покрај кокошката.
Туку се миткат како некоја лисица.
Туку си лајт, ама кој го слуша.
Туља по туља — куќа.
Тупа, лупа за три дни, оф и леле за си дни.
Турска банда, руска куманда, бугарски ашчер.
Турска р'ж девет години р'ти.
Турска стока — пуста стока.
Турската пријатељшчина на колено стојт.
Турски ферман за три дни.
Турчин вера нема.
Турчин е само за да расипит.
Турчин побратим и калуѓер девер не се фашчет.
Турчин побратим и калуѓер девер не фате.
Турчин пријатељ не бижџат.
Турчин пријатељ, син пасинок и жена вера немет.
Тутун ситос не држит.
Тъпан бијат во Калишча, оро играт во Вранишча.
У богатие да се наработиш, у сиромао да се најадеш.
У Бугарин инат, у Грк салтанат, а у Френг марифет.
У грнчара ново грне и у Циганин матеница.
У грнчара ново грне не сакај.
У грнчара ново грне не тере.
У гънчара грне немат.
У гънчара ново грне не барај.
У Еѓуптин домаќинл'к не барај.
У Еѓуптин кисело млеко не барај.
У зетот т'пан бијат, у невестата абер немат.
У јунака тъпан бијат, у момичка абер немат.
У квача црни ръце, ама бела погача.
У кого е власта, у него е и силата.
У кого има раѓачка, ќе имат и умирачка.
У кумот без уем, од кумот два уема.
У мнозина ум, у малцина разум.
У момичка тъпан бијат, у јунака абер немат.
У момчето тапан чука, у момата абер нема.
У ораче црни раце, ама бела погача.
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
У секого има мисла, ама блазе си му кој си ја има чиста.
У секого има по нешто аресно и свесно.
У секого има по нешто арно и по нешто лошо.
У секого имат по троа чес.
У секого се наоѓа по една пара ум.
У секој домаќин се наоѓат по едно парче леб.
У сиромав мрзлив не барај пари, во место пари тој си има вошки.
У сиромајот деца, у богатјот златни колца.
У сиромао и јадење и пиење, у богатие муабет.
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна?
У туѓега татка, поголема патка.
У туѓо грне сол не турај.
Уба мас во кучешко меше турена.
Убаа мома род немат.
Убаа момичка сама се мъжит.
Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.
Убава жена — бела и кашча.
Убава мома рода нема.
Убавина за година.
Убавина кашча не врти.
Убавина леб не дават.
Убавина с пари не се купува.
Убавото само се фали.
Убавото убаво се плашча.
Убаина куќа не крепит.
Убаина не се јади, само со очи се гледа.
Убаите жени непара сет работни.
Убајна куќа не крепит.
Убајната до година црна чума довека.
Убајот коњ и на јасли се продат.
Убао и кротко дете секој сакат да го земи в раце.
Убата работа веднош не се прајт.
Убата работа пополека се прајт.
Убата стока сама се продат.
Убо е грозјено, ама ушче нездрело, рекла лисицата не моела да го досегнит.
Угоре високо, удолу глобоко.
Удрен зер ет в глаа, што толку вика.
Удри јајца на масло: туѓо јадиш, туѓо пиеш.
Удри ме со капата.
Удри по очи, по глаа — на жена не бидуа, оти и таа има душа.
Удри по самарот да је текнит на кобилата.
Удри по самарот да му текнит на магарето.
Удри си ја глаата, ако сакаш од најголемио камен, и пак фајде немаш.
Удри умно, се прајт поумно; удри уло, се прајт ушче поуло.
Удри, кутра, гребено: утре ми е денчокот.
Ука крај нема.
Укит време прс пред око не се видит.
Улав пред кадија не излегуат.
Улава глава од ѕид се чука.
Улавите не са по гората.
Улавите рогове немаа, сами си и кажуваа.
Улаиот бегат од пијаниот.
Улаите со рогој не сет, да и тие како сите луѓе.
Улај деле, умни јале.
Улао учи да бидит поулао.
Ум и разум со пари не се купвет.
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат.
Ум имам, пари немам; пари имам, ум немам.
Ум се с пари не купува, туку с мака по наука.
Ум со пари не се купвит.
Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.
Ум со унија не се туриват.
Ум треба и мотика, а не молитва.
Ум царвит, ум гладзит.
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
Ум царуве ум робуве.
Умела од кумела не му излегуа.
Умен биди, да ако немаш многу пари.
Умен колку за триста палај.
Умират инатчијата, ама назад не се враќат.
Умират инатчијата, ама не се поклонуат.
Умирачка — бел образ.
Умирачка — куртулачка од секоја мака.
Умирачката да е жива.
Умирачката и грбата је исправјат.
Умирачката исправјат се.
Умирачката урнек немат.
Умиштата разно разни.
Умна була в празна кула нема шчо да прави.
Умната домакинка е поскъпа од елмаз.
Умнио учи да бидит поумно.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
Умнио чоек во лутината се познаат.
Умниот е јунак, а не силниот.
Умниот и во сонот си го изват лебот.
Умниот пополека ојт, ама поборгу ќе фтасат.
Умниот пополека ојт, ама подалеку ќе фтасат.
Умно оди, не бој се од води.
Умо не е расол.
Умот во глаата стоит, а не во капата.
Умот гљат, а не очите.
Умот е пари.
Умот му е по страчкини седела.
Умот не се пришивјат за кожа.
Умот прајт, глата тргат.
Умот царвит, а снъгата аргатвит.
Умре воло, се отпрегна плуго.
Умре Еѓупката што ја валеше невестата.
Умре Еѓупката шчо те фалеше.
Умре јатрвата, се рашири золвата.
Умре Косто Биљан, умре Струга.
Умре ле етрвата, ќе се прошири золвата.
Умре ле јагнето, овцата се зам'зуза веднага.
Умре ми свекрвата — прошири ми се като.
Умре од болештина.
Умре свекрвата, се раширија катиштата.
Умре старио, падна од куќата дирекот.
Умре Циганката шчо те фалеше.
Умреж куќа не рани.
Умрел и си отишол на тој век.
Умрел кон не рита.
Умрел човек пријател нема.
Умрен не прдит.
Умрен чоек пријател немат.
Умрена уста не зборвит.
Умрените од никого страв немаат.
Умрено магаре од в'к не се плаши.
Умри, да ако сакаш да те жалам; оти дури си жив, ќе те карам.
Урда јади — душа вади.
Урда кур не пробира.
Уста да имаш, јазик да немаш.
Уста е на зглобаве.
Уста зборвит, аљ' гъз прдит?
Уста имат, јъзик немат.
Уста имат, уста немат.
Уста краси, уста гнаси.
Уста му зборвала, носон му слушал.
Уста му зборвала, шапка му слушала.
Уста пејт, срце не пејт.
Уста шчо посере, рака не опере.
Устава е за да ме фалит.
Устава зошчо ми е, ако не за да ме фалит.
Устава ми пејт, срцево не.
Устата е водејнца, и без вода.
Устата е да зборвит, а ръцете се да работет.
Устата ја отворил како некоја чапја.
Устата праит, устата расипуат
Устата праит, устата расипуат.
Устите од алкот не се враќе да ги закључиш.
Устите од алкот не се врешче да ги затвориш.
Ут буф сокол излеве, и от сокол буф.
Утреш куќа не крепит.
Утрото е поумно од вечерта.
Учен мајмун неќит камџик.
Учен мајмун стап несакат.
Учењето е четири очи.
Учи в'ка не учи, па козите през ридо.
Учи се да чекаш.
Учи се на арно, лошото ни на ум да не ти идат.
Учи се од мал, за кога ќе остареиш, да не ти бидит жал.
Учи се од мал, та куга пораснеш да не ти е жал.
Учи, учи, глава бучи.
Учи, учи, тиква бучи.
Учини зло, надај се.
Учител на село и свиња в стопанство.
Уште една беља не помина, втасала друла.
Уште еднаш ако бидам зет, знам јас како да гувеам.
Уште на коњ не се вкачил, си замавтал нозете.
Уште не вјанал, фати да си маат ноѕете.
Уште не копнале нов бунар, го поганат стариот.
Уште си оди со од нункото кошулата.
Уште си оди со тој ум.
Ушче вълкот невиден, викат по кучињата.
Ушче зъјакот нефатен изделкал ръжен.
Ушче крајот и стредето.
Ушче невидена реката, ги слекол гашчите.
Ушче ова не било.
Ушче Петко нероден капа му скроиле.
Ушче рибата во вода, је клал тавата на оган.
Ушче Тотот со шапката беше ексик.
Ф празна племна глуфци не влегват.
Фалба е р'ѓа.
Фалени јъготки, празни кошници.
Фали арното — куди лошото.
Фали го, куди го, па си е това шчо си знае.
Фали ме усто да не те раскинам.
Фали ме, усто, оти ќе те посера.
Фали се на друго место, а тука земи.
Фалил се не фалил, па си си тове.
Фаљбата е краста.
Фанала се е капина за дупина.
Фанала се попадија да преде па и се испришчили рацете.
Фатете си магарињата, јас моето ќе го кола.
Фати го еднјот за ноѕе, удри го другјот по гла.
Фати го слепијот, извади мо очите.
Фати грошот золата.
Фати да је мрдат опашкана.
Фати ле се на орото, ќе играш.
Фати се за дъб, а не за трн.
Фатил јъгула за опашка.
Ферман в орман не се пејт.
Фета шчица боја не фашчат.
Фетено — дадено.
Фетено — сторено.
Фетеното е борџ.
Фето крпи, конци губи, старо љуби време губи.
Фитнеџијата е по лош и од катил.
Фрли глиста, фати ргуља.
Фрли го в море, ќе излезит со овци.
Фрли го на бунишче, ке го најш на огнишче.
Фрли зад себе, да најш пред себе.
Фрли зад тебе, ќе најдеш пред себе.
Фрли наза за да најдиш напре.
Фрли рипче да фатиш крапче.
Фрлил сирењето — собрал урдата.
Фурка без рачка е като куче без опашка.
Фурка срце ако не а држи, појас ич.
Фустане не ти е кус, ак'ло ти е кус.
Храбар јунак дома не умира.
Христос воскресна од мртвите за да и оживит умрените и да пострами Евреите.
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените.
Христос се роди за да не спасит.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
Царвит ко зима на мраз.
Царот далеку - Господ високу.
Царска уста мед и масло.
Царската ръка дълга е, далеку досегвит.
Царската уста — мед и млеко.
Царската уста — остра сабја.
Цвеќе во градина секој го милуат.
Цвеќето го кинат и киски го праат.
Цвеќето расти за чоекот да го веселит.
Цвеќето се берит дури е росно, а моме се љубит дури е младо.
Цвеќето се берит дури е росно.
Цвеќињата сет мили дури се развиени.
Цел да му се преставиш на невернико, и пак не те веруат.
Цел легни, цел стани, цел стави не крени.
Цел стави, не крени.
Целивање — паметвање.
Цело јајце в зелник.
Целото море се сторило маштеница, за нас не се најде лајца, за да сркниме.
Циганска ритканица двојно боли.
Циц, козице, на планина, прдни Марту на брадина.
Цојсаво магаре од вълк не се плашит.
Цојсан коњ не клоцат.
Цојсано магаре не прдит.
Црвен како крв.
Црвен како крмуз.
Црвен како приш.
Црвен како прч.
Црвен како ружица.
Црвен како тетоско јаболко.
Црвен како трендафил.
Црвена аспра не загинуат.
Црвена-бела девојка секој ерген ја сакат.
Црвени-бели образи девојчински и лажат очите ергенски.
Црвените јабаќи црвливи излазат.
Црвеното јаболко секогаш е гнило.
Црви ќе зоврие под себе мрзливата жена.
Црвје имат детето во газот, што неќи да си седни на него.
Црвјето во земјата живеат, а не луѓето да не живеат.
Црвосаната круша сама падинат.
Цревата за чоека се скаруаат, а не чоек со чоека.
Цревата кркаат како жаба моклишка.
Цреп шутара прекаруа.
Црква си напрајл.
Црквата миет душата, а бањата снагата.
Црн како котел.
Црн како некоја гламна.
Црн образ, ама пълна торба.
Црн пипер на бел ориз се золит.
Црна бијолица бело млеко дат.
Црна земја крај нема.
Црна земја — алт'н покров.
Црна земја — бели погачи.
Црна кокошка бели јајца носит.
Црна мака — слатка погача.
Црна ми е до гъзов.
Црна нива — бела пченица, раница.
Црна овца да е имала ибал, наќе да е црна.
Црна пот — бела погача.
Црната боја е поскапа.
Црната земја бели погачи рожџат.
Црни дни имат, ама и бели имат.
Црни му дните на апсоите.
Црни пари за бели денове.
Црни ръце, бела погача.
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно.
Црно кафе бегој пијет.
Црно магаре, црн зоб.
Црното бело не бидуат.
Црното грозје е поблаго.
Чавка гулаб не бидуат.
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.
Чавка со чавка очите не си вадат.
Чавки ти му го испиле мозокот.
Чавкини јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќ излезет.
Чавките кога грачат, времето ќе го расипат.
Чалма не ќе врзам, да ќе го жалам.
Чафка му испила умо.
Чаша отрув е поблага од печено јагне ко си во неоља.
Чаша пълна, деца гладни.
Чашка по чашка напрчи опашка.
Чашка по чашка — напрчи опашка.
Чвек вервит во шчо му се сакат.
Чвек двапъти се прајт домашен измеќар: кога е мал и кога ќ остарит.
Чвек е појак и од кремен, а помек и од лајно.
Чвек е појак од се, се е појако од чвека.
Чвек е појак од челик и помек од јајце.
Чвек е чвек, ама е и магаре.
Чвек е чвек, магаре си е магаре.
Чвек и од магаре да паднит, ќе отскапнит.
Чвек мислит едно, господ дат друго.
Чвек на чвека му е ѓаол.
Чвек на чвека се потпират.
Чвек не умират дури не му дојт денот.
Чвек остарвит, срцето не остарвит.
Чвек се пречеквит по рутишчата, а се испрашчат по муабетот.
Чвек се учит дур е жив и пак неучен умират.
Чвек се учит дур е жив.
Чвек себеси се си прошчат.
Чвек со едно око — куќа со една пенџера.
Чвек со зборој не се опервит.
Чвек со кола да донесвит, жената со игла да изнесвит, куќата празна останвит.
Чвек со пари не се купвит.
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
Чвека ќе го познајш по работата.
Чвека по зборот ќе го познајш.
Чвекот гнијат, борџот не гнијат.
Чвекот не е цвеќе да го помирисаш, та да го познајш.
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот.
Чвекот се врзвит за јъзик, а волот за рогој.
Чвекот се познат по работата.
Чвекот со се късмед се рожџат.
Чвечката мъка крај немат.
Чвечкото око е лакомо и ненаситно.
Чедо рожџаш, брат не мојш.
Чедото и со Еѓуптин ќе те ставит.
Чејнцата в уста си ја носит.
Чејнцата ојт ке ојт, пак водејнци ќе дојт.
Чејнцата пукнала од просото.
Чекан фали, од калем живеј.
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
Ченка сади, тикви јади.
Чепкавме гушчерица, исчепкавме змија.
Череп шутарка прекарвит.
Чес има и у сиромасите.
Чеснио чоек секој го веруат.
Чесниот чвек лесно се мъмит.
Чесно име не ѓине.
Чесното име никогаш не ѓинит.
Чест на старите, път на младите.
Честа е поскапа од злато.
Честа е поскапа од парата.
Честа не ет саде у богатите.
Честа чест носит.
Честому госту, зад врата место.
Четри Грци, пет капидани.
Чешај се ке шчо не те јајт.
Чешала, попе, твоето пеење.
Чеше ле те друг, и месо ќе отќине.
Чеше се дека не го срби.
Чешче имај пари, та и в џеп се држет.
Чи плот си градил, тој нека те ранит.
Чивија чивија искарува.
Чивте чапрази, на голи гради не прилега.
Чие бикче мое телче.
Чие да е биче, — наше нека е телче.
Чие лице гљаме, то го целиваме.
Чија е кравата, негво е и телето.
Чија кобила ќе се фатит, таја ќе вршит.
Чија мајка сина доила.
Чини шчо ќе чиниш, и за утре мисли.
Чинит атот, чинит пајтонот.
Чис како гулаб, ит'р како ѓаол.
Чис на брата си се роди.
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата.
Чист есап, братска љубов.
Чиста водичка, бистрта главичка.
Чиста сметка долга љубов.
Чиста сметка — бел образ.
Чисти раце не јадат печено прасе.
Чисто небо од грмеж не се плашит.
Чисто нека ми е срцето, да ако газам на престолот.
Чисто срце бога молит, а нечисто сълѕи ронит.
Чисто стребро 'рѓа не фашчат.
Чистотјата е полојна здравје.
Чистото срце се гљат на лице.
Човек без маана нема.
Човек е поцврст и од камен, а послаб и од јајце.
Човек жив в земја влази ле?
Човек не е ќитка, та да го мерисаш.
Човек не се мери по снага, туку по ум.
Човек од магаре паѓат пак починвит.
Човек од магаре спадне и па седне да одмори.
Човек пешки оди па се сопне.
Човек се познава по думата, а пилето по песната.
Човек се учи до гроб.
Човек се учи додека е млад.
Човек страда од главата си и од пријателјето.
Човек шчо ногу чита, малку знае.
Човек шчо сам ќе си направи друт не мож да му направи.
Човеко е мил сос уста, сос уста е и мрзешен.
Човекот е од камен појак.
Човекот се учи додека е жив.
Човечките уста не са враќа да и затниш.
Човечко око ненаситно.
Човечкото око е ненаситно додека не му се фрли грс земја.
Човечкото око се не п'ни.
Човкот е од јајце послаб.
Чоек веруа тоа што поеќе му се сакат.
Чоек е создаен просто да одит, за понабрго на небо да се пулит и Бога да смислит.
Чоек знаит оти ако згреши, грев ќе му се пишит.
Чоек како што се родил, така и ќе умрит.
Чоек кога се раѓа, не знаит од кај иди, а кога ќе умират, знај оти пред Бога ќе се преставит.
Чоек кога се раѓа, од една врата излвгуа и кога умри, во друга влегуа.
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен.
Чоек се осветуат, а не камен и дрво.
Чоек се роди, и гробо му се отвори.
Чоек се учи дури да умри, и па се не ќе научит.
Чоек се учи со збор, а мечка со стап.
Чоек се учи со збор, а мечката со стап.
Чоек треба да јади за да живеит, а не да живеит и да јадит.
Чоек чоеку е ангел и ѓаол.
Чоек чоеку помага и со пари, и со уста, и со нога.
Чоеко се родил на веков за нешто да познаит зашто се родил.
Чоекот ако сам не се бендисаше, сам себе ќе се убиеше.
Чоекот ако се чуат од лошо, и Господ ќе го чуат.
Чоекот е и од јајце послаб.
Чоекот е и од камен појак.
Чоекот е чело на веков.
Чоекот знаит колку еден чоек, а Господ го знаит сичкото.
Чоекот колку да имат пари, пак не ќе се наситит.
Чоекот колцина синои и ќерки би имал, толку црева му се влечкаат по него.
Чоекот можи и арно да стори и лошо.
Чоекот со плач се раѓа, со плач умират.
Чоекот треба да е растурен како бостан.
Чоекот треби да биди на срцето амбар.
Чоекот што не додржуат својата стока, туѓата никогаш не ќе ја додржит.
Чојсано магаре од волк немат стра.
Чорба имаш? — Чорбалаци колку да сакаш!
Чорбаџил'ко е до време, а младоста е до крај.
Чорбаџиско момче и сиромашко јунче не дораснуваа.
Чорбаџиско момче — сиромашко јунче.
Чувај бела пара за чрн ден.
Чувај змија в пазуви.
Чувај ја честа ушче од мал.
Чувај се оти од бетер има побетер.
Чуват змија в пазва.
Чуве се од лошо додека не ти е дошло.
Чуве се од човек шчо трае и куче шчо не лае.
Чуве си ја честа од мал.
Чуден е Господ во светиите.
Чуди се на шчо да се надене.
Чужџ комад поблаг е.
Чужџа кона в среде река.
Чужџа рака ако те почеше, ќе те прочеше.
Чужџа рака чеше дека те не срби.
Чужџи газ риби не јаде.
Чужџи зборој, в срце ножој.
Чужџи пари своја пазва не топлет.
Чужџие кон малку јаде, ногу носи.
Чужџина другему фали (ја), а сам (ти) не оди.
Чужџина фали, сам не оди.
Чужџјот коњ малу јајт, многу носит.
Чужџјот леб е џежок.
Чужџјот леб зъби кршит.
Чужџо гајле берит, а свој леб јајт.
Чужџо чедо свое не се чинит.
Чужџото е секугаш послатко.
Чужџото и на Велигден ти го земет.
Чужџото и на велиден се зима.
Чужџото корче е горчлио.
Чукаш туѓа рж.
Чукни сланток, късни симид.
Чул кукајцата, и го разбила.
Чуле Еѓупците оти идел арачнико, се скриле во трњето.
Чума од ума не се плашит.
Чуму ти се три волој на орање.
Чун по плитко не ојт.
Џабе работа без касмет.
Џвакат како со туѓа уста.
Шака на голо не се прајт.
Шака, шака, после лутина и карачка.
Шаката на стърна.
Шалаите деца не седат мадру и в црква.
Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна.
Шарај, парај, Анѓелино, ако параш, пак ќе шараш.
Шарен калпак не ти требат.
Шарен Шарко од Прострање.
Шарени алишта со срма кој носи, можи на старос да проси.
Шаренио вол ѓоа имал поеќе лој.
Шарено одајче со младо невевче.
Шарено одајче со младо невешче.
Шареното стапче кој го има, тој повелат.
Шареното стапче што го носит новата невеста.
Шега ако се биеш за некого, и ти ќе бидиш како него.
Шега кој се биет, на другио шегата одит по него.
Шегаџиите луѓе не сет за фалење.
Шеќер јади и шеќер зборуј.
Шепни — покров куќа запустуат.
Шијат та пијат, крпит та се ранит.
Шиклата не е орев.
Шило в торба не се кријат.
Шило в торба не седи — ќе се подаде.
Шипје и глоѓе не раѓат грозје.
Шири ми се, меше, оти ќе јадиш туѓо прасе.
Широк живот — тесен поминок.
Широк жиот, тесни гашчи.
Широк чоек на срце живеит поеќе годиње.
Широко срце од се е благодарно.
Штавена кожа молец не ја јаде.
Што бара жена во Света Гора кога ќе умират.
Што бара лисица воденица, зер да јади каша?
Што бараат у кауѓер деца и у Еѓуптин маштеница.
Што барал, тоа и нашол.
Што бараш во трњето кога го гледаш патот?
Што вештица ет старана, со бубаќ крвта ти ја пиет.
Што вреснало, не треснало.
Што го молиш скржаиот, што го галиш, ништо од него не ќе спечалиш.
Што го тове укориш, он влече главната греда.
Што да се роди на веков, ако не умри, земјата не ќе и кренит.
Што дал Господ, леб и сол.
Што дал Господ, што да земи ѓаолот.
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит.
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала.
Што дробил, тоа и сркал.
Што е в рака у чоека, не е лага.
Што е живо се, се мрдат да живеит.
Што е попово да е готово.
Што е попово, оно е готово.
Што е попоо, нека е готово.
Што е сечие, тоа е ничие.
Што е страмотно, тоа е и греовно.
Што знаи Господ, нека знаи и светот.
Што излетуа од устата, тоа било и во мислата.
Што има у чоека во срцето, тоа му покажуа и лицето.
Што ит'р ет како некоја лисица.
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат.
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат.
Што јалли пеливан ет!
Што Јуда ет старана, веднаш те предават.
Што кукнало, не пукнало.
Што ќе биде силум, нека биде милум.
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот.
Што ќе му иди на глаата на чоека некое лошо, нека му иди на стоката.
Што ќе посеат тоа ќе им никне.
Што ќе посееш тоа ќе жнееш.
Што ќе посееш, тоа ќе ти никнит.
Што ќе посеиш, тоа ќе ти никнит.
Што ќе си посеше тоа ќе си жнееш.
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли.
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот.
Што момче, што стока ет, во чаша да го испиеш!
Што му иди на чоека на умо, набрго тоа можи и да го сторит.
Што музевир чоек ет, — цел Грк!
Што на ум, тоа на друм.
Што не покрил Господ, и чоекот не можит да го покриет.
Што не покрил Господ, човек не може да покрие.
Што не се прчило не се кози.
Што не се прчило, не се окозило.
Што неќиш тебе да ти праат, не прај другему.
Што носит саатот, не носит годината.
Што носит саатот, не носит годинта.
Што се поулаил, та уште дете се оженил.
Што се рекло, се било.
Што се родило, не се удаило.
Што си посејал тоа и ќе ти никне.
Што сторил нашол.
Што сторил, нашол.
Што ти баба бае, да ти по неае.
Што ти куќа нема, тоа еѓупка ти барат.
Што трица чоек ет, туку се тагари.
Што туку вика како магариште.
Што туку вика како улав.
Што туку викат како полјак.
Што чине час'т, не чине годината.
Што чине часжт не чине годината.
Штодека е лична некоја невеста кога е безризична.
Штодека е учен некој кога е серсем.
Штотуку да руча чоек, и ќе му се одручат.
Штрба баба копца, облизала баби д...
Штркот и познаа уште од мали штркчињата кој се арни.
Штркот си го убива штрчето уште во седелото, ако не му бидит прокопсано.
Шугав крастав познат.
Шума бобо родила.
Шума волна, дупка полна.
Шума ли ти вълна, да е дупка пълна.
Шуплив е на срце, ако го гледаш црвен на лице.
Шуплива јаболка сама падина од гранката.
Шупливи му сет сите зборои.
Шупливите јаболка сами си паѓаат од гранка.
Шупливите јаболки поцрвени сет од здравите.
Шупливите јаболки сами си паѓаат од гранка.
Шуплосаната круша сама падинат.
Шурбан погача не јајт.
Шут вол не буцат.
Шут со рогат не мојт да се борит.
Шут со рогат не се боде.
Шут, шут, та дури однесен ет.
Шута краста познат.
Шуто буца, криво клоца.
Шуто та боде.
Шуто — та бодливо, криво — та ритливо.
Шчирица овца плод нема.
Шчо Алија катен, то добарден.
Шчо барала кучката, си нашла.
Шчо бараше баба на оро?
Шчо бараше лисица на пазар?
Шчо бараше, си најде.
Шчо било, не бижџат.
Шчо го нема ни цар го не тера.
Шчо дат летен ден, не дат зимна година.
Шчо дошло, добре дошло.
Шчо е господ, не е никој.
Шчо е готово, не е попово.
Шчо е за дома, на црква се не носи.
Шчо е пишано, нека се збидне порано.
Шчо е под вода, това е под два бога.
Шчо е попо, нек е гото.
Шчо е право и богу е драго.
Шчо е со ѓаол собирано, поѓаола ојт.
Шчо е страмота, то е и греота.
Шчо е у царица, това е и у магарица.
Шчо е уло и пијано, се од ваша фара и рода е.
Шчо зборвиш, да ми бидит; шчо ми мислиш, да ти бидит.
Шчо зготвиш, това ќе јадеш.
Шчо знъјт господ и љуѓе да знъет.
Шчо иде низ вода, не се вршча воз вода.
Шчо имала баба на ум, видела и на сон.
Шчо иска твое газ, и мое кур иска.
Шчо јал, не пострал.
Шчо кроет глуфците, мачката им го расипвит.
Шчо ќе дајш назаем, то ќе ти вратет.
Шчо ќе дајш со својата ръка, то ти е задуша.
Шчо ќе дајш, то ќе зејш.
Шчо ќе дробиш, то ќе сркаш.
Шчо ќе здробиш, ќе си сркаш.
Шчо ќе излезит од уста, назад не се врашчат.
Шчо ќе му речиш манго, речи му аго.
Шчо ќе пљуниш, не лижи.
Шчо ќе посејш, то ќе пожнијаш.
Шчо ќе сториш, то ќе најш.
Шчо ќе ти е малку криво, нека ти е поправо.
Шчо ќе ти од готово вересија.
Шчо мачка мачила, то глуфци лоила.
Шчо ми мислиш мене, на гла да ти бидит.
Шчо мисли биволо, биволаре не мисли.
Шчо мисли трезвеш, пијан го кажува.
Шчо мислиш, то сонвиш.
Шчо можит чвек сам да си сторит, никој не мојт да му сторит.
Шчо мојт еден будала да заметкат, триста умни не моет да го одметкет.
Шчо мојш денеска да напрајш, не оставјај го за утре.
Шчо му виделе очите, то му видел и гъзот.
Шчо му на срце, то му и на уста.
Шчо му на уста, то му и на срце.
Шчо му се јаде, това си мисли.
Шчо на срце, то и на јъзик.
Шчо на ум, то на друм.
Шчо не мојт ѓаолот да сторит, ќе је кажит на баба да му поможит.
Шчо не оди в грло, за това и човеко не знае.
Шчо не се надејш, то ќе ти дојт на гла.
Шчо не се продава, не се ни купува.
Шчо не се прца, нема да се кози.
Шчо не се прчило, не се козит.
Шчо немат, и царот не јајт.
Шчо носит сат, не носит година.
Шчо од кола падна, то пропадна.
Шчо ојт по комши, здраво дома не се врашчат.
Шчо ојт по село не идат дома весело.
Шчо очи виделе, то ръце напрајле.
Шчо по врат, то по шија.
Шчо поминало, знъјме; шчо ќе поминит, ќе видиме.
Шчо поминало, не се врашчат.
Шчо попуваш, ко не си поп.
Шчо порано, то поарно.
Шчо пцалвиш, ко не си пцалтос.
Шчо реков, не одреков.
Шчо сакаш, то ти се слушат.
Шчо се рожџат и умират.
Шчо се свршвит со пари, со пријатели не мојт да се свршит.
Шчо се свршвит со пријатели, со пари не мојт да се свршит.
Шчо си сторил, тоа ќе си најдиш.
Шчо ти дат летото, зимата ти го земат.
Шчо ти мисљам тебе, на гла да ми бидит.
Шчо ти се јаде, това ти се и слуша.
Шчо ти се јајт, то ти се слушат.
Шчо ти требе од мечка привој да ти се плашат воловето.
Шчо ти требе узул калпак да ти викаа дервиш ага.
Шчо ти требит во ѓаолското село црква?
Шчо ти требит од вълк лој?
Шчо ти требит од мечка ремен?
Шчо ти требит три волој на орање?
Шчо трезвен мислит, то пијан зборвит.
Шчо шчитат по село, не се врашчат весело.


Made with Concordance