ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКА ЛИРА
ПЕСНИ ОД ПРЕСПА

Ѓорѓи Киселинов, 1926г.
1.
Зора се зорит, мило љубе,
Сонцето ми изгреват.
Ах, излези, излези љубе,
Ушч‘ еднош да та вида;
Дур‘ не сум тргнал, слатко пиле
На пат да си одам јас.
Ах, излези, излези, љубе,
Баре на пенџерата:
С‘ којњче ќе минам, слатко пиле,
Тамо да ми те видам,
Ал‘ ќе ма жаљаш, мило пиле,
Ако да ти заѓинам?
Ал‘ ќе ма плачиш, слатко пиле,
Ако да ти умрам јас?
Во зора кога станиш, љубе,
Росата погледај ја:
И мојте солзи, слатко пиле
Исти са ко неја;
Вечер ко ќ‘ изгрејт месечина,
Погледај моје лице.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
2.
Три години, Кате, болен лежаф,
Ти не дојде, Кате, да ма видиш.
Шуќур Госпот, Кате, та донесе.
Преврти го, Кате, перничево,
Да го видам, Кате, езероно:
Как‘ са бијат, Кате, езероно,
Езероно, Кате, далги-далги;
Далги-далги, Кате, бели пени,
Так‘ са бијат, Кате, моје срце,
За Васиљка, Кате, Баракова,
За Васиљка, Кате од Велгошчи.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
3.
Дали си се наспало,
Дуљбер бело Јованќе,
Три вечери без мене.
Четврт вечер сам дојдоф,
Дуљбер бело Јованќе,
Тебе дома не најдоф.
Кљукав, кљукав на врата,
Дуљбер бело Јованќе,
Немат кој да м‘отворит.
Јавнаф којна дорија,
Дуљбер боло Јованќе,
Са фрлиф низ авлија.
Та си влегоф во дворје,
Дуљбер боло Јованќе,
Јагне мори калешо.
Тропнаф, тропнаф по-скала,
Дуљбер боло Јованќе,,
Си са качиф на чардак.
Си влегоф в‘одајата,
Дуљбер боло Јованќе,
Јагне мори калешо.
Послано си послала,
Дуљбер боло Јованќе,
Немат кој да м‘ покријат.
Ти си била ф‘комшии,
Дуљбер боло Јованќе,
При твој посестрими.
При твој посестрими,
Дуљбер боло Јованќе,
При моите душманќи.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
4.
„Ај ти, Нико, зелен Нико,
Везден седиш на дервенот,
Да не виде кој помина,
Кој помина кој замина?“
„Поминале сејмените,
Кандисале стрет селото,
Го бараат протуѓерот,
Да наредит конаците“.
Шчо ми дојде протуѓерот
И нареди конаците:
Каде двајца каде тројца.
Русе Стојне - дест мина,
Дека има бело лице,
Бело лице, црни очи.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
5.
Са-ноќ биљбиљ ми пејеше,
Катеринче, на трендафиљ;
Тебе ми те скориваше:
„Стани, стани, Катеринче,
Меракот ти са посврши,
От тебе простејна сакат“.
„Од мене простен да бидит,
Од Бога проклет да бидит.
Многу жалба мен ми падна
За моето прво љубе,
Танка пушка ма продупе
Во моето клето срце,
Остра сабја ма пресече
По танкава половина“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
6.
„Анѓелино, моме, шчо си наљутено, џанам, (2)
Шчо си наљутено, шчо си нажалено, џанам. (2)
Да л‘ глава та болит или полојната, џанам?“ (2)
„Ни глава ма болит, нити полојната, џанам, (2)
Тук‘ сум наљутено на мојана мајка, џанам, (2)
На мојана мајка и на мојон татко, џанам. (2)
Ути ма свршија многу на далеки, џанам, (2)
Многу на далеку, за момче малечко, џанам, (2)
Јас на вода одам, то по мене трчат, џанам, (2)
То по мене трчат и туку ми велит: џанам, (2)
„Мамо, мамо, дајми малу птута“, џанам, (2)
„Јас не сум ти мајка, мај да не дочекаш, џанам, (2)
Тук сум ти жена, жељки да ми пасиш“, џанам, (2)
Јас на ношви одам, то по мене трчат, џанам, (2)
То по мене трчат и туку ми викат: џанам, (2)
„Мамо, мамо, дај ми малу папо,“ џанам, (2)
„Јас не сум ти мајка, мај да не дочекаш, џанам, (2)
Туку сум ти ѓена, жељки да ми пасиш“, џанам, (2)
(Пеел К. Миљовски, Ресен)
7.
„Стани, Донќе, стани ќерко, порано,
Ути гредат стројниците, љубето“ (2)
„Ако гредат, нака гредат, мајко-ле,
Јаска му сум наљутено, најлено. (2)
Јаска му сум наљутено, најлено,
Ути љубит друго љубе од мене“. (2)
(Пеел К. Миљовски, Ресен)
8.
„Не мој, Вељо мори немој Вешо,
Немој, кротко јагне,
Немој спи пот тремот.
Тебе ти са фаљат, мори Вешо,
Вељо Вешо, јагне калешо,
Тебе ќе та носат,
Вељо-Вешо, јагне калешо,
Тебе ќе та носат, мори Вешо,
На врф планината.
Тебе ќе та пешат, мори Вешо,
Како руд јагне“.
„Немој, аго море, жити вера,
Немој не кајдисвај“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
9.
„Карај ма, мајко, учи ма, леле,
Как‘ да ја земам Бојана.
Как‘ да ја земам Бојна, леле,
Бојана бела црвена“.
„Карам та, учим, Стојане, леле,
Как‘ да ја земиш Бојана,
Как‘ да ја земиш Бојана, леле,
Бојана бела црвена:
Влези си в‘земни ќерали, леле,
Наполни поли флорини;
Излези село срет село, леле,
Направи чежма шарена;
Сите девојќи ќе дојдат, леле,
И бела Боја ќе дојдит“.
Ми ошол Стојан дома си, леле,
Си влегол в‘зимни ќерали,
Си влегол в‘зимни ќерали, леле,
Наполна поли флорини.
Излегол село срет село, леле,
Направил чежма шарена.
Сите девојќи дојдоа, леле,
Бела ми Бојана не дојде.
Отишол Стојан дома си, леле,
Облекол руво све црно.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
10.
Крај кула врвиш, ајде мори Маро, деј-ѓиди,
Крај кула врвиш - не зборвиш,
Ем на големо са држиш.
Једри костени, ајде мори Маро деј-ѓиди,
Једри костени ми љупиш,
Срцето ми го трупиш.
Сама ми дојде, ајде мори Маро, деј-ѓиди.
Сама ми дојде на-кула.
Оброси туљбен ф‘пенџера.
А мангурќите, ајде мори Маро деј-ѓиди,
А мангурќите ф‘камара.
А сама Мара ф‘постеља.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
11.
„Отвори, Ленче мори, вратчиче, вратчиче,
Со твоје бело десно рачиче, рачиче“
„Не можам лудо младо да станам, да станам“.
„Земи си, Лено мори, сорчето, сорчето,
Пресечи, мало Ленче, косето, косето.
Пресечи, мало Ленче, косето, косето.
Ќе ти порастит, Ленче, поарно, подолго“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
12.
Ајде, славеј пиле ми пејт рано,
Ми го будит господарот:
„Ајде стани, стани, господаре,
Твој другари на лоф ошле“.
„Ајде, ако одат, нака ловат,
Јаска ловот сум го ловил,
Ајде, ушче рано во недеља
Ми је влегол нис пенџера.
Ајде, нис пенџера, во одаја,
Во одаја, пот јорганот.
Ајде, под јорганот, на душекот:
Еребица, гулабица“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
13.
Ај ти Боје, калеш Боје,
Доста реде туртулици
По твојето рамно чело,
Го запале сато село.
Го запале сато село,
Мажи жени патосаја,
Мажи жени патосаја,
Кој на претек да та земит.
Кој на претек да та земит,
Кој на сина, кој за мнука.
Кој за сина, кој за мнука,
Стар војвода сам за себе.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
14.
Поља са најде будала
Во целава Горна Преспа (2)
Во пусто село Избишта (2)
Во таја маала Кочоска (2)
Ошол ми Пере на гости (2)
На гости на свет‘ Никола
Перета Поља пречека
Нареди белине маси. (2)
По ними бели чаршави (2)
Уште ми Пере не седнат,
Поља ми каве подаде,
„Нешто си ново дочувне,
Дал‘ је вистина, мамено?“
„Вистина, Пере Вистина,
Пампури да батисает, (2)
Машиње да го сечајет,
Евтин да не си простигнит“.
„Мољам та, Пере, Мољам та,
Н‘општина да не ма кажвиш (2)
Ќе та дарувам чораби (2)
Чораби бела кошуља“.
(Пеела Вес. Павлова, с. Болно.)
15.
Барабанче бијат село Подмочани.
Село Подмочани во горната маала,
Во горната маала, близу до реката,
Близу до реката, кај Лена Крушаро.
Кај Лена Крушаро на врата је ропат,
На врата је ропат Тодор Истаноски,
Тодор Истаноски од село Царедвор,
На вечер си греит, утре рано с'јодвит,
Утре рано с'јодвит за да не и видат:
„Збогум, Лено збогум, збогум да сториме
Сега да си ојме, на пазар да дојдиш“.
Тодор ошол дури во пуста Битоља,
Во пуста Битоља право да изват,
Право да извават, Америка да ојт.
Там' е нашол Лена, на меана седит,
На меана седит, друг љубовник љубит.
- „На ти, Лено, сега сто педесет гроша
Сто педесет гроша, дома да вратиш,
Заре сум дочул от' твоје љубе идит“.
(Пеела Вес. Павлова, с. Болно.)
16.
„Шчо си толку, Ружде, нажалено“ (2)
Нажалено, Ружде, гајлелија?“ (2)
„Как‘ да не сум, Чаљо нажалено,
Нажалено, Чаљо, гајлелија: (2)
Три години, Чаљо, болна лежаф,
Ти не дојде, Чаљо, да ме видиш (2)
Понадица, Чаљо, да ми донесиш,
Понадица, Чаљо, жолта дуна (2)
Жолта дуна, Чаљо, стреде зима,
То шчо немат, Чаљо, стреде лето“. (2)
„Моли Бога, Ружде и Господа,
Ставре да ојт, Ружде, Америка, (2)
Ставре да ојт, Ружде, Америка,
Америка Ружда, на паврика, (2)
Да го пречит, Ружде, маќината,
Тога није, Ружде да са зејме“.
(Пеел К. Миљовски, Ресен)
17.
„Не плачи, неесто, не жали,
Не рони солзи ко реќи“.
„Как‘ да не жаљам бре лудо,
Как‘ да не жаљам и плачам,
И ронам солзи ко реќи:
Зафчера вечер мајка ми,
Мила ми мајка умрела,
А фчера вечер татка ми,
Татка му сум го закопал“.
Ж„аљало би те плачело,
На скутот би те држало
Ко рудо јагне сугаре!
Жаљало би те, плачело,
Како јаболко црвено!“
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
18.
Извади ми којња, мори Боје,
	планина ќе ода;
Планина ќе ода, мори Боје,
	дрво ќе бележа;
Дрво ќе бележа, мори Боје,
	шчици ќе избича;
Шчици ќе избича, мори Боје,
	бочка ќе си права;
Бочка ќе си права, мори Боје,
	вино ќе си фрља;
Вино ќе си фрља, мори Боје, 
	сина ќе си жена;
Сина ќе си жена, мори Боје,
	сина Костадина.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
19.
Болен лежит катиљ Ѓорѓи,
Солунски зандани. (2)
Дејна лежит катиљ Ѓорѓи,
Ношја го испитват. (2)
„Кажи, кажи, катиљ Ѓорѓи,
Каде си спечалил, (2)
Каде си спечалил, Ѓорѓи,
Тешкото богатство“. (2)
„Не л‘ ма питаш, Турчн море,
Право ќе ти кажам. (2)
Право ќе ти кажам, море,
Не ќе те излажам: (2)
Војвода сум било, Турчин,
Пари сум печалил, (2)
Пари сум печалил, Турчин,
Све Турски жолтици. (2)
Многу турци сум заклало,
Ем були одбулил“. (2)
(Пеел: Митан, Ресен)
20.
Темен облак се зададе
От кон исток и от запат.
То не беше темен облак,
Туку ми беше турски згат:
Сардисаја планињето,
Планињето и полето.
И догледа караулот,
Караулот и стражата.
Абер стори на четата,
На четата во селото:
„Ја, станите, мили браќа,
Оти си сме сардисани“.
Ми станаја веќ комити
Слободно да си отстапат.
Зафати се бојот жален
Меѓу Турци и комити.
Пушќи пукат, бомби грмат
И бориите ми свират
Турци викат: „Алах, Алах!“
„Ура“ викат комитите.
Турци викат: „Бре комити,
Предајте се веќе вије,
Силата ви ви веќ‘ угасна,
Царот ќе ви го опростит“.
Крсте војвода извика:
„Кладите и ножоите,
Запалите и бумбите,
Сите браќа ај по мене“.
Осум души побегнаја,
А седум души паднаја.
Ах, не жаљајте другари,
И није по вас ќе дојме
Зарад народски правдини,
Оти овај ропсќи нарот
Не можит веќе да трпит
Како беснит Турчин мрсен.
(пеел: Нанчо Суклев, с. Златари)
21.
ЛАЗАРСКА ПЕСМА
Имат мајка, Зару, мила сина,
Мила сина, Зару, Костадина,
Промени го, Зару, наќити го,
Та купи ми, Зару, стребрен прстен,
Та пушчи го, Зару, на даскалот,
Та дади му, Зару, стребрен дивит,
Да са учит, Зару, бела книга,
Бела книга, Зару, црно писмо;
Та пушчи го, на срет село,
Та дади му, Зару, стол да седит,
Стол да седит, Зару, чаша в‘ рака.
Која мома, Зару ќе бендисат.
Ја бендисал, Зару, поповата,
Поповата, Зару, најмалата.
(Пеела: Веселинка Павлова, с. Болно)
22.
ЛАЗАРСКА ПЕСМА
Овде двори, Зару, метеме,
Овде јунак, Зару, посвршен,
Овде мисља, Зару, да г‘ жена
Ова јесен, Зару, до јесен:
Чекат бела пшеница, Зару,
Чекат вино црвено, Зару,
Чекат љута раќија, Зару.
(Пеела: Олга Трајанова, с. Болно)
23.
Стани, Станќе, стани, пиле,
Сонце та угрело.
Сонце та угрело, Станќе,
Во белото лице.
Стани, Станќе, стани јагне,
Дворој да метиш,
Дворој да метиш, Станќе,
Столој да редиш.
Столој да редиш, Станќе,
Стројници да чекаш:
Стројници ќе дојдат, Станќе,
Многу од далеку.
Многу од далеку, Станќе,
Меѓу три планиње,
Меѓу три планинње, Станќе,
От село големо.
От село големо, Станќе,
Од куќа богата,
От куќа богата, Станќе,
И момче убаво.
(Пеел: Ставре Ѓорѓиев, Ресен)
24.
ДЕСПИНА
„Голема риџа ти чинам, ти ќира Маријо,
И јас те поздравјам,
Да ми дојдиш на визита,
Јас да те пречекам“.
„Јас не можам да ти дојдам, ти ќира Савето,
Таџис не чини се,
Ќе ти ја пратам сестра ми,
Ќира Катерина“.
„Појли горе во одаја, тетко Катерино,
На џамфес миндери,
Ти и благо да си земиш,
Кафе да си пијаш“.
„Јас и благо не ти љубам, и кафе не пијам,
Ти ќира Савето,
Туку ја сакам Деспина
За ќир Ристаќија“.
„Бог да бијат Пармака, Пармак Димитрија,
Димитри чапкунот,
Шчо ве мами три години
И пак не је зеде“.
Ми прикљука на вратниче. Отвори Деспина,
Је баци раката.
Во раката меџидија,
Нишан за Деспина:
„Нишан ти давам Деспино, дан‘ме заборавиш,
Да н‘ме заборавиш,
Поминаја три години,
Ти ме забораи.
Коуку дзвезди на небото, пушќи ќе донесам,
Пушќи ќе донесам,
Деспине ќе ја грабиме,
Ти не ќе је видиш“.
Во саботата на вечер, околу три сатот,
Свирит Караѓуле,
Деспина ми је грабиле,
Мајка је не виде.
(Пеел: К. Миљовски, Ресен)
25.
ДИМАНА
Желна Димана,
Завол Димана,
Ошла Димана
Уров да бери
Уров да бери
Рано в‘недеља.
Ми ја пречека
Ѓупче чергарче,
Ми ја побара
Вода студена.
Желна Димана,
Завол Димана,
Што му даде
Шарено стомне!
Проклето Ѓупче,
Ѓупче чергарче
На ми и зеде
Шарено стомне,
Тук ми ја фати
За десна рака
И ми ја фрли
На брза коња,
Та ја однесе
От село в‘село
От село в‘село,
Во ѓупско село.
Па ми ја кладе
Дења на сонце,
Дења на сонце,
Ношја на чадо!
Желна Димана,
Завол Димана,
Што ми поцрна
Појќе од Ѓупка,
Па ми ја пушти
Леп да му пита.
Желна Димана,
Завол Димана,
Ошла Димана
Леп да ми пита,
Леп да ми пита
От село в‘село,
От село в‘село
До нејно село.
Не ми ја позна
Нејната мајка!
Желна Димана,
Завол Димана!
(Пеел: Р. Анѓелов, с. Д. Дупени)
26.
Ајде, зајде сонце, сонце зајде, нане мори,
Ајде, зајде сонце меѓу две планиње.
Ајде, во планиње, во планиње, нане мори,
Ајде, во планиње зелена ливада.
Ајде, во ливада, во ливада, нане мори,
Ајде, во ливада два бели чадари,
Ајде, во чадари, во чадари, нане мори,
Ајде, во чадари Богдан болен лежит.
Ајде, питајте го, питајте го, нане мори,
Ајде, питајте го одошчо е болен.
Ајде, ми го болит, ми го болит, нане мори,
Ајде, ми го болит запче срманлија.
Ајде, викајте го, викајте го, нане мори,
Ајде, викајте го Лазо берберчето.
Ајде, да си земит, да си земит, нане мори,
Ајде, да си земит клешчи бурманлии,
Ајде, да извадит, да извадит, нане мори, 
Ајде, да извадит запче срманлија.
Ајде, питајте го, питајте го, нане мори,
Ајде, питајте го колку пари сакат.
Ајде, тој побара, тој побара, нане мори,
Ајде, то побара сто десет лири.
Ајде, ви му дајте, ви му дајте, нане мори,
Ајде, ви му дајте сто педесет гроша.
(Пеел: Ставре Ѓорѓиев, Ресен)
27.
Андон идит от чаршија,
Аман, аман, от чаршија.
В‘раце носит ал-шамија,
Аман, аман, ипеклија.
Во шамија леблебија,
Аман, аман, леблебија.
Полни рамни џепоите,
Аман, аман, џепоите.
Леблебија бадем-шеќер,
Аман, аман, бадем-шеќер.
Леблебите за момите,
Аман, аман, за момите.
Бадем-шеќер за старите,
Аман, аман, за старите.
(Пеел: Ставре Ѓорѓиев, Ресен)
28.
„Стани ми, Стано,
Стани ми рано!
Мајка ти греди,
Понада носи“.
„И ако греди
Мене ќе реди“.
„Стани ми, Стано,
Стани ми рано!
Сестра ти греди,
Понада носи“.
„И ако греди,
Мене ќе реди“.
(Пеел: Р. Анѓелов, с. Д. Дупени)
29.
Кој имат жена сува, бре џанам,
Кој имат жена сува, еј,
Нему циронка не требит, џанам,
Нему циронка не требит:
Дома си имат циронка.
Кој имат жена дебела, џанам,
Кој имат жена дебела,
Нему пастрма не требит, џанам,
Нему пастрма не требит:
Дома си имат пастрма, џанам,
Дома си имат пастрма.
Кој имат жена висока, џанам,
Кој имат жена висока,
Нему си скала не трбит, џанам,
нему си скала не требит:
Дома си имат скала, бре џанам,
Дома си имат скала, еј.
(Пееле: Даша Шурлежанова, Ресен)
30.
„Пукнало, Санте, треснало,
Шчо рано рани на вода,
Со две стомни шарени,
На таја чешма шарена,
Пот таја сенка широка,
На таја трева Зелена?
Тамо та чекаа беќари,
Стомните ти искршија
И тебе та пољубија“.
„Мајко-ле, мила мајко-ле.
Немој ма земај на душа:
Сама са лизнав та паднаф,
Стомните ми се скршија“.
„Пукнло, Санте, треснало,
Немој ја лажи мајка ти,
Твои друшќи ми казаја:
Беќари та пољубиле,
Стомните ти искршиле.
Пукнало, Санте, треснало,
Немој ја мами мајка ти:
Ти ако љубиш пет мина,
Мајка ти љубит шес‘ мина“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
31.
Са посврши мала Мара.
Мала Мара стогодишна.
Во сабота са посврши,
Во недеља ја зедоја,
Во понеделник дете роди,
Стара свекрва са чудит,
Шчо је ова шчо се стори,
Шчо са роди машко дете.
Млада невеста је рече:
„Ај ти, стара, ти свекрво,
Ти са чудиш заш‘ са роди,
Јас са чуда: заш‘ не оди,
То си имат сто таткои,
Со сина ти сто и еден:
От Ботола - поп Никола,
В‘ Оризари - пет козари,
От Бучишча - три кучишча,
От Могила - мавни вила,
От Тутуша - све  до душа“.
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)
32.
„Кој ми та, Мито кој ми та,
Кој ми та сношчи укаса?“
„Бога ми, мајко, душа ми,
Темница беше, не видоф“.
„Пукнала, Мито, треснала,
Немој ја мами мајка ти:
Ти ако љубиш пет мина,
Мајка ти љубит шес‘ мина.
Да не ми беше Ѓорѓија
Со широката кошуња“. 
(Пеел: Никола Низамов, с. Јанковец)

Copyright ©. Гоце Митревски. mitrevski@pelister.org