Јас сум Professor Emeritus на Катедрата за странски јазици на универзитетот Аубурн (Auburn University) во Алабама, САД. Во Аубурн предавав од 1983-та година. Роден сум во селото Подмочани, Преспа, каде завршив осмо одделение пред да се преселам во Америка во 1966-та година
Дипломирав Славистика на универзитетот Стони Брук (Stony Brook) во државата Њујорк. Магистрирав и докторирав на Државниот универзитет Охајо (Ohio State University) во државата Охајо. На универзитетот Аубурн предавав Руски јазик, литература и култура, и светска книжевност на Катедрата за англиски јазик. Освен на овој универзитет имам предавано на Државниот универзитет Охајо и на Универзитот Илиноиз (University of Illinois - Urbana).
Во учебната 2009-2010 година предавав како Fulbright Teaching Fellow на Педагошки факултет во Битола и на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид. На овие факултети организирав предмети Техничка комуникација (Technical Communication), Англиска книжевност од Средниот век до Просветителството, Англиска книжевност од Романтизмот до сегашно време, и Елизабетска драма. Овие предмети исто ги предавав преку далечинско учење (online distance learning). Во учебната 1996-1997 година бев визитинг професор на Катедрата за англиски јазик на Филолошки факултет во Скопје.
Моите сегашни истражувања се од македонската книжевност, лингвистика и фолклор, компјутерска лингвистика и корпусна лингвистика. Имам собрано и организирано десетици архиви од македонската книжевност, фолклор, средновековна книжевност и искуство.