Блаже Конески. Поезија
"Гулаби"

Содржина
Гулаби

Пред старата катедрала. Сонце. На англиската 
трева, на патеките, сонце што го открива виолетниот 
прелив на гушките од гулабите.
     Прва сцена: детенце (девојченце — одвај пропаткано) 
сака да ги фати гулабите. Го знае можеби 
само зборот „па-па-па-па".
     Втора сцена: привлечена од тоа, жена (до скоро 
можела самата да биде наречена rулаб) сака да 
го сними девојченцето со гулабите, но или тоа се 
истава или гулабите подлетнуваат потака. Жената 
резигнира.
     Трета сцена: човек, навлезен во средовечните 
години, (за да и помогне на жената) вади трошки 
од џебот и им ги фрла на гулабите да се соберат. 
Тие се збираат во шарена лепеза. Но жената не го 
разбира неговиот гест, а тој не се осмелува да и 
се обрати.
     Опис на гулабите: тие се сите подеднакво убави, 
тие сите красно гукаат, тие подеднакво си ја 
делат љубовта.
     Завршна слика: ненадеен удар на камбаните 
на катедралата. Гулабите како пo знак летнуваат 
в небо: нека се задржи само оној одблесок на 
сон цето по работ на нивните раширени крила.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org