Блаже Конески. Поезија
"Игранка"

Содржина
Игранка

Неколку млади вити тела
што вредат колку вечност цела,
повелба тајно што се слуша
со темен звук се јави в душа,
во една кална нoќ ме гони
во која дождот капки рони,
во ноќта кална да се скитам
само да итам, итам, итам,
за прослава на крвта млада
да има некој и да страда.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org