Блаже Конески. Поезија
"Закопна песна"

Содржина
Закопна песна

Старице, збоrум! ... Ти една мене 
цел живот дете ме познаше ... 
Таговно сега клепало клепа, 
носилка трга низ село наше.

Нема да дојдам, не пуштив солза, не ми е жал 
ден за ден така не скрија дните ...
А еднаш од тебе, дете оџарено, пупунче мало, 
чув прва сказна за пупунците.

Збогум! Почини в сурова земја ... 
Не ќe ce штрекнеш нoќe од тага, 
ни вик ќe чуеш, ниту ќe видиш 
крвава рана на синова снага ...

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org