Блаже Конески. Поезија
"Камбани"

Содржина
Камбани

Попусто ближен бараше
срцето желно, прежелно .. . 
Самотник одам некаде
заслушан в темен шум.

Срамотно му е некому
еденздруг да се смислиме,
еден за друг да најдеме
најискрен, добор збор.

Загина сешто невратно,
самотно што сум сонувал — 
остана само навреда, 
на срце горок жал.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org