Блаже Конески. Поезија
"Ангелот на Света Софија"

Содржина
Ангелот на Света Софија

Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
- о сине тих на мисла сина –
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и - утеха од дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќe се згаси.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org