Блаже Конески. Поезија
"Икона"

Содржина
Икона

Ти немај зазор од мојве очи
кога те следат со тажна верност:
тие се скромни зографи само
тие се мајстори кротки од Гари
во чудно дело внесени сосем:
тие ти коват позлатен опков
околу твојата света лика.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org