Блаже Конески. Поезија
"Бегство"

Содржина
Бегство

Кај што си ти - ми нема среќа,
сум темно жеден да те гледам,
сум горко морен да те следам.
О таа штура, штура близост!
Јас минам низ град, лутам в поле,
јас барам тивко и скришно место.
Но таму стои трепетлика
со молскав трепет на твојте плeќu,
пак пред тебе сум јас темно морен,
сум пред тебе - ми нема среќа.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org