Блаже Конески. Поезија
"Бдеење"

Содржина
Бдеење

Мртвило. Синот го нема.
Чувај го, боже, од лошо!
Beќe да згасне се спрема
ламбата кутра во ќошот.

И подзамижува бледа.
Поблизу сенка се мотка.
Мајката молкум ја гледа
нејната насмевка кротка.

Во овој поглед што гасне
полека, меко од сонот,
в зеница морна а јасна
очите мајчини тонат.

И часум сета ја грее
некаква утеха жална,
како да овдека не е,
некаде в далнина дална.

Како да стравот го снема,
маката слабее, мине.
Излези надвор во тремот,
срети го, речи му: сине!

3аспива таа. Без укор
тоне во тишина мека.
Но надвор изгрме пукот,
стресена од сон се штрека.

Сурова година страдна.
Рацете врзани назад.
Кој ли во ноќва падна?
Туѓинци градов го газат.

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org