Блаже Конески. Поезија
"Бура"

Содржина
Бура

Колку ненадно иде бурата.
В поле се мрачи, разлава ветар буен.
Демнеме. Сега прва молна ќe светне,
во нас ќe запали силен гнев.
Грмовни тонови, груби, искинати,
и настрвени како душите што ни се
дека во крвје тонеме.
А дали ќe можеш и тивка песна да зачуеш,
како цвет на гради стиснат,
сон, оти смевнато девојче ќe видиш,
како човечкото во тебе да плаче -
дали ќе можеш?

Copyright ©. George Mitrevski. mitrevski@pelister.org