Macedonian Erotic Folk Songs from Veles

Selections from the collection Veleski mrsni pesni, edited by Nikifor Smilevski.


Велешки мрсни песни

1.
Сива, сива галабица
Каде си се осивила?
Таму горе на небото.
Што правеше дедо Господ?
Си правеше златни чаши.
К'нали, к'нали.
Утре е божиќ
Ќе јадеме свинско месо,
Ќе пиеме рујно вино.
Кој го има ќе го тучи,
Кој го нема ќе го бричи.

2.
Печи, печи сирење,
На врба му корење
Чур пичка мириса,
Летна пичка да бега.
Оди моме друмови,
Ја сретнале дрвари:
Ој, мори пичко крваво
Каде ќе се криеме,
Под бога сенице,
Стамбол седеше,
Бела книга пишеше,
Пичката си ја бришеше.

3.
Пара пере пиздулка,
Мице гледа низ дупка.
Дај ми Паро пиздулка,
Куров да си сладам.

Иди мице у курац
Пичка ми е таксана.
Ако ти е таксана,
Не ти е потрошена.
Паро ле севдо, севдо ле Паро
Куров ми го изгоре.

Седи Паро на диван
Прчи нозе на таван,
Да го бутнам куров мој,
Да го видам господ твој.
Паро ле, севдо ле, севдо ле Паро ле
Куров ми го изгоре.

4.
Матен Вардар дотече,
Сандак пички довлече.
Сите беа стрижени.
Само една не беше,
И таа се ебеше.

5.
Коледица вртулица
Врти пичка на полица.

6.
Пали огин, греј се,
Гледај пичка, смеј се.

7.
Крц, крц лубеница
На Јанкова воденица.
Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше.
Две жени го гледаа,
Гологлави бегаа.
Одоздола идат три жени,
Со пичките острижени.
Јанковица викна,
Јанко и го пикна.

8.
Дан дун дудуле,
Летна моме на куре.
Стропаја ѕвонците,
Се исплашија момците.
летнаа у избата,
И го чукнаа у пиздата.

9.
Одоздола иде пајтонче,
У пајатонче три жени,
Со пичките стрижени.
Една пичка пет ока,
Со козина шест ока.

10.
Отиде Цанда на гости,
На гости кај тетка и.
На гости кај тетка и,
На лупење клавчиња.
Лупеле што лупеле,
Легнале па заспале.
Тетко ли жити тетина,
Запали ја ламбата.
Запали ја ламбата,
Да видам кој беше,
Тој што ме мене пофана.
Тој што ме мене пофана,
За нога за коленото.
За нога за коленото,
Погоре кај дебелото.
Погоре кај дебелото,
Таму кај сеченото.

11.
Одоздола иде поп Ѓошо
Напрчил куриште
Како некое зурлиште
И на моми говори:
Ој, мори моми цицлести
Што сте толку пичлести.

12.
Баба оди по Бабуна боса,
боооса.
Ја апнала за пичката ооса,
ооса.
Дури дедо дотрча,
На баба и отече.
На дедо му рипна,
На баба и го пикна.

13.
Маре, мори Маре,
Блазе си на мајка ти,
Што ја ебал татко ти,
Да те роди тебе,
Да ми дадеш мене.
Коледе.

14.
Дедо оди на пазар,
Качил курот на самар.
Баба оди по него,
Дај ми дедо од него.

15.
Ој, мори бабо грбава,
Шо имаш ќерка убава.
Дај ми ја мене,
Шо ќе ти е тебе.
Ќе ја носам на Солун,
Ќе и купам вруќ сомун.
Ќе ми пасе козите,
Ќе и прчам нозите.

16.
Збирај те се деца,
Да збираме буки, елки,
Да ебеме учителки,
Да збираме астали,
Да ебеме даскали.

17.
Дедо оди на орање,
Повел баба на ебање.
Видел едно врапче,
Врапчето пеело:
Дан-дун,
Стар кур,
Стара пичка,
Вештеричка,
Младо пиче
Еребиче.

18.
Сонцето зајде,
Курот пичка најде.
Пичка вели: болна сум!
Курот вели: доктор сум.