Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

| Напред | Крај
Пословица Број
10523
А ага и чалма не бива. 6631
А ага и чалма не може, прво ага после чалма. 8675
А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам. 9478
А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија. 8676
А јагнето блејт, а цицат. 9537
А легнала а заспала. 10128
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето. 2
А царица а магарица епи си бир. 10129
Ај без пари си бил, ај без ум си бил. 3
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е. 4
Ај нему си му зборвал, ај на дрво. 5
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит. 6
Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор. 7
Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик. 8
Ајдук земја не отима. 6632
Ајдукот ајдук фаќа. 10130
Ајдутин од ајдутин се плашит. 9
Ајдутин, ајдутин фашча. 6633
Ак'л ми не даве, пари ми дај. 6634
Ак'л ни за две пари. 6635
Ак'ло му гледе, та му капа крој. 6636
Ак'ло сос пари не се купува, ами се печали. 6637
Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал. 40
Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше. 41
Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив. 42
Ако арно прајме, арно ќе остајме. 10
Ако баба биде моме, понапред дедо ќе биде ергенин. 8678
Ако баба лаже, трап не лаже. 6638
Ако бабата е умрела, лажите не е однела. 6639
Ако бараш беља, лесно ќе си ја најдеш. 10131
Ако бегаш од арно, че паднеш на зло. 8679
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше. 11
Ако беше добро да се има брат, и Господ ќе имаше. 10132
Ако би змија да е, ама од срце да е. 10133
Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам. 6640
Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам. 8680
Ако бидеш мост, секој ќе те газе. 8681
Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат. 12
Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си. 8682
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере. 6641
Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша. 13
Ако газот лаже, лицето не лаже. 10134
Ако го ватиш пријател камилџијата, брго прај ја повисоко портата. 9638
Ако го гледаш с едното око, он ќе те гледа и сос двете. 6642
Ако го менал рувото, ама табиетот не. 14
Ако го мразиш детето, поштеди го од стапче. 10135
Ако го мрса ножот да го мрса на крмник, а не на заек. 8683
Ако го најш попот, ќе је најш и попаѓата. 15
Ако го пуштиш под кревет, ќе ти се качи на кревет. 9639
Ако го пушчиш под одаро, ќе се качи на одаро. 6643
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата. 16
Ако гости примаш и чес ќе имаш. 9576
Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав. 3992
Ако даваш и ќе земаш. 10136
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата. 3993
Ако даиш со раце, ќе го бараш со нозе. 3994
Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт. 17
Ако дојде ти да прогориш, та тој. 18
Ако е ајнаџија, не е аџија. 6644
Ако е арен, одведи си го дома. 6645
Ако е аџија, ама да не ет ајнаџија. 3995
Ако е баба умрела, лажите не ги однела. 10137
Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?! 8684
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело. 19
Ако е директор, не е бог. 6646
Ако е добар косачот и косата е добра. 10138
Ако е за фајде, доста е. 20
Ако е за џабе и киселината е убава за пиење. 10139
Ако е зет, не е и магаре. 10140
Ако е изеден зелнико, тепцијата стои. 8685
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет. 21
Ако е јунак, нека излезит на мегдан. 22
Ако е колиба - наша е. 23
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба. 3996
Ако е кус денот, дълга е годината. 24
Ако е куска нека е нова. 8686
Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица. 3997
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет. 25
Ако е мома, нека си седи дома. 6647
Ако е мрсно, нека е свинско. 6648
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит. 26
Ако е налутен, кој му е втесен. 3998
Ако е некој будала, не биди му другар. 27
Ако е некој будала, не прави се и ти. 10141
Ако е некој магаре, секој ќе го јава. 10142
Ако е некој улав, не биди му другар. 3999
Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко. 28
Ако е оцедо без пари, он е посладок и од медо. 9640
Ако е Петко ќор, децата му се опулени. 29
Ако е пишано не може да се распише. 10090
Ако е пишано, да се отпише. 10143
Ако е познавач, нека познава за себе, а не за друг. 6649
Ако е празна торбата, ќе биде празно и вашето водениче. 10091
Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие. 6650
Ако е речено, да се одречи. 10144
Ако е свинско, нека е дебело. 8687
Ако е секој господин, не ќе има кој да работи. 10145
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде. 6651
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит. 30
Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце. 6652
Ако е стар, не ќе му го вариш месото. 31
Ако е тесно, ама нека е бесно. 4000
Ако е тесно, не е бесно. 6654
Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил. 6653
Ако е цар, не е господ. 32
Ако е цар, не носит две глај. 33
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав. 34
Ако е чича ти кум, ти ќе си старек. 6655
Ако е човек кус на панталони, ќе му и наддадеш, ама ако е кус на ак'ло, не мож да му додадеш. 6656
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав. 4001
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце. 4002
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш. 4003
Ако е чорбаџија, не е господ. 6657
Ако еден будала фрлат камен в бунар, сто паметни не можат да го извадат. 9641
Ако еден петел не пропее, пак ќе се раздени. 10146
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш. 35
Ако зелќи не донесох, баре земја видох. 6658
Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит со опашката. 36
Ако зимата не къснит, ќе клоцнит. 37
Ако зинит, ќе те гълтнит. 38
Ако знеш да играш фати се на оро. 8688
Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме. 39
Ако и газиш на змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат. 9642
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа. 4004
Ако и слушаше Господ кучињата, пастрма ќе врнеше. 9643
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата. 43
Ако има в кацата, ќе има и в тавата. 6661
Ако има вадеж, ќе има и јадеж. 6659
Ако има век, ќе има и лек. 6660
Ако има масло, и папрата манџа бидуат. 4006
Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде. 4007
Ако има ув гуша, има и душа. 8689
Ако имав среќа, не ќе бев сиромав. 10147
Ако имам со што, немам во што. 10122
Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата. 44
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек. 45
Ако имат некаде поарно, викај ме и мене. 9644
Ако имате вештачки вилици, не покажувајте ги забите. 10148
Ако имаш верни пријатели, ќе имаш и пари. 4008
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп. 46
Ако имаш вуќа владика, ќе станеш поп. 6662
Ако имаш касмет, ќе имаш и бериќет. 10149
Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет. 49
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина. 47
Ако имаш маша, не ваќај го огно со рака. 4009
Ако имаш маша, не гори ги си рацете. 10150
Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка. 48
Ако имаш ногу пари, фати се ќефил, а ако немаш работа, оди за сведок. 6663
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши дури е брго, оставај. 4010
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши, дури е брго, оставај. 4011
Ако имаше Иглика касмет, ќе земеше владика. 8690
Ако искаш да остарееш купи си овци. 8691
Ако ја згазиш змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат. 4013
Ако ја менал капата, не си го менал умот. 50
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен. 4015
Ако је мома, нека си седи дома. 8692
Ако је служиш на парата, си најсиромав. 51
Ако коза лаже, рог не лаже. 10151
Ако козата мами, рогот не мами. 10152
Ако кучката не ја крене опашката, кучињата не одат по неа. 10153
Ако лагата осамне, мракот не ја чека. 10154
Ако лаже, тој и краде. 10155
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија. 52
Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него. 53
Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна. 54
Ако ме мъме, те мъмам. 55
Ако ме неќат стреде во рај, нека ме сакаат на крај. 4016
Ако мелеш, ќе месиш. 6665
Ако месечината не огрее, и од ѕвездите нема фајда. 6666
Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите. 56
Ако ми биеш сенката, кога не ми биеш снагата. 4017
Ако ми бркнеш в очите, ќе ти бркна и јас. 6667
Ако ми газиш на стапалките, на ксметот не можеш. 10156
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката. 4018
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата. 4019
Ако ми е крив оџако, кога ми излегуа напрао чадот. 4020
Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш. 57
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам. 58
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет. 59
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа. 60
Ако ми попредиш, ќе ти поткам. 61
Ако ми стапнеш на стапката, касмето не мож да ми настапиш. 6670
Ако ми ти е мила, нека ми ти е жива. 10093
Ако мирно седела, не би чудо видела. 6668
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај. 6669
Ако мислиш оти просото ќе го исколфаа пилишчата, не го сеј. 8693
Ако можеш да правиш добро, не прави лошо. 8694
Ако можеш да трпиш, ко Бог ќе си поминиш. 8695
Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш. 62
Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката. 63
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината. 4021
Ако му дадеш педа, ќе ти бара цел аршин. 9645
Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето. 9646
Ако му е дујден часут - ки умре. 8696
Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре. 8697
Ако му е цорно лицето, бело му е сорцето. 10157
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата. 4022
Ако му мислиш лошо на братот, ќе ти дојт на вратот. 10158
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено. 6671
Ако на еден не му се стемни, на друг нема да му осамне. 10092
Ако на магарето не може да удре, на самаро ќе удре. 9647
Ако на младост ништо не си собирал, на старост ништо нема да најдеш. 9648
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене. 6672
Ако направиш манастир, тури му и врата. 6673
Ако научиш да плачеш, ќе знаеш и како да се смееш. 9649
Ако не 'и арџеше чоек парите што 'и вадеше, калдрма од нив ќе напраеше. 4027
Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата. 4023
Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја. 64
Ако не биде сос молба, ќе биде сос борба. 6674
Ако не вервиш, оди број. 65
Ако не во тиква, нека е во црпка. 4024
Ако не врни, барем нека капи. 4025
Ако не врнит, барем ќе капит. 8698
Ако не врнит, ќе капит. 66
Ако не дајш труд, ќе јадиш леб и лук. 9580
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але. 67
Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш. 68
Ако не е лажа, верно е. 6675
Ако не жнееш, нема да вееш. 6676
Ако не заврне дожд, нека падне и град. 9579
Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја. 4026
Ако не знае на гајда, ти дај му тапан. 10159
Ако не знаеш да лажеш, немој ни да крадеш. 6677
Ако не знаеш на попадија да бркнеш под фустата, ќе бркнеш на попо вов гашчите. 6678
Ако не знаеш шчо е убаво, пите шчо е скапо. 6679
Ако не знаеш, немој да се каеш. 9584
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш. 69
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов. 4028
Ако не ми беа очиве да видам, можеше и да се излажам. 4029
Ако не ми помогвиш, не одмогви ми. 70
Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се. 4030
Ако не ми шиеш, не парај ми. 10160
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш. 8699
Ако не можеш еден оѓин да изгасиш, не го ни разгоруве. 6684
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит. 4031
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен. 71
Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка. 72
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш. 73
Ако не му беше носон, трева ќе пасеше. 74
Ако не носиш старо, и ново нема да носиш. 6685
Ако не ојш кај лекарот, ќе ојш кај попот. 10161
Ако не остане, нема да стигне. 6686
Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат. 8700
Ако не прднеш, не смрди. 10162
Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци. 6687
Ако не раниш пцета, ќе раниш в'ци. 6688
Ако не расипеше, неќе да научеше. 6689
Ако не се истури, не мож да се нап'ни. 6690
Ако не се учит, не мојт да се научит. 75
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот. 8701
Ако не си за себе, за друг ич не си. 10163
Ако не си и отвараш, друг ќе ти и отвори. 6691
Ако не си со мене, си против мене. 10094
Ако не спотнеш, нема и што да голтнеш. 9582
Ако не стапиш вов оѓине, неќеш да се изгориш. 6692
Ако не сум личен, сум чесен. 76
Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш. 77
Ако не тече, барем да капе. 6693
Ако не трапаш, не лапаш. 8702
Ако не трга оџакот, ќе трга домаќинката. 10164
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит. 78
Ако не умре у краставици, ќе умре у тикви. 9650
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него. 79
Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него. 80
Ако некој те гледа со едно око, ти гледај го со две. 10165
Ако некоја овца се деле од булукот, неа волкот ќе ја изеде. 10166
Ако нема дрва, оѓине не гори. 6680
Ако нема јадеж, не требаше и вадеж. 4033
Ако нема момица, арна е и довица. 6681
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено. 4034
Ако нема прашување, нема ни кажување. 10167
Ако немат мрша, не се берет галој. 81
Ако немаш вов главата, ќе имаш вов петите. 6682
Ако немаш пари, и жената не те чести. 4035
Ако немаш пари, не барај од стари. 9577
Ако немаш, ќе те кудат, ако имаш, ќе ти завидуваат. 10168
Ако немаше тевнина, немаше да се милува виделина. 6683
Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила. 82
Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината. 4036
Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа. 4037
Ако нешто велиш, не одвелувај. 10169
Ако нешто не почнеш, не можеш да завршиш. 10170
Ако нешчо не разбираш, остај го. 83
Ако ни го јаде месото, ќе ни ги остави коските. 8703
Ако ногу знаеш, ќе те тепаа. 6695
Ако ногу знаеш, ногу ќе знаеш. 6694
Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек. 6696
Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал. 8704
Ако од секое дрво бива сворче, од мое куре кавал. 6697
Ако од секое дрво свирче се правеше, од магарешкиот кур сурла ќе бидеше. 8649
Ако оиш по мува ќе те занесит на лајно. 8705
Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш. 84
Ако оставиш брада, ќе си купиш брич. 10171
Ако оџако не тегли, ти ќе теглиш. 6698
Ако оџакот е крив, чадот ојт прау. 85
Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена. 4038
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам. 4039
Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам. 4040
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена. 86
Ако падниш, падни од мъж, а не од жена. 87
Ако палтото е мусо, само да не е кусо. 9578
Ако пестиш, работиш и учиш, ќе имаш, ќе вредиш и ќе можеш. 6699
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо. 4041
Ако пиеш, умот да не си го пиеш. 8706
Ако пијам, за мој пари пијам. 88
Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите. 8707
Ако поможиш, ќе ти поможет. 89
Ако посадиш, ќе копаш. 6700
Ако посееш, ќе жниеш. 6701
Ако правдата не помогнува, кривдата не може. 10172
Ако правината не ни поможи, зер кривината ќе ни поможит. 4042
Ако правиш манастир, тури му и врата. 6702
Ако праината не поможит, кривината никогаш. 90
Ако прднеш, ќе речат посрал си се. 6703
Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот. 8579
Ако работиш, ќе јадеш. 6704
Ако реков, дупка на небо не се отвори. 91
Ако реков, не пресеков. 92
Ако рекол господ, да одречит. 93
Ако рекох, не отсекох. 6705
Ако сака Господ, се ќе биде. 10173
Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам. 4043
Ако сака камено, нека пука од горештина, јас ќе траам. 4044
Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика. 8617
Ако сакаш да го отепаат некој пес, речи оти е од бес. 4045
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш. 94
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го. 95
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец. 96
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него. 97
Ако сам рекол, не сам отсекол. 8708
Ако сам селјак, не сам акмак. 6706
Ако сам црн, не сам Циганин. 6707
Ако се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше. 4046
Ако се боеше дедо од прахците, момпир не ќе да садеше. 6708
Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш. 4047
Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш. 4048
Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани. 4049
Ако се вардиш и Господ ќе те варди. 10174
Ако се забаит, ама да не се забораит. 4050
Ако се изгоре на млекото ќе дува и на потквасо. 8709
Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит. 98
Ако се јадеше, не ќе висеше. 99
Ако се лути нека се собуе. 8710
Ако се лути, брго ќе се одлути. 4051
Ако се лути, нека го лупи. 4052
Ако се лути, нека се напие троа киселина и ќе се одлути. 4053
Ако се мрсиш, омрси се сос сирење, а не сос урда. 6709
Ако се налути сам, сам ќе се одлути. 4054
Ако се налути, бестрага нека ватит. 4055
Ако се направиш овца, секој ќе те стриже. 6710
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш. 4056
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено. 4057
Ако се плаша од снего, нема да зазима. 6711
Ако се плашам од бијол, не и од лепешката. 100
Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо. 101
Ако се плаши орачот од врапците не сее просо. 8711
Ако се правиш овца секој ќе те стриже. 10175
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар. 102
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет. 103
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит. 4058
Ако се страмиш остани си гладен. 8712
Ако си биеш жената, биеш си главата. 6712
Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат. 6713
Ако си богат, не значи дека си Бог. 10176
Ако си богат, секому си крив. 10177
Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе. 104
Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит. 105
Ако си кељав, не седи гологлав. 4059
Ако си лоша мома, седи си дома. 9587
Ако си мед, и глувците ќе те јадат. 6714
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед. 8713
Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер. 6715
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато? 4060
Ако си мома, седи си дома. 4061
Ако си мост, секој ќе те газит. 106
Ако си мост, секој преку тебе ќе врвит. 9651
Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме. 107
Ако си нема немачка, не си слепа слепачка. 108
Ако си овца волците ќе те најдат. 8640
Ако си овца, секој ќе те стрижит. 109
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата. 110
Ако си помагаме еден други, и Господ ќе ни поможит. 4062
Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит. 111
Ако си посеал, ќе пожнеш. 9652
Ако си постелиш, ќе легниш. 112
Ако си сиромав, барем не биди мрсулав. 4063
Ако си сиромав, не биди мрсуљав. 113
Ако си сиромав, не токми се со богат. 4064
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет. 114
Ако слушаш ќе те слушаат. 8714
Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри. 115
Ако сме денес утре не сме. 8715
Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле. 116
Ако снема чавки, ќе снема и кокошки. 4065
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи. 6716
Ако срцето за љубов ти збори, не дај му да гори. 9588
Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот. 117
Ако сум остарел, кумот не остарел. 10178
Ако сум парталав, сум чесен. 118
Ако сум помак, не сум авмак. 119
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум. 120
Ако сум ти жена, не сум ти робинка. 121
Ако сум црн, не сум Еѓуптин. 122
Ако те боли забот, не седи под дабот. 9581
Ако те лажам да не осунам. 8716
Ако те неќат в кашчи, плевната гас дава за тебе. 6717
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос. 4066
Ако ти даваа, зимај. 6718
Ако ти дадох кравата, не ти дадох и Черлија. 6719
Ако ти е арен комшијата, арен ти е и живото. 6720
Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата. 4067
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина. 4068
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба. 4069
Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото. 123
Ако ти е мъка, држи си го в ръка. 124
Ако ти е пријатело мед или шеќер, не јади го сиот. 4070
Ако ти е слаб ума, да ти е јак грба. 9653
Ако ти е тебе мило, мене не ми е. 125
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот. 126
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат. 4071
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село. 127
Ако ти ме гледаш с едното, јас тебе и сос двете. 6721
Ако ти ме гледаш со едното око, јас ќе те гледам со двете. 4072
Ако ти на смеја си се женил, јас на смеја не сум се омъжила. 128
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата. 8717
Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана. 129
Ако ти се фатит за пола, ќини ја полата. 130
Ако ти фали капа можу да ти купу, ама ако ти фали акл е тој не можу. 10078
Ако тис не се почешеш, друг ќе те дрпне. 6722
Ако трапаш, ќе имаш и да лапаш. 9583
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш. 131
Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата. 132
Ако трпиш, ко бег ќе живејш. 133
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам. 9585
Ако умрам зер векот ќе го сотрам. 9654
Ако умрам, зер векот ќе го сотрам. 4073
Ако умрам, сонцето пак ќе грее. 10179
Ако фатиш богати пријатели, подготви повеќе трошоци. 4074
Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе. 8616
Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит. 134
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог. 4075
Акот на Ѓурговден. 135
Акот на стопанот. 136
Акот си оит у стопанот. 4076
Ак’л с’пари не се купува. 8677
Ал да имаш, ал да немаш. 137
Ал има тој, што ја нема. 4077
Ал на бојаџи. 138
Ал со жена, ал без жена. 4078
Ал со неја , ал без неја. 139
Ал чвек да имат, ал да немат. 140
Алал да ти е ко млеко мајчино. 141
Алал да ти е млекото мајчино. 142
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит. 4079
Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов. 143
Алашвереш да немаш со секого. 10180
Алвата е слатка и без леб. 6723
Алваџија за бозаџија. 6724
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам. 145
Али млад жени се, али млад калугери се. 146
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата. 4080
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба. 4081
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани? 147
Алија на мевот, Салија капа му крое. 8718
Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи. 4082
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав. 4083
Аловито — вековито. 6725
Алчното око по богатство трча. 10181
Амин, господи, ама ногу е. 6726
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче. 6664
Ана барат мана. 148
Ангел со опашка. 149
Анѓел со рогој. 150
Анѓелино, парај колче: ноќе везиш, дење параш. 4084
Анета преде, а Павле меле. 6727
Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет. 151
Апетитот е скриен под забите. 10182
Апсаана куќа необична. 4085
Апсаана куќа сиромашка. 4086
Арам дошло, арам пошло. 10183
Арам дупка не знаит. 4087
Арам му носија, алал му јадење. 6728
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода. 4089
Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса. 4088
Арам стока спечалена, не оди до три појаса. 10184
Арамија арамија ваќа. 8719
Арамија од арамија не се страмуа. 4090
Арамија од арамија разлика има. 4091
Арамија со арамија си живуа и на заем си дава. 4092
Арамија со скорни низ чаршија оди. 4093
Арамија таткото, арамија и сино. 4094
Арамијата арамија ваќа. 4095
Арамијата и ноќе гледа, ама и од сенката се плаши. 4096
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава. 4097
Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види. 4098
Арамијата сеедно кради, а богат или тргоец не можи да биди. 4099
Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес. 152
Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град. 153
Арамја да си со умот, а не со ръката. 154
Арамја од арамја ферк имат. 155
Арамја со скорни. 156
Арамјата арамја фашчат. 157
Арамјата е бериќетлија колку барутот. 158
Арамјата ја влечкат фортомата по себе. 159
Арамјата ја клал глата в торба. 160
Арамот секогаш си е арам. 161
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит. 162
Аргатот е болен, кога денот е голем. 9586
Аргатсќи пари като ковачќи ваглење. 6729
Аргацки пари — коачки јаглење. 4100
Арен ак'л, ама малку пари чини. 6730
Арен бијол, само рогојте му се кусо. 163
Арен глас — златен појас. 164
Арен грб не се плаши од самаре. 6731
Арен е господ шчо не го држит. 165
Арен е господ шчо не трпи. 6732
Арен збор — златен кључ. 166
Арен јунак со добра дружина. 167
Арен комшија и од брат поголема фара. 168
Арен кон и под парлав чул се познава. 6733
Арен маж на збор не стоит. 4101
Арен оѓин — пофална жена. 6734
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена. 6735
Арен си, арен ти камен на главата. 6736
Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот. 4102
Арен ти камен на главата. 6737
Арен човек арно не вижџа. 6738
Арижај ми, брате, това шчо не може. 6739
Арјанот му е влезен. 169
Арна дума железни порти отвара. 6740
Арна капа — лоша глава. 6742
Арна капа, ама лоша глава. 8720
Арна ќуљафка му скроиле. 170
Арна ле ти е жената, свадба не ти требе. 6741
Арна мома рода нема. 6743
Арна пролет — трева до глушчови колена. 6744
Арна стока сама се познава. 6745
Арната дума стига далеко, а лошата ошче подалеко. 6746
Арната жена ет од Бога блаосовна. 4103
Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен. 171
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат. 172
Арната работа се забат. 173
Арната реч царската порта ја отварат. 4104
Арната стока сама се продава. 4105
Арната стока сама се продат. 174
Арната стока секи пат си чини парата. 9655
Арната стока секипат си чини парата. 4106
Арнаутче знаит и друго патче. 4107
Арни пријателје и од братја са помили. 6751
Арние ага и двата вола поткарува. 6747
Арние ден се познава по ѕаранта. 6748
Арние јунак дома не си умира. 6749
Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино. 6750
Арнијт ден са познаве от ѕастрата. 8721
Арниот збор железна врата отворат. 175
Арниот збор и царска врата отворат. 176
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку 177
Арниот јунак дома не умират. 178
Арниот јунак со дружина голема. 4109
Арниот којн арен тоар носит. 8722
Арниот коњ алал јади раната. 4110
Арниот коњ и под лош мутав се познаат. 4111
Арниот коњ стопана си од лошо го куртулисуат. 4112
Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит. 4113
Арните круши свињи 'и јадет. 180
Арните круши свињите и јадат. 4114
Арните рабоке по кротко се прает. 181
Арно братство, помило од богатство. 182
Арно ѓубре — арен дом. 6752
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава. 4115
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава. 8724
Арно е се да знаеш, ама не требе се да приш. 6753
Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш. 4116
Арно јади, ама и арно работи. 6754
Арно каче — ама тече. 6756
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел. 184
Арно, лошо — врашча од маала. 6755
Арното лето се познава по пролетта, арние ден по ѕаранта. 6757
Арното на огниште, стоката на буниште. 4118
Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око. 4119
Арното секој го валит, ама секој не го држит. 4120
Арното секој го фали, ама секој не го држи. 6758
Арното секој го фалит, ама секој не го прајт. 185
Арното семе арен род дава. 10185
Арното си е секаде арно, а лошото — секаде лошо. 6759
Арс'з човек сам се окажува. 6760
Арсланицата едно рожџат, ама арслан. 186
Асмалакот трае и до сто години. 10186
Атерџика мома - мев до заби. 8585
Атоите кога се клоцаат, магарињата одеваат. 4121
Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат. 4122
Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците. 187
Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш. 6762
Ах за челад, оф за челад. 3989
Ах за чељад, оф од чељад. 188
Аха, куга си вида тило. 6761
Аџија лаж — ѓаол со опашка. 4123
Баата гледаш, биволо не гледаш. 6763
Баба баи, устата је зјаи. 4124
Баба да ти бае, да ти по неа и ја. 4125
Баба дала грош да се фати на оро, а два гроша за да се пушти. 10187
Баба за круши не се лажит. 4126
Баба за круши не се мажи. 8725
Баба куга бае и сос уста знае. 6764
Баба лажи - трап не лажи. 8726
Баба мъмит, трап не мъмит. 189
Баба шимија носи за да скрие бели коси. 6765
Бабата кога бае и со устата зјае. 4127
Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата. 4128
Бавна дума брже оди. 6766
Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна. 6816
Багла бегири за плотот. 190
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш. 4129
Бадијала киселина од мед е послатка. 4130
Бадијала киселина поблага е од мед. 8727
Бадијала киселина, поблага (е) од мед. 10123
Бадијала оди, но бадијала не стои. 10188
Бадијала работи, бадијала не седи. 4131
Бадијалџијата си бара бадијалџија. 9656
Бадјала ќиселина поблага од мед. 193
Бадјала работај, бадјала не седи. 191
Бадјала ручег подувјат. 192
Бало со ѓаол не се играт. 194
Бањата сите и миет, а себеси не можи да се измие. 4132
Бара јазол на ситото. 10189
Бара колец во урдата. 10190
Бара леб над погачата. 10191
Барај ако сакаш да добиеш. 9658
Барај го арниот пријател за да го најдиш. 4133
Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само. 4134
Барај го доброто и поземи и по небо. 4135
Барај го доброто, и купи го скапо. 4136
Барај го доброто, оти поскапо е од златото. 4137
Барај да го најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат. 4138
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка. 4139
Барај късмед во работата, а не во надежта. 195
Барај му 'и на даскал от назад парите. 196
Барај работа, оти ако не работиш, ќе бидиш за страмота. 4140
Барат беља со борина. 197
Барат беља со пари. 198
Барат влакно в јајце. 199
Барат игла в плева. 200
Барат сешчо ко трудна жена. 201
Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите. 202
Барут в оган не трает. 8728
Барут и оган не се клавет едно до друго. 203
Барут и оѓин на едно место не бива. 6767
Бацни прачка, пиј вино. 6768
Бачило од кокошки не се прави. 8729
Бачило од свинки не се прајт. 204
Башча и крвник бива. 6769
Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел. 6770
Беб мака — нема ука. 6780
Бега воло да не влези во јаремо. 4141
Бега ле комшијата, поварке и ти. 6774
Бегаа од дош удрија на град. 8730
Бегај далеку од белезано нешчо. 205
Бегај од жена оставена, и пиперка нак'сана. 10192
Бегај од злото како Евреино од крсто. 4142
Бегај од лошото додека не е дошло. 6771
Бегај од пијан като и од улав. 6772
Бегај од пијанио како од улаио. 4143
Бегај од пијаницата, ниту оди му во куќата. 4144
Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо. 8731
Бегајте нозе, посра ве газо. 6773
Бегајте ноѕе, ве испосра гъз. 206
Бегајте ноѕе, ве постра г'зот. 10193
Бегајте, нозе, оти газ ве испостра. 4145
Бегал воло дека го дупна штркало. 4146
Бегал од ѓаолот, паднал на врагот. 207
Бегат воло дека го дупит со остено воларо. 4147
Бегат како ѓаол од темјан. 4148
Бегат како ѓаолот од темјан и Евреинот од крстот. 4149
Бегат како Евреин од крс и протестанец од пос. 4150
Бегат како некој елен треќак. 4151
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака. 4152
Бегат како од чума. 208
Бегат ко ѓаол од крст. 209
Бегат ко Евреин од крст. 210
Бедна кула — една кула. 6775
Бежаноа бело носи, а Стојанова црно. 4153
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа. 211
Бежаноа мајка црно не носила. 212
Без алат нема занаат. 6776
Без алат нема занает. 213
Без башча — половин сирок, без маќа — цал. 6777
Без белачка нема живјачка. 214
Без Бога нема добрина. 4154
Без Бога нема слога. 9597
Без бога ни до прагон. 215
Без вода воденица не мели. 8732
Без време ништо не зрее. 4155
Без голема работа, нема голема слава. 10194
Без дури не зијанит тргоецот, не добиват. 4156
Без дури не паѓа дете, не можи да се научи да оди. 4157
Без дури не пати чоек, не можит да се научит. 4158
Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш. 4159
Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја. 4160
Без жена, без куќа. 9659
Без заахмет — нама раахмет. 6778
Без здравје нема радување. 10195
Без здравје немат богатство. 216
Без Камбера свадба не се прајт. 217
Без ќар ти го продам. 227
Без мака нема наука. 4161
Без мака нема раат. 6779
Без Мара не бива попара. 6781
Без мера кој јаде, брже ќе се разболи. 6782
Без мера којшто јади, брго ќе се поболи. 4162
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори. 4163
Без мера работа — брза умора. 6783
Без мъка немат наука. 218
Без мъка ни песма не се испевјат. 219
Без неоља немат богу мољба. 220
Без нож ме колиш. 221
Без пари месо не се вари. 9595
Без пари не можи чоек да живеи. 4164
Без пари не се оди во кафеана. 9494
Без пари ни в рај, ни в пекол не те прибервеет. 9660
Без пари никој не те сака. 8733
Без пари се кон не кове — зобнико му зимаат. 6784
Без питање само магаре одговара. 6785
Без покана на свадба не оди. 8734
Без пот нема род, ако садиш ќе јадиш. 9593
Без пот немат бериќет. 222
Без пушка на лов се не оди. 6786
Без работа леб немат. 223
Без работа, без леб; без работа, без чест. 224
Без слобода ко риба без вода. 225
Без стари не се прават пари. 9592
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак. 226
Без труд не се ора со плуг. 4165
Без ука нема сполука. 8735
Без фајда овца, трн му под опашка. 4166
Без чарк водејнца не мелит. 228
Беќар без девојка млада, губи љубовна нада. 9590
Бела - дење свешча не се палит. 229
Бела книга, црно писмо. 8736
Бела Неда на кур гледа и се познава. 6787
Бела пара за црн ден. 9598
Бела работа, не се учи човек да е. 6788
Бела сос пари, ошче побела без пари. 6789
Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува. 6790
Бели пари за црн век. 6791
Бели пари за црни дни. 4167
Белите ръце чужџа работа барет. 231
Бело е момето како од котело газеро. 4168
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево. 232
Бело му е лицено, ама црно му е срцено. 233
Бело му е лицето, а црно му е срцето. 4169
Бело преде — црно носи. 6792
Белото видело е најмило. 6793
Белото не праи го црно кога те ваќа инато. 4170
Белото си е секоаш бело, а црното — црно. 4171
Белото црно не бидуа. 4172
Беља чоек пари да има, беља да нема. 4173
Бељата е во торбата. 234
Бељата е сирак. 235
Бељвица - рибица. 236
Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш. 6794
Берберо ќе бричи и здраво и ќелао. 4174
Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај. 237
Берберот и ќељаи ќе бричит. 8737
Берберот на лудиот се учи да бричи. 9661
Бери мъжи, тъжи. 238
Бери памет да не бериш душа. 10196
Бериќето се раѓа кога и Господ го блаослава. 4175
Бес си бараше, два си најде. 4176
Бесен гъз крвав нос. 239
Бесна коза пресна рана. 8738
Бесна челед в тесна кашча не бива. 6795
Бесната кучка, сегде муцка. 9599
Бесно куче и на чорбаџијата се фрла. 6796
Бесот гла ѓинит. 240
Би брак помина. 241
Би го самаро да се сети магарето. 4177
Би лага, доби, скака скакулец, доскака. 4178
Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит. 4179
Би свадба, помина, секој дома на попара, дури мајка не го окара. 4180
Бидете орачје — јаште ќебапје. 6797
Биди ербап, јади ќебап. 6798
Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар. 4181
Биди потрплив за секоа работа. 6799
Биди умен и опулен. 8739
Биди чоек, а не нечоек. 4182
Била баба на сол, се посрала во расол. 10197
Било, да за тоа се кажуало. 4183
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна. 4184
Биљбиљот од јъзикот си тргат. 242
Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа. 4185
Бистра вода се а пие. 6800
Бистра водица, мирна главица. 243
Битисае мъмлешките, битисае и парите. 244
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб. 245
Блага дума железна врата отвара. 6802
Блага реч железна врата отворат. 8740
Благиот збор и железна врата отворат. 246
Благо секој јајт. 247
Благодарноста е полесна од перото. 10199
Благословено вино, проколнето пијанство. 10200
Благословено е пиењето — проклето е пијанството. 6803
Благословено е телото, кое работи за душата. 10201
Благословено пиењето, проклето пијанството. 8741
Благослоено вино, а проклето пијанство. 9662
Бладзе на глувиот зашто два пати слушат. 8742
Блазе куќа кај ќе појде. 10202
Блазе на тој што знае да крој. 9601
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана. 4186
Блаѕе на вредната ръка. 248
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат. 249
Блаѕе на тој шчо имат бел образ. 250
Блаѕе на умната гла и вредната ръка. 251
Блаѕе си је на мајка ти. 252
Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит. 253
Блаѕе си ми кога имат кој да ме перит, тешко мене кога немат кој да ме перит. 254
Блаѕе си му на белјот образ. 255
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите. 256
Блаѕе си ти бре будала! 257
Блаѕе та мајка шчо го родила! 258
Блаосоено вино, а проклето пијанство. 4187
Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца 259
Боб јади, коње кради. 6804
Бог да бие кој многу пие. 9596
Бог да бие таа мома што без љубов седи дома. 9589
Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена. 4188
Бог да не пази од сиромашија и од простотија. 4189
Бог да не чуа од луди, млади. 4190
Бог да не чуа од препраени светци. 4191
Бог да не чуа од стари неразбрани. 4192
Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари. 4193
Бог да прости кој ме гости сношти. 4194
Бог да прости кој остајл. 260
Бог да те чуа од домашен арамија. 4195
Бог да те чуа од туѓа беља и од лоша стреќа. 9663
Бог да те чува да не ти клекне мајстор в кашчи. 6811
Бог да те чува куга слеп прогледне. 6812
Бог да те чува од гнил мос и од прдлив гос. 6813
Бог да те чува од домашен арамија. 6814
Бог да те чува од закарок. 6815
Бог да те чува од лажибогородица. 6817
Бог да те чува од невиден жар. 6818
Бог да те чува од пијани жени. 6819
Бог да те чува од преправен светија. 6820
Бог да те чува од тамавќар и од завислив. 4196
Бог да те чува од улав пријател. 6821
Бог да чува — цар да брани. 6822
Бог дава, ама в кошара не накарува. 6808
Бог дава, ѓаволот зема. 10203
Бог давал, давал, па заборил. 6809
Бог дал, свети Илија зел. 6810
Бог доброто — на душмане злото. 6823
Бог е во срцата на тие што го бараат. 4197
Бог на никој не е оставал д'жен. 6824
Бог, сполај му, забавлја ама не заборавува. 9664
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш. 4198
Богат е тој што зема од богатите. 10204
Богатие цапи парата. 6805
Богатин до планина, убавина до векнина. 10205
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина. 8743
Богатио чоек на секого в очи му биет. 4199
Богатиот зборува седејќи. 10206
Богатиот има многу другари. 9665
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат. 4200
Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат. 6806
Богатото мамче младо се жени. 6807
Богатство немат наситство. 8744
Богатството е доилка на лудоста. 10207
Богатството има крилја. 9666
Богатството носи многу пријатели. 10208
Богатството раѓа грижи. 10209
Бодата спие, думата не спие. 6915
Бодливие вол боде и без рогове. 6825
Бодни прачка пиј вино. 8745
Боже, чуај, брани од лоши другари. 4201
Божик идат, со шчо ќе не најт? 261
Божјето око гледа на луѓето. 4202
Божјето око гледа насекаде. 4203
Бој се од Бога и не бој се од никого. 4204
Бој се од тиа вода. 9667
Болен здрав носит. 262
Болен ле си лежал или си болен чувал? 6826
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа. 4205
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади. 4206
Болен се моли. 6827
Болен се праша, на здрав се подава. 10210
Болен човек душа бере, па за живот мисли. 6828
Болен човек, половина човек. 10211
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира. 4207
Болеста дооди сос товаре, а си оди сос грамове. 6829
Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето. 4208
Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмој. 4209
Болеста лесно дооди, лесно не си оди. 6830
Болеста не прашува кога ќе дојде. 10212
Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица. 4210
Боли го забо та криви. 6831
Болна жената, болна и куќата. 263
Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа. 4211
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри. 4212
Болниот малу јајт, ама многу арџит. 264
Болници лежат, квасници врват. 6832
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе. 8746
Бољката оде пу нас а не пу планинта. 8747
Бори се со злото, и викај го на помош доброто. 4213
Борч неплатен, греф непростен. 8748
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли. 4214
Борчлија човек не е свој човек. 8749
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига. 4215
Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати. 4216
Борџот е лош другар. 265
Борџот ет полош и од волкот. 4217
Бос оди, пишчол носи. 6834
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата. 266
Боцни пръчка, пи вино! 267
Браво се вика на магаре куга излезе од ажмако. 6835
Брада му порастила, ама умот не. 268
Брада царска, а гла водејнчарска. 269
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена. 4218
Брадата му сива, главата му дива. 9668
Брадата му царска, главата му воденичарска. 9669
Брадата не го чини филозофот. 10213
Брак и гости куќа пусти. 270
Бракот е добар кога нема собар 9591
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват. 4223
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират. 4224
Браќата тврдина, а невестите сабји. 10216
Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка. 271
Брасто за брасто, сирење за пари. 4219
Брат без помош, враг се викат. 272
Брат брата не рани, тешко кој го нема. 4220
Брат брата не рани, тешко му кој си нема. 6836
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат. 273
Брат за брат мирашчија. 6837
Брат за брат, брашното со пари. 9600
Брат за брата, сирењето со пари. 274
Брат не е брат, комшијата е брат. 6839
Брат од брат кога се помага, и Господ ќе 'и даруа. 4221
Брат од брат помогнат, појак ет од еден град. 4222
Брат од брато помогнен, појак е од град. 6840
Брат по брата, сите низ врата. 275
Брат помогнат од брат, појак е од еден град. 276
Брат против брат, полош е од најголем враг. 277
Брат само мајка рожџат. 278
Брат сум ти, ама и враг сум ти. 9670
Брате, брате, пълна уста. 279
Братот брат, сирењето за пари. 10214
Братската љубов појака е и од железно кале. 280
Братството за братство, брашното за пари. 8750
Братството за братство, сирењето за пари. 10215
Брачното тенџере секогаќ врие. 10217
Брблаица жена е како некоја празна воденица. 4225
Брблаица жена никој не ја милуа. 4226
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша. 4227
Бргу иде, бавно си оди болеста. 8751
Брезо магаре не е едно. 281
Брз е зајакот, ама побрз е 'ртот. 4228
Брз ко ајта. 282
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа. 4229
Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може. 8752
Брза коња се стига, брза дума се не стига. 6841
Брза кучка слепи кучиња раѓат. 8754
Брза кучка слепи кучиња ражџа. 6842
Брза помош — двојна помош. 283
Брзата вода бргу истеквит. 284
Брзата и силната вода и од камен мос турка. 4230
Брзата кучка слепи ги раѓа. 9602
Брзата кучка слепи рожџат. 285
Брзата одлука секогаш има каење. 10218
Брзата работа брзо се расипвит. 286
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди. 4231
Брзиот коњ и од калта те вади. 9603
Брикова огрева — зетова привида. 6843
Бричен, не целиван. 8755
Бричи ле се комшијата, топи се и ти. 6844
Бричот бричи, а думата коле. 10219
Бркавме вълк, излезе лисица. 287
Бркај го лошото дури не ти дошло. 288
Бродот кога броди, не избира води. 9594
Броени денови брзо минуваат. 9542
Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога. 4232
Будала давал — итер јал. 6845
Будала дал, итер зел. 8756
Будалата ако имаше рогој, сите ќе го познаве. 289
Будалата и на брашно се смејт. 290
Будалата лесно се прелажуа. 4233
Будалата немат рогој. 291
Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата. 4234
Будалата се смејт и кога не е за смеење. 292
Будалестите дале, паметните јале. 10220
Будалијо му прај п'т на пијанијо. 8757
Будалиот побегнал од пијаниот. 10221
Будалиот талка, а умниот патува. 10222
Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки. 6846
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит. 4235
Бутарино ет удрен од тланико. 4236
Буцни прачка, пиј вино. 10223
В арман не се чита ферман. 6854
В битка куршум не са дава на заем. 8753
В брзата вода човек не се дави, в тијата ќе се удави. 6856
В ѓол влази, сух излази. 6857
| Напред | Крај
Пословици 1 до 1000 од 10278

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org