Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад |
Пословица Број
Чувај се оти од бетер има побетер. 9534
Чуват змија в пазва. 3893
Чуве се од лошо додека не ти е дошло. 8530
Чуве се од човек шчо трае и куче шчо не лае. 8531
Чуве си ја честа од мал. 8532
Чуден е Господ во светиите. 6547
Чуди се на шчо да се надене. 8533
Чужда пченица за душа не се дава. 10509
Чужото вино послатко е. 10102
Чужџ комад поблаг е. 3894
Чужџа кона в среде река. 8534
Чужџа рака ако те почеше, ќе те прочеше. 8535
Чужџа рака чеше дека те не срби. 8536
Чужџи газ риби не јаде. 8537
Чужџи зборој, в срце ножој. 3895
Чужџи пари своја пазва не топлет. 3896
Чужџие кон малку јаде, ногу носи. 8538
Чужџина другему фали (ја), а сам (ти) не оди. 9451
Чужџина фали, сам не оди. 3897
Чужџиот мазник потучен е. 10101
Чужџјот коњ малу јајт, многу носит. 3898
Чужџјот леб е џежок. 3899
Чужџјот леб зъби кршит. 3900
Чужџо гајле берит, а свој леб јајт. 3901
Чужџо чедо свое не се чинит. 9452
Чужџото е секугаш послатко. 8540
Чужџото и на Велигден ти го земет. 3902
Чужџото и на велиден се зима. 8541
Чужџото корче е горчлио. 3903
Чукаш туѓа рж. 9453
Чукни сланток, късни симид. 3904
Чул кукајцата, и го разбила. 6548
Чуле Еѓупците оти идел арачнико, се скриле во трњето. 6549
Чума од ума не се плашит. 3905
Чуму ти се три волој на орање. 3906
Чун по плитко не ојт. 3907
Џабе работа без касмет. 8542
Џабе работај, џабе не седи. 10510
Џвакат како со туѓа уста. 6550
Шака на голо не се прајт. 3908
Шака, шака, после лутина и карачка. 6551
Шаката на стърна. 3909
Шалаите деца не седат мадру и в црква. 6552
Шапката му е арна, ама главата му е празна. 10511
Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна. 6553
Шарај, парај, Анѓелино, ако параш, пак ќе шараш. 3910
Шарен калпак не ти требат. 6554
Шарен Шарко од Прострање. 6555
Шарени алишта со срма кој носи, можи на старос да проси. 6556
Шаренио вол ѓоа имал поеќе лој. 6557
Шарено одајче со младо невевче. 6558
Шарено одајче со младо невешче. 9455
Шареното стапче кој го има, тој повелат. 6559
Шареното стапче што го носит новата невеста. 6560
Шатката си нашла блатото. 10103
Шега ако се биеш за некого, и ти ќе бидиш како него. 6561
Шега кој се биет, на другио шегата одит по него. 6562
Шега на гол газ не се прави. 10512
Шегаџиите луѓе не сет за фалење. 6563
Шеќер јади и шеќер зборуј. 6565
Шепни — покров куќа запустуат. 6564
Шетан волк, гладен не останвит. 10513
Шијат та пијат, крпит та се ранит. 3911
Шиклата не е орев. 3912
Шило в торба не се кријат. 3913
Шило в торба не седи — ќе се подаде. 8543
Шипје и глоѓе не раѓат грозје. 6566
Шири ми се, меше, оти ќе јадиш туѓо прасе. 6567
Широк живот — тесен поминок. 8544
Широк жиот, тесни гашчи. 3914
Широк чоек на срце живеит поеќе годиње. 6568
Широко срце од се е благодарно. 6569
Штавена кожа молец не ја јаде. 9456
Што бара жена во Света Гора кога ќе умират. 6570
Што бара лисица воденица, зер да јади каша? 6571
Што бараат у кауѓер деца и у Еѓуптин маштеница. 6572
Што барал, тоа и нашол. 6573
Што бараш во трњето кога го гледаш патот? 6574
Што вештица ет старана, со бубаќ крвта ти ја пиет. 6575
Што вреснало не треснало. 10514
Што вреснало, не треснало. 6576
Што го молиш скржаиот, што го галиш, ништо од него не ќе спечалиш. 6577
Што го тове укориш, он влече главната греда. 8545
Што да се роди на веков, ако не умри, земјата не ќе и кренит. 6578
Што дал Господ, леб и сол. 9457
Што дал Господ, тоа ќе јадеме. 10515
Што дал Господ, што да земи ѓаолот. 6579
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит. 6580
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала. 6581
Што дробил, тоа и сркал. 6582
Што е в рака у чоека, не е лага. 6583
Што е живо се, се мрдат да живеит. 6584
Што е за дома, не за в црква. 10516
Што е наше, само ќе си дојт. 10517
Што е попово да е готово. 9458
Што е попово, оно е готово. 8546
Што е попоо, нека е готово. 6585
Што е сечие, тоа е ничие. 8628
Што е страмотно, тоа е и греовно. 6586
Што знаи Господ, нека знаи и светот. 6587
Што излетуа од устата, тоа било и во мислата. 6588
Што има у чоека во срцето, тоа му покажуа и лицето. 6589
Што ит'р ет како некоја лисица. 6590
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат. 6591
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат. 6592
Што јалли пеливан ет! 6593
Што Јуда ет старана, веднаш те предават. 6594
Што кукнало, не пукнало. 6595
Што ќе биде силум, нека биде милум. 9459
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот. 9460
Што ќе му иди на глаата на чоека некое лошо, нека му иди на стоката. 6613
Што ќе посеат тоа ќе им никне. 9461
Што ќе посееш тоа ќе жнееш. 8582
Што ќе посееш, тоа ќе ти никнит. 9462
Што ќе посеиш, тоа ќе ти никнит. 6614
Што ќе си посеше тоа ќе си жнееш. 9463
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли. 6615
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот. 6616
Што момче, што стока ет, во чаша да го испиеш! 6596
Што му иди на чоека на умо, набрго тоа можи и да го сторит. 6597
Што музевир чоек ет, — цел Грк! 6598
Што на ум, тоа на друм. 8592
Што не покрил Господ, и чоекот не можит да го покриет. 6599
Што не покрил Господ, човек не може да покрие. 9464
Што не се прчало, не се кози. 10518
Што не се прчило не се кози. 9479
Што не се прчило, не се окозило. 6600
Што неќиш тебе да ти праат, не прај другему. 6601
Што носит саатот, не носит годината. 6602
Што носит саатот, не носит годинта. 9465
Што се поулаил, та уште дете се оженил. 6603
Што се рекло, се било. 6604
Што се родило, не се удаило. 6605
Што си барал, тоа си нашол. 10519
Што си посеал, тоа ќе ти никне. 10521
Што си посејал тоа и ќе ти никне. 9466
Што со дробел, ќе сркаш. 10520
Што сторил нашол. 9467
Што сторил, нашол. 6606
Што ти баба бае, да ти по неае. 6607
Што ти куќа нема, тоа еѓупка ти барат. 6608
Што трица чоек ет, туку се тагари. 6609
Што туку вика како магариште. 6610
Што туку вика како улав. 6611
Што туку викат како полјак. 6612
Што чине час'т, не чине годината. 8598
Што чине часжт не чине годината. 9468
Штодека е лична некоја невеста кога е безризична. 6617
Штодека е учен некој кога е серсем. 6618
Штом го заигра орото, доиграј го. 10522
Штотуку да руча чоек, и ќе му се одручат. 6619
Штрба баба копца, облизала баби д... 6620
Штркот и познаа уште од мали штркчињата кој се арни. 6621
Штркот си го убива штрчето уште во седелото, ако не му бидит прокопсано. 6622
Шугав крастав познат. 3915
Шума бобо родила. 6623
Шума волна, дупка полна. 6624
Шума ли ти вълна, да е дупка пълна. 3916
Шуплив е на срце, ако го гледаш црвен на лице. 6625
Шуплива јаболка сама падина од гранката. 9469
Шупливи му сет сите зборои. 6626
Шупливите јаболка сами си паѓаат од гранка. 9470
Шупливите јаболки поцрвени сет од здравите. 6627
Шупливите јаболки сами си паѓаат од гранка. 6628
Шуплосаната круша сама падинат. 3917
Шурбан погача не јајт. 3918
Шут вол не буцат. 3919
Шут со рогат не мојт да се борит. 3920
Шут со рогат не се боде. 9471
Шут, шут, та дури однесен ет. 6629
Шута краста познат. 3921
Шуто буца, криво клоца. 6630
Шуто та боде. 9472
Шуто — та бодливо, криво — та ритливо. 8547
Шчирица овца плод нема. 8548
Шчо Алија катен, то добарден. 3922
Шчо барала кучката, си нашла. 3923
Шчо бараше баба на оро? 3924
Шчо бараше лисица на пазар? 3925
Шчо бараше, си најде. 3926
Шчо било, не бижџат. 3927
Шчо влегло в лелејка, ќе влезит и в носило. 10104
Шчо вреснало, не треснало. 10105
Шчо го нема ни цар го не тера. 8549
Шчо дат летен ден, не дат зимна година. 3928
Шчо дошло, добре дошло. 3929
Шчо е господ, не е никој. 3930
Шчо е готово, не е попово. 8550
Шчо е за дома, на црква се не носи. 8551
Шчо е пишано, нека се збидне порано. 8552
Шчо е под вода, това е под два бога. 8553
Шчо е попо, нек е гото. 3931
Шчо е право и богу е драго. 3932
Шчо е со ѓаол собирано, поѓаола ојт. 3933
Шчо е страмота, то е и греота. 3934
Шчо е у царица, това е и у магарица. 8554
Шчо е уло и пијано, се од ваша фара и рода е. 3935
Шчо зборвиш, да ми бидит; шчо ми мислиш, да ти бидит. 3936
Шчо зготвиш, това ќе јадеш. 8555
Шчо знъјт господ и љуѓе да знъет. 3937
Шчо иде низ вода, не се вршча воз вода. 8556
Шчо имала баба на ум, видела и на сон. 3938
Шчо иска твое газ, и мое кур иска. 8557
Шчо јал, не пострал. 3939
Шчо кроет глуфците, мачката им го расипвит. 3940
Шчо ќе биде в есен, нека биде вечер. 10107
Шчо ќе дајш назаем, то ќе ти вратет. 3980
Шчо ќе дајш со својата ръка, то ти е задуша. 3981
Шчо ќе дајш, то ќе зејш. 3982
Шчо ќе дробиш, то ќе сркаш. 3983
Шчо ќе здробиш, ќе си сркаш. 9473
Шчо ќе излезит од уста, назад не се врашчат. 3984
Шчо ќе му речиш манго, речи му аго. 8567
Шчо ќе пљуниш, не лижи. 3985
Шчо ќе посејш, то ќе пожнијаш. 3986
Шчо ќе сториш, то ќе најш. 3987
Шчо ќе ти е малку криво, нека ти е поправо. 8568
Шчо ќе ти од готово вересија. 8569
Шчо ќе ти праат ноѕете, кога не ти чинит глаата? 10108
Шчо мачка мачила, то глуфци лоила. 3941
Шчо мачка страло, тоа глусци лоало. 10109
Шчо ми мислиш мене, на гла да ти бидит. 3942
Шчо мисли биволо, биволаре не мисли. 8558
Шчо мисли трезвеш, пијан го кажува. 8559
Шчо мислиш, то сонвиш. 3943
Шчо можит чвек сам да си сторит, никој не мојт да му сторит. 3944
Шчо мојт еден будала да заметкат, триста умни не моет да го одметкет. 3945
Шчо мојш денеска да напрајш, не оставјај го за утре. 3946
Шчо му виделе очите, то му видел и гъзот. 3947
Шчо му на срце, то му и на уста. 3948
Шчо му на уста, то му и на срце. 3949
Шчо му се јаде, това си мисли. 8560
Шчо на срце, то и на јъзик. 3950
Шчо на ум, то на друм. 3951
Шчо не мојт ѓаолот да сторит, ќе је кажит на баба да му поможит. 3952
Шчо не оди в грло, за това и човеко не знае. 8561
Шчо не се надејш, то ќе ти дојт на гла. 3953
Шчо не се продава, не се ни купува. 8562
Шчо не се прца, нема да се кози. 8563
Шчо не се прчило, (тоа) и не се козит. 10110
Шчо не се прчило, не се козит. 3954
Шчо немат, и царот не јајт. 3955
Шчо носит сат, не носит година. 3956
Шчо од кола падна, то пропадна. 3957
Шчо ојт по комши, здраво дома не се врашчат. 3958
Шчо ојт по село не идат дома весело. 3959
Шчо очи виделе, то ръце напрајле. 3960
Шчо по врат, то по шија. 3961
Шчо поминало, знъјме; шчо ќе поминит, ќе видиме. 3962
Шчо поминало, не се врашчат. 3963
Шчо попуваш, ко не си поп. 3964
Шчо порано, то поарно. 3965
Шчо праит десната ти р'ка, левата да не узнајт. 10111
Шчо пцалвиш, ко не си пцалтос. 3966
Шчо реков, не одреков. 3967
Шчо сакаш, то ти се слушат. 3968
Шчо се рожџат и умират. 3969
Шчо се свршвит со пари, со пријатели не мојт да се свршит. 3970
Шчо се свршвит со пријатели, со пари не мојт да се свршит. 3971
Шчо се шеташ како сваќа без дарои? 10112
Шчо си посеал тоа ќе ти никнит. 10113
Шчо си сторил, тоа ќе најдиш. 10114
Шчо си сторил, тоа ќе си најдиш. 9475
Шчо ти баба баит, сфе да ми те наит 10115
Шчо ти дат летото, зимата ти го земат. 3972
Шчо ти мислит душманот, (тоа) да дајт Бог да бидит. 10117
Шчо ти мислит сфојт (чоек), Бог да не дајт да бидит. 10116
Шчо ти мисљам тебе, на гла да ми бидит. 3973
Шчо ти се јаде, това ти се и слуша. 8564
Шчо ти се јајт, то ти се слушат. 3974
Шчо ти требе од мечка привој да ти се плашат воловето. 8566
Шчо ти требе узул калпак да ти викаа дервиш ага. 8565
Шчо ти требит во ѓаолското село црква? 3975
Шчо ти требит од вълк лој? 3976
Шчо ти требит од мечка ремен? 3977
Шчо ти требит три волој на орање? 3978
Шчо трезвен мислит, то пијан зборвит. 3979
Шчо шчитат по село, не се врашчат весело. 3988
Почеток | Назад |
Пословици 10001 до 10278 од 10278

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org