| Proverb - Пословица | ID - Број |
|---|---|
| А ага и чалма не бива. | 6631 |
| А ага и чалма не може, прво ага после чалма. | 8675 |
| А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам. | 9478 |
| А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија. | 8676 |
| А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето. | 2 |
| Ај без пари си бил, ај без ум си бил. | 3 |
| Ај без пари, ај без ум, се едно ти е. | 4 |
| Ај нему си му зборвал, ај на дрво. | 5 |
| Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит. | 6 |
| Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор. | 7 |
| Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик. | 8 |
| Ајдук земја не отима. | 6632 |
| Ајдутин од ајдутин се плашит. | 9 |
| Ајдутин, ајдутин фашча. | 6633 |
| Ак'л ми не даве, пари ми дај. | 6634 |
| Ак'л ни за две пари. | 6635 |
| Ак'ло му гледе, та му капа крој. | 6636 |
| Ак'ло сос пари не се купува, ами се печали. | 6637 |
| Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал. | 40 |
| Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше. | 41 |
| Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив. | 42 |
| Ако арно прајме, арно ќе остајме. | 10 |
| Ако баба биде моме, понапред дедо ќе биде ергенин. | 8678 |
| Ако баба лаже, трап не лаже. | 6638 |
| Ако бабата е умрела, лажите не е однела. | 6639 |
| Ако бегаш од арно, че паднеш на зло. | 8679 |
| Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше. | 11 |
| Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам. | 6640 |
| Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам. | 8680 |
| Ако бидеш мост, секој ќе те газе. | 8681 |
| Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат. | 12 |
| Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си. | 8682 |
| Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере. | 6641 |
| Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша. | 13 |
| Ако го гледаш с едното око, он ќе те гледа и сос двете. | 6642 |
| Ако го менал рувото, ама табиетот не. | 14 |
| Ако го мрса ножот да го мрса на крмник, а не на заек. | 8683 |
| Ако го најш попот, ќе је најш и попаѓата. | 15 |
| Ако го пушчиш под одаро, ќе се качи на одаро. | 6643 |
| Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата. | 16 |
| Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав. | 3992 |
| Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата. | 3993 |
| Ако даиш со раце, ќе го бараш со нозе. | 3994 |
| Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт. | 17 |
| Ако дојде ти да прогориш, та тој. | 18 |
| Ако е ајнаџија, не е аџија. | 6644 |
| Ако е арен, одведи си го дома. | 6645 |
| Ако е аџија, ама да не ет ајнаџија. | 3995 |
| Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?! | 8684 |
| Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело. | 19 |
| Ако е директор, не е бог. | 6646 |
| Ако е за фајде, доста е. | 20 |
| Ако е изеден зелнико, тепцијата стои. | 8685 |
| Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет. | 21 |
| Ако е јунак, нека излезит на мегдан. | 22 |
| Ако е колиба - наша е. | 23 |
| Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба. | 3996 |
| Ако е кус денот, дълга е годината. | 24 |
| Ако е куска нека е нова. | 8686 |
| Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица. | 3997 |
| Ако е медот благ, ама прстите не се јадет. | 25 |
| Ако е мома, нека си седи дома. | 6647 |
| Ако е мрсно, нека е свинско. | 6648 |
| Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит. | 26 |
| Ако е налутен, кој му е втесен. | 3998 |
| Ако е некој будала, не биди му другар. | 27 |
| Ако е некој улав, не биди му другар. | 3999 |
| Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко. | 28 |
| Ако е Петко ќор, децата му се опулени. | 29 |
| Ако е познавач, нека познава за себе, а не за друг. | 6649 |
| Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие. | 6650 |
| Ако е свинско, нека е дебело. | 8687 |
| Ако е село весело, и моата фурка ќе преде. | 6651 |
| Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит. | 30 |
| Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце. | 6652 |
| Ако е стар, не ќе му го вариш месото. | 31 |
| Ако е тесно, ама нека е бесно. | 4000 |
| Ако е тесно, не е бесно. | 6654 |
| Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил. | 6653 |
| Ако е цар, не е господ. | 32 |
| Ако е цар, не носит две глај. | 33 |
| Ако е чвек сиромав, барем да е здрав. | 34 |
| Ако е чича ти кум, ти ќе си старек. | 6655 |
| Ако е човек кус на панталони, ќе му и наддадеш, ама ако е кус на ак'ло, не мож да му додадеш. | 6656 |
| Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав. | 4001 |
| Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце. | 4002 |
| Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш. | 4003 |
| Ако е чорбаџија, не е господ. | 6657 |
| Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш. | 35 |
| Ако зелќи не донесох, баре земја видох. | 6658 |
| Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит со опашката. | 36 |
| Ако зимата не къснит, ќе клоцнит. | 37 |
| Ако зинит, ќе те гълтнит. | 38 |
| Ако знеш да играш фати се на оро. | 8688 |
| Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме. | 39 |
| Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа. | 4004 |
| Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата. | 43 |
| Ако има в кацата, ќе има и в тавата. | 6661 |
| Ако има вадеж, ќе има и јадеж. | 6659 |
| Ако има век, ќе има и лек. | 6660 |
| Ако има масло, и папрата манџа бидуат. | 4006 |
| Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде. | 4007 |
| Ако има ув гуша, има и душа. | 8689 |
| Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата. | 44 |
| Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек. | 45 |
| Ако имаш верни пријатели, ќе имаш и пари. | 4008 |
| Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп. | 46 |
| Ако имаш вуќа владика, ќе станеш поп. | 6662 |
| Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет. | 49 |
| Ако имаш лична жена, не оди на чужџина. | 47 |
| Ако имаш маша, не ваќај го огно со рака. | 4009 |
| Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка. | 48 |
| Ако имаш ногу пари, фати се ќефил, а ако немаш работа, оди за сведок. | 6663 |
| Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши дури е брго, оставај. | 4010 |
| Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши, дури е брго, оставај. | 4011 |
| Ако имаше Иглика касмет, ќе земеше владика. | 8690 |
| Ако искаш да остарееш купи си овци. | 8691 |
| Ако ја згазиш змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат. | 4013 |
| Ако ја менал капата, не си го менал умот. | 50 |
| Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен. | 4015 |
| Ако је мома, нека си седи дома. | 8692 |
| Ако је служиш на парата, си најсиромав. | 51 |
| Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија. | 52 |
| Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него. | 53 |
| Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна. | 54 |
| Ако ме мъме, те мъмам. | 55 |
| Ако ме неќат стреде во рај, нека ме сакаат на крај. | 4016 |
| Ако мелеш, ќе месиш. | 6665 |
| Ако месечината не огрее, и од ѕвездите нема фајда. | 6666 |
| Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите. | 56 |
| Ако ми биеш сенката, кога не ми биеш снагата. | 4017 |
| Ако ми бркнеш в очите, ќе ти бркна и јас. | 6667 |
| Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката. | 4018 |
| Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата. | 4019 |
| Ако ми е крив оџако, кога ми излегуа напрао чадот. | 4020 |
| Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш. | 57 |
| Ако ми намигниш, ќе ти намигнам. | 58 |
| Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет. | 59 |
| Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа. | 60 |
| Ако ми попредиш, ќе ти поткам. | 61 |
| Ако ми стапнеш на стапката, касмето не мож да ми настапиш. | 6670 |
| Ако мирно седела, не би чудо видела. | 6668 |
| Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај. | 6669 |
| Ако мислиш оти просото ќе го исколфаа пилишчата, не го сеј. | 8693 |
| Ако можеш да правиш добро, не прави лошо. | 8694 |
| Ако можеш да трпиш, ко Бог ќе си поминиш. | 8695 |
| Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш. | 62 |
| Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката. | 63 |
| Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината. | 4021 |
| Ако му е дујден часут - ки умре. | 8696 |
| Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре. | 8697 |
| Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата. | 4022 |
| Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено. | 6671 |
| Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене. | 6672 |
| Ако направиш манастир, тури му и врата. | 6673 |
| Ако не 'и арџеше чоек парите што 'и вадеше, калдрма од нив ќе напраеше. | 4027 |
| Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата. | 4023 |
| Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја. | 64 |
| Ако не биде сос молба, ќе биде сос борба. | 6674 |
| Ако не вервиш, оди број. | 65 |
| Ако не во тиква, нека е во црпка. | 4024 |
| Ако не врни, барем нека капи. | 4025 |
| Ако не врнит, барем ќе капит. | 8698 |
| Ако не врнит, ќе капит. | 66 |
| Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але. | 67 |
| Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш. | 68 |
| Ако не е лажа, верно е. | 6675 |
| Ако не жнееш, нема да вееш. | 6676 |
| Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја. | 4026 |
| Ако не знаеш да лажеш, немој ни да крадеш. | 6677 |
| Ако не знаеш на попадија да бркнеш под фустата, ќе бркнеш на попо вов гашчите. | 6678 |
| Ако не знаеш шчо е убаво, пите шчо е скапо. | 6679 |
| Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш. | 69 |
| Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов. | 4028 |
| Ако не ми беа очиве да видам, можеше и да се излажам. | 4029 |
| Ако не ми помогвиш, не одмогви ми. | 70 |
| Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се. | 4030 |
| Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш. | 8699 |
| Ако не можеш еден оѓин да изгасиш, не го ни разгоруве. | 6684 |
| Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит. | 4031 |
| Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен. | 71 |
| Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка. | 72 |
| Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш. | 73 |
| Ако не му беше носон, трева ќе пасеше. | 74 |
| Ако не носиш старо, и ново нема да носиш. | 6685 |
| Ако не остане, нема да стигне. | 6686 |
| Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат. | 8700 |
| Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци. | 6687 |
| Ако не раниш пцета, ќе раниш в'ци. | 6688 |
| Ако не расипеше, неќе да научеше. | 6689 |
| Ако не се истури, не мож да се нап'ни. | 6690 |
| Ако не се учит, не мојт да се научит. | 75 |
| Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот. | 8701 |
| Ако не си и отвараш, друг ќе ти и отвори. | 6691 |
| Ако не стапиш вов оѓине, неќеш да се изгориш. | 6692 |
| Ако не сум личен, сум чесен. | 76 |
| Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш. | 77 |
| Ако не тече, барем да капе. | 6693 |
| Ако не трапаш, не лапаш. | 8702 |
| Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит. | 78 |
| Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него. | 79 |
| Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него. | 80 |
| Ако нема дрва, оѓине не гори. | 6680 |
| Ако нема јадеж, не требаше и вадеж. | 4033 |
| Ако нема момица, арна е и довица. | 6681 |
| Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено. | 4034 |
| Ако немат мрша, не се берет галој. | 81 |
| Ако немаш вов главата, ќе имаш вов петите. | 6682 |
| Ако немаш пари, и жената не те чести. | 4035 |
| Ако немаше тевнина, немаше да се милува виделина. | 6683 |
| Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила. | 82 |
| Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината. | 4036 |
| Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа. | 4037 |
| Ако нешчо не разбираш, остај го. | 83 |
| Ако ни го јаде месото, ќе ни ги остави коските. | 8703 |
| Ако ногу знаеш, ќе те тепаа. | 6695 |
| Ако ногу знаеш, ногу ќе знаеш. | 6694 |
| Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек. | 6696 |
| Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал. | 8704 |
| Ако од секое дрво бива сворче, од мое куре кавал. | 6697 |
| Ако од секое дрво свирче се правеше, од магарешкиот кур сурла ќе бидеше. | 8649 |
| Ако оиш по мува ќе те занесит на лајно. | 8705 |
| Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш. | 84 |
| Ако оџако не тегли, ти ќе теглиш. | 6698 |
| Ако оџакот е крив, чадот ојт прау. | 85 |
| Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена. | 4038 |
| Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам. | 4039 |
| Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам. | 4040 |
| Ако падниш, падни како мъж, а не како жена. | 86 |
| Ако падниш, падни од мъж, а не од жена. | 87 |
| Ако пестиш, работиш и учиш, ќе имаш, ќе вредиш и ќе можеш. | 6699 |
| Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо. | 4041 |
| Ако пиеш, умот да не си го пиеш. | 8706 |
| Ако пијам, за мој пари пијам. | 88 |
| Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите. | 8707 |
| Ако поможиш, ќе ти поможет. | 89 |
| Ако посадиш, ќе копаш. | 6700 |
| Ако посееш, ќе жниеш. | 6701 |
| Ако правината не ни поможи, зер кривината ќе ни поможит. | 4042 |
| Ако правиш манастир, тури му и врата. | 6702 |
| Ако праината не поможит, кривината никогаш. | 90 |
| Ако прднеш, ќе речат посрал си се. | 6703 |
| Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот. | 8579 |
| Ако работиш, ќе јадеш. | 6704 |
| Ако реков, дупка на небо не се отвори. | 91 |
| Ако реков, не пресеков. | 92 |
| Ако рекол господ, да одречит. | 93 |
| Ако рекох, не отсекох. | 6705 |
| Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам. | 4043 |
| Ако сака камено, нека пука од горештина, јас ќе траам. | 4044 |
| Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика. | 8617 |
| Ако сакаш да го отепаат некој пес, речи оти е од бес. | 4045 |
| Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш. | 94 |
| Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го. | 95 |
| Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец. | 96 |
| Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него. | 97 |
| Ако сам рекол, не сам отсекол. | 8708 |
| Ако сам селјак, не сам акмак. | 6706 |
| Ако сам црн, не сам Циганин. | 6707 |
| Ако се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше. | 4046 |
| Ако се боеше дедо од прахците, момпир не ќе да садеше. | 6708 |
| Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш. | 4047 |
| Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш. | 4048 |
| Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани. | 4049 |
| Ако се забаит, ама да не се забораит. | 4050 |
| Ако се изгоре на млекото ќе дува и на потквасо. | 8709 |
| Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит. | 98 |
| Ако се јадеше, не ќе висеше. | 99 |
| Ако се лути нека се собуе. | 8710 |
| Ако се лути, брго ќе се одлути. | 4051 |
| Ако се лути, нека го лупи. | 4052 |
| Ако се лути, нека се напие троа киселина и ќе се одлути. | 4053 |
| Ако се мрсиш, омрси се сос сирење, а не сос урда. | 6709 |
| Ако се налути сам, сам ќе се одлути. | 4054 |
| Ако се налути, бестрага нека ватит. | 4055 |
| Ако се направиш овца, секој ќе те стриже. | 6710 |
| Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш. | 4056 |
| Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено. | 4057 |
| Ако се плаша од снего, нема да зазима. | 6711 |
| Ако се плашам од бијол, не и од лепешката. | 100 |
| Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо. | 101 |
| Ако се плаши орачот од врапците не сее просо. | 8711 |
| Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар. | 102 |
| Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет. | 103 |
| Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит. | 4058 |
| Ако се страмиш остани си гладен. | 8712 |
| Ако си биеш жената, биеш си главата. | 6712 |
| Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат. | 6713 |
| Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе. | 104 |
| Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит. | 105 |
| Ако си кељав, не седи гологлав. | 4059 |
| Ако си мед, и глувците ќе те јадат. | 6714 |
| Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед. | 8713 |
| Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер. | 6715 |
| Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато? | 4060 |
| Ако си мома, седи си дома. | 4061 |
| Ако си мост, секој ќе те газит. | 106 |
| Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме. | 107 |
| Ако си нема немачка, не си слепа слепачка. | 108 |
| Ако си овца волците ќе те најдат. | 8640 |
| Ако си овца, секој ќе те стрижит. | 109 |
| Ако си ортак во работата, не си ортак во верата. | 110 |
| Ако си помагаме еден други, и Господ ќе ни поможит. | 4062 |
| Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит. | 111 |
| Ако си постелиш, ќе легниш. | 112 |
| Ако си сиромав, барем не биди мрсулав. | 4063 |
| Ако си сиромав, не биди мрсуљав. | 113 |
| Ако си сиромав, не токми се со богат. | 4064 |
| Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет. | 114 |
| Ако слушаш ќе те слушаат. | 8714 |
| Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри. | 115 |
| Ако сме денес утре не сме. | 8715 |
| Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле. | 116 |
| Ако снема чавки, ќе снема и кокошки. | 4065 |
| Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи. | 6716 |
| Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот. | 117 |
| Ако сум парталав, сум чесен. | 118 |
| Ако сум помак, не сум авмак. | 119 |
| Ако сум сиромав за многу, за малу не сум. | 120 |
| Ако сум ти жена, не сум ти робинка. | 121 |
| Ако сум црн, не сум Еѓуптин. | 122 |
| Ако те лажам да не осунам. | 8716 |
| Ако те неќат в кашчи, плевната гас дава за тебе. | 6717 |
| Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос. | 4066 |
| Ако ти даваа, зимај. | 6718 |
| Ако ти дадох кравата, не ти дадох и Черлија. | 6719 |
| Ако ти е арен комшијата, арен ти е и живото. | 6720 |
| Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата. | 4067 |
| Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина. | 4068 |
| Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба. | 4069 |
| Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото. | 123 |
| Ако ти е мъка, држи си го в ръка. | 124 |
| Ако ти е пријатело мед или шеќер, не јади го сиот. | 4070 |
| Ако ти е тебе мило, мене не ми е. | 125 |
| Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот. | 126 |
| Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат. | 4071 |
| Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село. | 127 |
| Ако ти ме гледаш с едното, јас тебе и сос двете. | 6721 |
| Ако ти ме гледаш со едното око, јас ќе те гледам со двете. | 4072 |
| Ако ти на смеја си се женил, јас на смеја не сум се омъжила. | 128 |
| Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата. | 8717 |
| Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана. | 129 |
| Ако ти се фатит за пола, ќини ја полата. | 130 |
| Ако тис не се почешеш, друг ќе те дрпне. | 6722 |
| Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш. | 131 |
| Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата. | 132 |
| Ако трпиш, ко бег ќе живејш. | 133 |
| Ако умрам, зер векот ќе го сотрам. | 4073 |
| Ако фатиш богати пријатели, подготви повеќе трошоци. | 4074 |
| Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе. | 8616 |
| Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит. | 134 |
| Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог. | 4075 |
| Акот на Ѓурговден. | 135 |
| Акот на стопанот. | 136 |
| Акот си оит у стопанот. | 4076 |
| Ак’л с’пари не се купува. | 8677 |
| Ал да имаш, ал да немаш. | 137 |
| Ал има тој, што ја нема. | 4077 |
| Ал на бојаџи. | 138 |
| Ал со жена, ал без жена. | 4078 |
| Ал со неја , ал без неја. | 139 |
| Ал чвек да имат, ал да немат. | 140 |
| Алал да ти е ко млеко мајчино. | 141 |
| Алал да ти е млекото мајчино. | 142 |
| Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит. | 4079 |
| Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов. | 143 |
| Алвата е слатка и без леб. | 6723 |
| Алваџија за бозаџија. | 6724 |
| Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам. | 145 |
| Али млад жени се, али млад калугери се. | 146 |
| Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата. | 4080 |
| Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба. | 4081 |
| Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани? | 147 |
| Алија на мевот, Салија капа му крое. | 8718 |
| Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи. | 4082 |
| Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав. | 4083 |
| Аловито — вековито. | 6725 |
| Амин, господи, ама ногу е. | 6726 |
| Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче. | 6664 |
| Ана барат мана. | 148 |
| Ангел со опашка. | 149 |
| Анѓел со рогој. | 150 |
| Анѓелино, парај колче: ноќе везиш, дење параш. | 4084 |
| Анета преде, а Павле меле. | 6727 |
| Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет. | 151 |
| Апсаана куќа необична. | 4085 |
| Апсаана куќа сиромашка. | 4086 |
| Арам дупка не знаит. | 4087 |
| Арам му носија, алал му јадење. | 6728 |
| Арам стока спечалена, ќе истечит како вода. | 4089 |
| Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса. | 4088 |
| Арамија арамија ваќа. | 8719 |
| Арамија од арамија не се страмуа. | 4090 |
| Арамија од арамија разлика има. | 4091 |
| Арамија со арамија си живуа и на заем си дава. | 4092 |
| Арамија со скорни низ чаршија оди. | 4093 |
| Арамија таткото, арамија и сино. | 4094 |
| Арамијата арамија ваќа. | 4095 |
| Арамијата и ноќе гледа, ама и од сенката се плаши. | 4096 |
| Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава. | 4097 |
| Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види. | 4098 |
| Арамијата сеедно кради, а богат или тргоец не можи да биди. | 4099 |
| Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес. | 152 |
| Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град. | 153 |
| Арамја да си со умот, а не со ръката. | 154 |
| Арамја од арамја ферк имат. | 155 |
| Арамја со скорни. | 156 |
| Арамјата арамја фашчат. | 157 |
| Арамјата е бериќетлија колку барутот. | 158 |
| Арамјата ја влечкат фортомата по себе. | 159 |
| Арамјата ја клал глата в торба. | 160 |
| Арамот секогаш си е арам. | 161 |
| Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит. | 162 |
| Аргатсќи пари като ковачќи ваглење. | 6729 |
| Аргацки пари — коачки јаглење. | 4100 |
| Арен ак'л, ама малку пари чини. | 6730 |
| Арен бијол, само рогојте му се кусо. | 163 |
| Арен глас — златен појас. | 164 |
| Арен грб не се плаши од самаре. | 6731 |
| Арен е господ шчо не го држит. | 165 |
| Арен е господ шчо не трпи. | 6732 |
| Арен збор — златен кључ. | 166 |
| Арен јунак со добра дружина. | 167 |
| Арен комшија и од брат поголема фара. | 168 |
| Арен кон и под парлав чул се познава. | 6733 |
| Арен маж на збор не стоит. | 4101 |
| Арен оѓин — пофална жена. | 6734 |
| Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена. | 6735 |
| Арен си, арен ти камен на главата. | 6736 |
| Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот. | 4102 |
| Арен ти камен на главата. | 6737 |
| Арен човек арно не вижџа. | 6738 |
| Арижај ми, брате, това шчо не може. | 6739 |
| Арјанот му е влезен. | 169 |
| Арна дума железни порти отвара. | 6740 |
| Арна капа — лоша глава. | 6742 |
| Арна капа, ама лоша глава. | 8720 |
| Арна ќуљафка му скроиле. | 170 |
| Арна ле ти е жената, свадба не ти требе. | 6741 |
| Арна мома рода нема. | 6743 |
| Арна пролет — трева до глушчови колена. | 6744 |
| Арна стока сама се познава. | 6745 |
| Арната дума стига далеко, а лошата ошче подалеко. | 6746 |
| Арната жена ет од Бога блаосовна. | 4103 |
| Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен. | 171 |
| Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат. | 172 |
| Арната работа се забат. | 173 |
| Арната реч царската порта ја отварат. | 4104 |
| Арната стока сама се продава. | 4105 |
| Арната стока сама се продат. | 174 |
| Арната стока секипат си чини парата. | 4106 |
| Арнаутче знаит и друго патче. | 4107 |
| Арни пријателје и од братја са помили. | 6751 |
| Арние ага и двата вола поткарува. | 6747 |
| Арние ден се познава по ѕаранта. | 6748 |
| Арние јунак дома не си умира. | 6749 |
| Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино. | 6750 |
| Арнијт ден са познаве от ѕастрата. | 8721 |
| Арниот збор железна врата отворат. | 175 |
| Арниот збор и царска врата отворат. | 176 |
| Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку | 177 |
| Арниот јунак дома не умират. | 178 |
| Арниот јунак со дружина голема. | 4109 |
| Арниот којн арен тоар носит. | 8722 |
| Арниот коњ алал јади раната. | 4110 |
| Арниот коњ и под лош мутав се познаат. | 4111 |
| Арниот коњ стопана си од лошо го куртулисуат. | 4112 |
| Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит. | 4113 |
| Арните круши свињи 'и јадет. | 180 |
| Арните круши свињите и јадат. | 4114 |
| Арните рабоке по кротко се прает. | 181 |
| Арно братство, помило од богатство. | 182 |
| Арно ѓубре — арен дом. | 6752 |
| Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава. | 4115 |
| Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава. | 8724 |
| Арно е се да знаеш, ама не требе се да приш. | 6753 |
| Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш. | 4116 |
| Арно јади, ама и арно работи. | 6754 |
| Арно каче — ама тече. | 6756 |
| Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел. | 184 |
| Арно, лошо — врашча од маала. | 6755 |
| Арното лето се познава по пролетта, арние ден по ѕаранта. | 6757 |
| Арното на огниште, стоката на буниште. | 4118 |
| Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око. | 4119 |
| Арното секој го валит, ама секој не го држит. | 4120 |
| Арното секој го фали, ама секој не го држи. | 6758 |
| Арното секој го фалит, ама секој не го прајт. | 185 |
| Арното си е секаде арно, а лошото — секаде лошо. | 6759 |
| Арс'з човек сам се окажува. | 6760 |
| Арсланицата едно рожџат, ама арслан. | 186 |
| Атерџика мома - мев до заби. | 8585 |
| Атоите кога се клоцаат, магарињата одеваат. | 4121 |
| Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат. | 4122 |
| Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците. | 187 |
| Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш. | 6762 |
| Ах за челад, оф за челад. | 3989 |
| Ах за чељад, оф од чељад. | 188 |
| Аха, куга си вида тило. | 6761 |
| Аџија лаж — ѓаол со опашка. | 4123 |
| Баата гледаш, биволо не гледаш. | 6763 |
| Баба баи, устата је зјаи. | 4124 |
| Баба да ти бае, да ти по неа и ја. | 4125 |
| Баба за круши не се лажит. | 4126 |
| Баба за круши не се мажи. | 8725 |
| Баба куга бае и сос уста знае. | 6764 |
| Баба лажи - трап не лажи. | 8726 |
| Баба мъмит, трап не мъмит. | 189 |
| Баба шимија носи за да скрие бели коси. | 6765 |
| Бабата кога бае и со устата зјае. | 4127 |
| Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата. | 4128 |
| Бавна дума брже оди. | 6766 |
| Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна. | 6816 |
| Багла бегири за плотот. | 190 |
| Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш. | 4129 |
| Бадијала киселина од мед е послатка. | 4130 |
| Бадијала киселина поблага е од мед. | 8727 |
| Бадијала работи, бадијала не седи. | 4131 |
| Бадјала ќиселина поблага од мед. | 193 |
| Бадјала работај, бадјала не седи. | 191 |
| Бадјала ручег подувјат. | 192 |
| Бало со ѓаол не се играт. | 194 |
| Бањата сите и миет, а себеси не можи да се измие. | 4132 |
| Барај го арниот пријател за да го најдиш. | 4133 |
| Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само. | 4134 |
| Барај го доброто и поземи и по небо. | 4135 |
| Барај го доброто, и купи го скапо. | 4136 |
| Барај го доброто, оти поскапо е од златото. | 4137 |
| Барај да го најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат. | 4138 |
| Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка. | 4139 |
| Барај късмед во работата, а не во надежта. | 195 |
| Барај му 'и на даскал от назад парите. | 196 |
| Барај работа, оти ако не работиш, ќе бидиш за страмота. | 4140 |
| Барат беља со борина. | 197 |
| Барат беља со пари. | 198 |
| Барат влакно в јајце. | 199 |
| Барат игла в плева. | 200 |
| Барат сешчо ко трудна жена. | 201 |
| Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите. | 202 |
| Барут в оган не трает. | 8728 |
| Барут и оган не се клавет едно до друго. | 203 |
| Барут и оѓин на едно место не бива. | 6767 |
| Бацни прачка, пиј вино. | 6768 |
| Бачило од кокошки не се прави. | 8729 |
| Бачило од свинки не се прајт. | 204 |
| Башча и крвник бива. | 6769 |
| Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел. | 6770 |
| Беб мака — нема ука. | 6780 |
| Бега воло да не влези во јаремо. | 4141 |
| Бега ле комшијата, поварке и ти. | 6774 |
| Бегаа од дош удрија на град. | 8730 |
| Бегај далеку од белезано нешчо. | 205 |
| Бегај од злото како Евреино од крсто. | 4142 |
| Бегај од лошото додека не е дошло. | 6771 |
| Бегај од пијан като и од улав. | 6772 |
| Бегај од пијанио како од улаио. | 4143 |
| Бегај од пијаницата, ниту оди му во куќата. | 4144 |
| Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо. | 8731 |
| Бегајте нозе, посра ве газо. | 6773 |
| Бегајте ноѕе, ве испосра гъз. | 206 |
| Бегајте, нозе, оти газ ве испостра. | 4145 |
| Бегал воло дека го дупна штркало. | 4146 |
| Бегал од ѓаолот, паднал на врагот. | 207 |
| Бегат воло дека го дупит со остено воларо. | 4147 |
| Бегат како ѓаол од темјан. | 4148 |
| Бегат како ѓаолот од темјан и Евреинот од крстот. | 4149 |
| Бегат како Евреин од крс и протестанец од пос. | 4150 |
| Бегат како некој елен треќак. | 4151 |
| Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака. | 4152 |
| Бегат како од чума. | 208 |
| Бегат ко ѓаол од крст. | 209 |
| Бегат ко Евреин од крст. | 210 |
| Бедна кула — една кула. | 6775 |
| Бежаноа бело носи, а Стојанова црно. | 4153 |
| Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа. | 211 |
| Бежаноа мајка црно не носила. | 212 |
| Без алат нема занаат. | 6776 |
| Без алат нема занает. | 213 |
| Без башча — половин сирок, без маќа — цал. | 6777 |
| Без белачка нема живјачка. | 214 |
| Без Бога нема добрина. | 4154 |
| Без бога ни до прагон. | 215 |
| Без вода воденица не мели. | 8732 |
| Без време ништо не зрее. | 4155 |
| Без дури не зијанит тргоецот, не добиват. | 4156 |
| Без дури не паѓа дете, не можи да се научи да оди. | 4157 |
| Без дури не пати чоек, не можит да се научит. | 4158 |
| Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш. | 4159 |
| Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја. | 4160 |
| Без заахмет — нама раахмет. | 6778 |
| Без здравје немат богатство. | 216 |
| Без Камбера свадба не се прајт. | 217 |
| Без ќар ти го продам. | 227 |
| Без мака нема наука. | 4161 |
| Без мака нема раат. | 6779 |
| Без Мара не бива попара. | 6781 |
| Без мера кој јаде, брже ќе се разболи. | 6782 |
| Без мера којшто јади, брго ќе се поболи. | 4162 |
| Без мера којшто работи, брго ќе ее умори. | 4163 |
| Без мера работа — брза умора. | 6783 |
| Без мъка немат наука. | 218 |
| Без мъка ни песма не се испевјат. | 219 |
| Без неоља немат богу мољба. | 220 |
| Без нож ме колиш. | 221 |
| Без пари не можи чоек да живеи. | 4164 |
| Без пари не се оди во кафеана. | 9494 |
| Без пари никој не те сака. | 8733 |
| Без пари се кон не кове — зобнико му зимаат. | 6784 |
| Без питање само магаре одговара. | 6785 |
| Без покана на свадба не оди. | 8734 |
| Без пот немат бериќет. | 222 |
| Без пушка на лов се не оди. | 6786 |
| Без работа леб немат. | 223 |
| Без работа, без леб; без работа, без чест. | 224 |
| Без слобода ко риба без вода. | 225 |
| Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак. | 226 |
| Без труд не се ора со плуг. | 4165 |
| Без ука нема сполука. | 8735 |
| Без фајда овца, трн му под опашка. | 4166 |
| Без чарк водејнца не мелит. | 228 |
| Бела - дење свешча не се палит. | 229 |
| Бела книга, црно писмо. | 8736 |
| Бела Неда на кур гледа и се познава. | 6787 |
| Бела работа, не се учи човек да е. | 6788 |
| Бела сос пари, ошче побела без пари. | 6789 |
| Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува. | 6790 |
| Бели пари за црн век. | 6791 |
| Бели пари за црни дни. | 4167 |
| Белите ръце чужџа работа барет. | 231 |
| Бело е момето како од котело газеро. | 4168 |
| Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево. | 232 |
| Бело му е лицено, ама црно му е срцено. | 233 |
| Бело му е лицето, а црно му е срцето. | 4169 |
| Бело преде — црно носи. | 6792 |
| Белото видело е најмило. | 6793 |
| Белото не праи го црно кога те ваќа инато. | 4170 |
| Белото си е секоаш бело, а црното — црно. | 4171 |
| Белото црно не бидуа. | 4172 |
| Беља чоек пари да има, беља да нема. | 4173 |
| Бељата е во торбата. | 234 |
| Бељата е сирак. | 235 |
| Бељвица - рибица. | 236 |
| Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш. | 6794 |
| Берберо ќе бричи и здраво и ќелао. | 4174 |
| Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај. | 237 |
| Берберот и ќељаи ќе бричит. | 8737 |
| Бери мъжи, тъжи. | 238 |
| Бериќето се раѓа кога и Господ го блаослава. | 4175 |
| Бес си бараше, два си најде. | 4176 |
| Бесен гъз крвав нос. | 239 |
| Бесна коза пресна рана. | 8738 |
| Бесна челед в тесна кашча не бива. | 6795 |
| Бесно куче и на чорбаџијата се фрла. | 6796 |
| Бесот гла ѓинит. | 240 |
| Би брак помина. | 241 |
| Би го самаро да се сети магарето. | 4177 |
| Би лага, доби, скака скакулец, доскака. | 4178 |
| Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит. | 4179 |
| Би свадба, помина, секој дома на попара, дури мајка не го окара. | 4180 |
| Бидете орачје — јаште ќебапје. | 6797 |
| Биди ербап, јади ќебап. | 6798 |
| Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар. | 4181 |
| Биди потрплив за секоа работа. | 6799 |
| Биди умен и опулен. | 8739 |
| Биди чоек, а не нечоек. | 4182 |
| Било, да за тоа се кажуало. | 4183 |
| Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна. | 4184 |
| Биљбиљот од јъзикот си тргат. | 242 |
| Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа. | 4185 |
| Бистра вода се а пие. | 6800 |
| Бистра водица, мирна главица. | 243 |
| Битисае мъмлешките, битисае и парите. | 244 |
| Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб. | 245 |
| Блага дума железна врата отвара. | 6802 |
| Блага реч железна врата отворат. | 8740 |
| Благиот збор и железна врата отворат. | 246 |
| Благо секој јајт. | 247 |
| Благословено е пиењето — проклето е пијанството. | 6803 |
| Благословено пиењето, проклето пијанството. | 8741 |
| Бладзе на глувиот зашто два пати слушат. | 8742 |
| Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана. | 4186 |
| Блаѕе на вредната ръка. | 248 |
| Блаѕе на тој шчо дат, а не барат. | 249 |
| Блаѕе на тој шчо имат бел образ. | 250 |
| Блаѕе на умната гла и вредната ръка. | 251 |
| Блаѕе си је на мајка ти. | 252 |
| Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит. | 253 |
| Блаѕе си ми кога имат кој да ме перит, тешко мене кога немат кој да ме перит. | 254 |
| Блаѕе си му на белјот образ. | 255 |
| Блаѕе си му на умниот меѓу будалите. | 256 |
| Блаѕе си ти бре будала! | 257 |
| Блаѕе та мајка шчо го родила! | 258 |
| Блаосоено вино, а проклето пијанство. | 4187 |
| Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца | 259 |
| Боб јади, коње кради. | 6804 |
| Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена. | 4188 |
| Бог да не пази од сиромашија и од простотија. | 4189 |
| Бог да не чуа од луди, млади. | 4190 |
| Бог да не чуа од препраени светци. | 4191 |
| Бог да не чуа од стари неразбрани. | 4192 |
| Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари. | 4193 |
| Бог да прости кој ме гости сношти. | 4194 |
| Бог да прости кој остајл. | 260 |
| Бог да те чуа од домашен арамија. | 4195 |
| Бог да те чува да не ти клекне мајстор в кашчи. | 6811 |
| Бог да те чува куга слеп прогледне. | 6812 |
| Бог да те чува од гнил мос и од прдлив гос. | 6813 |
| Бог да те чува од домашен арамија. | 6814 |
| Бог да те чува од закарок. | 6815 |
| Бог да те чува од лажибогородица. | 6817 |
| Бог да те чува од невиден жар. | 6818 |
| Бог да те чува од пијани жени. | 6819 |
| Бог да те чува од преправен светија. | 6820 |
| Бог да те чува од тамавќар и од завислив. | 4196 |
| Бог да те чува од улав пријател. | 6821 |
| Бог да чува — цар да брани. | 6822 |
| Бог дава, ама в кошара не накарува. | 6808 |
| Бог давал, давал, па заборил. | 6809 |
| Бог дал, свети Илија зел. | 6810 |
| Бог доброто — на душмане злото. | 6823 |
| Бог е во срцата на тие што го бараат. | 4197 |
| Бог на никој не е оставал д'жен. | 6824 |
| Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш. | 4198 |
| Богатие цапи парата. | 6805 |
| Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина. | 8743 |
| Богатио чоек на секого в очи му биет. | 4199 |
| Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат. | 4200 |
| Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат. | 6806 |
| Богатото мамче младо се жени. | 6807 |
| Богатство немат наситство. | 8744 |
| Бодата спие, думата не спие. | 6915 |
| Бодливие вол боде и без рогове. | 6825 |
| Бодни прачка пиј вино. | 8745 |
| Боже, чуај, брани од лоши другари. | 4201 |
| Божик идат, со шчо ќе не најт? | 261 |
| Божјето око гледа на луѓето. | 4202 |
| Божјето око гледа насекаде. | 4203 |
| Бој се од Бога и не бој се од никого. | 4204 |
| Болен здрав носит. | 262 |
| Болен ле си лежал или си болен чувал? | 6826 |
| Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа. | 4205 |
| Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади. | 4206 |
| Болен се моли. | 6827 |
| Болен човек душа бере, па за живот мисли. | 6828 |
| Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира. | 4207 |
| Болеста дооди сос товаре, а си оди сос грамове. | 6829 |
| Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето. | 4208 |
| Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмој. | 4209 |
| Болеста лесно дооди, лесно не си оди. | 6830 |
| Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица. | 4210 |
| Боли го забо та криви. | 6831 |
| Болна жената, болна и куќата. | 263 |
| Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа. | 4211 |
| Болниот душа бери и пак се надеи да не умри. | 4212 |
| Болниот малу јајт, ама многу арџит. | 264 |
| Болници лежат, квасници врват. | 6832 |
| Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе. | 8746 |
| Бољката оде пу нас а не пу планинта. | 8747 |
| Бори се со злото, и викај го на помош доброто. | 4213 |
| Борч неплатен, греф непростен. | 8748 |
| Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли. | 4214 |
| Борчлија човек не е свој човек. | 8749 |
| Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига. | 4215 |
| Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати. | 4216 |
| Борџот е лош другар. | 265 |
| Борџот ет полош и од волкот. | 4217 |
| Бос оди, пишчол носи. | 6834 |
| Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата. | 266 |
| Боцни пръчка, пи вино! | 267 |
| Браво се вика на магаре куга излезе од ажмако. | 6835 |
| Брада му порастила, ама умот не. | 268 |
| Брада царска, а гла водејнчарска. | 269 |
| Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена. | 4218 |
| Брак и гости куќа пусти. | 270 |
| Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват. | 4223 |
| Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират. | 4224 |
| Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка. | 271 |
| Брасто за брасто, сирење за пари. | 4219 |
| Брат без помош, враг се викат. | 272 |
| Брат брата не рани, тешко кој го нема. | 4220 |
| Брат брата не рани, тешко му кој си нема. | 6836 |
| Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат. | 273 |
| Брат за брат мирашчија. | 6837 |
| Брат за брата, сирењето со пари. | 274 |
| Брат не е брат, комшијата е брат. | 6839 |
| Брат од брат кога се помага, и Господ ќе 'и даруа. | 4221 |
| Брат од брат помогнат, појак ет од еден град. | 4222 |
| Брат од брато помогнен, појак е од град. | 6840 |
| Брат по брата, сите низ врата. | 275 |
| Брат помогнат од брат, појак е од еден град. | 276 |
| Брат против брат, полош е од најголем враг. | 277 |
| Брат само мајка рожџат. | 278 |
| Брате, брате, пълна уста. | 279 |
| Братската љубов појака е и од железно кале. | 280 |
| Братството за братство, брашното за пари. | 8750 |
| Брблаица жена е како некоја празна воденица. | 4225 |
| Брблаица жена никој не ја милуа. | 4226 |
| Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша. | 4227 |
| Бргу иде, бавно си оди болеста. | 8751 |
| Брезо магаре не е едно. | 281 |
| Брз е зајакот, ама побрз е 'ртот. | 4228 |
| Брз ко ајта. | 282 |
| Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа. | 4229 |
| Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може. | 8752 |
| Брза коња се стига, брза дума се не стига. | 6841 |
| Брза кучка слепи кучиња раѓат. | 8754 |
| Брза кучка слепи кучиња ражџа. | 6842 |
| Брза помош — двојна помош. | 283 |
| Брзата вода бргу истеквит. | 284 |
| Брзата и силната вода и од камен мос турка. | 4230 |
| Брзата кучка слепи рожџат. | 285 |
| Брзата работа брзо се расипвит. | 286 |
| Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди. | 4231 |
| Брикова огрева — зетова привида. | 6843 |
| Бричен, не целиван. | 8755 |
| Бричи ле се комшијата, топи се и ти. | 6844 |
| Бркавме вълк, излезе лисица. | 287 |
| Бркај го лошото дури не ти дошло. | 288 |
| Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога. | 4232 |
| Будала давал — итер јал. | 6845 |
| Будала дал, итер зел. | 8756 |
| Будалата ако имаше рогој, сите ќе го познаве. | 289 |
| Будалата и на брашно се смејт. | 290 |
| Будалата лесно се прелажуа. | 4233 |
| Будалата немат рогој. | 291 |
| Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата. | 4234 |
| Будалата се смејт и кога не е за смеење. | 292 |
| Будалијо му прај п'т на пијанијо. | 8757 |
| Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки. | 6846 |
| Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит. | 4235 |
| Бутарино ет удрен од тланико. | 4236 |
| В арман не се чита ферман. | 6854 |
| В битка куршум не са дава на заем. | 8753 |
| В брзата вода човек не се дави, в тијата ќе се удави. | 6856 |
| В ѓол влази, сух излази. | 6857 |
| В една тиква прдет. | 293 |
| В една уста пљувет. | 294 |
| В едното уше влезе, в другото излезе. | 6858 |
| В која кашча нема мачка, глувците оро водат. | 6890 |
| В кревет работа не свршуваш. | 6901 |
| В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва. | 8758 |
| В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат. | 295 |
| В лозје пошол тамавќарот и грозје не зобнал. | 4237 |
| В море на дно влезе и пак сув излезе. | 4238 |
| В ново грне шчо прво ќе ставиш, на това ќе мериса. | 6904 |
| В орман кадија не судит. | 296 |
| В орман ферман не се пејт. | 297 |
| В пазва би го клал да е кабиљ. | 298 |
| В решчо вода не се носи. | 6929 |
| В секое село требе да имаш по еден пријател. | 6934 |
| В село не го прибирет а тој опитвит ке седит попот. | 299 |
| В стара кашча ред не туре. | 6936 |
| В устата ти мед. | 300 |
| В царова уста има и оѓин и вода. | 6938 |
| В Чифлико овца да не си. | 6939 |
| В чужџа манџа не туре сол. | 6940 |
| В'к баница не јаде. | 6884 |
| В'к в магла дави. | 6886 |
| В'к в'к не јаде. | 6885 |
| В'к домазл'к не бива. | 6887 |
| В'к од добро не разбира. В'к од овча кожа не се плаши. | 6889 |
| В'к сермија не чува. | 6891 |
| В'ко влакното мени, табието не меми. | 6888 |
| В'ко дека лежи не дави. | 6892 |
| В'ко дека се кучи там лови. | 6893 |
| В'ко и броено не признава. | 6894 |
| В'ко куга краде, не гледа ни бела ни црна, само да е подебела. | 6895 |
| В'ко куче не станува. | 6896 |
| В'ко на пазар не оди. | 6897 |
| В'ко не чека да го викаа — сам си дооди. | 6898 |
| В'ко се на магла радува. | 6899 |
| В'ко се од кучето не плаши, туку од лао. | 6900 |
| Вади си вода од новиот бунар, но не плукај по стариот. | 8620 |
| Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат. | 4239 |
| Ваќај пријатели арни и чесни за да ти се најдат во лоши саати. | 4258 |
| Ваќај пријатели арни и чесни, да ако сет и троа сиромаси. | 4259 |
| Валбата е краста: чунки кој се вали, не пали. | 4240 |
| Валени јаготки, празни кошници. | 4241 |
| Валеното девојче ќе земи полошо момче. | 4242 |
| Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење. | 4243 |
| Вали ме, усто, оти ќе те раскинам. | 4244 |
| Вало-прдло наш Неделко се повали настред село. | 4245 |
| Варвара вари, боксава брка, Никола срка. | 6847 |
| Вардењето не е страх. | 6848 |
| Варди го попот, за да е мирно селото. | 301 |
| Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш. | 302 |
| Варди дури не се затркаљало клопчето. | 303 |
| Варди се да не се поболиш, оти мачно можиш да оздравиш. | 4246 |
| Варди се да не ти речат бисерко. | 6850 |
| Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата. | 304 |
| Варди се и господ да те вардит. | 305 |
| Варди се од злото дури не ти дошло. | 4247 |
| Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади. | 306 |
| Варди се од мътна вода! | 307 |
| Варди се од слеп да не прогледне. | 6851 |
| Варди се од терзија арамија. | 6852 |
| Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога. | 4248 |
| Варен, варен, та дур печен. | 6849 |
| Варена пченица ич никнуат? | 4249 |
| Варена пченица не никнува. | 8763 |
| Варена та печена. | 308 |
| Варено печено, кому му е речено. | 8764 |
| Варено, печено нам ни било речено. | 309 |
| Вари го, печи го, гајда си е гајда. | 6853 |
| Вати го слепецо, извај му очите. | 4250 |
| Вати да си оди коњо по пато, ама откоа го изеде грбачо. | 4251 |
| Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката. | 4252 |
| Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго. | 4253 |
| Вати пријател поп, да ако сакаш да му го раниш коњо со зоб. | 4254 |
| Вати пустина и бестрага. | 4255 |
| Вати се да се држиш за даб, а не за шип. | 4256 |
| Вати, трати, и ич не есапи. | 4257 |
| Ваши деца, ваши судии. | 6855 |
| Ве боли на вашето, па удри на туѓото. | 8765 |
| Ведра ноќ ко рибино око. | 310 |
| Веков е колце — се вртит. | 311 |
| Веков е скала: еден качи се, други слези | 312 |
| Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат. | 4260 |
| Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај. | 313 |
| Векот на младите останува. | 8766 |
| Вели му ти на чоека арно, да ако тој ти речи лошо. | 4261 |
| Велигденои пости многу сет долзи. | 4262 |
| Велиден е еднаш в годината. | 6859 |
| Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш. | 4263 |
| Вера е да се држит, а закон е да се вардит. | 314 |
| Вера имало од века и ќе има довека. | 4264 |
| Вера планини поместува. | 6860 |
| Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа. | 4265 |
| Вера сос пари кој купува, брже а остава. | 6861 |
| Верата е стара и млада. | 4266 |
| Верата и планини подмрдвит. | 315 |
| Верата ни се ваќа, ни се гледа; ни се јади, ни се мириса. | 4267 |
| Верата од Бога е остаена. | 4268 |
| Верата планиње преместуа. | 4269 |
| Верата си е вера, законот си е закон. | 316 |
| Верата со пари не се купуа. | 4270 |
| Верата Христоа го омекнуа чоека. | 4271 |
| Верви му на момокот, ама и на окото. | 317 |
| Верен измеќар, цел стопан. | 4272 |
| Верен слуга — здрав кључ. | 318 |
| Вересија кој дава, непара ќе напредуа. | 4274 |
| Вересија потресија. | 8767 |
| Вересија — гола шија. | 319 |
| Вересија — истресија. | 6862 |
| Вересија — реси ја. | 4273 |
| Вересија, потресија, дај со раце, барај со нозе. | 4275 |
| Весело срце кадел'а преде. | 6863 |
| Весело срце къдељка предит. | 320 |
| Ветар го вејт на бела кобила. | 321 |
| Ветар дупка не пълнит. | 322 |
| Ветар му вејт низ ушине. | 323 |
| Ветар терат со капата. | 324 |
| Ветер вати, ветер пушти. | 4276 |
| Ветро крпи, конци губи; старо љуби, ноќ си губи. | 4277 |
| Ветро што ќе донесит, ѓаолот ќе однесит. | 4278 |
| Ветрот дебелите дрвја 'и уриват, а слабите 'и виткат. | 325 |
| Ветрот е најсилен пред да тивнит. | 326 |
| Ветрот коа да веит, од никого не се боит. | 4279 |
| Ветрот ќе повеит, песокта ќе останит. | 4281 |
| Ветрот ќе поминит, и плевата ќе одвеит. | 4282 |
| Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи. | 4280 |
| Вехто крпи, конци губи; старо љуби, дни си губи. | 6864 |
| Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет. | 327 |
| Видел манго масло, па си намажал и газо. | 6867 |
| Видел на кур урда, помислил си бачија е. | 6868 |
| Видела жаба дека се коне кове, и она придигала нога. | 6865 |
| Видела жабата ке се коет коњите, та и та је кренала ногата. | 328 |
| Видела камилата уши, побарала рогои. | 4283 |
| Видела шута рогове, притерала и уши. | 6866 |
| Види го прво дрвото, да после седни под него. | 4284 |
| Види гъзе новина, не дочекај година. | 329 |
| Види му 'и опинците, та пушчи го дома да ти влезит. | 333 |
| Види му главата, па му а крој капата. | 6870 |
| Види му го умот, крој му капа. | 330 |
| Види му го умот, купи му ја стоката. | 331 |
| Види му го умот, суди му за дома. | 332 |
| Види му и другарето, па го есапи каков е. | 6871 |
| Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е. | 4285 |
| Види му умо, да после есапи го домаќино. | 4286 |
| Види му умот крои му капа. | 8769 |
| Види поп, јади боб. | 6869 |
| Види си в кесе, да после купи си прасе. | 4287 |
| Видиш ле луд, не стануве друг. | 6872 |
| Видиш ле матна вода, не гази. | 6873 |
| Видов, не видов, чув, не чув, држ'ја еврејската. | 4288 |
| Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа. | 6874 |
| Виж му рацете, та па главата. | 6875 |
| Виж се сам, па наоди маана на другите. | 6876 |
| Викај ме грне, само не крши ме. | 334 |
| Викај по в'ко додека не влегол в трлата. | 6877 |
| Викај по волкот дури не влегол во булукот. | 4289 |
| Викај по вълкот дури не влегол в трло. | 335 |
| Викај си по волко откоа ќе влези во булукот. | 4290 |
| Вике по в'ко додека не е однел јагнето. | 6878 |
| Викнала баба гости, а та седнала да се пошчит. | 336 |
| Викни го волкот да ти варди булукот. | 4291 |
| Вино носи, вода пиј. | 8770 |
| Вино носит, вода пиет. | 4292 |
| Виното го праи чоека еднипати везир, а еднипати резил. | 4293 |
| Виното го прајт чвека и везир и резиљ. | 338 |
| Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет. | 339 |