Macedonian Erotic Folk Songs and Poetry. Македонски еротски народни песни

Секој петок урда јадам. Боне Величковски.
1.
А бре, Петре, седиш дома
Јадиш гомна,
Толчиш вошќи на подлошќи!
Фати го кучето,
Удри го од лесата,
Јади му од месата,
Удри го од вршникот, 
Јади му трбушникот,
Повлечи го по мразот,
Јади му од газот,
Удри го од лаурот
Јади му од паурот,
Повлечи го од тревата,
Јади му од цревата,
Удри го со пратот,
Јади му го стапот,
О, о, о, коледе, коледе!

2.
Ај седнал Марко, Марко Кралевиќа,
Седнал Марко куро' да си бричи!
Брикол, брикол, ми набрикол,
Ми набрикол - три страници,
Кога 'и мерил - три зобници,
Кога 'и броил - три влакна набрикол!

3.
Ајдете деца,
Да собираме деланки,
Да ебаваме селанки!
Ајдете деца,
Да собираме штичинја,
Да ебаваме пичинја!

4.
Ајчин Бајчин,
Г'спичок мајчин!
Курот има очи,
На кур ми скочи!

5.
Ала, ала атка,
Под магаре затка,
Од конј опутка,
На Васка у путка о, о, о!

6. 
Ала, ала лаќи,
Пичка со мустаќи,
Турчин пичка не бричи,
Мачка риба не јаде!
 
7.
Ангеле Веле...
Отелил теле!
Води го в Крапа,
Купи му капа,
На капата игла,
Куро' му се дига,
Коледе, коледе, о-о-о!

8.
Априле риле,
Мој побратиме,
Дај ми три ношчи
Да је срушам баба (Марта):
Прни, Марту, на брадина!

9.
Арапине, дупине,
Кој ти дупи кожата
На четири места?
Мајка ти невеста,
Татко ти прч,
Сестра ти јаричка,
Да ја ебам у пичка, о, о, о!

10.
Ас сам Джиджи Фурламата,
Дрта путка в махалата,
Сисите ми се до папа -
Мога да си ги настапа!
Един стари пич ми рече:
Джиджи, не го дигаш вече!
Ја, како стара ороспија,
Му избих една чакија!

11.
Асодент - си фатив Германка,
Асодент - ја ебев на гранка,
Асодент - гранката се скрши,
Асодент - ебенјето се сврши!

12.
Баба оди по Бабуна
Боса на налуни, 
Ја апнала за пичка стара,
Жолта лута оса, о-о-о!

13.
Баба оди по Бабуна
Бо-о-са, бо-о-са,
Ја апнала за пичката
О-о-са, о-о-са!
Дури дедо дотрча,
на баба и' отече,
на дедо му рипна,
на баба и' го пикна!

14.
Баба оди по Бабуна боса,
Ја апнала за пичката оса!
Дури дедо дотрча,
На баба и пичка отече!

15.
Баба оди по Бабуна
Боса, боса,
Ја апнало за пичката
Оса, оса!
Дури дедо пристигна,
На баба и' отече -
На дедо му истече!

16.
Баба оди по домати,
Дедо мисли колку пати!
Баба седи на два стола,
Дедо буцка одоздола!
Баба седи на топола,
Дедо гледа пичка гола,
О-о-о, охо, охо-охо-о,
Коледе, коледе!

17. 	
Баба оди по орница,
Носи пичка в кошница,
Дедо оди по меа,
Дај ми, бабо, од неа!

18.
Баба -се-е бе....,
Баба сее бело брашенце!
Дедо гу е ба....,
Дедо гу е баба караше
Да не се-е бе....,
Да не сее бело брашенце!

19.
Баба трча низ домати,	2х
Дедо дома си го клати!	2х
Драм путка - ока мада,
Шарени чорапи!
Баба седи на тамбура,	2х
Дедо слатко и' го тура!
Драм путка - ока мада,	2х
Шарени чорапи!
Баба трча низ пипери,		2х
Дедо дома си го мери!
Драм путка - ока нада,	2х
Шарени чорапи!
Баба трча по скалите		2х
Па се сопна,
А по неа дедо		2х
Слатко и' го опна!
Дедо седи на топола		2х
Па ми чеша муда гола!
Драм путка - ока волна,	2х
Шарени чорапи!

20.
Бабо, мори, бабо,
Шо имаш ќерка убава,
Дај ми ја мене!
Шо ќе ти е тебе?
Да ја носам на Солуна,
Да и' купам вруќ сомун,
Да ми ги пасе козите,
Да и' ги прчам нозите,
Да и' тура близна,
Да и' го слизна!

21.
Бегат пичка преку ричка,
Кур ја гледат дур се лелат!
Мори, пичко, што си се зрзало?
Со него шала немало!

22.
Варило пиче сиренје,
Дошло куре да гледа!
Вати пиче да бега
По дрварски патишта!
Го сретнале дрвари:
- Каде бегаш, пиче црвено?
- Ме бркат куре надрвено!

23.
Василија Чоролија,
Чесно лајно од мандија,
Потчепни го, подбуцни го,
Однеси го пред кадија:
Што е ова, челебија?

24.
Василица, Коледица,
Кур се валка по улица,
Го догледа невестица,
Си го тури во пичица, о-о-о!

25. 
Види огин - греј се,
Види пичка - смеј се,
Види кур - очи вади,
Види пичка - земи ја
Со тебе, о-о-о...!

26.
Вода ми се пие,
Куре ми се вие!
Жена ме моли
Да легам кра' нјума!
Ја божем неќу,
Па ву натрапу вреќу!
Вреќа гу гори,
Мој му се топори!

27.
Гавран гачи на куќа,
Богдан плачи под куќа:
Дај ми, боже, три жени
Со пичките стрижени!
Гавраница гакна,
Богдан и' го акна!

28.
Гавран грачи,
Богдан плачи!
- Што плачиш, Богдане?
- Ми умреа три жени
Со пичките стрижени!

29.
Гавран грачи на куќа,
Кузман плачи под куќа!
- Што ми плачиш, Кузмане?
- Ми умреа три жени
Со пичките стрижени!

30.
Галичан - потлиджан,
Врти дупе на нишан!
Турците се собраа,
Г'зот му го обраа!

31.
Грне грчи - пичка зрчи,
Кур се вие да се скрие!
Ој, ти пиче бело,
Н? ти куре дебело!
Ој, ти пиче црвено,
Н? ти куре дрвено!

32.
Дамба, дамба дивина,
Јавна конја пауна,
Па отиде Грците!
Грци конја коваа,
Пашата го колеа,
Сина му го бесеа!
Ој, мори пуста Невено,
Кај да се криеме?
Под Бога сеница,
Бела книга пишеше
С' орлово перце,
Пауново крилце,
Штркливо дупиште,
Чингарово куриште!

33.
Дамба, думба Невено,
Јавна конја пауна,
Па отиде Негорци!
Конја врана бранеше,
Пашата го колеше:
Де мори пуста Невено,
Кај ќе се скријме?
Под бука - сеница,
Орлово грниште, 
Орлово дупиште, о-о-о!

34.
Дан, дун дудуле,
Летна моме на куре,
Стропаја дзвонците,
Се исплашија момците,
Летнаа у избата,
И го начукаа у пиздата!

35.
Даскалица пиле пече,
Од путката мас и' тече!
Даскалица спрсна,
Даскл и' го сврсна!
Даскалица спрепна,
Даскал и' го репна!
Даскалица переше,
Даскл и' го мереше, ооо...!

36.
Дау, дау, дау, дау,
Лиду, лиду, ду.		2х
Што е Јана, леле, мочнала,
		    мочнала,
До девет села однела,
		 однела,
Перчето си го занела,
	          занале,
Десето село замела,
	         замела!

37.
Две усти споени,
Две срца сврзани,
Две гаќи одврзани,
Вуна до вуна -
Една дупка пуна!

38.
Девојка ме моли
Да спиеме голи, 
А ја неќу, неќу,
Стра' ме ќе гу згмечу!
Даде ми коштанче, 
Подигнав и' фустанче,
Даде ми лажичка,
И' го турив в пичка!

39.
Дедо бара пичка,
Баба не му дава,	2х
За лажичка масло.	2х
Лажичката пукна,
Дедо и' го фукна!

40.
Дедо бара путка,
Баба не му дава,	2х
За лажичка масло.
Лажичката пукна,
Дедо и' го фукна!

41.
Дедо има ку...	2х
Дедо има кутија за цигари,
Баба има пи...		2х
Баба има писана кошула!

42.
Дедо оди на копа,
Курот си го закопа!
Трај, бабо, трај,
Утре е Божиќ,
ќе ти купам нова пичка
		       јаребичка!

43.
Дедо оди на оранје,
Повел баба на ебенје!
Видел едно врапче,
Врапчето си пеело:
Дан-дун, стар кур,
Стара пичка вештеричка,
Младо пиче јаребиче!

44.
Дедо оди на пазар,
Качил курот на самар!
Баба оди по него:
Дај ми, дедо, од него!

45.
Дедо сака путка,
Баба не му дава!
Оти не му дава?
Оти вчера прала,
Путката и' се збрала ооо...!

46.
Дедо сака шупче, шупче,
Баба не му дава!
Зашто не му дава, дава?
Голема му глава!
Лончето тресна,
Дедо и' го плесна,
Лончето пукна,
Дедо и' го фукна!

47.
Дедо се оптега,
Дупот си го стега!
Фрлите го у долот,
Тур'те му го колот ооо!

48.
Дедо седи во кафана,
Точка кур во марама!
Блиско иде баба,
Курот му се дига!
Курот има очи,
Па у пичка скока ооо!

49.
Дедо седи на буниште,
Држи тиква на куриште!
Тиквата пукна,
На баба и' го фукна о о о !

50. 	
Дедо седи на топола,
Дрка кур у марама!
Дошло едно врапче.
На што стоеше?
На едно гранче.
Како пееше?
Драм пичка, ока кур,
Шарени чорапи!
Баба вари ракија,
Дедо прави чакија.
Драм пичка, ока кур,
Шарени чорапи!
Баба оди по бостанот,
Дедо мери под ф'станот.
Драм пичка, ока кур,
Шарени чорапи!
Баба седи под топола,
Па си бричи пичка гола.
Драм пичка, ока кур,
Шарени чорапи!

51.
Дедо цепе бурина,
Си пресекол курина!
Викна баба да плаче.
- Не плачи, бабо,
Утре е пазар,
ќе си купам ново куре ооо...!

52.
Димче, Димче Пагурче,
Каде беше?
На дрва.
Што виде таму?
Врапче.
Како пее?
Ур, дур - стар кур,
Стара пичка - јаребичка!

53.
Дири, дири гаќи,
Пичка со мустаки,
Курец со брадулец!
Леле, море Ставре,
Курот ми го навре!

54.
Дири, дири Дичице,
пет пари пичице!
О, што е слатка
Како од орев јатка!
Дека да ја најдам?
Покрај крушка,
Таму да и' го тушнам ооо!

55.
Дири, дири дичка,
Пет пари пичка,
Три кадели волна,
Курот ми го колвна!

56.
Дири, дири дичка,
Сто динара пичка,
Два динара вуна,
Што се не рачуна!

57.
Днеска сам ја прала,
Па сам си ја здрала!
Опни го, тропни го,
Шарени чорапи!
Дали да ги носам,
Дали да ги чувам?
Ја и' го видов
На баба ти г'зо!
Опни го, тропни го,
Шарени чорапи!
Невеста, црвен топ сукала
Сабајле рано пред зори!
Лесно ми е, полесно
Да ти влезни потесно!

58.
Дојде Први мај,
См'кни гаќи па ми дај,
Ја ќе бутам, ти си трај,
Ако ти е арно,
утре па' ми дај!

59.
Драган одит по патче,
Јади лајно на лопатче...

60.
Дрин, дрин, Кукушин
Пауна дупка ваунишин!

61.
Дрш' ми, куме, курот
И ти пуста сваќе,
Наш'та пичка Јана
Испадна ебана!

62.
Дудул, дудул дудулче,
Црно пиче мустаче!

63.
Ду, дум, дум, бели гаќи,
Црна путка со мустаќи!

64.
Дум таки, дум таки,
Црна пичка со мустаки!

65.
Думбара, думбара тропорци,
Сите моми на курци,
Една само не беше,
И таа се ебеше ооо!

66.
Дундо дебела,
Камо ти кудела,
утре е недела!

67.
Дундо, мори, дебела,
Свадба ти е в недела,
Што не редиш дарови,
Туку редиш газови!

68.
Дупни дупче - клај коренче,
Така се садит пиперот!
Клекни, мокни - повади го,
Така се вадит пиперот!
Копни дупче - испраши го,
Така се прашит пиперот!

69.
Ѓоре седи на греда,
Пичка мери со педа!
Пичка тесна сака,
Да ја гали в рака!

70.
Ѓуро конја јааше,
Куро' му се мааше!
Ѓуројца ојше по него:
Дај ми, Ѓуро, од него,
Ја' не можам без него!

71.
Ебале се двама
У чичина слама!
Пратиле телеграма
Да дојдат још двама!
Јавиле по телефон
Да дојде чичко Андон,
Да тури куртон,
Да ебе и он!

72.
Ебале се четворица
У Трајкова воденица!
Трајковица переше,
Трајко си го мереше:
Педа - чапарашка, 
Главата му башка!

73.
Еден, два, три,
Штурчето се скри!
Кој го најде?
Ете, баш ти,
Под кур се скри!

74.
Една фатка - ништо патка,
Две фатки - слатки!

75. 
Еј, дедо и баба се скараја,
Дзумба, дзум-дзумбаба,
Дум-бамбаре, дум-бамбаре!
Еј, дедо летна по полјане,
Курец влече до колена,
Баба трчи по него:
Дај ми, дедо, од него,
јас не можам без него!
Дзумба, дзумба, думба-дум,
Бамбаре-дум, бамбаре!
Еј, дедовото куриште
Ка' некој сурлиште,
Дедовите мадинја
Ка' некој сиви соклина,
Дедо да 'и преметне
Преку женски дупина!
Дум-бам бамбаре, дум-бамбаре!
Еј, бабината путица
Ка' некој чантица!
Баба трчи по него:
Дај ми, дедо, од него,
Јас не можам без него!

76.
Засели се село на момино чело,
Ајде, море, иди кажи им,
Да не ебам мама им,
Тамо село не бива,
Тамо вода нема!
Засели се село на момини груди,
Ајде, море, иди кажи им,
Да не ебам мама им,
Тамо село не бива,
Тамо вода нема!
Засели се село на момино пупе,
Ајде, море, иди кажи им,
Да не ебам мама им,
Тамо село не бива,
Тамо вода нема!
Засели се село на момино путе,
Ајде, иди кажи им,
Да им ебам мама им,
Тамо село ќе биде,
Таму вода има!

77.
Засели се село
На момино чело!
Ја, иди кажи и',
Да и' ебам мама и',
Там' село не бива,
Тамо вода нема,
Подолу ќе биде!
Засели се село
На момино пупе!
Ја, иди кажи и',
Да и' ебам мама и',
Там' село не бива,
Тамо вода нема,
Подолу ќе биде!
Засели се село
На момино путе!
Ја, иди кажи и',
Нема да ебам мама и',
Там' село ќе биде,
Там' вода тече!

78.
Засели се село
На момино чело!
Ту, еба го мајката,
Тука село не бива!
Засели се село
На момини гради!
Ту, еба го мајката,
Тука село не бива!
Засели се село
На момина пичка!
Тука вода има,
Тука гора има,
Тука село ќе биде!

79.
Заспал, задремал
Сос девојче под орав!
Т'нка риза, дебел г'с,
Тврд кур, алови чорапи!

80.
Затворете пердето,		2х
Да направам детето!
Мама и' на Ратка думаше:
Ах, мори, ќерко на мама,
Кој ми те, ќерко, излага,
Кој ми ти го, ќерко, тргна?
Ич дума да не стане,
Меѓу нас да си остане!
Првата вечер как' беше,
Само малку крв течеше!	2х
Мама и' на Ратка думаше
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Втората вечер как' беше,
Само малку ја болеше	2х
Мама и' на Ратка думаше
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Третата вечер как' беше,
				2х
Како возот си одеше!

81.
Збирајте се, деца,
Да збираме буки, елки,
Да ебеме учителки,
Да збираме астали,
Да ебеме даскали!

82.
Збирајте се коледари, 		2х
Да играме коледица,
Што е еднуш во година!
Пржи пиче сиренје
На врбоји коренје!
Летна пиче да бега
По дрварски патишта!
Го сретова дрвари:
Што си, пиче, крваво?
Ако сум си крваво,
Со кур сум се зрзало!

83.
Знаш ли, цуро, што си обеќала?
Очи црни, сиси бели
И ноги дебели!
Пишам ти се у бркови, Гојко!
А ја тебе у пичку, девојко!
Да сам газда ка' шо сум единац,
Сви девојки би отерал у свинјац,
Е, да сум газда ка' шо сум единац,
Сви девојки би отерал у свинјац!
Свирај, свирај девет тамбураша,
Еве ти едну банку,
Еве ти другу банку,
Моју стодинарку!
Пратете ме до мојега салаша,
Од салаша сва птицу е ваша!
Море, пратете ме до мојега салаша,
Од салаша све птице е ваша!
Свирај, Циго, свирај,
Ебем ли ти мајку,
Излупаќу ти ќемане од главу!

84.
Дз'ма дз'м прапорци,
Сите моми на курци,
Само една не беше,
И таа се ебеше!

85.
Играле баби по месечина,
Растресиле путки како гугутки!

86.
Играле моми Топлички
Со кошулите до пички!
Играле момци прапорци
Со кошулите до курци!
Моми оро воделе,
Момци пички држеле,
Од курци не се делеле!

87.
Играле момци Клисурци,
Со кошули до курци,
играле моми Топлички,
Со кошули до пички!

88.
Имат пиче
Како рипче летниче,
Течат лиги
Како чорапни игли!

89.
Ина, ина, ина,
Чичо еба стрина,
За ваганче брашно!
Ваганче пукна,
Чичо и' го фукна,
Лажица скакна,
Чичо и' го акна,
Виличка рипна,
Чичо и' го пикна о-о-о!

90.
Ина, ина, ина,
Чичо еба стрина,
За ваганче брашно!
Ваганчето пукна,
Чичо и' го фукна,
Лажицата скакна,
Чичо и' и го шлакна!
Танка риза, дебел стас,
Курот рипна среде гас!

91.
Ја пратиле Сандулјка
кај тетка и' на гости,		2х
На лупенје царевка.
Лјупеле, што ми лјупеле,
Легнале, па се дупеле!
Тетко ле, живти тетина,
Запали ја, тетко, ламбата,
Да го видам кој беше
Што ме фати за нога,
За нога, за дебелото,
погоре и рашчепеното!

92.
Јана га тужила Стевана
Што била малку ебана!
Стеван гу тужел Јану
Што на нјегов кур нашла ману!
Суд доноси решенје:
Поново ебенје!

93.
Јанке, Јанке, Јанке,
Ашколсум на татко ти,
Што ја еба мајка ти,
Што те роди тебе,
Да ми дадеш мене о-о-о!

94.
Јанко петел јааше,
Куро' му се мааше,
Три го жени гледаја,
Голи пички бегаа!
Оздол иде пајтонче,
У пајтонче три жени
Сос пичките стрижени!

95.
Јанко петел јааше,
Куро' му се мааше,
Три жени гледаја,
Две моми бегаја,
За пички се фаќаја,
Од земја се траќаја!
Орлова јатка,
на момите затка ооо. . . !

96.
Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше,
Две жени го гледаа,
Гологлави бегаа,
За пички се фаќаа,
од земја се траќаа!
Јанковица метеше,
Јанко и' го гнетеше,
Јанковица переше,
Јанко и' го мереше,
Јанковица викна,
Јанко и' го пикна!
О-о-о, охо-хооо,
Коледе, коледе, коледе!

97.
Јанко петел јаваше,
курот му се маваше!
Три девојки гледаа,
Гологлави бегаа!
Не бегајте некое,
Да ве ебам секое!
Јанковица метеше,
Јанко и' го гнетеше,
Јанковица викна,
Јанко и' го пикна!

98.
Јано, мори, Јано,
Стани ми рано,
Врцни ми жица,
Подигни ми пичка!

99.
Јаре, јаре, јатка,
Од магаре затка!
Врти коло дрвено,
Дај ми пиче црвено,
Коледе, коледе, о-о-о!

100.
Јас го видов на баба ти газот,
Беше полн сос кадрави влакна
И од неговата длабочина
Излегуваше пријатна музика!

101.
Јоанче седит дома,
Јади гомна!
Го фатил Шаро за опашка:
удри, врти од јазот,
Да му јади газот!
Врти, удри од ледината,
Да му јади мадинјата!
Врти, удри од штичката,
Да му јади пичката! . . .

102.
Каде ми бевте
Мои бели гаки?
Ние си бе'ме
Меѓу двата крака,
Ние ја чуваме
Црната кокошка,
Да не ја клукне
Црвениот петел!

103.
Калугер ми коло водит,
Дирај, рара, ра,
Му загина лево м'де!
Си го најде турска мома,
Си г'однесе при шивача.
Шивач шије - то се крије!
Си г'однесе при ковачот.
Ковач чукат - то не пукат!
Си г'однесе при златарот.
Златар злати - то се клатит!

104.
Калуѓер ми мига, мамо!		2х
Ноги ќе ти дига, ќерко:
Една нога на рамо,
Друга нога под мишка,

Црвен топуз у пичка!

105.
Ким бричиш?
На мој личиш!
Свак на свој,
Ти на мој,
У г'с твој!
Прднам, истерам,
До пупок ти го натерам!

106.
Кога двајца се газат,
Во кревет ќе се мазат!

107.
Кога дедо го пикаше,
Цело село викаше!
Кога дедо го вадеше,
Со темјан го кадеше!

108.
Кој ли ме збори,
Кој ли ме мисли,
Кој ли ми пичку једе?
Дали мајка, дали татко,
Дали мој мил брат'к?!

109.
Кој станал рано,
Да јаде топло лајно!
Кој оди по падина,
Да јаде од магаре мадинја!
Кој оди по река,
Да јаде пичка мека!
Кој оди по поле,
Да го ебе Коле!

110.
Кој ти го тури, жено,
Кој ти го тури,
Кој ти го тури, жено,
Името твое?
Кумот ми го тури, мажу,
Кумот ми го тури,
Кумот ми го тури, мажу,
Името мое!
Тесна ти беше, жено,
Тесна ти беше,
Тесна ти беше, жено,
Сукнјата твоја!
Голем ти беше, мажу,
Голем ти беше,
Голем ти беше, мажу,
Зимсксиот капут!
Мала ти беше, жено,
Мала ти беше,
Мала ти беше, жено,
Левата кондура!

111.
Коледе, бабо,
Излези на патот,
Да го видиш Целе,
Курот му го зеле,
На копа го клале,
Мачките го јале,
На бунар го бесат,
Мадинја се тресат,
Крај дупка го шетат,
В дупка натаре влегат, амин!

112.
Коледе, бабо,
Качи се на стапов,
Да го видиш Ѓоре,
Со курот голем,
Да го видиш Раде
Со пет ока маде,
Да го видиш Аврам,
На кур да го наврам!
Да го видиш Недан
От Танаско обан,
Да го видиш Стамена,
Со курот до рамена!
Да ја видиш Роса
На кур што ја носат,
Леле, блазе си је . . .

113.
Коледе, бабо,		2х
Ми се дигна стапот
На два боја високо,
Мижит на едно око,
Неќит да слезит,
Во дупка да влезит!
Дупката јет стара,
Сакат дупка млада,
Кутриот . . .

114.
Коледе, бабо ле,
Курот ме заболе,
Отечен ми седит,
Се' тажит, се' редит!
Викнете ја Фанка
Со пичката танка,
Викнете ја Весела
Со пичката дебела,
Викнете ја Доста
Со пичката проста,
Викнете ја Румена
Со пичката учена,
Викнете ја Невена
Со пичката стребрена:
Која ќе го одтечи,
Која ќе го спадни,
Пичка да му цути,
Курој да лупи,
Пичка да му течи,
Курој да лечи,
Аколом . . .

115.
Коледе леде,
Дедо влечит греди,
Скеле ќе кроји,
Кур да му стоји!
Коледе леде,
Дедо влечи греде,
Кур да потприт,
В петици му гледа,
Неќит капа,
Чевли сакат, кутриот!

116.
Коледе леде,
Дедо лежит в стреде,
Меѓу двете баби,
Со пички без заби!
Едната му велит:
Дедо, оти дремиш,
оти куре носиш
и крај пички постиш?
Курот беше здраф
Дури си беф млад,
Натемаго!

117.
Коледе леде,
Курот го зеле,
На пазар го носат,
Пичка да му просат!
Мала пичка сакат,
Да му бидат калап!
Голема неќи,
Цепена до плеќи!
Со капаче сакат,
Да ја галит в рака!
Сакат пичка сува,
Да ја носит ф пазува,
Блазе си му!

118.
Коледе леде,
Паднало греде,
Отепало деде!
Деде се мачи, Баба го плачи!
О, о коледе!
Утре е Божиќ,
ќе јадеме свинско месо,
ќе пиеме рујно вино!
Кој го има ќе го тучи,
Кој го нема ќе го бричи!

119.
Коледе леде,
Паднало деде!
Деде се мачи, Баба го квачи,
Со четири јајца,
Гускини, шаткини,
О-о-о коледе!
Коледница, меледница,
Удри баба по тртница
Да си пушти киселица
У зелена каленица,
Да си срка
Со сребрена лажица,
О-о-о коледе!
Утре е Божик,
ќе јадеме свинско месо,
ќе пиеме рујно вино,
Кој го има ќе го тучи,
Кој го нема ќе го бричи!

120.
Коледица бабица,
Пичка лежи на стапица!
Пичка вели оф!
Ми изникна моф!
Пичка вели танко,
Ми порасте влакно!
Пичка вели нур, нур,
Дајте голем кур!

121.
Коледица бабица,
Топли пичка лесница!
Ој, леле мајле,
Пичка ти сабајле!

122.
Коледица бабица,
Фатил пичка ф'стапица!
Пичка викат: леле,
Дајте ме на Веле!
Веле ме сакат
Да ме држит в рака
Оти имат мака,
Оф, оф, оф . . .

123.
Коледица богровица,
Удри баба по тртница,
Да си пушти киселица
У зелена каленица,
Да си срка со
Сребрена лажица, 
О, о, о, коледе!

124.
Коледица, Варварица,
Врти пица на полица,
Да ти мочне киселица,
Да си сркаш са' година!

125.
Коледица, Василица,
Удри пица на полица,
Кој ја има ќе а' тучи,
Кој ја нема ќе 'а гледа!

126.
Коледица вртулица,
Врти пичка на полица!

127.
Коледница, моледница,
Удри баба по гузица,
Да ти пушти киселица,
Коледе, коледе!
Кој ти мајка одведе!
Попчето, да му ебам гропчето,
Коледе, коледе!

128.
Колинде, мелинде,
Стара баба Дина
Пичката ја скина,
Не можит да трпит 
Стар кур да ја крпит:
Со конец от козина -
Пичката му подзина,
Со конец от волна -
Пичката му јет полна,
Машала! . . .

129.
Комшиката Ленка
Има путка маленка,
А на сестра Фруска
Путката и' труска!
На другарката Живка
Путката и' цивка:
Зинало црно маче,
Бардаче без капаче,
Се нашол кур делија,
И' затворил капија!
Цивканје било за ебанје!

130.
Крц, крц лубеница,
На Јанкова воденица!
Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше,
Две жени го гледаа,
Голи пички бегаа,
Јанковица переше,
Јанко си го мереше:
Педа - фашка, Главата башка!
Јанковица писна, 
Јанко и' го стисна!

131.
Крц, крц лубеница,
На Јанкова воденица!
Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше,
Две жени го гледаа,
Гологлави бегаа!
Оздола идат три жени
Со пичките стрижени!
Јанковица викна,
Јанко и' го пикна!

132.
Крц, крц лубеница,
Под Јанкова воденица!
Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше,
Две жени го гледаа,
голи глави бегаја!
Јанковица викна,
Јанко и' го пикна!
Јанковица меташе,
Јанко и' го гнетеше!

133.
Кукуригу петле,
Не ми гази метле,
Мајка ми е луда,
ќе ти скрши муда!

134.

Кукуригу петле,
Не ми мрси метле,
Моја мајка луда,
Кје ти скрши муда!

135.
Кукуригу петле-е!
Кој ти е мајка?
Стара баба Јанка,
На г'зо' и' сламка!

136.
Кур да бричиш,
На мој да личиш!
Свак на свој,
Ти на мој,
У г'с твој!
Да ти пушти
Малку лој,
Па да видиш
Кој е тој?

137.
Кур ти е - двор ти е,
Г'с ти е чаршија,
Мојот - муштерија!

138.
Кур се шета			2х
Низ чаршија, оджачар,
Бара минджа
Вересија, оджачар!		2х

139.
Кут, кут, кут, мато, кут,
Нова куќа, мато,
Нова дома, мато!
Роса росе, мато,
Да не ми те наросе,
Да не ми те наврне!
Кут, кут, кут, мато, кут,
Кој ќе ми те уроче,
Курот му у очи,
Кој ќе ти завиде,
Пичка да не виде!
Кут, кут, кут, мато, кут!

140.
Лампалила, пиздата
Си ја запалила!
Трчи, дедо, изгаси ја!
"Нека си ја, ебам си ја,
Три дни празник не терала,
На сиромаси гас давала", ооо!

141.
Лена, Лена
Лен садила,
Пичка и' се запалила:
- Брзо, попе,
Изгаси ја!

142.
Лена, Ленка бор садила,
Пичката и' се запалила
- Бргу, попе, изгасни ја!
- Еба си ја, нека гори,
Среда - петок месо јала,
Мене пичка не ми дала! . . .

143.
Лено, мори Лено,
На таван ти сено!
Сено ти се пуши,
Пичка ти се души!

144.
Лено, мори Лено,
на таван ти сено!
Сено ти се суши,
Пичка ти се пуши, ооо!

145.
Лено, мори Лено,
на таван ти сено!
Сено ти се суши,
Пичка ти се туши!

146. 
Мамо, мор, главата ме боли!
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул!
Мамо, мори, устено ме боли!
На устето лјубенје,
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул!
Мамо, мори, гушата ме боли!
На гушата грленје,
На устето лјубенје,
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул.!
Мамо, мори, градите ме болат!
На градите стисканје,
На грлото гушканје,
На устето лјубенје,
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул!
Мамо, мори, мешето ме боли!
На мешето мешанје,
На градите стисканје,
На гушето грленје,
На устето лјубенје,
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул!
Мамо, мори, пичето ме боли!
На пичето ебенје,
На мешето мешанје,
На градите стисканје,
На гушето грленје,
На устето лјубенје,
На главата фесове,
На фесове ресове,
И озгора пискул, пискул!

147.
Мара Маријата
Са сички непозната,
Како млада ороспија
Се крена на вересија!
Маре, сношти
Еден пич ми рече,
Цепутката ти е голема,
А за тебе кур си нема!
Оди, Маро, в корија,
Бргу, равчекори ја!

148.
Мара седи на бунара
И си драпа пизда стара!
Трајчо вика: што е тоа?
Мара вика: еби тоа, ооо!

149.
Мара седи на два дола,
Па си гледа путка гола,
Ем ја гледа ем ја чеша,
Па е вели:
Дејди, дејди путко гола,
Што си била за ебенје,
Да ти влезе
Црвен курец залуштен,
С' кола трнја ограден,
Среде дупка провртен!

150.
Маре, мори, Маре,
Блазе си на мајка ти,
Што ја ебел татко ти,
Да те роди тебе,
Да ми дадеш мене,
Коледе!

151.
Марко кове - кур си рове,
Пена пере - пичка дере!

152.
Матен Вардар дотече,
Млади курчинја довлече,
Пресни рипчинја -
Тесни пичинја!

153.
Матен Вардар дотече,
Сандак пички довлече!
Белите ги ебаваат,
Црните ги продаваат,
О-о-о охо, ооо коледе!

154.
Матен Вардар дотече,
Сандак пички довлече:
Едната пет кила,
Со се' влакна - шес' кила!

155.
Матен Вардар дотече,
Сандак пички довлече,
Сите беа стрижени,
Само една не беше
И таа се ебеше!

156.
Матен вардар дотече,	2х
Сандак пички донесе,
Ем пичинја тесни
За курчинја бесни!	   2х
Ако сум си гола, боса,	2х
Пичка јас си носам,
Ако сум сирота,
Имам пичка широка!    2х

157.
Матен Вардар дотече,
Сандук пички довлече,
Ем пичинја тесни
За курчинја бесни:
Една пичка пет кила,
Со се' влакна шест кила!

158.
Ми надојде Вардарче,
Ми донесе пајтонче!
Во пајтонче три жени
Со пичките стрижени!

159.
Миле седит дома,
Јадит гомна,
Толчит вошќи.
Удри кучка
По слабинка, 
ќе ти мочнит
Коселинка:
И да сркаш,
И да макаш,
Доста ти јет
До година, о, о, о!

160.
Мини, миди, макси,
Куров ми е такси!
Цел ден вози пички
По тесни улички.

161.
Мома ми се моли
Да спиеме двама голи
На рамното поле!
Курбан ќе ни' колат
Телци ем говеда
За курово здравје!

162.
Мори, бабо грбава,
Шо имаш ќерка убава,
Дај ми ја мене!
Шо ќе ти е тебе?
Да ми пасе козите,
Да и' прчам нозите,
Да и' пуштам близна,
Да и' пукне пизда!

163.
Мори, бабо дрта,
Ела да те тртна!
Чекај до поклади
Да ти се услади!

164.
Мори моме, Буќушо, Буќушо,
Како садеш пиперо, пиперо?
Така, вака, со рака, со рака!
Мори моме, Буќушо, Буќушо,
Како вадеш пиперо, пиперо?
Клекни, мочни, навади, навади!

165.
На татко ти курот
Метро и петнајсет,
На мајка ти пичката
Д'га и широка,
На сестра ти цицките
Ока и пол ока ооо . . .!

166.
Натиче, Катиче,
На пиче ти кантиче,
Мој ти курец калдрма,
Што ти пиче раздрма!

167.
Не се плаши, не се бој,
Коски нема курот мој!
Оди, моме, подесно
Да ти влезе полесно!

168.
Не се плаши, не се бој,
Курот коски нема мој,
Опа, нина, нина, на,
Чифте чамче игриво,
Турско оро игриво!

169.
Ооо, коледе,
Дедо седи на копа,
Баба седи под копа,
Дедо падна од копа,
На баба и' го закопа!

170.
О,о,о,о,о, коледица, варварица,
Врти пица на полица. . .

171.
О, Петре седи дома,
Јади гомна, 
Толчи вошки
На подлошки,
Удри кучка
По слабина,
Да ти мочнит
Киселина,
Да си сркаш
До година
Со дрвеното лајче,
Со земјеното пајнче, о,о,о,о . . .!

172.
Од Маричка пичката,
Долга и широка!
Каква е таква е,
Полна со влакна е!

173.
Оди дедо по полјани,
Баба трчи по него:
Дај ми, дедо, од него,
Ја не можам без него!
Дедовите јајченца
Како сиви сокленца,
Ги преметнал дедо
Преку на баба рамена,
Право на баба в дупенце!

174.
Оздола иде
Шареното пајтонче,
У пајтонче три жени
Со пичките стрижени!

175.
Оздола иде пајтонче,
У пајтонче две жени
Со пичките стрижени!
Само една не беше
И таја се ебеше!

176.
Оздола иде пајтонче,
У пајтонче три жени
Со пичките стрижени!
Една пичка пет ока,
Со козина шес' ока!

177.
Оздола иде поп Ѓошо,
Напрчил куриште
Како некое зурлиште
И на моми говори:
Ој, мори моми цицлести,
Што сте толку пичлести!

178.
Оздола иде попиште,
Го надрвил зурлиште!
Бегајте, моми, секоја,
Да не ебам некоја о о о !

179.
Оздола иде стар дедо
Си напрчил куриште,
Куриште како сурлиште,
На момите им вели:
- А бре, моми пичести, 
Што сте толку цицести,
О о охохооо!

180.
Ој, Вангеле, Вангеле,
Што ти праве жената?
Црна в'на влачеше,
Пиздата и' плачеше ооо . . .!

181.
Ој, деца, деца,
Одете си дома,
Мајка ви се кеца
Со двете деца о о о !

182.
Ој, леле, леле,
Поповото теле,
Кој ќе го пасе?
Чичко му Тасе,
Покрај јазот,
Да му го јаде газот ооо . . .!

183.
Ој, леле, леле,
Шарено теле,
Кој ќе го пасе?
Чичко ми Тасе,
Фрли стапче,
Утепа врапче,
Врапче под стомна,
Миле изеде
Сто кила гомна!

184.
Ој, Лено, Лено,
Товарено сено.
Сено се суше,
На Лена и' се душе ооо . . .!

185.
Ој, Маријо од Париш,
Доѓи да га видиш,
Как се надујаја,
Кату гајда на срет село!
Гавран грака,
До гуша и' го акна!

186.
Ој, мори бабо грбава,
Шо имаш ќерка убава,
Дај ми ја мене!
Шо ќе ти е тебе?
ќе ја носам на Солун,
ќе и' купам вруќ сомун,
ќе ми пасе козите,
ќе и' прчам нозите!

187.
Ој, мори, тетко касапице,
Цел ден си прала,
Пичка ти се збрала,
Чекај ме до година,
Да ми никне козина о о о !

188.
Ој, невесто ситна лесо,
Да ти бапнам ока месо,
Да прелеташ грчки села,
Да донесеш ока свила,
Да врземе пичкини заби,
Да не гризат курцу глава!

189. 
Ој овчарче, говедарче,
Од капина на капина,
Да ти постелам
Сува ругузина,
Да ти го натерам
Со кузина ооо . . .!

190.
Ој Режо, Режо,
Триш пипережо,
Три жени водиш,
Без гашти одиш!

191.
Ој, Стано, Стано,
Стани ми рано,
Осукај ми зелник, 
Скини ми жичка,
Напрчи ми пичка ооо!

192.
Ој, Цено, Цено,
Пичето царвено,
Сос пара расечено,
на две разделено,
Токму измерено ооо . . .!

193.
Ор, девојко из Ужице,
Кошулја ти до гузице,
А елече до ребара,
Би се са мном поебала?

194.
Ор, домаќин, дур домаќин,
Одовде ќе ти извајме
Еден плуг,
Овде ќе ти го клајме!
Ако си го купиш,
ќе си го имаш,
Ако не, курот ќе ми имаш . . .

195.
Ор, домаќин, дур домаќин,
Отвори вратишчата,
Запали кандилишчата,
Врзи си бечвишчата,
Да не ти се гледат
Куришчата,
Да ги плашиш дечишчата!

196.
Ората копата,
Дај ми ја, чичо, момата,
Да ја затворам избата,
Да и' пукне пиздата ооо . . .!

197.
Оре, Томе, имаш мајка
Црна врана,
Ја забрале два гаврана,
Ја терале на планина,
Ја ебале на правина!

198.
Ори, ори, ориште,
На попово буниште,
Нашла баба чешлиште,
Да си драпа пиздиште
И на дедо куриште ооо. . .!

199.
Ори, пичко јасено,
Кај си била досено?
- Бев горе планина.
- Шчо кур бараше планина?
- Барав кора сланина!
Коледе, коледе, о-о-о !

200.
Оф, леле мајко,
Што ме еба Трајко!
Ако, мори ќерко,
И мене Неделко!

201.
Па го носам кај берберо;
Бербер бричи, маде квичи!
Зум папа! Зум папа!
Па го носам кај доктор;
Доктор има бели мантил,
Па го плаши како вампир!
Зум папа! Зум папа!
Па го носам кај ковач:
Ковач кове, маде рове!
Зум папа! Зум папа!

202.
Пали огин, греј се,
Гледај пичка, смеј се!

203.
Паре пере пиздулка,
Мице гледа низ дупка!
Дај ми, Паро, пиздулка,
Куров да си оладам!
Иди, Мице, у курац,
Пичка ми е таксана!
Ако ти е таксана,
Не ти е потрошена!
Паро ле, севдо ле,
Куров ми го изгоре!
Седи Пара на таван,
Прчи нозе на таван,
Да го бутнам куров мој,
Да го видиш господ твој!
Паро ле, севдо ле,
Куров ми го изгоре!

204.
Петре седит дома,
Да јади гомна,
Толчи вошќи на подлошќи,
Макај пепел, да ослепел,
Појди, појди пондилата
Да ти мочни кобилата,
Киселина да си сркаш,
Да си сркаш салатина
Са година!

205.
Пече пиче сиренце
На две дрвца врбови,
Дошло куре да гледа:
Што си, пиче, црвено?
Како да не сум сцрвено,
К'т под кур сум врвело!

206.
Печи пиче сиренје
На врбови коренје!
Дојде куре да гледа,
Зеде пиче лопатче,
удри куре по главче!
Летна куре да бега
По дрварски патишта!
Го сретнале дрвари:
- Каде, куре надрвено?
- Барам пиче црвено!
Коледе, коледе, о-о-о-о !

207.
Печи, печи, сиренје,
На врба му коренје!
Летна пиче да бега
По дрварски патчинја!
Кај ќе одиш, пиче крваво,
По дрварски патчинја?
ќе те стасаат дрвари,
ќе ти го изебат пичето!

208.
Печи, печи сиренје,
На врба му коренје,
ќур пичка мириса,
Летна пичка да бега!
Оди моме друмови,
Ја сретнале дрвари:
Ој, мори пичко крваво,
Каде ќе се криеме?
Под бога сеница,
Стамбол седеше,
Бела книга пишеше,
Пичката си ја бришеше!

209.
Печи, печи, сиренје
На врбови коренје,
Летна пичка да бега
Низ дрварски патишта!
Ја сретнале дрвари:
- Каде, пичко крвава,
Со кур си се зрзала!

210.
Печи, печи, сиренје
На врбови коренја!
Чу пичка миризба,
летна пичка да бега
По дрварски патишта!
Дрвари го сретнаа:
- Каде, пиче крваво,
За курето 'рѓаво?

211.
Печи, печи, сиренје,
По дрварски патишта.
Чу пиче миризба,
Летна пиче да бега
Низ дрварски друмови!
Ја сретнале дрвари,
Ја фанале за уши
И и' дале две круши о о о !

212.
Печи, печи, сиренце,
Чу пичка миризба,
Летна пичка да бега
По големи друмови!
Ја сретнале дрвари:
Ој, мори, пичко крвава,
Дека си се рвала,
Од корен си "рѓава!

213.
Пизда, пизда дебела,
Се мажела в недела,
Дошле сватови
Со китени стапови!

214.
Пиу, пиу Данке,
Дека беше, вранке?
- У попо'!
- Што праеше попо'?
- Јадеше и пиеше.
Попо' зе' патеричка,
удри вранка по г'зичка,
Пиууу!

215.
Пиц, Пицано,
Златно име ле, златно име!
За тебе се песме поев ле,
Песме поев,
За тебе се оро игра ле,
Оро игра!

216.
Пиц, Пицано,
Златно име ле, златно име!
За тебе се тупан кине ле,
Тупан кине,
За тебе ми зурли трештев ле,
Зурли трештев,
За тебе се оро игра ле,
Оро игра . . . !

217.
Пиче јало грашче,
Па се задавило!
- Дојди, куре, братче,
Одглави ми грашче!

218.
Пиче јало гравче,
Па се задавило,
Почна куре да вика:
- Стој, пиче ресаво,
Да ми го свариш месово!
Охо охохоо, коледе, коледе!

219.
Пиче пече сиренје
На врбови коренја!
Дојде куре да гледа,
Почна пиче да бега
По чаушки патишта!
Сретнаа го чауши,
Фанаа го за уши:
- Каде ќе идеш,
Крвава путетино?!

220.
Пиче пече сиренце
На две билјке билјене!
Отуд иде паче
Да га гледа пиче
Како пече сиренце!
Узе пиче лопатарче,
удри паче по главарче;
Паче узрипа,
А пиче се оплаши,
Па побегне по чаушке путине!
Сретнаше га чауши,
Фатише га за уши:
- Што си, пиче, крваво?
- С' паче сам се 'рвало;
Как' да не сам крваво?!
Пет петушке, фаќ фаќушке,
Не га с'бира царска ведрица,
А како ли моја пица
Као каленица!

221.
Пиче пече сиренце
На две дрвца липкови!
Дошло куре да подуши!
Пиче зема лопата,
удри куре по глава!
Куре почна да плаче,
Пиче почна да бега
Низ чаушови долови!
Фатиле го чауши за уши:
Стој, пиче, не дрдори,
курот ми се утопори!

222.
Пиче пржи сиренје
На врбови коренје!
Дошло куре да гледа,
Прсна пиче да бега
По дрварски патишта!
На пат сретна дрвари:
- Каде, пиче црвено?
Ме бркат куре надрвено!

223.
Појдов на Липа,
Нешто ми срипа,
Јас ја сторив штичка,
Таа била пичка!
Стрчав да ја фатам,
Преку една ричка,
Паднав и се отепав
За таа пуста пичка!

224.
Попадија лен предеше,
Пичка и се запалила!
- Бргу, попе, изгасни ја!
- Нека си ја, еба си ја,
Среда - петок месо јаде,
Јас и сакам, не ми дава!

225.
Попадика лам палила,
Путката си запалила!
- Трчи, попе, гаси ја!
- Нека си ја, еба си ја,
Драм путка, ока кур,
Шарени чорапи!

226.
Попадика л'н палила,
Па си путка запалила!
- Ела, попе, изгаси гу!
- Нека си гу, еба си гу,
Среда - петак не постила!

227.
Посадил ми дедо
Леќа на чукарка, 	2х
Ија, ија, ија ја,
Леќа на чукарка.
Денје ја вади,
Ноќе му ја крадат,
Ија, ија, ија ја,
Ноќе му ја крадат!
Фатил ми дедо
До три момички 	2х
Со тесните пички!
Првата му вели:
Пушти ме, дедо!	2х
Ако сам ти дедо,
Што кур бараш тука?
Втората вели:
Пушти ме, дедо . . .

228.
Почна пиче да бега
По дрварски патчинја!
Го сретнале дрвари:
- Каде, пиче, кај бегаш?
- Ме бркат куре дрвено!
Тије му рекоја:
- Врати се, дај му!
Како да му дам?
- Котел резинја,
Кантар мадинја . . . !

229.
Пошла мома со момци 
Круши да набере!
Крушите ги собраа,
Г'зот и' го обраа,
По круша си лапнаа,
Пичката и' затнаа!

230.
Пошол дедо на пазар,
На пазар,
Ставил си го на самар
На самар!
Баба оди по него,
По него:
"Дај ми, дедо, од него,
Од него!"
Драм путка, ока кур,
Свилени ташаци!

231.
Пошол Илја на танец
Да го ебит гол вранец,
Пошол Илја н'опашка, 
Курот му се окашка!
Играле моми токмички
Со кошулите до пички!

232.
Прала си Мара
Белите гаќи,
Ија, ија, ија ја,
Белите гаќи,
Ем си ги прала
Ем си ги прашала, 
Ија, ија, ија ја,
Ем си ги прашала:
- Каде ми бевте,
Мои мили гаќи,
Ија, ија, ија ја,
Мои мили гаќи?
- Ниа ти бевме
Меѓу двата рида,
Ија, ија, ија ја,
Меѓу двата рида!
Таму ја чуваме
Црвената кокошка, 
Ија, ија, ија ја,
Црвената кокошка, 
Да не и' флезе
Црвениот петел,
Ија, ија, ија ја,
Црвениот петел!
Да не направе
Дете голо меше,
Ија, ија, ија ја,
Дете голо меше!

233.
Пролет - пичкин зовлет,
Лето - куре клето,
Есен - кур бесен,
Зима - пичка зина,
Греј се, пичко, смеј се!

234.
Путе јало гравче,
Па се задавило!
Дошло куре братче,
Па го замолило:
Подигни ми путето,
Да ми влезе курето!

235.
Пушка на фурашка,
Распрна шинела,
Ајде по лјубов!
Либето ме чека
Доле покрај моста!
Л'скаво гадже,
Држ' го здраво
Да не ти даде!
Од отпуска се враштам,
Фелдфебел ме чека,
Свиткани мустаци,
Глава ми врти:
- А бре Македонче,
А бре калпазанин,
Тебе што пиша
В чернио тефтер
Зашто си го ебал
Л'скавото гадже
Под моста!

236.
Рамо, Рамо, Рамо,
ќШе ти скршам джамо',
ќе ти плашам децата,
ќе ти ебам жената!

237.
Реши мома да се жени,
Зумба, зумба, 	2х
У петак си сватој канив,
Зумбај, зумба,	2х
У суботу лебац меси,
Зумба, зумба,
У неделју свадба беше,
Зумбај, зумба,
Понеделник кума испрати,
Зумбај, зумба,
У торник си дете роди,
Зумбај, зумба!
Зачуди се стари свекар,
Зумбај, зумба:
- Што уради, мила снао,
Зумбај, зумба,
За три д'на дете роди,
Зумбај, зумба!
- Ти се чудиш што се роди,
Зумбај, зумба,
Ја се чуду Што не оди,
Зумбај, зумба!
Дете има девет татка,
Зумбај, зумба,
И десети младоженја,
Зумбај, зумба,
Три попова ис Тетова,
Зумбај, зумба,
Три трговца из Лесковца,
Зумбај, зумба,
Три дервиша ч'к из Ниша,
Зумбај, зумба!

238.
Ристе оди по копа,
Курот му се закопа!
Баба оди по него:
"Дај ми, Ристе, од него!"
Баба викна,
Ристе и' го пикна,
Баба укна,
Ристе и' го фукна!

239.
Роса росе, путка просе,
Кур ја гледа па се косе!	2х
Баба бега, путка стега,
Дедо трче, кур се прче!
Да не беше штичката,
На Калина у пичката!

240.
Се заборајф да се женам,
Ми спомена стрико ми!
Та си спрегнаф четворт кола,
Четворт кола, два бијола,
Та си ојдоф во Шошани,
Си ја зедоф Шавр Дуда.
Одеф, одеф до пол п'ти,
Скочиф дола - скрши кола,
Слегоф дола - пукна вола,
Та си ојдоф дури дома,
Од далеку извиквеф:
- Ај ти, мајко, стара мајко,
Распрај ми ги к'тишчата,
От' ти идат златно добро!
Је дадофме да си јадит -
Три погачи от чејнца,
Три киселци 'ржени,
Три кобли блего млеко!
Се најаде, се насрка,
Малу вода ми потпушчи,
Девет водејнци замелиле
И девет ва'лајци;
Малу ми се потпострала -
Колку чука на планина!

241.
Се налутил Акија,
Па му удрил чакија,
А со лева, а со десна,
Од земја го тресна!

242.
Се насели село		2х
На момино чело,
Ту, еба го мајката,	2х
Тука село не бива,
Село бива подоле!
Се насели село		2х
На момини очи,
Ту, еба го мајката,	2х
Тука село не бива!
Тука вода нема,
Село бива подоле!
Се насели село
На момино усте.
Ту, еба го мајката,
Тука село не бива,
Тука вода нема,
Село бива подоле!
Се насели село
На момини гради.
Ту, еба го мајката,
Тука село не бива,
Тука вода нема,
Село бива подоле!
Се насели село
На момино меше.
Ту, еба го мајката,
Тука село не бива,
Тука вода нема,
Село бива подоле!
Се насели село
На момино путе.
Ту, еба го мајката,
Тука село ќе биде,
Тука вода има,
Тука ќе се насели!

243.
Се собрале триста
Пичку Пичкуранки,
Сачу Сачуринки,
Габро Габровички,
Се едри пички,
ќе ми одат на седенка!
Прва тргнала
поповата Стојна,
Алена галена,
Во раце нефанена,
И по неа - триста
Пичку Пичкуранки,
Сачу Сачуринки,
Габро Габровички,
Се едри пички!
На пат го сретнале
Урлен Дурлен,
Во глаата чурлен
И почнале да го рипаат!
Прва рипнала
Поповата Стојна,
Алена, галена,
Во раце нефанена,
И по неа - триста
Пичку Пичкуранки,
Сачу Сачуринки,
Габро Габровички,
Се едри пички . . . !

244.
Седнал дедо на буре,
Пресечел си куре!
Седнала баба на штичка,
Пресекла си пичка!
Седнала баба на грутка,
Убила си путка!

245.
Седнал Марко, море, куро' да си бричи,
Брикол, брикол, море, три години време,
Па набрикол Марко триста руна в'на,
Па си тргнал, море, во града Солуна,
Да продаде, море, триста руна в'на,
Да си купи, море, конја пеливана.
Како пошол, море, ем пари си собрал,
па си купи Марко конја пеливана!

246.
Сенце на газенце,
Штичка на пичка!

247.
Сива, сива галабица,
Каде си се осивила?
Таму горе на небото!
Што правеше дедо Господ?
Си правеше златни чаши!
К'нали, к'нали!
Утре е Божиќ,
ќе јадеме свинско
ќе пиеме рујно вино,
Кој го има ќе го тучи,
Кој го нема ќе го бричи!

248.
Сива, сива гол'бица,
К'ј си се осивила?
Таму горе на бел Дунаф.
Шо имаше, шо немаше?
Златна чаша, иконата,
Да служиме млада бога,
Млад' бога - божикова.
Божик ми је на небеси,
Слава ми је по сфа земја!
- Ке дајте, али не?
- За многу години!
(Ако не дадат домакјините)
- Суроф кочан, бабин г'с.

249.
Сиво врапче
Силно пее:
"Ур, дур,
Стар кур,
Стара пичка,
јаребичка о о о !"

250.
Силен Вардар дотече,
Цел сандук пички донесе!
Една пичка пет кила,
Со се влакна шес' кила!

251.
Симо ојде до чаршија,
Носи пички вересија!
Сите пики попис прават,
На Симо не му дават!

252.
Синоќ, синоќ снаа доведовме,
Дзумб, дзумба, дзум баба,
Синоќ снаа доведовме,
А наутро дете роди,
Дзумб, дзумба, дзум баба,
Па ја пита нејниот свекор:
- А бре, снао, силна курво,
Кој ти го направи тоа дете?
- Ој ти, свекре, стар магарец,
Земи книга в раце, молив,
Пиши: на три места по илјадо,
На пет места по стотина,
Кој кај види!
Прво, пиши на три места
По илјадо,
На пет места по стотина,
Кој кај најди - тамо вати!

253.
Скачнал бумбар на трнка,
Па си почнал да дрнка!
Го дочула мушица
С'с премрела пичица!

254.
Скопје, Сарај, Водно,
За ебанје згодно!
Нино, Нино, Нино,
Стара курветино!
Курирот ме прати
Кромпир да му лупам,
Јас кромпир не лупам,
Жената му ја дупам!
Нино, Нино, Нино,
Стара курветино!

255.
Слегнала Јана
Долу од планина,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Долу од планина!	2х
Од планина слегла,
Крај реката пошла,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Крај реката прошла!	2х
Крај реката прошла,
Бели гаќи прала,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Бели гаќи прала!	2х
Бели гаќи прала
И ги прашувала,		2х
Иха, иха, иха, ха,
И ги прашувала:		2х
Каде ми бевте,
Мои бели гаќи,		2х
Иха, иха, иха, ха,
Мои бели гаќи,		2х
Ние си бевме
Меѓу двата крака,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Меѓу двата крака,	2х
Таму ја браневме
Црната кокошка,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Црната кокошка,	2х
Да не ја зајари
Црвениот петел,	2х
Иха, иха, иха, ха,
Црвениот петел!	2х

256.
Сл'нце грее - пичка зрее,
Кур надзрќа, па се смее!

257.
Слн'цето зајде,
Курот пичка најде!
Пичката вика: болна сум!
Курот вика: доктор сум!
- Ела, пичко, на куре,
ќе ти дадам илаче!
Пичката сака апче,
Курот дава главче!

258.
Собрали се триста пички
Пичаранги на еден мос',
Да решават еден гулем вопрос!
Оздол иде еден кур топорес;
Извикали сички: Боже, до небе,
Почна сичко живо да се ебе!

259.
Сонце грее - кур се смее,
Пиче вели: болно сум!
Куре вели: доктор сум!
Пиче, пиче црвено,
Што не му дадеш
На тоа куре здрвено?!

260.
Сонцето зајде

Сонцето зајде,
Курот пичка најде!
Пичка вели: болна сум!
Курот вели: доктур сум!

261.
Сонцето зајде

Сонцето зајде,
Курот пичка најде!
Пичка вели болна сум!
Курот вели доктур сум о о о !

262.
Стано, мори, Стано,
Стани ми рано,
Пушти ми жичка,
Напрчи ми пичка!

263.
Стапна Рада на даската,
Тралја-лја-лја-лја, м-м-м-м,
Тралја-лја-лја-лја, ш-ш-ш-ш,
Да си белит бело платно!
Избелила го, истрила го,
Фрлила го на плетиште!
Поминало лудо младо,
Г'изгазило бело платно,
Дошла жаба, го подмоча,
Дошла желјка, го потпостра!

264.
Сурва, бабо, сурва,
Мајка ти е курва,
Сестра ти е јаричка,
Да ја фатам за пичка!

265.
Сурва, бабо, сурва,
Мајка ти јет курва,
Сестра ти јет јаричка,
Да ја фатам за пичка,
Да ја носам нис село,
Да ја турам кисело!

266.
Сурва, бабо, сурва,
Мајка ти курва,
Сестра ти јаричка,
Да ја ватам за пичка!
Да ја водам нис село,
Да ја турат кисело, ооо!

267.
Сурива, сурива,
Петка Ѓурива,
Комат сланина,
Пизда Орданина!

268.
Суро конја јааше,
Курот му се мааше,
Сите жени 'ржеа,
За пички се држеа!

269.
Суро, суро, суроа,
Под куќата Ѓуроа,
Ѓуројца метеше,
Ѓуро и го гнетеше!

270.
Сурова, бабо, година, сурова,
Мајка ти јаричка,
Да ја ватам за пичка,
Да ја шетам нис село,
Да збираме млеко кисело . . .!

271.
Суровица багравица,
Удри баба по тртица,
Да ти пуште киселица
У зелена каленица,
Да си сркаш со лажица!

272.
Суровица габровица,
удри баба по тртица,
Да ми роди машко дете!
- Како ќе го викат?
- Ајчин, Бајчин,
Пичекот му мајчин,
Естрин, Брестрин,
'Ба му газот сестрин ооо. . . !

273.
Суројца габројца,
Курва конја вјаваше,
Курот му се маваше,
Три жени 'ржеја,
За кур му се држеја . . .

274.
Таа Калина, мамо,
Луда полудела,
Низ селото оде,
Ергенето воде,
Ризата и' т'нка,
Пичката и' в'нка!

275.
Тана, нина, нина,
Чичо брка стрина,
За ваганче брашно,
За лажичка масло;
Ваганчето пукна,
Чичо и' го фукна,
Стрина вика. . .

276.
Тара личе, личе,
Пет педи пиче,
Три кадели в'на,
Курот му загрна,
Од горе јатка,
Што е путка слатка!

277.
Тара, нина, нина,
Чичо еба стрина
На вр' планина,
За лажичка масло,
За ваганче брашно!
Ваганче се пукна,
Чичо и' го фукна!

278.
Тарзан и Тарзаница
Играле брканица,
Тарзаница се сопна,
Тарзан и' го опна!

279.
Тебе, поп те ебе,
На попову нјиву,
Нјива ти се суче
Како бесно куче!

280.
Тина, нина, нина,
Чичо ебе стрина
На врв планина,
За едно грне масло!
Грнето пукна,
Чичо и' го фукна!

281.
Тингара, тингара горнички,
Бабини пички в торбички,
Дедови јајца в кошнички!

282.
Тргна дедо на пазар,
Едно утро рано,
Со курот на рамо,
Со пичка под мишка, 
Се запишал во книшка,
Ооо, охохо, ооо!

283.
Тргнала Ратка,
Млада удовица,
Напучила путка
Како лубеница!

284.
Три лили личе,
Три педи пиче,
Три кадели в'на,
Курот ми го з'грна!
Орлова јатка,
Мојот кур -
На момите затка ооо . . . !

285.
Трија, лија личка,
До три педи пичка,
Три кадели в'на,
Ја' си куро' к'на.
Пуста пичка слатка
Како ореова јатка!

286.
Тркала има - топ не е,
Брада има - поп не е,
Чалма има - оджа не е,
По дупки се крие,
Змија не е?

287.
Точка, точка, точка,
На Тарзан му се мочка,
На Тантор му се прди,
Цела джунгла смрди!

288.
Тумба, лјумба, Шулјане,
Земи нашто керане,
Тенко, ленко предеше,
Голо дупе одеше!

289.
Тути, тути дедо,
На ти стрелата,
Да ми ја чуваш момата!
Ако не ми чуваш момата,
ќе ти запалам копата,
ќе ја откарам в Тарлинци,
ќе ја потковам клинци,
ќе ја турам в кацата,
Да ми мати јајцата,
ќе ја тура' на шчичката,
ќе ја еба' в пичката!

290.
Тфоја мајка ја забрале,
Два гаврана ј'отерале,
На букана је го клале,
Во дупкана,
Ј'отерале на ричкана,
Је скинале от пичкана,
Од рудина на рудина,
Је скинале троа удина,
О, о, о . . . !

291.
Ур, дур, стар кур,
Стара пичка јаребичка,
Коледе, коледе, о-о-о !

292.
Утре вечер - Бадник вечер,
Баци конја, пак на пазар,
Купи винце, пак напиј се,
Дувни плевна, запали се,
Касни каша, попари се,
Види пиче, исплаши се,
Коледе, коледе, о-о-о !

293.
Цинцири, минцири, Божано,
Една нога на рамо,
Друга нога под мишка,
Црвен гуштер у пичка ооо . . . !

294.
Цуцул седи на грутка,
Па си шие кесулка!
- А што ќе му кесулка?
- Да си збира жирчок!
Да си рани прасето,
Да му пушти мавца,
Да си мачка стапчето!
- А што ќе му стапчето?
- Да си тепа бабата!
- А што ќе му бабата?
- Да му роди машко дете!
- Како ќе го викаат?
- Ајчин, бајчин,
Еба' му газот мајчин!

295.
Цуцул стои на грутка,
Па си шие ќесулка.
- Зошто му е ќесулка?
- Да си збира жирчок.
- Шо ќе му го жирчок?
- Да си рани прасето.
- Шо ќе му го прасето?
- Да му пушти мавца.
- Шо ќе му е мавца?
- Да си го мачка стапчето.
- Што ќе му го стапчето?
- Да си ја тепа бабата.
- Што ќе му е бабата?
- Да му роди машко дете.
- Како ќе го викаат?
- Ајчин, Бајчин,
Да му ебам газот мајчин!

296.
Чаталигу, паталигу,
Турнам, бутнам,
Да не ти го извадам,
Колку се?

297.
Чафарлига, лига,
Пичка ми намига!
Пичка бега по високо,
Кур флева по дибоко, ооо . . . !

298.
Чилибу, чилиба,
Елементија тапец,
На газот ти црвен клапец,
Од море тревче,
Од орел клунче,
Да ти пројде мрзеата!

299.
Чичо ебе стрина
На вр' планина,
За ваганче масло,
За лажичка брашно.
Ваганче се помести,
Чичо и' го намести,
Лажичката пукна,
Чичо и' го фукна!
Такар, такар, коледе!

300.
Чупа ми се моли
Да спиеме голи,
На рамното поле!
Курбан ќе ни' колат
И на курот ќе се молат
За курово здравје!

301.
Штрк, штрк балабан,
Врти пичка на казан,
Да ми пушти шарлаган!
  

Copyright ©. George Mitrevski. Auburn University. e-mail:mitrevski@auburn.edu