Македонски благослови. Good wishes.
- Аир и бериќет да имаш.
- Аирлија да ви е пазаро.
- Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате.
- Аирлија да ви е радоста.
- Аирлија да е севтето.
- Аирлија да е, до година да му месеме комат.
- Аирлија да му е (да ти е) р'ката.
- Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење.
- Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците.
- Аирлија да ти е полазо.
- Аирлија да ти е севтето.
- Аирлија и за многу години да ни е коматов.
- Аирлија пазар, со пари аз'р.
- Аирлија пазар.
- Аирлија работа.
- Аирлија.
- Аирот да му видиш.
- Ај Боже поможе, нека ни е л'сна работа и нека даде Бог да се роди бериќет.
- Ај Боже поможе, среќан д'н нека е.
- Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.
- Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит.
- Ај да ве однесе Господ на поголем град.
- Ај да се роди чисто жито како злато.
- Ај да си ми блаосоен.
- Ај и за свадба да пазариш (да викаш).
- Ај како е Госпо не е никој.
- Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватството и родството да ни е довека.
- Ајде и на голема радос да исчекаме.
- Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос.
- Ајде нека ви е радоста аирлија.
- Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и догодина.
- Ајде нека речи Госпо да сме здрави.
- Ајр да имаш.
- Ајр и бериќет да имаш.
- Алаверс'н, алаверс'н.
- Амин, и на ваша куќа.
- Ангеле, Арангел ти помогил.
- Ангело да ти седи на рамена и од лошо да те чуа.
- Арангел да ти поможит.
- Арлија нека е нека ти се роди..
- Арно да видиш.
- Арното те фатило. (овој благослов се употребува во вид на клетва).
- Без Божја помош да не останеш.
- Бериќет Бог ти дал.
- Биди благословен.
- Бог да го наврти на добро.
- Бог да го прости (на мртво или на задушница).
- Бог да го прости татка, што ни остави бапка.
- Бог да даит што ни срце сакат.
- Бог да ми те избави.
- Бог да ми те оздравее.
- Бог да ни је на помош.
- Бог да простит и мртви души.
- Бог да те (го) чува (човека) от куќен арамија.
- Бог да те милуе сос некое машко дете.
- Бог да те пази од зло начисто.
- Бог да те пази од лоши комшии.
- Бог да те пази од ушурлија човек.
- Бог да те чува да умреш без да се мачиш.
- Бог да те чува од лоша среќа.
- Бог да те чува од ненадејна смрт.
- Бог да те чува от исцрпан човек.
- Бог да ти наврти добра среќа.
- Бог да ти пази стоката.
- Бог да ти поживи децата.
- Бог да ти поможе.
- Бог да ти чува здравјето.
- Бог милост да ви даде.
- Богоројца мајка да не вардит од лошо.
- В година поголем родот да биде.
- В устата да ти се пулет.
- Велигден да си дочекаме.
- Вечно нека ви е иемто.
- Во куќава пак да дајт Господ.
- Во раце Господови да стоиш.
- Во секоја куќа, радос, Господи.
- Глава нека е жива.
- Година да ви се роди повечку.
- Година со здравје д исчекаме.
- Година сос здравје да исчекаме.
- Годинава венчање, в година крштење.
- Годинава сос кошница, до година сос товари.
- Годинава сос куќичка, до година сос невеста.
- Годинава сос невеста, до в година сос машко дете.
- Голем(а) да порастиш.
- Голема да порастиш (на мали деца).
- Горнијон да ни је на помош.
- Горнијон да поглеат само.
- Госпд да те чува од исчукан човек.
- Господ бериќет нека дава и нека ни е на помоќ.
- Господ бериќет.
- Господ да ве дарува.
- Господ да ве поживее.
- Господ да ви ги множи чедата (стоката).
- Господ да ви даде отсрце.
- Господ да е со тебе.
- Господ да и ослободит.
- Господ да не ослободит.
- Господ да не повардит од лошо.
- Господ да не чува од лошо.
- Господ да не чуват од душманите.
- Господ да те (го) бранит (чуат) од лошо.
- Господ да те (да ве, да го, да је, да 'и) вардит од лошо.
- Господ да те благослови.
- Господ да те варди по патот.
- Господ да те дарува.
- Господ да те дарује со голем разум.
- Господ да те дарује со голема дарба.
- Господ да те дарује со голема памет.
- Господ да те милује со машко.
- Господ да те надари.
- Господ да те однесе на аџил'к, да видиш Божигроп.
- Господ да те однесе наместо.
- Господ да те радвит со машко дете.
- Господ да те удостои.
- Господ да те чува од лошо.
- Господ да ти ги отвори патиштата.
- Господ да ти го дочува детето.
- Господ да ти го отвори патот.
- Господ да ти ја олесни работата.
- Господ добрината да ти ја плати.
- Господ желбите да ти ги исполни.
- Господ здравје да ти даде.
- Господ здравје да ти даде.
- Господ на помош да ви е.
- Господ некој касмет да ви даде и од ваше срце да си исчекате и свадби да направите.
- Господ печалба да ви наврти.
- Господ посреди вас.
- Господ сабар да ти дајт.
- Господ со здравје да го донесит.
- Господ ум и разум да ти даде.
- Господ што је арно (да даде).
- Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт!
- Госпот да ти (му) и зајакнит рамената.
- Госпот да ти (му, је) дает здравје.
- Госпот и вашата куќа да ви ја зарадује.
- Д'имаш кого да по'елиш.
- Да бидиш личен, преличен.
- Да бидиш прокопцан.
- Да бидиш радосен.
- Да бидиш умен разумен.
- Да ви дај Госпу п'лна и рамна к'шча.
- Да ви дај Госпу све шчо ви душа сака.
- Да ви се врашчат.
- Да дај Госпу да се позлатите.
- Да дочекаш да и венчаш.
- Да дочекаш и в година.
- Да исчекате и вие да венчајте.
- Да ми си жив.
- Да ни е здрав и вековит домаќинот.
- Да порастиш.
- Да с ожениш (на момче).
- Да с омажиш (на мома).
- Да се ќердосате (на младоженци).
- Да се ќердосате.
- Да се најт на старос.
- Да си вековито.
- Да си го ќердосаш името.
- Да си го ќердосаш.
- Да си живо.
- Да си жиф ти.
- Да си умно.
- Да си учено, преучено.
- Да сисчекаш и на мнучиња.
- Да сте живи вије.
- Да сте живи и здрави.
- Да ти дај Госпо што ти срце сака.
- Да ти дајт Господ добар касмет.
- Да ти дајт Господ што ти срце сакат.
- Да ти е жив стопанот.
- Да ти е жив татко, мајка, браќа.
- Да ти е жива фамилијата.
- Да ти је велико.
- Да ти је жива челад (на домаќини).
- Да ти је живо и све што ти је мило.
- Да ти је живо младенчево (на новородено).
- Да ти је честито името.
- Да ти се живи децата.
- Да ти се слушат зборот.
- Дај Бог добро.
- Дал ти Господ добро.
- Даскал да станиш.
- Дедо да се сториш, сто години да живееш.
- До година повесели, порадосни.
- Доб'р ти пат, добра среќа, добор к'смет.
- Добар к'смет да имате.
- Добар ќсмет да имаш.
- Добра среќа.
- Добри абери да си слушаме (од оние што се на туѓина).
- Добри мушчерии пак да навртит Господ (на стока што е за продавање).
- Еден Господ да ни поможит.
- Еднуш за векот да ти је радоста (на младоженеец).
- Жив да бидиш.
- Жив и здрав да си.
- Живот и здравје.
- За многу години, на здравје.
- Здрави били.
- Здравје да имаш.
- Здраво димаш.
- И во година да дочекаш.
- И догодина со здравје.
- И на твоја гла да ти е врнато.
- И петело јајца да ви неси.
- Јунаците (т.е. ергените) да трчет по тебе.
- Кај се крмит да се плодит, кај се орат да се родит.
- Кај што помина чесен крст да е чесно бериќетно.
- Ќар и бериќет да имаш.
- Кеј ќ ојш се арно да носиш.
- Кеј ќ ојш со радос да носиш.
- Ќеку лафои, теку добрини да ве најдат.
- Колку гроздове, толку бочки.
- Колку зрна толку осмаци.
- Колку лафој толку добрина.
- Македонски народни благослови
- Мир и милост на всите.
- Момите да трчет по тебе.
- На човек кој купил некој товар дрва од некого.
- Нека е здрав и жив.
- Оваа година беќар, до година со невеста.
- Од добро да не куртулите.
- Од едно илјада да се наплодат.
- Од мене лек, од Господа сељамет.
- Од тебе севте, од Госпо бериќет.
- Пак да се видиме здрави и живи. - Кога тргнува некој во туѓина.
- Пите со здравје.
- Поелја д'имаш, сполај ти, или.
- Пома Бог.
- Помагај Бог.
- Поможи Бог.
- Помози Бог.
- Придај Господе (Боже). - Гостите благослоуваат кога домаќинот ги кани да земат.
- Придај Господи.
- Радосен и весел да си.
- Радосни весели.
- Само добрини и убавини да ви дава Госпу.
- Седите ми со здравје, побргу да се видиме.
- Сејте (седите) су здравје.
- Со аирлија нога да бидиш.
- Со арно, со добро.
- Со веселби во куќата.
- Со добрини, со лепини, да си чекаш името.
- Со здравје да ги гориш дрвцата.
- Со здравје да го износиш.
- Со здравје да одиш (патуваш).
- Со здравје да одиш и добра среќа да имаш.
- Со здравје да си го пиете винцето.
- Со здравје и живот да ги употребите.
- Со здравје, со весеље.
- Со машко чедо до година.
- Со невеста до година, Господи.
- Со товари род да имаш.
- Со убава невеста, дечиња да ти шеткаат по дворот, свадби од нив да дочекаш.
- Сполајти многу.
- Сполајти, Господ да придајт.
- Среќен ти пат.
- Су здравје.
- Твојот памет кадијата да го има.
- Ти мене ме даруваш, Господ тебе да те дарува.
- Убав живот да имаш.
- Убајна да ти дајт Господ.
- Умен да си.
- Уста ти пеела.
- Учен да си.
- Фат да имаш во работата.
- Хај су здравје.
- Чесен да си (е) до века.
- Чесен крст да поможит.
- Чесна смрт.
- Чест д'имаш.
- Чест и ифтибар да имаш.
- Честит Свети Јован – напомош.
- Честита ви работа.
- Честита ви радост.
- Честито да е името.