Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Никола Тодоров
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Криминал за огромни исплатени суми потпишани од Бујар Османи
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

ГЈ: Да
НТ: Горде, Нино е што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино си работам…ти шо праиш?
НТ: И ја шо да ти кажам ххаха..
ГЈ: Шо да праам у петок навечер
НТ: Да бе да нема да шетаме сеа глупости…
ГЈ: Да де да ее хах коа си иаме канцеларија…
НТ: Да бе да, слушај знаеш за шо те барам
ГЈ: Кажи
НТ: Многу сериозна работа ми е тука со проектов за реконструкција, она што го спомнав на Влада…
ГЈ: Мхм..
НТ: Тоа е овака и не е најтешкото, тоа ми се гледа мене као најлесно што го кажав тогаш, тука 
ситуацијата е многу покомлицирана , значи има анекси што се праени и се набивани цени на пример 
сијалица од 20 илјади денари стаена е 70 илјади денари и плус наместо 10 стаени се 20 или 30 и 
количина и цена е зголемена…
ГЈ: Да бе да…
НТ: Шо да ти кажам, страшно.. плус договарани се со овие како се викаат изведувачите и надзорот, 
не праеле надзор на фактурите, не праеле проверка на времени ситуации, ништо што доставиле,тоа 
исплатиле тука кај нас и тоа е сеа ја пуштив ревизија све и овие моиве гледаат дека прво се 
платени работи што не се уште изведени..
ГЈ: Не се завршени фактички…
НТ: Не се изведени, нема а јас сум платил ти текнува…
ГЈ: Да де да ти немаш ни времена ситуација ни ништо..
НТ: Мислам јас сум платил, јас не сум платил времена ситуација уште ниту една… платило 
министерствово сеа ја…
ГЈ: Добро де не е битно сеа дали си бил ти министер или некој друг…
НТ: Да…
ГЈ: Тие се парите, купот е истиот…
НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу 
сериозна, веројатно и гледаш по телевизии…
ГЈ: Да, да, да па јас мислев за тоа ќе збориш некни…
НТ: Објектот е напраен руина и сега мислам дека ќе, објектот ќе не може да се санира…до таму е 
доведена ситуацијата, јас излеа ќе треба да го срушам…сеа зборев со ИЗИС, ИЗИС беа на лице место у 
понеделник ќе идат пак и ќе ми дадат дефинитивно дали треба да се руши или може да се санира по се 
изгледа дека ќе треба да се руши а јас таму имам 400 илјади евра платено за да дојдам до оваа 
ситуација…
ГЈ: Лелеее…
НТ: Тие 400..мислам пак коа ти зборам ја зборам министерство…
ГЈ: Да де да…те разбирам..
НТ: Да и тоа ти е 400 илјади евра во…
ГЈ: …во бунар
НТ: Во бунар а ти знаеш тие за 100 илјади евра два саати на Влада расправаат
ГЈ: Ние не за 100 илјади евра за 100 илјади денари очи си вадиме…
НТ: Е тоа е поентата и сеа имам сериозна ситуација и ми треба од кај тебе да ми даеш еден тим, ја 
веќе имам тука прилично луѓе коишто можат да им помогнат од аспект на тоа што е, од стручен 
аспект, што е најдено значи…да им даеме документација да си се тера цела работа…
ГЈ: Е па ај вака ќе напраиме, ја да ти кажам ми текна, ги глчеам белешкиве шо ми се од Влада…
НТ: Мхм…
ГЈ: Ама ај викам некако тогаш и така беше дискусијата демек ај…
НТ: Не бе тогаш тоа го кажав за да ја извадам работата…немаше да го кажам
ГЈ: … напрај ај ваму напрај, викам ај да не дигам тензија пошо знам овие како реагираат си 
премолчив викам па се запнеме ќе пуштам луѓе и таму и ваму ама да ти кажам иницијално не мислев да 
пуштам ама шом е ваква работава…
НТ: Многу сериозна
ГЈ: Ај понеделнички, дека сеа заминати си се…ќе ги организирам моите и ќе ти кажам да речеме да 
видам ако е Драги Златанов ќе ти се јавам Нино Драги доаѓа он е главен нормално зависно од тоа шо 
ќе најдат и други луѓе ќе си уклучат. Драги ми е иначе началник на економски во СВР Скопје, само 
најверојатно ваму како што кажувашнема само на Скопје да се ограничи ама не е битно…


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org